Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување на ...
Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар. Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен. -Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), со техничка поддршка од Европската Унија, ја изработи првата национална Водородна студија, стратешки документ што ги анализира можностите за развој на водородниот сектор и ја позиционира Македонија во идната европска енергетска инфраструктура. Студијата е подготвена со техничка помош финансирана од Европската Унија преку ИПА II програмата, во рамки на Western Balkans ...
Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови ...
Собранието, денеска, со 67 гласа „за“, 13 „против“ и ниту еден „воздржан“ за министер без ресор во Владата го избра Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. По изборот Зејнула даде свечена изјава пред пратениците. Коалицијата предводена од СДСМ не го поддржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер ...
Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната. Мисајловски порача дека Министерството заедно со Генералштабот континуирано работат на подобрување на инфраструктурата во касарните и ...
Повод: Анализа на британски „Гардијан“ за политичката варијанта Обединетото Кралство да ја напушти Европската конвенција за човекови права и за преиспитување делови од Договорот од Велики петок! Преиспитувањето на веќе потпишани договори е табу само за малите држави?! Статија во реномираниот британски медиум „Гардијан“ опишува дека сè повеќе политичари во Република Ирска, Северна Ирска, Шкотска и во Велс сметаат дека евентуална влада ...
Повод: Франција воведе забрана за социјални мрежи за деца под 15 години Науката сè погласно предупредува дека прекумерното и неконтролирано користење на социјалните мрежи влијае врз менталното здравје, вниманието, самодовербата и развојот на критичкото размислување кај младите. Прашањето повеќе не е дали постои проблем, туку како ќе одговорат општествата. Деновиве Франција презеде конкретни мерки Одлуката на Франција да им забрани пристап до ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција во Владата, на која информираше за исходот од 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан, Република Кореја. Министерот Муцунски информираше дека во првичниот предлог на одлуката било предвидено Охридскиот Регион веднаш да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. По усвојувањето на амандманот, ...
Владеење на правото – само кога ѝ одговара на ЕУ Додека евроамбасадорот Рокас инсистира дека за владеењето на правото нема компромис, европскиот однос кон Македонија покажува дека принципите важат само тогаш кога ѝ одговараат на Унијата Европската Унија со децении се самопромовира како главен столб на демократијата, праведноста и правниот поредок, поставувајќи се како идеален рол-модел кон кој треба да стремат сите земји кандидатки. Во ...
За време на летните горештини, повеќето луѓе инстинктивно посегнуваат по ладна вода, но експертите предупредуваат дека тоа не е секогаш доволно. Кога се потиме обилно, телото губи не само течност туку и важни електролити, првенствено натриум, калиум, магнезиум и хлорид, кои се клучни за нормалното функционирање на мускулите и нервниот систем и за одржувањето на рамнотежата на течностите во телото. Токму затоа водечките здравствени институции, ...
Издавачката куќа „Или-или“ го објави романот „Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова. Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни ходници, влага, цевки, чад, мириси, глад, насилство и сиромаштија, но и како место во кое, и покрај распадот, опстојуваат нежноста, лојалноста и потребата од спас. Особена вредност на ...
Зајакнување на македонско-хрватските културни врски во областа на стрипот Македонската деветта уметност има свој претставник на престижниот интернационален фестивал за анимација и стрип „Супертун“ во Шибеник, Хрватска. Фестивалот ќе се одржува на повеќе локации низ градот сè до 24 јули. Списанието „Стрип-креатор“ со својот јубилеен 40-ти број е номинирано во главната конкуренција за најдобар стрип-магазин, а македонските бои на овој голем ...
Интернационален етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ на годинашново петто издание отвори неколку длабоки и универзални антрополошки прашања преку визуелниот јазик на документаристиката: траумата, меморијата и соочувањето со минатото. Филмовите, кои ги истражуваат лузните што војните и политичките режими ги оставаат врз колективната свест, предизвикаа многу реакции ...
Концерт на гудачкиот квартет при државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачка Концертот на гудачкиот квартет при државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачка уште еднаш ја потврди оправданоста на годинашното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира – уметноста е љубов“. Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова, втора виолина, виолистот Александр ...
Просечната нето-плата во земјава во мај годинава изнесувала 49.544 денари и е за 8,2 проценти повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, најголем годишен раст на просечната нето-плата е забележан во секторите снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде зголемувањето изнесува 11,9 проценти. Следуваат уметност, ...
Шестемина кандидати за генерален секретар на Обединетите нации денеска ќе ги претстават своите визии пред Генералното собрание, една недела пред официјалниот почеток на изборниот процес за нов шеф на светската организација, која се соочува со сериозни политички и финансиски предизвици. Кандидатите ќе одговараат на 90-минутни прашања од дипломати, вработени во ОН и претставници на граѓанското општество на јавен настан што ќе започне во 23 ...
Цената на суровата нафта денеска за првпат по повеќе месеци ја надмина психолошката граница од 100 долари за барел, поттикната од ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток и стравувањата од нарушување на глобалното снабдување. Меѓународниот репер „брент“ во попладневното тргување достигна цена од 100,17 долари за барел, што претставува раст од околу 6,5 проценти во споредба со претходното затворање на 94,07 долари. Во исто ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе има одговорност за сите кои со постапување или непостапување придонеле за загадувањето на водата во Гостивар, истакнувајќи дека истрагата се води темелно и во координација со Јавното обвинителство. По седницата на Централниот кризен штаб во Гостивар, Тошковски изјави дека во рамките на истрагата веќе се сослушани голем број лица и се преземаат повеќе истражни дејствија. – ...
Осумнаесетгодишен возач-почетник е лишен од слобода откако на автопатот Скопје–Тетово бил фатен како вози со 211 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, возачот бил запрен денеска во 16:21 часот кај клучката Кондово при контрола што ја спровеле полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот. Станува збор за И.А. (18), кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за гаснење на големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај. Како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се вклучени два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен. Од ДЗС информираат дека пожарникарите и ...
Во Грција досега се потврдени 21 случај на вирусот Западен Нил, од кои 14 се регистрирани во текот на изминатата седмица, покажуваат најновите податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Според неделниот извештај, кај 20 заразени се појавиле симптоми што го зафаќаат централниот нервен систем, меѓу кои енцефалитис, менингитис или акутна блага парализа. Од нив, 13 пациенти се хоспитализирани. Еден случај е регистриран со ...
Хрватска воведува задолжителни здравствени прегледи за државјаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно во Шенген-зоната, како услов за продолжување на привремениот престој, пренесе МИА. Одлуката, донесена од Министерството за здравство со цел заштита на јавното здравје, се однесува на странски државјани од земји како Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипини и Египет, кои веќе имаат одобрен привремен престој ...
Лабораториско-експертскиот тим од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжува со секојдневни анализи на водата во Гостивар, а хлорирањето е засилено поради утврдените микробиолошки отстапувања, соопшти Емилија Јанеска на прес-конференција на Кризниот штаб. Јанеска информира дека пред два дена биле земени девет примероци од водата, од кои три директно од каптажите за да се утврди квалитетот на водата на самиот извор. Според резултатите, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека состојбата со лицата кои имаат стомачни тегоби во Гостивар е стабилизирана и во моментов нема нови хоспитализации, но апелираше граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за претпазливост сè додека не завршат интервенциите на водоводниот систем. – Бројот на заболени стагнира, но не смее да дојде до опуштање. Од понеделникот имаме резултати од четири чисти и пет загадени контролни точки, ...
Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа како дел од мерките за надминување на кризата предизвикана од загадувањето на водоснабдителниот систем, соопшти министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за управување со кризи, Панче Тошковски, по седницата на Централниот кризен штаб. Тошковски информира дека последните анализи на земените мостри повторно потврдиле присуство на ...
Под мотото „Заедно за Гостивар”, граѓаните, Црвениот крст ОО Прилеп, општествено одговорните компании, здруженијата, институциите, политичките субјекти и сите хумани луѓе од Прилеп се обединија во една заедничка цел – поддршка за Гостивар! Во заедничката акција деновиве беа собрани и испратени повеќе од 6.000 литри флаширана вода, како помош за граѓаните на кои им е најпотребна. -Прилеп уште еднаш ја покажа својата хуманост, солидарност и ...
Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка на Светската здравствена организација, денеска организираа работилница за управувањето со боледувањата, со цел да се намали административниот товар, но и да се зајакнат контролите каде што постои ризик од злоупотреби. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека целта е да се најде баланс меѓу полесен пристап до боледување и поефикасен систем за контрола, преку ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе две одделни постапки за случаи на семејно насилство, во кои осомничени се 50-годишен и 32-годишен маж. Во првиот случај, 50-годишник е осомничен за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“, а јавниот обвинител побарал од Судот да му биде определен притвор. Според Обвинителството, осомничениот на 20 јули сериозно ѝ се заканувал на сопствената сопруга пред таа да даде исказ во обвинителството во ...