Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На армискиот полигон „Криволак“ продолжуваат тактичките активности во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) работат со зголемен интензитет и реализираат сложени сценарија на терен. Како што информираат од Армијата, вежбовните активности опфаќаат симулации на различни тактички ситуации кои бараат брза адаптација, координирана реакција и навремено донесување одлуки. Во рамки на вежбата се ...
Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка ...
Автобус утрово се преврте на пат во близина на бугарско-турската граница, во регионот Мало Трново, при што најмалку две лица загинаа – соопшти градоначалникот на Мало Трново, Илијан Јанчев. Според првичните информации, автобусот застанал поради недостиг на гориво, по што почнал да се движи наназад и се превртел. Од возилото се извлечени сите повредени. Десет лица биле пренесени во Центарот за итна медицинска помош во Мало Трново, додека ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека досега не е добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на ЕУ (RASSF) за присуство на небезбедна храна за бебиња од брендот ХИП (HiPP) на македонскиот пазар, пренесе МИА. Станува збор за производ во стаклена тегличка од 190 грама со вкус на морков и компир, кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Од АХВ информираат ...
Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади едногласно донесе одлука за одржување јавна расправа по конечниот извештај од ревизијата на успешноста за имплементацијата на Истанбулската конвенција. пренесе МИА. Извештајот, подготвен од Државниот завод за ревизија, се однесува на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, со посебен осврт на ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го заврши учеството на Министерската конференција во Будва, организирана во рамки на Берлинскиот процес, со повеќе билатерални средби со министри и високи претставници од регионот и Европската Унија, пренесе МИА. Според Министерството за јавна администрација, во центарот на разговорите биле реформите во јавната администрација, кои Минчев ги оцени како клучен предуслов за напредокот на државата ...
Украина денеска ќе го обнови транспортот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, откако беа завршени поправките на системот оштетен во руски напад во јануари. Според претставник од украинската нафтена индустрија, испораките треба да започнат напладне. Како прв корисник на обновениот транзит, унгарската компанија „MOL Group“ веќе поднела барање, а првите количини ќе бидат распределени меѓу Унгарија и Словачка. Прекинот на снабдувањето предизвика ...
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше студентката Теа од Штип, која изјави дека пиротехничките средства биле поставени вечерта, откако таа пристигнала во локалот околу 1 часот по полноќ заедно со пријатели, пренесе МИА. Таа посочи дека нивната маса била поставена непосредно пред бендот и блиску до сцената, а во текот на вечерта забележала дека пиротехниката е поставена премногу блиску до гостите, по што ...
Најбрзорастечка форма на загадување на овој век е дигиталниот отпад. Затоа е важно да ги исчистите своите уреди од непотребни апликации и податоци. Дигиталниот отпад е невидлив проблем што ја задушува нашата планета. Иако не го гледаме во нашите канти за отпадоци, неговото влијание врз животната средина, потрошувачката на енергија и врз емисиите на јаглерод диоксид станува неодржливо. Дигиталниот отпад се состои од сите непотребни податоци ...
Со праизведбата на претставата „Мачкина глава“, Драмски театар Скопје вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од своето постоење. Директорот на театарот Роберт Вељановски потсети дека корените на установата датираат од 21 април 1946 година, кога во тогашниот Македонски народен театар била изведена првата куклена претстава „Силјан Штркот“, во режија на Петре Прличко. Во текот на децениите, театарот минувал низ повеќе трансформации ...
Во Галерија „Остен“ вчера беше отворена изложба на карикатури од членови на Хрватско друштво на карикатуристи (ХДК). На изложбата се претставуваат бројни еминентни автори, меѓу кои Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван ...
Знаменитостите на Македонија Еден ден во Велес е како краток здив – доволен за да се почувствува ритамот на градот, неговата живост и пулсот што се пренесува низ улиците, но недоволен за да се проникне во длабочината на неговата историја и културна ризница. Велес не е само географска точка на картата туку симболичен простор каде што минатото и сегашноста се преплетуваат во една жива меморија. Овој град е родното место на гемиџиите – младите ...
Повод: Сто и единаесет години од убиството на Јане Сандански, еден од најголемите македонски херои и најфанатичен заштитник на македонската национална идеологија Јане Сандански На 22 април 1915 година, кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир кон Неврокоп, во пиринскиот крај на Македонија, во заседа беше убиен Јане Сандански – еден од најголемите македонски херои и најфанатичен заштитник на македонската национална идеологија. Како ...
БАЛКАНOT ПОД ПРИТИСОК ОД МОЖЕН „БОМБАШКИ БРАН“: АЛАРМ ЗАРАДИ ПРЕВЕНТИВА, ЗА СЛЕДНА СТАНИЦА ДА НЕ БИДЕ МАКЕДОНИЈА Во последните 24 часа серија дојави за поставени бомби ги вознемирија граѓаните во повеќе балкански градови – од Подгорица и Будва, преку Загреб, до Зеница. Најнова цел на ваквите закани се училиштата во повеќе градови низ БиХ (Мостар, Коњиц, Чаплина и Јабланица) и низ Хрватска (Загреб, Сплит и Дубровник), кои биле навремено ...
Бројот на луѓе во Европската Унија што не можат да си дозволат да ги затоплат своите домови се зголеми за 16 милиони за време на инфлацијата и зголемувањето на цените, а повеќето од овие луѓе беа вработени. Европската конфедерација на синдикати предупредува дека Европа побрзо тоне во енергетска сиромаштија отколку пред неколку години. Според пресметките, а врз основа на податоците од Евростат, бројот на сиромашни работници што не можат да си ...
Државата треба да го засили фокусот на безбедноста во сообраќајот преку продолжување и надградба на проектот „Безбеден град“, како и преку координиран пристап на сите институции, препорачува Транспортната заедница во најновиот извештај презентиран во Собранието. Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек истакна дека, и покрај напредокот, реформите и инфраструктурните проекти мора да се спроведуваат паралелно за да се постигне ...
Национализмот како алатка за бегање од личната одговорност или, пак, повторно лансиран како амбиција за поширока платформа на дејствување?! Во време на голема геополитичка неизвесност, кога буквално не се знае кон што се движи светот, внатрешната кохезија во општеството е повеќе од клучна за да се одредат заедничките цели кон кои ќе се стреми државата. Но се чини дека дури и во едни вакви турбулентни времиња некои политички сили во земјава ја ...
Од наш агол Има моменти кога политичкиот говор престанува да биде само реторика и станува тест за зрелоста на едно општество. Изјавата на Блерим Беџети дека „Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредување и сами да одредат како и каде сакаат да живеат“ не е само уште една дневнополитичка реплика. Тоа е нешто друго. Прашањето е што точно? Имено, во држава што поминала низ конфликт и изградила мир врз компромис, ваквите ...
Кога историјата, татковината и образовните институции едуцираат, воспитуваат и обединуваат Посетата на учениците од осмо одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга на Спомен-домот на браќата Миладиновци претставува пример за тоа како образованието може да ја исполни својата суштинска мисија. Да образова, да воспитува и да обединува. Учениците што следат настава на албански јазик, преку предавања од едукатор од музејот „Д-р Никола ...
Наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава е зголемена за 11 милиони евра во однос на истиот период лани, при што во Буџетот се слеале вкупно 2,14 милијарди денари, односно 34,7 милиони евра, соопшти Царинската управа на Македонија. Како што информираа оттаму, во истиот период, царинските служби спречиле осум обиди за шверц, при што се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои пообилно ќе бидат застапени во западните и југоисточните делови од земјата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Според прогнозата на УХМР, утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 15 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денеска во судницата во Идризово со сослушување сведоци предложени од Обвинителството, пренесе МИА. На претходното рочиште, одбраната на сопственикот на дискотеката и првообвинет Дејан Јованов-Деко побара мерката притвор да биде заменета со куќен притвор, повикувајќи се на неговата влошена здравствена состојба. Во текот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, со цел да му се даде дополнително време на Техеран за преговори, додека американската поморска блокада на иранските пристаништа останува во сила. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп соопшти дека одлучил да го продолжи примирјето сè додека Иран не достави предлог за ставање крај на конфликтот. Тој наведе дека одлуката е донесена на барање на Пакистан, ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Како што објави на својот профил на „Фејсбук“, на средбата се разговарало отворено за предизвиците, но и за можностите за развој на државата. Мицкоски ги повикал иселениците да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во економскиот развој, истакнувајќи дека Владата работи на создавање стабилна и предвидлива ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ги предупреди лидерите на земјите од Западен Балкан дека регионот може да изгуби до 750 милиони евра од Европска Унија доколку не се забрзаат реформите предвидени во Планот за раст. Во обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Кос истакна дека средствата се строго условени со конкретни резултати и рокови, при што повеќе од 700 милиони евра се доведени во ризик да бидат ...
Иранската новинска агенција Тасним објави дека Иран е „целосно подготвен“ за можноста од повторно избувнување на воен конфликт. Според објавата, Техеран подготвува распоредување на воени сили, изработува список на потенцијални цели и најавува нови „изненадувања“ во случај на ескалација. Оваа порака доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „Си-ен-би-си“, во која тој оцени дека Иран „нема избор“ освен да испрати ...
Цените на нафтата се задржаа на високо ниво и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето со Иран ќе биде продолжено, додека пазарите и натаму остануваат внимателни поради геополитичките тензии. Нафтата од типот Brent crude за испорака во јуни синоќа накратко надмина 100 долари за барел, првпат по околу една недела, а потоа се стабилизираше околу 99 долари. Тоа претставува дневен раст од речиси четири проценти. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Соединетите Американски Држави да постигнат „одличен договор“ со Иран, и покрај тоа што не планира да го продолжи примирјето кое истекува во среда. За „Си-ен-би-си“, Трамп посочи дека верува оти Техеран нема многу избор во преговорите. – Мислам дека немаат избор – рече Трамп, говорејќи за можниот исход од новата рунда разговори. Тој истакна дека американската страна значително ја ...
Со свечено дефиле и богата културно-уметничка програма на Плоштад Македонија, вечерва во Скопје официјално беше отворено Светско училишно првенство во ракомет 2026, кое за првпат се одржува во земјава. Настанот е во организација на Федерација за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерство за спорт. Во наредните денови, Скопје ќе биде центар на младинскиот ракомет, обединувајќи повеќе од 700 млади спортисти од 21 ...
Генералниот секретар на Советот на Европа најави дополнителни консултации и анализа во рамки на институционалните механизми Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изрази подготвеност институцијата внимателно и детално да се запознае со случајот со адвокатот Тони Менкиноски, по поставеното прашање од пратеничката Ивана Василевска. Берсе нагласи дека за Советот на Европа остануваат приоритет заштитата на човековите права, ...