Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Од печат излезе романот „Јета“ од Ивана Трајаноска, објавен како 249-та книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-или“ од Скопје. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. „Јета“ е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот, но и женскиот идентитет во историскиот и современиот контекст на поранешна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО, Метју Г. Витакер, на која се разговараше за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата. Во фокусот на разговорите биле и актуелните безбедносни предизвици, како и заедничките приоритети за унапредување на регионалната и глобалната стабилност. – Ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и ...
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во ...
По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на Нова Македонија, ...
Суверенизмот по брегзит и Трамп: Од идеологија до политичка практика Најопшто земено, суверенизмот традиционално се разбира како политичка и идеолошка позиција што инсистира одлуките да се носат што е можно поблиску до (во и од) националната држава. Во таа рамка, државата се гледа како примарен носител на легитимитет, додека надворешните наметнати влијанија и зависности, било економски, политички или културни, би требало да се сведат на ...
Министерство за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се лишени од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, осум возачи управувале без возачка дозвола, по двајца биле затекнати како возат под дејство на алкохол и со значително надминување на дозволената брзина, додека по еден возач управувал со активна забрана и во спротивна насока. Според податоците на МВР, четири ...
Венко Андоновски, писател „Мачкина глава“ е драмски текст на Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Премиерата на претставата „Мачкина глава“, во режија на Дејан Пројковски, е закажана за 21 април, денот на централната прослава за 80-годишнината на Драмскиот театар. За драмскиот текст, инспирацијата, пораката на „Мачкина глава“ разговараме со ...
Илјадници корисници низ цел свет пријавија проблеми со ОпенАИ (OpenAI), кој го управува популарниот четбот ЧетЏПТ (ChatGPT), пишува британски „Сан“ Според податоците од Даунтектор (Downdetector), извештаите достигнаа врв околу 15.30 часот попладнево, кога 8481 корисници пријавија проблеми со големиот јазичен модел. Статусната порака на веб-страницата на ОпенАИ гласеше: „Моментално се соочуваме со проблеми“. Потврдено е дека корисниците не ...
Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода. Во еден од случаите, 47-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот партнер физички ја нападнал неа и нејзиното куче во нивниот дом во скопската општина Центар. Според пријавата, тој упатувал закани кон неа и нејзиниот син, а потоа ѝ побарал пари, кои таа му ги дала од ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски порача дека Македонија останува кредибилен сојузник во рамки на НАТО, со значителни инвестиции во модернизацијата и опремувањето на Армијата, што придонесува за зајакнување на колективната одбрана. Изјавата следува по средбата со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во НАТО, Метју Витакер, која се одржа во касарната Илинден во Скопје. На средбата, на која присуствуваше и началникот на ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече, заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со законот за високо образование. – Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот, за да види дали е во согласност со ...
ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Според ...
Македонските државјани, кои се меѓу најбројните странски работници во Хрватска, ќе бидат опфатени со нов Правилник за престој што воведува построги услови за сместување, задолжителни здравствени контроли и ограничување на трошоците за кирија. Според податоците од хрватското Министерство за внатрешни работи, во 2026 година најмногу работни дозволи добиле државјани на Босна и Херцеговина, по што следуваат работници од Филипините, Непал, Србија ...
На 20 април 2026 година, претседателот а Н.Р. Кина, Си Џинпинг одговори на телефонски повик од престолонаследникот и премиер на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд. Во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање на мирот и се залага за решавање на споровите ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија останува клучен играч на енергетските пазари, кои поминуваат низ „тешки времиња“. – Русија останува одговорен и важен играч на глобалните енергетски пазари. Пазарите во моментот поминуваат низ тешки времиња и секако, тешко е да се игнорираат руските количини – посочи Песков. Тој, коментирајќи го продолжувањето на одлуката за ублажување на американските санкции за продажба на ...
Сведокот Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во судницата во „Идризово“ изјави дека работел и како главен општински секретар, но дека намал законска надлежност за контрола на инспекциските служби, пренесе МИА. Сведокот појасни дека од 2023 година бил назначен за главен инспектор во Општината и било формирано посебно одделение за инспекциски служби, и тоа сообраќајна, комунална, ...
Иран во моментов нема планови за нова рунда преговори со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Багаи, пренесува Асошиејтед прес. – Немаме планови за следната рунда преговори – изјави Багаи на прес-конференција во Техеран, додавајќи дека не е донесена никаква одлука по ова прашање. Изјавата доаѓа во пресрет на истекот на прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, кој стапи во сила на ...
Kако американскиот нафтен парадокс ја (ре)дефинира Европа? Американската нафта ѝ донесе на Европа нешто што во услови на криза, кое, патем споменато, е исклучително важно, е фактот што ЕУ сама поточно либералните бриселски елити сами си ја генерираа кризата и се доведоа во ваква ситуација, со погрешните енергетски (а и други) политики. Во јавноста во Европа, Брисел тоа го правдаше со „аргументи“ од областа на безбедноста. Имено, пропагирајќи ...
Најмалку осум лица, меѓу кои и деца, се убиени, а неколкумина се ранети во масовно пукање во градот Шривпорт, трет по големина град во американската сојузна држава Луизијана. Осомничениот напаѓач, исто така, е мртов, соопштија локалните власти. Пукањето се случило рано утрово по локално време, а жртвите се на возраст од 18 месеци до 14 години, изјави портпаролот на полицијата, Кристофер Борделон, за Ен-би-си. Две возрасни жени се здобиле со ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на денешната средба во Владата со амбасадорите на Европската Унија се разговарало за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. Тој истакна дека реформите веќе не се само план на хартија, туку даваат конкретни и мерливи резултати. – Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – наведе Мицкоски. Според него, во изминатиот ...
Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. – Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати -истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени ...
ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Според ...
Со сведочење за функционирањето на инспекциските служби и нивната координација со општинската администрација, денеска продолжи судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето во судницата во „Идризово“ сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој изјави дека во периодот од 2017 до 2021 година, и покрај постоењето повеќе инспекциски служби, во општината немало раководител на ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции. – Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение – рече денеска Силјановска Давкова, на ...
Независниот академски синдикат (НАкС) информира дека на 17 април одржал средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска и претставници на Министерството за образование и наука, на која биле разгледани предлог-законите за високото образование, научноистражувачката дејност и обезбедувањето квалитет. Средбата, како што соопштуваат од НАкС, била иницирана од синдикатот со цел отворање институционален дијалог околу предложените ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска му честита на Румен Радев за победата на парламентарните избори и изрази надеж дека конечно во Бугарија ќе има стабилна политичка Влада и ќе се затворат отворените прашања меѓу Софија и Скопје. – Нормално е дека за нас како држава е во полза да имаме стабилна политичка Влада во Софија. За да можеме да ги затвориме прашањата што се отворени. Знаете дека оваа Влада од почетокот има јасна заложба ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство. Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари, обезбедени од ...
Анализа: Во време на глобални потреси и нарушени синџири на снабдување, енергетската слика на Соединетите Американски Држави на прв поглед изгледа контрадикторно, но всушност открива длабока структурна логика. Почетокот на месецот донесе бројки што би биле незамисливи пред само една деценија: околу 5,3 милиони барели дневен увоз и речиси идентичен извоз од 5,2 милиони барели. Разликата – симболични 66 илјади барели дневно – ја доближува ...
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, откако обновените тензии меѓу САД и Иран предизвикаа потреси на светските пазари, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“, со испорака во јуни, се тргуваше за повеќе од седум отсто повисоко во однос на претходната недела и достигна цена од 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа сличен раст. За споредба, на почетокот на ескалацијата, кон крајот ...
Полицијата во Дибер успешно заврши акција против фалсификување во државни органи, со цел добивање бугарски пасоши од албански граѓани. „Се известува дека сегашниот администратор на административната единица Острени областа Голо Брдо, Ндричим Сула и поранешниот администратор, Бајрам Мета се кривично гонети за злоупотреба на службена должност и фалсификување документи. Според полицискиот извештај, тие фалсификувале документи за граѓански ...