Заменик-министерот за надворешни работи на владата на проиранското движење Хути, Хусеин ел-Ези, предупреди дека групата би можела да ја затвори Баб ел-Мандеб доколку Доналд Трамп продолжи, како што наведе, со политики што го нарушуваат мирот. Во објава на социјалните мрежи, Ел-Ези порача дека евентуалното затворање на теснецот би имало сериозни последици. – Ако одлучиме да го затвориме Баб ел-Мандеб, целото човештво ќе биде немоќно да го ...

Иран предупреди дека секоја акција на САД што ја нарушува неговата контрола врз Ормуската теснина ќе се смета за кршење на примирјето. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека евентуалното отстранување на мини или други активности на американските сили во регионот ќе бидат третирани како непријателски чин, пренесе МИА. – Американците ја објавија блокадата, што е неодговорна и погрешна одлука. Ако ние не можеме ...

Бугарија денес гласа за избор на 52. состав на Народното собрание, во уште еден значаен изборен ден што го привлекува вниманието поради засилената политичка динамика во изминатите години, пренесе МИА. Гласачките места беа отворени во 7 часот и ќе работат до 20 часот. Доколку има редици од граѓани, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот. Во изборната трка учествуваат 24 партии и коалиции, со вкупно 4.786 кандидати кои се борат ...

Иран објави порака преку своите државни медиуми дека Ормускиот Теснец практично е повторно затворен, бидејќи, како што тврдат, Американците не го исполниле својот дел од договорот. Со тоа, Техеран подразбира дека САД продолжуваат да ги блокираат бродовите што одат кон или заминуваат од иранските пристаништа, објавува Би-би-си. Иранските власти сега велат дека ситуацијата се враќа на онаа од пред неколку дена, кога теснината беше под строга ...

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се примени дојави за поставени експлозивни направи во два трговски центри во Скопје. Според МВР, на 19 април 2026 година, на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се наведува дека бомби се поставени во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“. Полициски екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на наводите, додека во тек се безбедносни процедури во ...

Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска продолжи во општина Кавадарци. Трипуновски, како што соопшти ...

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 4 мај. Согласно пресметките, како што се наведува во соопштението, очекувањата се дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните ...

Времето денес ќе биде претежно сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните температури ќе се движат меѓу 3 и 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 24 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и пријатно топло, со слаб северен ветер. Температурата ќе се спушти до околу 7 степени во утринските ...

Министерството за здравство информираше дека се успешно извршени трансплантации на црн дроб и бубрег, откако семејство на починато лице донело хумана одлука за донација на органи. Црн дроб е трансплантиран кај 67-годишен пациент, додека 51-годишна жена добила нов бубрег. Од Министерството посочуваат дека пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување. – Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи ...

Светата икона со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка по девети пат беше изнесена на улиците низ Струмица. Празнувањето почна вчера со свечена вечерна богослужба. Денес, по Светата Божествена Литургија во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, свештената литија се упати кон храмот на Свети Кирил и Методиј, а оттаму до плоштадот Гоце Делчев во Струмица. Таму беше отслужен Молебен, по што иконата заедно со ...

Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од ...

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска маршираа низ Штип. Од градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порачаа дека денес во Штип чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили – оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата. – Во рацете ги носиме нивните фотографии, затоа што сакаме сите да ги видат лицата, насмевките и животите за кои повеќе од една ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната. – Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане – им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона. – Значи, имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби – рече тој. ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран се согласил да дозволи трансфер на збогатен ураниум во САД. – Збогатениот ураниум е свет за нас како иранска почва и нема да биде префрлен никаде под никакви околности – рече Багеи, објави новинската агенција Тасним. Трамп вчера за Си-би-ес изјави дека Техеран „се согласил на сè“ и дека ќе ...

Диверзија со импровизирана експлозивна направа во ВИП-зоната и координиран терористички напад со заложничка криза во терминалната зграда, денеска беа дел од симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, која беше реализирана на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вежбата ја организираше Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија. Како што информира ...

Денес во Италија се одржува голем собир на европските суверенистички движења Во своето обраќање во престет на денешниот собир, лидерот на италијанската партија Лига и близок соработник на премиерката Џорџа Мелони, Матео Салвини, изјави дека станува збор за мирен протест против, како што вели, „погрешните приоритети на ЕУ, премногу средства за вооружување, а недоволно за справување со скапата енергија што ги погодува граѓаните и ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Дизелдорф учествуваше на панел-дискусија на тема „Можности за странски инвестиции во Северна Македонија“, на која ги презентираше инвестициските потенцијали на земјава. Од Кабинетот на министерот за европски прашања соопштија дека во своето обраќање, Сали ја истакнал Германија како најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека растот на прометот во индустријата е солиден и дека Македонија е единствена во регионот со вакви резултати. Тој истакна дека Владата бележи просечен раст на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти во последните шест квартали, што, според него, е значително над просекот на Европска Унија, каде растот е под еден процент. – Во вакви глобални услови, сметам дека резултатите се добри. Секогаш може подобро, ...

Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Епл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон, информираат од Царинската управа (ЦУ). Нагласуваат дека по налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на ...

Министерството за здравство (МЗ) го објави Предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за едно важно законско решение кое е дел од пошироката реформа на измени и дополнувања на 12 закони што ја спроведува Министерството за здравство. Оттаму ја повикуваат стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес. Како што велат, станува збор за ново законско решение со ...

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...

Учениците од VIII одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, кои следат настава на албански јазик, заедно со наставниците по македонски јазик Магдалена Грческа и Бобан Перески, реализираа инспиративна посета на Спомен – домот на браќата Миладиновци во Струга. На учениците им беше одржано предавање од страна на едукатор од Музејот „Д-р Никола Незлобински”, од наставниците и од Ристе Миладинов (директен потомок од ...

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија заемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата. Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани, додека пак снимките ќе се читаат и интерпретираат ...

Различни ставови за војната во Иран отвораат дебата за теолошки доктринарен јаз Во услови на зголемени геополитички тензии околу Иран, во меѓународната јавност сè погласно се забележуваат разлики во ставовите меѓу различни христијански кругови, што дел од аналитичарите го оценуваат како потенцијален идеолошки јаз во рамките на христијанството. Од една страна, папата Лав и претставници на Католичката црква во повеќе наврати повикуваат на ...

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи соопшти дека Ормуска Теснина е повторно отворена за комерцијален поморски сообраќај. Во објава на платформата Икс, тој наведе дека одлуката е донесена во рамки на договорениот прекин на огнот меѓу Израел и Либан, и дека преминот ќе остане отворен додека трае примирјето. Според Арагчи, пловидбата ќе се одвива по координирани рути, во согласност со насоките на иранските поморски власти. Примирјето ...

Велика Британија и Франција ќе предводат мирна мисија за заштита на слободата на пловидба во Ормускиот Теснец, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. Стармер рече дека мисијата ќе биде воспоставена штом условите го дозволат тоа, откако ќе завршат непријателствата во војната со Иран. Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон беа домаќини на состанокот на светските лидери во Париз за напорите да се заштити протокот на превозот ...

Како една вест стара седум години рециклира етноцентристички страсти на релацијата Деновиве регионалните медиуми, рециклирајќи стара новинарска вест како актуелна, направија „насилен упад“ во професионалните принципи и стандарди на новинарството, со обид да предизвикаат висок степен на политички стрес и во Скопје и во Атина, а и на релацијата Скопје-Атина. Имено, во „старо-новата“ новинарска вест се вели дека „на повеќе локации во северниот ...

Фестивалот „Сакура“, културно-едукативен настан чија цел е да ги доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена и содржајна програма, ќе се одржи денеска во паркот „Авионче“ во Аеродром. Настанот ќе се реализира во периодот од 12 до 15 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широката публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на ...

Зимата на Антарктикот е долга, темна и сурова. Температурите се постојано под нулата, на многу локации сонцето заоѓа веќе во април и не се враќа до август, а без светлина, фотосинтетските организми како што се растенијата, мововите и алгите не можат да произведат енергија. Но тоа не значи дека животот престанува. Ново истражување покажува дека антарктичките микроорганизми можат да произведуваат енергија од воздухот дури и на температури до ...

Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (16) Како што видовме во претходните текстови, социјализацијата на кучето е суштински процес што започнува уште кај одгледувачите, но добива целосна форма дури во рацете на посветениот сопственик, откако тој правилно ќе го изврши изборот на вид, раса, пол и потекло на идниот миленик. Квалитетните одгледувачи што продаваат „скапи кучиња“ ја прават генетски наследната ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.86
65%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
61%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
64%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52