Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Сите имаме такви денови кога едноставно нашата концентрација исчезнува, забораваме зошто сме влегле во собата, чувствуваме необјаснив замор, а најмала работа е доволна за да нè тргне од колосекот и да нè направи раздразливи. Нашиот прв инстинкт е да го припишеме тоа на премалку сон, премногу стрес на работа или на тежок ден. Но науката нуди многу поедноставно објаснување: вашиот мозок веројатно е жеден. Заборавете го митот дека треба да пиеме ...
Во конкуренција за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од девет издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори, а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно се опфатени дела од стотина светски поети. Првпат откако е основана оваа награда ќе биде доделена за превод ...
„Генеративна уметност: Инспирација или имитација 2.0“ на Роберт Цветковски е поставена во КИЦ во Белград. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, како носител го има познатиот академски сликар Роберт Цветковски, а ќе биде остварен во соработка со архитектонското студио АРХИКС, кого го претставуваат Ален Цветковски, Натали Велеска, Сара Велеска и Андреј Цветковски. Пред белградската публика, во галерискиот простор на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, ќе е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
„Ловецот во ‘ржта“, според Селинџер, во режија на Мартин Кочовски е новата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, што ќе биде изведена утревечер (четврток) од 20.00 ч. на големата сцена од Центарот. По тој повод денеска се одржа прес-конференција на која беше претставена екипата од претставата. Директорката на Центарот Марија Попова Јованоска посочи дека претставата е поддржана од Министерството за ...
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени шест автомобили и еден стан од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека имотот е стекнат со криминална активност, пренесе МИА. Според МВР, Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, покрај доказите за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни ...
Пожар попладнево избувна во парк-шумата „Гази Баба“, на потегот меѓу населбите Железара и Автокоманда во Скопје, пренесе МИА. Жители од Железара на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа на кои се гледа густ чад што се издига од шумскиот предел. На местото на настанот се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на пожарот. Засега нема информации за причините за ...
Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избувна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид. Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари. Притоа со пламен била зафатен ...
Повод: Формирање на т.н. антибалистичка коалиција составена од Украина и од девет европски држави Европската Унија одамна престана да биде само економска заедница. Со војната во Украина драматично и нагло паднаа маските во јавноста во Брисел и се разлетаа воените јастреби. Воената опција како пат кон нова Европа Токму затоа, најавата за формирање т.н. антибалистичка коалиција, составена од Украина и девет европски држави, не може да се гледа ...
Африканската свинска треска повторно го тестира Балканот Според официјалните податоци на српските власти, до 9 јули вирусот е потврден на 496 одгледувалишта во 18 општини и осум управни окрузи, при што над илјада свињи пцовисале, а близу 11 илјади биле евтаназирани како дел од мерките за искоренување на болеста. Во меѓувреме, бројката дополнително расте, бидејќи секое ново жариште подразбира уништување на целото стадо на заразената фарма. ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршил напад со балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан, додека безбедносната состојба на Блискиот Исток продолжува да се влошува. Во соопштението, објавено преку иранската новинска агенција „Фарс“, ИРГЦ ги повика граѓаните на Јордан да побараат затворање на американските воени бази во нивната земја. – Не чувствуваме никакво непријателство кон вашата ...
Бројот на милијардери во светот минатата година се зголеми за 13 отсто и достигна рекордни 3.302, покажува новото истражување на швајцарската банка УБС. Во исто време, богатството на најбогатите луѓе во светот порасна значително побрзо од богатството на просечната популација, а аналитичарите како една од клучните причини го наведуваат бумот на вештачката интелигенција. Според податоците на УБС, богатството на милијардерите се зголемило во ...
Апелациониот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Воедно, судот ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и предметот го врати на повторно судење, пренесе МИА. Одлуката е донесена на нејавен дел од седница одржана на 10 јули годинава, откако Апелациониот суд на 11 мај ...
Внимавате што јаде вашето куче, но дали внимавате како ја складирате неговата храна? Постојат звуци што кучето ги препознава пред ние самите да ги регистрираме. Отворање на фиоката што ги содржи закуските. Шушкање на вреќата со храна. Доволна е секунда и ете го, седи, гледа, неговата опашка си го прави своето, а неговиот поглед јасно кажува дека е време за оброк. И не е важно дали е навистина време. Ако го прашате вашето куче, секогаш е ...
Неколку експлозии се регистрирани попладнево на иранскиот остров Кешм, во близина на Ормускиот Теснец, објави иранската новинска агенција Фарс. Според агенцијата, погодена била областа Масан, која, како што се наведува, во изминатите денови неколкупати била цел на напади што Иран му ги припишува на САД. Во меѓувреме, државната новинска агенција ИРНА соопшти дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, оценувајќи дека со тоа ...
Кувајтските власти вечерва соопштија дека земјата е под воздушен напад, откако биле забележани непријателски цели во националниот воздушен простор. Од Генералштабот на Армијата информираа дека вооружените сили спроведуваат операција за пресретнување на воздушните закани и ги повикаа граѓаните да ги почитуваат сите безбедносни упатства издадени од надлежните институции. -Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Куманово поднело кривична пријава против две жителки на Куманово, на возраст од 22 и 34 години, кои измамиле 19 лица, земајќи брзи кредити во нивно име. Со измамата стекнале противправна имотна корист од 10.820.000 денари, односно околу 175.000 евра. Полициски службеници денеска ги лишиле од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34). Против А.С.Д. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение ...
Собранието попладнево со 71 глас „за“ и 11 „против“ повторно го усвои Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, кој беше разгледан во трето читање, пренесе МИА. Пред гласањето, пратениците едногласно го прифатија амандманот поднесен од пратеникот Бојан Стојановски, со кој од законот се брише одредбата дека неговата примена ќе започне од 1 јули 2026 година. Со ова се отстранува можноста за повратно дејство на законот и се ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина – информираат од МЕП. Во обраќањето Сали истакнал дека земјата останува цврсто посветена на поддршката на Украина потврдувајќи ја и својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност ...
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, првин ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се констатира дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки. – И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата. Ќе видиме кои ќе бидат наредни мерки. Меѓутоа, она што го кажа премиерот, јас ...
Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. Тие преку соопштение истакнаа дека се разочарани од Кривичниот суд кој го осуди Јакимовски затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. – Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра ...
Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. – Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот ...
Во седум години владеење на СДСМ и ДУИ бројот на ученици е намален за 17 илјади. Затоа сега е неопходна оптимизација на училишната мрежа. Имаме многу подрачни училишта со по две-три деца кои ниту се социјализираат, ниту имаат можност да се натпреваруваат со другарчиња, ниту применуваат современа технологија бидејќи во училиштето ја нема. Тие треба да се приклучат кон најблиските поголеми училишта и да имаат поквалитетен воспитно – образовен ...
Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река, во Општина Сарај. Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската теснина, нагласи дека повторно сме пред ...
Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави ...
Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело, соопшти Основното јавно ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека опозицијата ќе продолжи да шири дефетистички сценарија за тоа дека земјата е во криза, дека нема пари и вели оти тоа е резултат на нивната незрела политика, но дека нивна цел како Влада е да направат сè за животот на граѓаните да биде подобар. Тоа, рече, додека е тој премиер, ќе биде приоритет и во насока на тој приоритет ќе се движат политиките на оваа Влада. – Видете, претпоставувам дека тие ќе ...
ФЕЉТОН: Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (19) Прашањето за улогата на народното творештво, митовите, легендите и апокрифното наследство во современото општество често се сведува на романтичарско набљудување на минатото. Сепак, во рамките на историската антропологија и културната географија, овие наративи претставуваат важен извор на информации, кои нудат поинаква перспектива за развојот на заедниците и ...
Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата за периодот 2026 – 2030 година. Како што соопшти Министерството за финансии, стратегијата е подготвена во согласностст со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамките на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, ...
Во кумановската касарна „Боро Менков“, денеска, се одржа свечена церемонија на испраќањето на бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG). Македонија и Куманово шест години беа домаќини на Командата на оваа бригада која ќе се пресели во Република Турција. На свеченоста пред бројните гости, министерот за одбрана Владо Мисајловски кажа дека денеска завршува успешно поглавје за Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG). -Шест години достигнувања, ...