Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Блискиот Исток повторно чекори кон голема војна Најновите американски воени удари врз Иран ја отворија најопасната фаза од кризата. Според американската Централна команда (ЦЕНТЦОМ), погодени се околу 140 воени цели, меѓу кои позиции за лансирање ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациски системи и друга воена инфраструктура по должината на целиот јужен брег на Иран. Експлозии се пријавени во широк појас – од Бандар Абас ...
Тајфунот Бави синоќа пристигна до брегот на источната кинеска провинција Џечијанг. Претходно беа евакуирани над 1,7 милиони луѓе поради силниот ветер со брзина од 144 километри на час. Тоа е втор тајфун што ја погоди Кина во изминатите девет дена. Првиот тајфун Мајсак го погоди брегот на јужна Кина на 3 јули. Бави претходно донесе обилни дождови и силни ветрови во југозападниот дел на Јапонија и се приближи до Тајван, каде вчера беа ...
Триесет и едногодишен скопјанец е приведен под сомнение дека со нож го усмртил својот татко во семејниот дом, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, инцидентот се случил синоќа околу 22:35 часот на подрачјето на Бит Пазар, кога, според пријавеното, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга. Во обид да ја заштити мајката, нивниот 31-годишен син Б.Џ., ...
Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе биде прикажан на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. Тој заедно со екипата од филмот денеска на прес-конференција говореа за мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, кинематограферот, како ги избирале кадрите за снимање… – Сѐ почна од приказната за Силјан Штркот и тоа го поврзав со мојот живот бидејќи јас сум роден во Македонија и ...
Германија на раскрсница: Подем на суверенизмот и масивен протест против либералниот поредок Германија влегува во период на длабока политичка турбуленција. Она што пред неколку години изгледаше како периферна појава на незадоволство денес прераснува во сериозен предизвик за традиционалниот политички систем. Подемот на суверенистичките сили, пред сè на партијата Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland – AfD), покажува дека дел од ...
ЕУ по евентуалниот германски пресврт Европската Унија влегува во период во кој нејзината иднина повеќе нема да се определува само во институционалните кабинети во Брисел туку сè повеќе во националните престолнини. Доколку политичките процеси во Франција и Германија продолжат во насока на јакнење на суверенистичките сили, Европа би можела да се соочи со најголемата политичка трансформација од создавањето на еврото и големите проширувања кон ...
Американските „седум величествени“ веќе не ја влечат напред берзата на САД Четири години американската берза имаше јасен мотор на растот. Тоа беше групата компании што аналитичарите ја нарекоа „седумте величествени“. Во неа се вклучени „Енвидија“, „Епл“, „Мајкрософт“, „Амазон“, „Алфабет“, „Мета“ и „Тесла“ – корпорации што не само што ги обликуваа глобалните технолошки трендови туку станаа и најважниот двигател на вредноста на индексот „ес енд ...
Спектакуларно отворено 66. по ред „Охридско лето“ Со раскошна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, свечено започна 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, уште еднаш потврдувајќи дека станува збор за најрепрезентативната културна манифестација во државата и една од најзначајните во регионот. Интересот за отворањето беше исклучителен – билетите беа целосно распродадени две недели пред почетокот на ...
Македонија во Европа што се менува Европската Унија се наоѓа пред една од најголемите политички дилеми во својата историја. Имено, тоа е прашањето дали иднината ќе биде изградена преку понатамошна централизација и продлабочување на интеграцијата или преку нов модел во кој националните држави повторно ќе имаат поголема улога? Во Германија овој судир веќе не е теоретска дебата. Подемот на суверенистичките и конзервативните политички сили, не ...
Од мијачки свадбен обред до македонски национален завет Во време кога светот сè побрзо ги брише разликите меѓу народите, а глобализацијата често ги претвора локалните особености во музејски експонати, во срцето на Бистра и натаму живее еден обред што не дозволува заборав. Не како сценска претстава, ниту како туристичка атракција, туку како жива традиција што повеќе од еден век сведочи за духовната сила на македонскиот народ. Галичката свадба ...
Фотографијата „Скали“ на авторката Бенита Стојмирова е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата е направена во Библиотеката во Битола, на 15.06.2026 г. На фотографијата се гледаат скалите кои се во централниот дел на објектот, фотографирани од најгорната платформа. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата ...
Синоќа, во киното „Манаки“ во Битола, се случи премиерата на музичко-документарниот филм „Софија Кочевска-55 години кариера“. Филмот е посветен на богатото творештво и повеќедецениската музичка дејност на една од најпрепознатливите македонски музички уметници. Станува збор за една од првите македонски пејачки која снимила плоча уште во 1970 година кога тоа било реткост. Автори на филмот се новинарот Шенол Мемиш и камерманот и монтажер Дејан ...
Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечер во 21 часот на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе биде под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, во придружба на Национална опера и балет. Директорот на НУ Охридско лето, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека фестивалот веќе 66 години ...
Ноќеска на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе целосно изгорел патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор. Инцидентот доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на јавноста по обвинението во кое ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во Македонијa. ...
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Долж Повардарието се очекуваат повремени налети на ветер со брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната ...
Ормускиот Теснец е отворена за сите пловила што настојуваат легално да транзитираат низ овој меѓународен воден пат, соопшти денеска американската централна команда (Центком). Американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат дека слободата на навигацијата ќе остане достапна и покрај неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни декларации, нагласи Центком на Х. – Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се ...
Владата ја заврши анализата на цените и маржите на околу 600 до 700 производи, а наскоро во Министерството за економија и труд ќе се одржи состанок со трговците, по што ќе бидат преземени соодветни мерки, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во реконструкцијата на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече дека Владата веќе ги анализирала движењата на цените и ...
Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, Институт за мода и дизајн во Тетово се дел од 18-те затворени институти кај кои Министерството за образование и наука констатирало разни неправилности. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во централниот дневник на Сител телевизија рече дека проверките што ги направила комисијата при МОН покажале различни недостатоци ...
Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови. Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи. Маса од многу топол воздух стагнира над земјата неколку дена, создавајќи продолжен, интензивен и широко распространет топлотен бран, објави утрово Француската метеоролошка служба. Целата област на Париз, ...
Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. – Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна ...
Д-р Маја Шушлевска Павковска, интернист, кардиолог „Здравјето не го одредува само бројката на вагата, туку составот на телото, а мускулите не се важни само за силата – тие се клучни и за здрав метаболизам и здраво срце“, вели д-р Маја Шушлевска Павковска, специјалист по интерна медицина и кардиологија, во интервју за „Нова Македонија“. Таа објаснува зошто бројката на вагата не е доволна за проценка на здравјето и како составот на телото, ...
Физиотерапевтката од Куманово Меланија Цветковска, преку видео објавено на социјалните мрежи јавно побара помош од надлежните институции, тврдејќи дека со години таа и нејзиното семејство се жртви на семејно насилство и дека не успеваат да обезбедат соодветен третман и сместување за нејзиниот татко, кој, според неа, има дијагностицирани ментални растројства и проблем со алкохол. – Денеска се обраќам како жртва на семејно насилство и како ...
Шестнаесетгодишен малолетник во Скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. – На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15 часот пред угостителски објект во село Сарај, Скопско, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. – Денеска, на Галичка свадба, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Сојузот на спортските федерации на Македонија лансира значаен проект за борба против допингот Вистинската големина во кошарката се гради преку фер игра, тимска доверба и храброста секогаш да бидеш транспарентен на теренот. Кога немаш што да криеш, вистината е единствениот резултат што навистина се брои. Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува кошаркарот Марин Петков. Во време кога спортот сè ...
Сојузот на спортските федерации на Македонија лансира значаен проект за борба против допингот Вистинската големина во таеквондото се мери преку дисциплината и храброста да останеш транспарентен во секој твој потег. Кога немаш што да криеш, вистината е твојата најголема сила во секоја борба. Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува Филип Блажевски, репрезентативец во таеквондо. Во време кога ...
Нов исчекор за домашно производство на енергија од обновливи извори во Македонија Македонија направи значаен чекор кон забрзување на енергетската транзиција со усвојувањето на новиот Закон за користење енергија од обновливи извори. Станува збор за сеопфатна законска рамка што треба да создаде поповолни услови за инвестиции во обновливи извори на енергија, зголемувајќи го домашното производство на електрична енергија, и постепено да ја намали ...
Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот, се вели во соопштението од Судот, пренесува МИА. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички ...
Еден маж е тешко повреден откако бил прободен со рог во лицето за време на традиционалната трка со бикови на фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона. Во инцидентот се повредени уште девет лица, кои се здобиле со различни контузии. Според шпанската новинска агенција ЕФЕ, повредениот е 30-годишен маж од Аликанте. Несреќата се случила при краток метеж на патеката, кога неколкумина учесници паднале на земја, а еден од биковите го ...