Нова премиера на театарот „Златен Елец“ Во Младинскиот културен центар во Скопје, денеска, во 20 часот ќе се одигра праизведбата, односно премиерата на текстот „Сина сенка“ („Blue Shade“) од Брајан Рејнолдс, во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“. „Сина сенка“ е проект во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс, кој за првпат се поставува во Македонија. Делото навлегува длабоко ...

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 отсто, а растот на услуги по транспорт е 6,1 отсто и тоа е далеку над растот кој го има државата. Тоа покажува дека овие два сектори растат, вели вицепремиерот Александар Николоски. Тој во интервјуто на „Топ Тема” истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Како што информираат од Управата, кривична пријава е поднесена против лицата Б.Б. ...

Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ Панко Брашнаров е истакнат македонски национален деец и револуционер кој целиот свој живот го посвети на каузата за политичко и национално ослободување на Македонија и македонскиот народ. Брашнаров е меѓу оние македонски дејци од крајот на 19 век кои ги прифатија левичарските идеи, идеи на кои останува верен до крајот на својот живот. Во македонската национална меморија ...

Научниците открија добро зачувана нога на диносаурус, кој потекнува уште од денот на ударот на астероидот што ја избришал популацијата на диносаурусите од Земјата. Тоа се случило пред 66 милиони години. Во американската држава Северна Дакота, на наоѓалиштето Танис, беше пронајдена фосилизирана нога на диносаурус на која е зачувана дури и кожата. Нејасно е зошто остатоците се толку добро зачувани Научниците тврдат дека диносаурусот на кој му ...

Ако вашето патување ве однесе во Њујорк, додека шетате низ овој волшебен град ќе наидете на голем број мали продавници каде што ќе можете да купите буквално сè што ви е потребно. Штом ќе зачекорите во волшебната империја на разни стоки, ќе слушнете мјаукање, но немојте да се растажите, бидејќи со овој поздрав ве дочекуваат славните бодега-мачки, кои моментално го освојуваат интернетот и брзо стануваат најновата туристичка атракција во Големото ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. На средбата, како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, изразил благодарност за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои ги положија своите животи за слободно ...

Брисел со своја шема за справување на ЕУ со ескалирачкиот миграциски притисок Европската комисија (ЕК) во вторникот објави кои земји од Европската Унија ќе имаат право на помош од Унијата за справување со миграцискиот притисок, а кои земји ќе бидат ослободени од помош. Според шемата на ЕУ за солидарност, повеќето земји од ЕУ ќе обезбедат помош како што е примање баратели на азил од земји што се борат со високо ниво на миграција или испраќање ...

Хрватска: Изгласана резолуција за спречување на контроверзниот поздрав „За дом спремни“ на јавни настани Резолуцијата со која се повикува градоначалникот на Загреб да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и поздравот „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот, беше усвоена од страна на Градското собрание на Загреб. Одлуката се однесува на ...

Различни гледишта за постигнување траен мир на Блискиот Исток Доналд Трамп месецов собра функционери и дипломати во Белата куќа за она што неговата администрација го нарече големо постигнување: нова нација се приклучува кон Аврамовиот договор, потписната политика на американскиот претседател во првиот мандат за нормализирање на врските меѓу Израел и муслиманските земји, пишуваат светските медиуми. Тоа што Казахстан, земјата за која станува збор, ...

Замислете дека се будите еден ден и не знаете дали надвор е рано утро или веќе паднала ноќ. Нема часовник, нема календар, нема прозорец низ кој би влегла светлина. Само вие и темнината, без прекин. Како би реагирало вашето тело? Дали вашиот внатрешен часовник ќе продолжи да чука во ритамот од 24 часа или полека ќе се приспособи на новиот чуден образец на времето? Научниците се занимавале токму со тоа прашање, а нивните експерименти откриле дека ...

Кравите што произведуваат помалку метан при испуштањето гасови би можеле да се покажат како важен сојузник во борбата против климатските промени, смета професорот Мајк Кофи од Шкотскиот рурален колеџ. Кофи вели дека телињата родени во програмата за одгледување „Кул каус“ произведуваат два отсто помалку метан од своите родители. – Тоа е трајно и кумулативно. Значи, кога еднаш ќе добиете животно што произведува помалку метан, тоа произведува ...

Русија се уште чека одговор од САД на нивниот предлог за продолжување на новиот договор за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ), изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу. Шојгу во интервју за руски меидум изјави дека Русија чека сигнали од Белата куќа. -Не остана многу време за да се зачува еден од клучните столбови на глобалната стабилност- истакна Шојгу. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ...

Парламентарна комисија на бугарското собрание ќе ги бара „врските на Сорос со политички партии, судии, образовни институции, медиуми, деловни структури и државни власти“ Бугарскиот парламент во средата гласаше за формирање комисија за истрага на наводно мешање од страна на невладини организации и компании поврзани со американско-унгарски инвеститор Џорџ Сорос и неговиот син Александар. Иницијативата ја поведе движењето за права и слободи „Нов ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска во Белград имаше работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Србија, Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за претстојниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје на 3 декември, за натамошното унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, за поттикнување на заеднички ...

Критичните суровини како нов национален приоритет Македонија е пред важен крстопат во однос на развојот на рударството. Со предлог-закон за рударство првпат системски се воведуваат листа на критични минерални суровини и листа на стратешки минерални суровини, со обврска Владата на секои три години да ги преиспитува и ажурира суровините на двете листи. Ова ја усогласува земјата со европската и глобалната пракса и создава јасна рамка за планско ...

Туберкулозата останува водечка причина за смрт од заразни болести во светот, убивајќи само минатата година приближно 1,23 милиона лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи на кршливоста на напредокот во борбата против болеста. Бројот на смртни случаи од туберкулоза се намали за три проценти во 2024 година во споредба со 2023 година, додека бројот на случаи на болеста се намали за речиси два проценти, се наведува во ...

Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во бездна длабока околу 200 метри по судир со друго возило. Несреќата се случила во раните утрински часови на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, што ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-би-си. Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во ...

За траен мир потребна е силна и независна Украина, па затоа денеска ќе и исплатиме речиси шест милијарди евра од програмата за Економски и финансиски реформи (ЕРА) и од Украинскиот механизам, најави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во дебатата за резултатите од октомврискиот Самит на ЕУ. Фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „погрешно се пресметал“ ...

„МедиГруп“ доцна синоќа објави дека Дијана Хрка е примена во Општата болница на тој приватен здравствен систем поради влошување на нејзината здравствена состојба и дека, по дијагнозата, и е обезбеден постојан медицински надзор и соодветна терапевтска нега. – Приоритет на сите преземени мерки е зачувувањето на нејзиното здравје и целосна медицинска безбедност – соопшти „МедиГруп“ и побара од медиумите и јавноста да го разберат и почитуваат ...

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025. МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа го потпиша законот за финансирање со кој заврши најдолгата блокада во работата на една влада во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом ја изгласа мерката, јави ДПА. Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерката беше усвоена во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални вработени без плата и ги наруши јавните услуги, ...

Повод: Симболизмот на 13 Ноември – слобо дно Скопје, отфрлање на потчинетоста на Македонија, ослободување на духот на Макед онецот и одбирање на патот на независноста Европската Унија некогаш беше симбол на стабилност, право, достоинство и предвидливост. Место каде што вредеше принципот дека состанокот има правила и дека сите се еднакви пред нив. Денес, таа заедница е само сенка од сопствената идеја. Новите препораки за проширување на ЕУ, ...

Точно 81 година се навршуваат денеска откако партизанските одреди успеаја да го ослободат Скопје, започнувајќи ја стихијата што доведе до ослободување на другите градови и воопшто на целата територија на Македонија. Без оглед што крајот на војната веќе се наѕираше, фашистичките сили и натаму беа силни во однос на лесно вооружените партизански единици, но сепак желбата за ослободување беше посилна од сѐ и на крајот резултираше со создавање ...

Тринаесетти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна Скопје е пулсот на македонската историја, срцето што чука во ритамот на слободата, живо сведоштво за непокорливиот дух на еден народ. Во неговите улици, мостови и плоштади е вплетена меморијата на борбите, жртвите и победите што ја обликувале Македонија како слободна и суверена држава. Скопје е град, кој не само што преживува туку и постојано се издигнува, ...

Министерството за внатрешни работи заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнаа зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со превентивно-едукативна активност на наплатна станица „Петровец“, спроведена заеднички со полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност и полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во ...

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 на последниот ден од состанокот во Нијагара, на канадско-американската граница, истакнаа дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да вршат притисок врз Русија, а Отава објави нови санкции кон Москва. На денешниот состанок присуствуваше и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха, кој ја повика Г7 да продолжи да вложува во производство на ракети и дронови и во против воздушната ...

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда. На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека транспортот во Скопје ќе се реши единствено ако се комбинираат проектите за Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ. -За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски со објава преку Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. -По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
78%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
87%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
10.29
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
94%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Калај

40.48

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Никел

473339.37