Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи медицинското вештачење за Обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителна клупа се поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, обвинети за несовесно лекување ...

Најмалку едно лице загина денеска кога автобус полн со деца се преврте во регионот Саратов во Русија. Според Државниот инспекторат за безбедност во сообраќајот, возачот на автобусот го загубил животот откако му се слошило додека возел, по што автобусот се превртел. Според Министерството за здравство, девет лица, меѓу кои осум деца, се хоспитализирани од местото на несреќата. Повредените се однесени во болницата во Петровскиот округ. Некои се ...

МАСОНСКА СПИРАЛА НА НАСИЛСТВО ВО ФРАНЦИЈА: 22 ЛИЦА ПРЕД ПАРИСКИОТ СУД Париз е потресен од едно од најзаплетканите криминални судења во последните години. Дваесет и двајца се обвинети, и тоа од поранешни полицајци и разузнавачи до директори и лекари… Сите се обвинети за тепање, заплашување, обид за убиство и едно убиство Двајца мајстори на мракот Фредерик Ваглио, поранешен новинар и експерт за приватна безбедност, и Даниел Болије, пензиониран ...

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор на осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца – соопштуваат од Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска ...

Белата куќа соопшти дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ги намали царините за одредени метално-индустриски производи и опрема за електроенергетската мрежа на 15 проценти, со важност до 2027 година. Мерката претставува намалување во однос на претходно најавените стапки од 50 проценти, но се однесува само на одредени дериватни производи, додека царините за основниот увоз на челик, алуминиум и бакар остануваат непроменети. Од Белата куќа ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот. – Работиме на подготовка на документација, која очекуваме многу бргу да биде готова и да биде објавен повикот за да се избере економски оператор, кој ќе ја почне изградбата на ...

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој на иновациите, технологијата и претприемаштвото е целта на меморандумот што денеска во Владата го потпишаа ректорите на државните универзитети со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво (ИНОВА). На потпишувањето на меморандумот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна ...

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора, и обратно, секој електронски потпис издаден од било кој издавач во Црна Гора ќе биде еднакво валиден во Македонија, најави денеска Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Андоновски, на денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, ...

Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030 година и нагласува дека целта е ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција. Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во ...

Со поставување на камен-темелникот на 400 киловолтниот далекувод од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница, денеска беше означен почетокот на еден од најзначајните енергетски проекти во земјава, кој има стратешко значење за електроенергетската поврзаност и стабилност. Станува збор за капитална интерконекција која ќе ја заокружи електроенергетската мрежа на Македонија со сите соседни земји и ќе ја зацврсти позицијата на државата како ...

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски. Во тој ...

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано ќе се следат и ќе се анализираат. Ова беше заклучено на денешниот работен состанок во Министерството за ...

В сабота претежно во источните делови ќе има повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 километри на час), прогнозира Управата за хиреометеоролошки работи. Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд. В сабота претежно во источните делови ќе има повремен дожд и услови за појава на ...

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, Образец за лица кои се стекнале со назив магистер/специјалист и Образец за лица доктори на науки кои одбраниле докторски труд се трите нови електронски услуги достапни на Националниот портал е-услуги – uslugi.gov.mk. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на промоцијата заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Дејан ...

Русија е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот со Иран, соопшти Кремљ, нагласувајќи дека претседателот Владимир Путин веќе разговара со лидерите на земјите од Блискиот Исток во насока на изнаоѓање мирно решение. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателот „продолжува со контактите“ и оти Москва останува подготвена да помогне во пренасочување на воената ситуација кон мирна разрешница во најкраток можен ...

Бесплатни македонски филмови во „Синеплекс“ Агенцијата за филм промовираше значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно“. Проектот се реализира во соработка со „Синеплекс“ и предвидува бесплатни кинопроекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно. Секој понеделник, во 18 часот, ...

Вашингтон уште повеќе ја заострува реториката кон Брисел поради тоа што ЕУ не се вклучи во воените акции во Ормускиот Теснец Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја прекине испораката на оружје за Украина како средство за притисок врз европските сојузници да ги поддржат напорите на САД за повторно отворање на Ормускиот Теснец, кој е клучен стратешки поморски премин за глобалната трговија со нафта. Според информации од ...

САД, Европа, НАТО… трансатлантско сојузништво или сојузништво заради трансакции Претседателот на САД, Доналд Трамп, одамна на гледа со симпатии кон Брисел, и тоа од повеќе причини. Меѓу некои од главните причини за таквата негова перцепција се и оние дека ЕУ не инвестираат доволно во воениот сегмент, дека се дистанцираат од Вашингтон и дека не плаќаат пропорционално толкав дел од трошоците во НАТО колку САД, а европските политики се ...

Кус осврт на актуелната улога на американските воени бази во Европа помеѓу сојузничката логистика, политиката, правото и отпорот за нивно користење Со повеќе од 30 поголеми и стотици помали воени инсталации, САД располагаат со широка мрежа бази низ Европа – од Германија и Италија до Романија и Белгија. Овие бази традиционално имаат три улоги, односно за проекција на сила (ударни операции), потоа логистика и транспорт, како и фактот дека некои ...

Во македонскиот КИЦ во Софија е отворена изложбата „Ин а сајлент веј“ на Марjан Ѕингаров. – Слично на атмосферската просторност истражувана во музиката на Мајлс Дејвис, сликите се потпираат на пауза, густина и воздржаност. Тишината тука не претставува празнина, туку компресија – поле во кое материјата, меморијата и движењето се таложат во состојба на напната смиреност. Композициите не дејствуваат толку конструирано колку што изгледаат ...

Поради нивниот етос „водете љубов, а не војна“, бонобата во светот на мајмуните се познати како „кул хипици“, за разлика од нивните воинствени братучеди шимпанзата, но една нова студија сугерира дека репутацијата не е целосно оправдана. Научниците во шеснаесет европски зоолошки градини го следеа агресивното однесување кај 22 групи боноба и шимпанза, двата вида што генетски се најблиски до луѓето. Тие следеа судири, удари, каснувања, шлаканици ...

Како што планетата се затоплува, на луѓето ќе им станува сè потешко да останат физички активни, а последиците би можеле да бидат сериозни за здравјето. Ново истражување предупредува дека зголемувањето на температурите би можело да доведе до значително зголемување на физичката неактивност и дури 500.000 дополнителни предвремени смртни случаи годишно до 2050 година. Научниците анализирале податоци од 156 земји во периодот од 2000 до 2022 година ...

Младинскиот културен центар е збогатен со уште еден уметнички експонат. Делото „Океан од тишина“ е поставено во холот на институцијата и е подарок од ликовниот уметник Перо Кованцалиев. Станува збор за релјеф составен од акумулација на ушни школки, изработен од полиестер, со димензии 2 × 1 метар. Со ова дело, авторот ги мапира акустичната пасивност и колективната инертност во контекст на современиот корпоративен милитаризам. Ушната школка ...

Планетата Земја влегува во состојба на опасен енергетски дисбаланс што брзо ги затоплува океаните, ги интензивира екстремните временски настани и ги загрозува здравјето на луѓето и снабдувањето со храна, предупредува Светската метеоролошка организација (СМО) во најновиот извештај за состојбата на глобалната клима. Во исто време се потврдува дека најтоплите единаесет години откако се достапни мерењата биле во периодот од 2015 до 2025 година. ...

Членот на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи на Народна Република Кина, Н.Е. г. Ванг Ји, и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Исламската Република Пакистан, сенаторот Мохамад Ишак Дар, остварија состанок во Пекинг на 31 март 2026 година, за да ја разгледаат состојбата во регионот на Заливот и Блискиот Исток. Двете страни го предложија ...

Тековниот напредок во спроведувањето на реформите, како и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите, биле во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда, на кој учествувале претставници од релевантни институции и засегнати страни, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. -Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на ...

Водата за пиење во Кавадарци и Неготино е заматена поради дождовите и потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини. – Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира – информираа од јавното ...

По повод големиот христијански празник Цветници, во Струга ќе се одржи настанот „Славословие од срцата на децата“, со цел да се одбележи празникот во духот на традицијата, верата и детската креативност. Настанот ќе се реализира во пријатна празнична атмосфера и ќе вклучува разновидна програма со песни и рецитали, како и конкурси за ликовна и книжевна творба. Во рамки на програмата ќе биде организиран и велигденски базар со рачни изработки и ...

Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Од Кривичен, воедно, информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор. Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.11
76%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
68%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1018
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
81%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
79%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9518

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Родиум

319899.93