Владата на денешната редовна 160. седница го усвои предлог-законот за парнична постапка, сеопфатно процесно законско решение, кое се подготвуваше подолг временски период во консултација со стручната и академската јавност. Со неговото донесување, како што информираат од Владата, се реализира уште една значајна обврска од Рaзвојната стратегија за правосудството 2024 – 2028, како и дел од програмата за работа на Владата за 2025 година. Станува ...

По повод 31 Март – Денот на македонското правосудство – министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. – Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите оваа одговорност секој ден со вашата работа и со вашите одлуки – ...

Народниот правобранител, постапувајќи по предметни случаи на фемицид, констатира пропусти во институционалната реакција поради што е потребно да се обезбеди превенција и координирано системско справување со семејства со ризично однесување, како и воспоставување механизми што овозможуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава – истакна денеска народниот ...

Полициските службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на територија на државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Од нив, петмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање ...

Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство извршено од Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, ...

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот – изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила „Водно“ со неговиот домаќин, претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Милатовиќ, кој е во официјална ...

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата со обезбедувањето, почитувањето, остварувањето и унапредувањето на човековите слободи и права за 2025 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Сељами информираше дека по сопствена иницијатива отворил предмет ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети „Мајчин дом“ по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. – Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина како за стручниот тим така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е ...

Оваа година во конкурсот имаме 25.000 слободни места за упис во средни училишта. Од тоа, предвидени се речиси 17.000 во средното стручно образование. Дуалното образование секако ќе биде фокус. Досега имаме потпишано договори со над 800 компании и продолжуваме да го стимулираме средното стручно образование за да ги пополниме празнините на пазарот на труд, односно она што им е потребно на компаниите за да се подобри производството. Конкурсот е ...

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка ...

Сведок вработен во МВР, кој во текот на 2023 година бил началник на надворешната Канцеларија за криминалистички работи Кочани, денеска во Основниот кривичен суд Скопје изјави дека биле извршени повеќе контроли во дискотеката „Пулс“ и оти имало констатирано прекршоци. На денешното судење против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“, каде што на 16 март минатата година во ...

Младите инженери ѝ се потребни на државата. Тие денес се соочуваат со дилема – дали да останат или да заминат. Ова е реалност што не треба да ја игнорираме. Ако сакаме да останат тука, мора да создадеме средина во која ќе бидат охрабрени, поддржани и мотивирани за развивање на своите идеи и иновации, мора да им обезбедиме услови и проекти, но не декларативно, со зборови, туку конкретно, во пракса – порачаа учесниците на денешниот настан по ...

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Алекс Јангер, со тврдење во „Економист“ што ја шокира светската јавност: Поранешниот директор на британската разузнавачка служба MI6, Алекс Јангер, оцени дека Иран во моментов има предност во конфликтот со САД и Израел, нагласувајќи дека западните сили го потцениле противникот. Говорејќи за „Економист“, Јангер изјави дека до ваквиот заклучок дошол врз основа на долгогодишното искуство во ...

Со сослушување сведоци предложени од одбраната, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновно по обвинението што произлегува од постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 ...

Осум децении од Повелбата на АСНОМ за македонското правосудство Правда, правна држава, владеење на правото, професионалност и политичка независност на судиите и обвинителите, на судовите и обвинителствата, реформа на македонскиот правосуден систем – ова се термините што бездруго се меѓу најспоменуваните во последниве неколку месеци од оваа 2026 година. Во меѓувреме, (не)довербата во судството е на историски најниско ниво. Скандалите и ...

Дипломатска игра на зборови на самитот за ВИ и роботика во Вашингтон Глобалниот самит „ Заедно ја градиме иднината“, кој неодамна се случуваше во Белата куќа, наместо само како платформа за вештачка интелигенција и хуманитарни иницијативи, во регионалната јавност одекна како ново бојно поле на македонско-грчкиот дипломатски спор. Наводната интервенција на грчкиот амбасадор во САД, Андонис Александридис, врз говорот на првата дама Меланија ...

Во рамките на издавачката куќа „Артконект“ неодамна беше објавен романот „Шаги Бејн“ од шкотско-американскиот писател Даглас Стјуарт. Ова е неговиот прв роман и истиот тој бил над 40 пати одбиен за издавање од различни издавачи, но, по конечното издавање, тој ја добива престижната награда „Букер“ и со тоа стекнува светска слава, а потоа романот е преведен на повеќе од четириесет јазици. – Првенецот на Даглас Стјуарт е роман со ретка и трајна ...

Редакциска опсервација Светот распослан на повеќе фронтови Реалноста на современата геополитика сè повеќе се оддалечува од класичните теории и модели опишани во старите учебници. Наместо стабилен систем на рамнотежа, денес сведочиме на динамичен и конфликтен свет во кој големите сили дејствуваат истовремено на повеќе фронтови низ целата планета, на копно, на море и во воздух. А во центарот на оваа трансформација стои длабокиот судир меѓу две ...

Случувањата на Блискиот Исток сѐ пожестоко се одразуваат врз глобалните економски текови Додека геополитичкиот фитил на Блискиот Исток продолжува да тлее, светските пазари со страв гледаат движење на цената кон еден единствен, според нив, „фатален“ број: 150! Тоа е цената во долари за барел нафта, како психолошка и економска граница веќе не е само песимистичко предвидување туку сериозно предупредување на врвни светски економисти. Берзите во ...

Политизација на детството и злоупотреба на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија (МРТ) Македонската радио-телевизија (МРТ) завчера претпладне, околу 11 часот, на својот втор канал, во рамките на детски фестивал, емитуваше песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии“). Имено, тринаесетгодишното девојче, облечено во маица со апликација со мапа на „голема Албанија“, пееше стихови за отворени територијални претензии кон ...

Историски потсетник: На денешен ден Повелбата за устројството на судовите од 31 март 1945 – акт што е дел од заокружувањето на македонската државност Одлуката на Президиумот на АСНОМ од 31 март 1945 година, формално позната како Повелба за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија, претставува чин со кој се поставени темелите на современиот правосуден систем во Македонија. Истиот ден, на 31 март, е донесено и решение за ...

Стотици припадници на специјалните сили на САД се распоредени на Блискиот Исток, јавуваат медиуми како Њујорк тајмс и Си-би-ес њуз, повикувајќи се на воени извори и лица запознаени со операцијата. Распоредувањето вклучува припадници на елитни единици, меѓу кои ренџери и морнарички фоки, кои им се придружуваат на илјадниците американски маринци и падобранци веќе присутни во регионот. Според истите извори, засилувањето е дел од пошироки ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. – Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди – информираа од ОЈО. ...

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица, пренесе МИА. Пресудата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал САД да ја преземат контролата врз иранската нафта, во интервју за „Фајненшл тајмс“. – Да бидам искрен, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран. Но, некои луѓе во САД велат „зошто го правиш тоа?“. Тие се глупави луѓе – изјави Трамп. Тој како можност го спомена островот Харг во Персискиот Залив, преку кој минува најголемиот дел од извозот на иранската нафта, оценувајќи дека би ...

Европската комисија денеска соопшти дека одобрила работна програма во вредност од 1,5 милијарди евра во рамки на Програмата за европска одбранбена индустрија (EDIP), со цел зајакнување и модернизација на европската одбранбена индустрија. Прецизирано е дека 260 милиони евра ќе бидат наменети за „Инструментот за поддршка на Украина“ во рамки на ЕДИП (EDIP), за инвестиции во заеднички проекти за зголемување на воените производствени капацитети ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Матиас Корвинус Колегиум“ (Mathias Corvinus Collegium) (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција. На средбата со Орбан, како што информираат од Влада, била потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу ...

Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика силен потрес на глобалниот пазар на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот низ светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји. Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 ...

Турција упати сериозно предупредување до Соединетите Американски Држави, Ирак и курдските сили дека ќе преземе директна воена акција доколку курдските организации бидат вклучени во операциите против Иран, пренесува инфо-порталот „Туркије“. Според информациите до кои дошла Анкара, со почетокот на нападите врз Иран, израелската разузнавачка служба Мосад се обидела да преговара со Курдската работничка партија (ПКК) и нејзиното иранско крило ...

Поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица „Метропол“, како и празнење на главниот доводен цевковод со профил 711 милиметри, од утревечер после 22 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа. Истовремено од Јавното претпријатие „Водовод “ посочуваат дека задутре, во среда 1 април, од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Калај

50.03