Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи. Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани, пренесува МИА. Судијата информира дека ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за смртта на неговата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја. На денешното рочиште сведочеше Мартин Саздов, кој одговараше на прашања поврзани со односите меѓу обвинетиот и починатите, пренесе МИА. -Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот – рече Саздов. Сведокот објасни дека во 2021 година се запознал со ...

Јавното обвинителство соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. – Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција – наведува Обвинителството во денешното соопштение. Триесет и тригодишникот ...

Проблемите со заматената вода за пиење во Струга отворија сериозни прашања за функционирањето на водоснабдителниот систем, откривајќи дека општината со години не ги исполнувала законските обврски. ЈП „Водовод и канализација“ од Струга, и покрај законската обврска од 2008 година, не плаќало надомест за користење на водата од изворот Шум. Како што информираат од Министерството за животна средина на брифинг со новинарите, дури сега, откако им е ...

ПОБАРУВАЧКАТА ЗА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ РАБОТНИ АНГАЖМАНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО ПОРАСТ Во моментов преку огласите на Агенцијата за вработување се нудат околу 10.970 слободни работни места. Најголем дел од нив се однесува на позиции со одредено потребно ниво на квалификации. На врвот на листата се работници на производствени линии (827), хигиеничари (805), продавачи (706) и административни службеници (529). Значајна побарувачка има и за оператори ...

Комеморација во Париз по повод 95 години од смртта на охридскиот гениј и светски признаен научник Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и Општината Бонди, на старите градски гробишта во овој француски град се одржа свечена и достојна комеморација во чест на истакнатиот македонски онколог и светски признаен научник д-р Анастас Коцарев. Настанот беше организиран по повод 95 години од неговата ненадејна смрт во Париз и ...

Кинеска мода на 32. издание на Моден викенд-Скопје Неколку кинески дизајнери се претставија на отворањето на 32. издание на Моден викенд-Скопје во „Дајмонд мол“. Првиот сегмент, „Кинеска вечер“, беше реализиран со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина, а пред публиката се обрати амбасадорката Џијанг Сјаојен. Во истиот културен контекст значајно место имаше и изложбата на костими, која внесе историска димензија и овозможи директен ...

На Филозофски факултет беше промовирана книгата „Антологија на античката лирика“, издание што првпат на едно место ги обединува речиси сите досега преведени поетски творби од античкиот свет на македонски јазик, дополнети со нови препеви на неодамна пронајдени текстови. Станува збор за обемен и сеопфатен избор од лирска поезија од Античка Хелада и Рим, кој претставува значаен придонес во македонската културна и научна продукција. Делото е ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (11) Овче Поле, како една од најкарактеристичните пределни целини во Македонија, низ историјата претставувало многу повеќе од обичен земјоделски регион. Тоа е простор каде што географската положба директно ја детерминирала стратегиската важност, создавајќи густа мрежа на населби, тврдини и сообраќајни правци што ги поврзувале клучните балкански центри. Во овој преглед се ...

Слаѓана Вујошевиќ, актерка Актерката Слаѓана Вујошевиќ е движечка алка на Турскиот театар во Скопје, има одиграно голем број улоги во претстави, филмови, турски телевизиски серии, кај децата е препознатлива по позајмувањето на гласот во „Светот на Биби“, а е и промоторка и едукаторка на актерската техника на Михаил Чехов, руски театарски актер и режисер. По успешната реализација на голем број работилници во Македонија и во странство, ...

Во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, утре во 11 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“. „Антологија на античката лирика“ претставува обемен избор од песни што се создадени во Античка Хелада и Рим, препеани од старогрчки и латински од Елена Колева, Љубинка Басотова, Даниела Тошева, Војислав Саракински, Валериј Софрониевски, Светлана Кочовска-Стевовиќ и од Методија ...

„Аустријан ерлајнс“ денеска одбележува значаен јубилеј на македонскиот пазар – 30 години од воспоставувањето на авиолинијата Скопје – Виена и почетокот на успешната соработка со Меѓународниот Аеродром Скопје и „ТАВ Македонија“. На Меѓународниот Аеродром Скопје со церемонијален воден мост по слетувањето на авионот, беа пречекани патниците, кабинскиот персонал и менаџментот на авиокомпанијата, со што беше одбележан овој значаен јубилеј. Неџат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека британскиот крал Чарлс трети и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април. – Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа навечер на 28 април- напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, ...

По повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски, каде пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори. Воведни обраќања на настанот имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, кои ја ...

Повторно дебата во Брисел за укинување на консензуалното одлучување И покрај засилените наративи дека Европската Унија нема да го смени консензуалното одлучување, сепак во заднина промената на моделот на гласање се турка со полна пареа, па дури се разгледуваат варијанти и одлуката за укинување на консензусот да биде донесена без консензус. Ваквиот пристап радикално ќе го промени односот внатре во Унијата, во насока на издвојување на земјите ...

Здружението за едукација на земјоделците „Зелена берза“ од Битола со апел до сточарите во Македонија Април е еден од најважните месеци за сточарите – период на премин од зимски шталски услови кон пасишно одгледување. Токму оваа транзиција, доколку не се спроведе правилно, може да донесе повеќе штета отколку корист. Затоа, од здружението на земјоделците „Зелена берза“ упатуваат јасен апел: внимателното планирање и балансираната исхрана се ...

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, преставувано од претседателот Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружението ВАРДАР-МКД од Подгорица, Црна Гора, преставувано од потпретседателот, адвокатот Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. Двете здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување ...

Први април, Денот на шегата, традиционално е посветен на хуморот, смеата и веселите, безопасни шеги. И во Скопје, овој ден и годинава ќе помине во ведар дух, исполнет со детски маски, креативност и уметност. Во центарот на вниманието ќе биде „Априлијада“, традиционалната детска манифестација што ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, ја организира со почеток во 10:30 часот во Градскиот трговски центар. Поради ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше сојузниците во НАТО поради ограничената поддршка во конфликтот со Иран и најави можност за преиспитување на алијансата. Тој посочи дека Шпанија одбила користење на својот воздушен простор и бази за американски операции, како и дека сличен отпор постоел и на други локации. -Ако НАТО се сведува на тоа ние да ја браниме Европа, а тие да ни ги ускратуваат правата кога ни се потребни, тоа ...

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите најави дека од утре ќе изврши целосно повлекување на сите дадени овластувања за постапување меѓу обвинителствата, освен во Кочани, Крива Паланка и Ресен, каде поради недостиг на обвинители овластувањата мора да останат активни. Тој нагласи дека сите обвинители ќе бидат третирани еднакво, без фаворизирање, а во однос на предметот за „Кочани“ ќе има посебен, ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел постигнал повеќе од половина од своите воени цели во конфликтот со Иран, без да прецизира временска рамка за негово завршување. Во интервју за американскиот телевизиски канал Њузмакс, Нетанјаху посочи дека операциите продолжуваат според планираното. -Јасно е дека сме изминале повеќе од половина пат, но не сакам да одредувам временски рок – изјави тој, на 31-виот ден од конфликтот. ...

Уставниот суд попладнево соопшти дека го добил мислењето од Венецијанската Комисија во врска со предметите во коишто се оспорени одредби од Законот за употреба на јазиците, пренесе МИА. Во воведот од Заедничко мислење amicus curiae на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за демократија и човечко достоинство за меѓународните и европските стандарди за употребата на малцинските јазици во јавниот живот и во судските постапки се ...

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата. – Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти – истакна Савески. Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на една од највисоките функции во ...

Заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион била потврдена на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас. На средбата, како што информираат од МЖСПП, било истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа паркот преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот ...

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против двајца измамници, кои измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште десет други повозрасни лица, контактирајќи ги дека нивни блиски наводно се повредени во сообраќајни несреќи и треба итно да се оперираат. Како што информира МВР, ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н. (29) ...

Проектот „Сликите на вкусот (Frames of Flavours)“ објавува отворен повик за млади уметници и фотографи (18-35 години) од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Оваа регионална иницијатива го истражува дијалогот помеѓу генерациите и културите преку еден од најсилните заеднички јазици на Балканот – храната. Локален партнер одговорен за спроведување на проектот во Македонија е Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“, кој ја координира ...

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го одобри Ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и на нејзината матична компанија за 2025 година и, заедно со Управниот одбор, предложи бруто дивиденда од 3,00 евра по акција. Групација Триглав оствари многу добри резултати во 2025 година, при што добивката пред оданочување се зголеми за 9% и достигна 174,1 милиони евра, а нето-добивката се зголеми за 4% и достигна 136,7 милиони евра. Во ...

Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци, како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ, кој во црногорскиот и во македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што нè врзува, а се гледа во делото на вашиот голем писател и револуционер Кочо Рацин, кој во ...

Безбедносниот комитет на иранскиот парламент одобри нацрт-закон за воведување систем на патарини во Ормускиот Теснец, како и можни ограничувања за бродови поврзани со земји што вовеле санкции кон Иран. Предлогот ќе биде доставен на понатамошна дебата и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари. Според предлогот, се предвидува ограничување на транзитот за бродови поврзани со САД, Израел и други држави што во изминатите ...

Здружението „Клуб на генерали“ денеска одржа Годишно изборно собрание во Домот на Армијата во Скопје, на кое беше избрано новото раководство, соопштија од Здружението. За нов претседател на Здружението е избран генералот Методија Величковски. На Собранието беа избрани и нов извршен и надзорен одбор. Во изминатите две години функцијата претседател на Здружението ја извршуваше бригадниот генерал Орце Јордев. Новоизбраниот претседател на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Калај

50.03

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57