Падна железната завеса, заврши Студената војна, падна Берлинскиот ѕид, се распаднаа Советскиот Сојуз и Југославија, само Република Македонија остана да стои пред ѕидините на Европската Унија. Ахајците (Грците) пред 1.200 години десет години се обидувале да ја освојат Троја, Македонија 20 години во 21 век стои пред подигнатите ѕидини на ЕУ. Посочувајќи ги овие неколку историски факти, вреди да се анализира од повеќе аспекти изјавата што ја ...

Тони Гламчевски, наш постојан дописник од Париз Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа ги охрабрува европските локални власти да ги решат празнините во наставата по регионална историја, со констатација дека пристапот до примарни извори останува проблем во наставата по регионална историја. Наставата и предавањето на регионалната историја, и во формалното и во неформалното образование, поттикнува чувство на ...

Иран ќе ги продолжи воените дејства на Блискиот Исток сè додека САД и Израел не се соочат со „трајно жалење и предавање“, изјави портпаролот на заедничката команда на вооружените сили. Портпаролот на Централната команда „Хатам ал-Анбија“, Ебрахим Золфакари, порача дека Техеран ќе ги засили воените операции и најави „поразорни, пошироки и поинтензивни“ напади врз противниците. Изјавата доаѓа по пораките од американскиот претседател Доналд ...

Нова локална опсерваторија за спроведување на реформските агенди во Западен Балкан Тони Гламчевски, наш постојан дописник од Париз Нов проект на Советот на Европа и ЕУ, Локална опсерваторија за спроведување реформски програми (ЛОРАИ), е промовиран во Стразбур. ЛОРАИ ќе ги поддржи реформите на локалната самоуправа во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија). При промоцијата на маргините од ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 1“, при што вештакот Давор Радославевиќ од Србија одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев. Тој во своето вештачење укажа на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите, додека одбраната тврдеше дека не му била доставена целосната медицинска документација, пренесе МИА. ...

Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон – така на анкета одговориле 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и 63 проценти од 585 прашани осмоодделенци. Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ, а податоците ги соопшти неговиот директор, проф. д-р Петар ...

Цената на нафтата од типот „брент“ бележи нов раст и достигнува највисоки нивоа во текот на денешното тргување. Фјучерсите се движат кон 107 долари по барел, што претставува зголемување од повеќе од 5 отсто, само два часа по обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп за војната со Иран. Растот следува по неговата најава за засилување на нападите во наредните две до три недели, што дополнително ја зголеми неизвесноста на енергетските ...

Дебелината кај населението во Македонија е алрамантна. Црвениот аларм е појавен и треба да се подигне свеста за превенција од дебелина, за која причините се лошите навики на исхрана, недоволната физичка активност, стилот на живот. Загрижува фактот што се зголемува дебелината и кај младите и децата. „Дебелината треба да се препознае и да се превенира“. Ова беше посочено денеска во Здравствениот дом при општа болница „Борка Талески“ во Прилеп ...

Министерството за финансии информира дека близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатиле средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. – Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот ...

„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој ...

Од 14 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп. Според информациите на јавното претпријатие „Македонија пат“, причина за прекинот е сообраќајка меѓу патничко и товарно возило кај месноста викана Фариш. Сообраќајот се одвива по стариот пат Градско – Прилеп и обратно, пренесе МИА. Од 14 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп. Според информациите на јавното претпријатие ...

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Првата пешадиска бригада (1.пбр), најголемата борбена единица во составот на Командата за операции, го одбележа Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор ...

Министерството за одбрана објави нов јавен оглас за прием на 300 професионални војници во редовите на македонската Армија, отворајќи можност за вработување на млади граѓани заинтересирани за воена кариера. Според објавата, кандидатите треба да бидат државјани на Македонија, полнолетни и со соодветна здравствена и физичка подготвеност. Како дополнителни услови се наведуваат завршено средно образование и возраст до 25 години на денот на ...

Започна процесот на подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2026–2028, со што се отвора нов циклус на соработка меѓу институциите и граѓанското општество насочен кон поголема транспарентност и отчетност. На конференцијата во Скопје, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува клучен механизам за унапредување на демократското ...

Како брат почувствував потреба да го довршам она што го почна татко ми. Се активира барањето за развод, а Катја и Ивана требаше да останат кај мајка ми во станот. Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот, ѝ барал 30.000 евра да му даде за да си оди, за што сестра ми побара од мене да ѝ помогнам. Се согласив, ѝ реков дека мора да бидеме сигурни дека нема парите да ѝ се земат и ништо друго да не се случи – сведочеше ...

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од 4 април 2026 година ќе стапи во сила нов возен ред за дел од автобуски линии во рамки на градската мрежа. Како што соопштуваат од ЈСП, измените се прават со цел усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз, што треба да придонесе за подобра организација и поголема ефикасност на јавниот превоз во главниот град. Од претпријатието посочуваат дека со новиот ...

Јавниот обвинител на Јавно обвинителство, Ненад Савески, изрази жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, нагласувајќи дека нејзиното заминување претставува загуба за институцијата. Савески информира дека за одлуката бил известен преку СМС порака по поднесувањето на оставката, додека причините за ваквиот чекор ги дознал од медиумите. – Јавното обвинителство останува без обвинител од кој очекував значаен придонес, особено имајќи го ...

С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на Министерството за внатрешни работи, е приведен откако бил фатен како вози во спротивен правец и агресивно се однесувал кон полициски службеник. Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Димче Мирчев“ во Скопје, каде што полицаец вршел физичка регулација на сообраќајот. Според информациите од МВР, возачот управувал патничко возило „мерцедес“, се движел ...

Со овој проект за првпат мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи, што значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на 400 киловати далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница. Тој нагласи дека денес не зборуваме само за еден ...

Во текот на март, преку системот „Безбеден град“, биле регистрирани вкупно 26.241 сообраќаен прекршок на подрачјата каде што се поставени камери, информираат од МВР. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 25.230 случаи. Истовремено, евидентирани се 941 прекршок за управување возило со истечена сообраќајна дозвола. За разлика од тоа, бројот на прекршоци за поминување на црвено светло е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената операција против Иран ќе заврши „многу брзо“, нагласувајќи дека САД веќе постигнале „убедливи победи“ на терен. Во обраќање до нацијата од Белата куќа, тој најави дека во наредните две до три недели ќе следуваат „исклучително силни“ напади, доколку не се постигне договор со иранското раководство. Трамп предупреди дека САД би можеле да ги таргетираат иранските електрани и нафтени ...

Проф. д-р Татјана Бошков активна учесничка од Македонија на регионален панел во пресрет на Експо 2027! Конференцијата за женско претприемаштво што деновиве се одржа во Белград, во пресрет на Експо 2027, потврди дека зајакнувањето на учеството на жените и нивното вклучување во економијата е од исклучиво значење за економската иднина. Како исклучително значаен дел од конференцијата беше панелот „Од мој агол“, модериран од познатата српска ...

За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година, вкупното покачување на пензиите е 7.000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36 проценти – вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов. Минималната пензија за овој период, како што посочува Мемов, е зголемена за 61,75 процент, а просечната пензија за речиси 40 проценти, пренесе МИА. – Ова претставува најголемо ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека денеска, 1 април 2026 година, истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи до општините за вклучување на енергетски објекти со инсталирана моќност под 1 мегават во општинските енергетски планови. Согласно законската регулатива, сите пристигнати иницијативи ќе бидат разгледани од страна на единиците на локалната самоуправа, кои имаат обврска да ги вклучат во ...

Проблемот со ограничениот престој од 90 дена во 180 дена за македонските превозници во Шенген зоната е сериозен, а институциите веќе работат на трајно решение, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Досега системот беше книжeн и во пракса постоеја одредени толеранции. Со електронска евиденција тоа веќе нема да биде возможно. Добро е што превозниците реагираа, бидејќи нивната реакција придонесе Европската ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска во Охрид на новите капетани и на опслужувачите на бродови им ги врачи сертификатите за управување со пловни објекти, кои се издаваат преку Капетанијата на пристаништата во Охрид и Министерството за транспорт. – Од 2005 година првпат кај нас се организира полагање испити за пловни објекти. Заеднички со Капетанијата на пристаништата и стручните служби во Секторот за транспорт ...

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдија дека во тек е координирана акција за обезбедување докази во предмет поврзан со детска порнографија. Од Обвинителството информираат дека Основното јавно обвинителство Скопје обезбедило судски наредби за претреси и дека во соработка со полицијата се преземаат активности во рамки на истрагата. – Повеќе детали во оваа фаза не можат да се споделат – соопштија од обвинителството. ...

Војната на САД со Иран ја истурка европската индустрија до работ Војната со Иран и блокадата на Ормускиот Теснец повторно ја разгореа најболната точка на европските економии, а тоа е зависноста од енергија и суровини. Европската индустрија е во енергетски шок што ја носи на работ на агонија. Имено, индустријата користи скапи суровини и има несигурни, па дури и распаднати синџири на снабдување. Поради таа фактичка ситуација, индустријата на ...

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира во пишано соопштение до медиумите, оставката ја поднела поради одлуката што ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески за повлекување на нејзините овластувања за застапување во клучни предмети во завршна фаза. – Оваа недела Советот на јавните обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот ...

Училиштето било информирано за семејното насилство во домот на првачето Катја уште на почетокот на учебната година – сведочеше нејзината класна наставничка на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд. Пред судот таа детаљно го опиша однесувањето на Катја, контактите со мајка ѝ Ивана и таткото Стојанче, како и настаните што му претходеле на 2 март, денот кога мајката Ивана се самоуби заедно со шестгодишната ќерка Катја скокајќи од ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Цинк

3.35