Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две деловни средби, со извршните директори на „Катар Ервејс“ (Qatar Airways) и „Барзан Холдингс“ (Barzan Holdings). На средбата со раководството на „Катар Ервејс“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за можностите за ...

Надворешнотрговската размена на Македонија продолжила да расте и во првите пет месеци од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, пренесе МИА. Во периодот јануари – мај, вкупната вредност на извозот достигнала 217,98 милијарди денари, што е зголемување од 5,7 проценти во споредба со истиот период лани. Во исто време, увозот изнесувал 306,51 милијарди денари и е повисок за 5,91 процент. Најголем удел во ...

Македонско друштво „Илинден“-Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората. -Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред ...

Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот. Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката дала ...

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во ...

ДВЕ РЕДАКЦИСКИ АНАЛИЗИ ЗА ИРАН Со почетокот на церемонијата на погребот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи, настан што долго време во Иран е подготвуван да не биде само ритуал на длабока жалост на нацијата и државата туку и порака до светот за обединет Иран и нов историски почеток со нова улога на регионален и глобален план за Иран, редакцијата на „Нова Македонија“ и уредничкиот колегиум за читателите на весникот изготвија две анализи, два ...

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска останува затворен поради засилената активност на вулканот Етна. Сите летови се пренасочуваат кон аеродромот во Палермо, а авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. Етна продолжува да исфрла пепел, а според најновите податоци вулканскиот облак достигнува висина од околу 4.500 метри. Италијанската цивилна заштита уште на 26 јуни го зголеми нивото на ...

На 19. Меѓународен фестивал на современата драматургија „Кољада плејс 2026“ („Kolyada Plays“), што неодамна се одржа во Екатеринбург, Русија, независниот театар „Вортекс“ од Скопје доби престижно признание. Со специјалната награда „Метална комета“ беше наградена претставата „Кокошка“, работена во копродукција меѓу театарот „Вортекс“ и НУ „Театар Комедија“. Претставата е поставена по текст на рускиот драмски автор Николај Кољада, во режија на ...

Животни Повеќето сопственици не сакаат да ги оставаат своите кучиња сами предолго. Меѓутоа, сопствениците на мачки, генерално, помалку размислуваат за тоа прашање – на крајот на краиштата, мачките се познати по нивната независност. Меѓутоа, експертот за однесување на мачките Стивен Квант за „Њузвик“ вели дека сопствениците на мачки треба да размислат за тоа. И покрај стереотипот за нивната наводно повлечена природа, постои ограничување на ...

По спектакуларните настапи како специјален гостин и поддршка на Џим Џефрис на неговата европска турнеја, еден од најдобрите австралиски стенд-ап комичари, Амос Гил, ова лето доаѓа во Македонија со своето најново и наградувано соло шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“. Публиката ќе има можност да го погледне во Охрид, каде на 21 јули ќе го отвори 8. Интернационален фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon“ 2026, настан кој „Друга ...

Изјави на европски челници што не кореспондираат со духот на самитот на НАТО во Анкара Според американскиот „Волстрит џурнал“, во услови на „…растечка недоверба меѓу Брисел и Вашингтон, Макрон оценил дека прекумерната зависност на Европа од Америка станала безбедносен ризик за самата Европа…“ – Повлекуваме линија. Нема враќање назад – рече Макрон, според извори цитирани од американскиот медиум „Волстрит џурнал“. Вашингтон со отворени и ...

Воена анализа: Падот на Константиновка како сигнал за новата фаза од руско-украинскиот конфликт Во секоја војна постои разлика меѓу спектакуларните операции што доминираат во медиумскиот простор и тивките фронтовски поместувања што ја определуваат конечната воена рамнотежа. Украинските напади врз аеродроми, складишта, воени постројки и инфраструктура во руската заднина несомнено имаат свое оперативно и психолошко значење. Тие покажуваат дека ...

Вашингтон повторно ги (по)врзува Москва и Киев Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека Доналд Трамп во саботата разговарал со Владимир Путин еден час и 25 минути, при што понудил американска помош во наоѓањето решение за војната во Украина. Тоа беше четврти телефонски разговор меѓу двајцата лидери од почетокот на годинава, одржан по иницијатива на американскиот претседател. Разговори што ја вратија надежта за мир Ушаков го ...

Повод: Финалната декларација на НАТО од Анкара: „Рејунион“ на трансатлантскиот Сојуз-потврда на членот 5, ама и нова распределба на товарот меѓу Америка и Европа Кога пред само неколку месеци американскиот претседател Доналд Трамп отворено го доведуваше во прашање опстанокот на НАТО, заканувајќи се со можно американско повлекување од Алијансата и обвинувајќи ги европските сојузници дека живеат под американски безбедносен чадор без да ја ...

Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој – ЕБОР денеска потпишаа договор за грант за изградба на автопат Скопје – Блаце. Парите за грантот се од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, во висина од 30,8 милиони евра, а кредитот е 167,6 милиони евра. Договорот го потпишаа директорите на двете институции, Коце Трајановски и Фатих Туркменоглу. Изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката кај ...

Околу 30 ученици во текот на јуни и јули ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади, а сите трошоци за нивното учество ги покриваат Министерството за образование и наука и Владата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, пренесе МИА. Во објава на Фејсбук, Јаневска истакна дека државата втора година по ред целосно ги финансира патувањата и котизациите за младите натпреварувачи, со што нивните семејства не ...

Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија ...

Основното јавно обвинителство Скопје побара од Основниот кривичен суд да им изрече мерки на претпазливост на тројца осомничени за напад врз малолетник во парк во населбата Маџари, пренесе МИА. Според Обвинителството, тројцата на 22 јуни физички нападнале дете родено во 2011 година, удирајќи го со тупаници и клоци, при што му нанеле и расекотини по телото со нож. Предложените мерки вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето или ...

Неколку милиони луѓе денеска се придружија на погребната поворка за починатиот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во Техеран, објави државната агенција ИРНА, без да наведе точен број. Многумина од учесниците во поворката скандираа „Одмазда, одмазда“, како и „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои поддржувачи на свештеникот држеа транспаренти на кои американскиот претседател Доналд Трамп беше прикажан како цел. Хамнеи беше ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за војната во Украина е поблиску отколку што јавноста претпоставува и најави дека ова прашање ќе биде една од темите на претстојниот Самит на НАТО во Турција. Трамп рече дека и Русија и Украина се заинтересирани за завршување на конфликтот. -Претседателот Путин сака ова да заврши. Тоа го велам многу категорично – изјави Трамп. Тој откри дека за време на викендот имал телефонски ...

За да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани. Како што се наведува во соопштението од општината, лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека е „потребна забрана за приближување“. За време на состанокот на Г7 во француското одморалиште Евијан минатиот месец, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп по тој разговор во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека премиерката на Италија го молела да се фотографираат. ...

Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“. Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на ...

Повод: Почетокот на десетте дена дискусија во Собранието во врска со ребалансот на буџетот Според мислењето на консултиран финансиски експерт од Брисел, вработен во Одделот за финансии на ЕУ, „секоја сериозна економија ги ревидира своите проекции кога се менуваат условите на пазарот. Таквиот пристап не претставува слабост, туку показател за одговорно управување. Буџетската политика мора да биде динамична, затоа што економијата не е статична ...

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како ...

Автопатот Скопје-Блаце влегува во фаза на изградба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој се затвора финансиската конструкција за реализација на автопатот. Премиерот Христијан Мицкоски на настанот порача дека државата, наместо нови ветувања, денес има обезбедени средства, избран изведувач и започната реализација на проектот, најавувајќи дека градежните активности на терен би можеле да стартуваат во наредните ...

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градската огнометна претстава по повод 4 Јули , ширејќи го пламенот и создавајќи облак од чад пред пожарникарите да го изгаснат пожарот. Нема пријавени повредени, објави „Еј-би-си њуз“. Две противпожарни возила беа употребени за гаснење на пожарот, соопшти градската противпожарна служба. Пожарникарите беа видени како го гаснат пламенот кратко пред 22 часот на мостот, кој беше затворен ...

Златко Ѓелески, селектор на програмата на фестивалот „Преку езерото“ Пет години по своето основање, фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ (8-15 јули) прераснува во препознатлива филмска платформа што ги поврзува авторите, љубителите на филмот и културите од регионот. Годинашното јубилејно издание носи значајни новини, богата филмска програма и за првпат ќе се одржи во три града, Дојран, Струмица и Гевгелија. Покрај ...

Успехот е мотив кон кој сите се стремиме, но понекогаш не сме ни свесни дека одредени секојдневни навики едноставно нѐ одвлекуваат од патот кон постигнување вистинско исполнување и моќ во животот. Одредени навики кон кои сме склони секојдневно може да нѐ оддалечат од патот кон постигнување успех во животот. Иако не изгледа така, има многу работи на кои трошиме премногу време и енергија, а кои нѐ прават безволни, уморни и незаинтересирани за ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик. На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.13
43%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
68%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.67
48%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.74
41%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.77
60%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.48
77%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
48%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
46%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
52%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
60%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
38%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.61
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Калај

56.46