Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Бројот на сообраќајни несреќи на подрачјето на Општина Гевгелија е значително намален во првата половина од годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Полициската станица со општа надлежност во Гевгелија. Надлежните истакнуваат дека се намалени и последиците од незгодите, но предупредуваат дека во летната сезона сѐ почесто се регистрираат возачи кои на автопатот А1 управуваат со брзина поголема од 200 километри на ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и помагала, познат во јавноста како случајот „Ботокси“. Во рамки на истражната постапка осомничени се уште четири лица, а при претреси на пет локации во Скопје приведени се три лица, меѓу кои и двајца лекари, пренесе МИА. Како што соопшти Обвинителството, вчера биле ...
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Рим, каде што порача дека процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован исклучиво на исполнување на критериумите, без влијание од билатерални прашања, пренесе МИА. На состанокот, организиран на покана на ...
Бугарската потпретседателка Јотова на средба со претставници на Советот на Европа (не)свесно изнесе практикување два стандарда за исто фундаментално прашање за човековите права Официјална Софија со години инсистира Брисел да биде гарант за исполнувањето на нејзините ултимативни барања кон Македонија, но, од друга страна, кога станува збор за обврските што самата Бугарија ги има според пресудите на Европскиот суд за човекови права, тие се ...
Денеска низ земјава ќе преовладува сончево и топло време, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
Речиси во секоја продавница ќе најдете суви тестенини во кутии на полиците, додека свежите тестенини ве чекаат во фрижидерите. Сувите тестенини се синоним за брза вечера, додека пообемната, свежа верзија често се чува за специјални пригоди. Но што велат професионалците? Со двете опции што доаѓаат во различни форми – од шпагети и пене до равиоли и фетучини – лесно е да бидете неодлучни. Па, како да го изберете совршениот тип на тестенини? ...
Салатите, свежото овошје и крцкавите стапчиња од морков се некои од намирниците што се совршено безбедни за јадење сурови, под услов правилно и добро да се чуваат. Сепак, некои намирници претставуваат значителен ризик за здравјето доколку се консумираат пред да бидат доволно зготвени или загреани. Доналд В. Шафнер, професор и експерт за науката за храна на Универзитетот „Рутгерс“, нагласува дека безбедноста на суровата храна е прашање на ...
Нов центар за дигитални услуги беше промовиран денес во Прилеп. Во пробниот период од функционирањето на Центарот околу 300 граѓани побарале дигитални услуги, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој присуствуваше на промоцијата. – Центарот е заеднички, партнерски проект на Министерството и ЛС. Ги нудиме сите услуги што ги нуди порталот uslugi.gov. Важно е дека она е што го ветуваме го остваруваме и Прилеп е на ...
Владата подготвува измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, како и пакет мерки за поддршка на домашните млекопроизводители и намалување на залихите во млекарниците, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, целта е да се стабилизира состојбата во млекарскиот сектор и да се заштити домашното производство, пренесе МИА. Мицкоски оцени дека актуелните проблеми во секторот се последица на измените на ...
ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) денеска потпишаа Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка, со што владејачкото парламентарно мнозинство се зголеми на 59 пратеници. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека договорот претставува значаен чекор кон зајакнување на политичката стабилност и најави дека ДПТМ ќе добие министерско место во Владата, пренесе МИА. -Со потпишувањето на ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека дијаспората треба да добие можност да гласа по електронски пат, најавувајќи дека со предложените измени на Изборниот законик целта е до 2029 година да се воспостави систем што ќе им овозможи на македонските државјани кои живеат во странство да го остварат своето избирачко право онлајн. Според него, ваквото решение е оправдано бидејќи дијаспората значително придонесува за ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сè уште ги очекува резултатите од лабораториските анализи по пријавата за можно труење на шестмина вработени во фабрика во ТИР зоната во Штип. Во меѓувреме, при вонредниот инспекциски надзор кај фирмата што ја подготвувала храната биле утврдени помали отстапувања во хигиената, поради што е изречена парична казна, а кујната е привремено затворена до отстранување на недостатоците, пренесе МИА. -Во ...
Во координирана меѓународна полициска акција, спроведена од Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и албанските безбедносни органи, во албанскиот град Драч се уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, по кои биле распишани меѓународни потерници. -Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р. Албанија, спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја распушти независната федерална Комисија за помош при изборите (Election Assistance Commission), четири месеци пред изборите за Конгресот. Според американските медиуми, Трамп ги разрешил тројцата преостанати членови на Комисијата, која беше формирана од Конгресот во 2002 година со задача да обезбедува техничка и финансиска поддршка на сојузните држави во организирањето на изборите. Во САД ...
Проширувањето на Европската Унија претставува добивка и за земјите кандидати и за државите членки, а одолговлекувањето на процесот создава само разочарување, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на конференцијата на „Економист“, каде што учествуваше заедно со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Говорејќи на тема „Напредокот во време на превирања“, двајцата ја нагласија важноста од продолжување на процесот на ...
Министерот за здравство во заминување Азир Алиу денеска направи пресек на својата 13-месечна работа, оценувајќи дека во изминатиот период се реализирани бројни проекти и реформи во здравствениот систем, пренесе МИА. Тој посочи дека од 9 јуни 2025 година досега Министерството работело на 15 законски решенија, од кои дел веќе се усвоени, а останатите се во различни фази од законодавната постапка. -Успех е што работевме на 15 закони. Некои веќе ...
Студентите ќе можат да аплицираат за сместување во студентските домови најдоцна до 30-годишна возраст, а за потешки прекршувања на куќниот ред ќе им биде изречена забрана за сместување во период од една до пет години. Ова се дел од измените на Законот за студентскиот стандард, кои се наоѓаат во собраниска процедура, а министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува да бидат усвоени во текот на овој месец, пренесе МИА. Јаневска ...
Разговорот беше фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, развојот на техничкиот кадар и долгорочната конкурентност на македонската економија. Кромберг и Шуберт денеска беше домаќин на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на работна посета на производствениот погон на компанијата во Битола, лоциран во Индустриската зона Жабени. За време на посетата, премиерот Мицкоски се сретна со д-р Жељко Матијевиќ, главен ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“, координирана од Интерпол, насочена кон сузбивање на онлајн измами и перење пари, пренесе МИА. Акцијата се реализираше од 15 јануари до 30 април 2026 година, со учество на надлежни институции од 97 држави и територии. Целта беше откривање и спречување на измами ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува 2026 година да заврши со повеќе од 3,5 милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром, додавајќи дека целта од четири милиони патници ќе биде достигната во блиска иднина, пренесе МИА. Коментарот доаѓа откако „ТАВ Македонија“ објави дека во првите шест месеци од годинава двата аеродрома опслужиле 1.955.648 патници, што е раст од 28 проценти во споредба со истиот период ...
Прирачниците за препознавање и справување со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, отсега се достапни и онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk. Со ова, материјалите ќе можат да ги користат не само училиштата, туку и родителите, учениците, стручната јавност и сите граѓани кои сакаат подобро да го разберат и ...
Судската постапка ѝ го отвори патот на Марин Ле Пен кон Елисејската палата Од самиот почеток на судската постапка, Ле Пен тврдеше дека евентуалната пресуда не смее да биде средство преку кое ќе им се одземе правото на француските граѓани слободно да го изберат својот претседател. Нејзината порака беше дека конечниот збор треба да го имаат гласачите, а не судовите. Судот пред сложена дилема Француското правосудство се најде пред чувствително ...
Во време кога Европа сè погласно зборува за критични минерали, стратешки суровини, енергетска независност и индустриска конкурентност, Македонија не може да си дозволи рударството да го третира само како контроверзна тема. Напротив, прашањето за минералните суровини станува дел од новата европска економска реалност во која државите што располагаат со ресурси треба да одлучат дали ќе ги управуваат одговорно или ќе останат настрана од процесите ...
Првите километри од автопатот Тетово – Гостивар се очекува да бидат завршени во текот на следната година, а доколку градежните работи продолжат со сегашната динамика, целиот автопат треба да биде пуштен во употреба до крајот на 2028 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА. При посетата на Општина Тетово, Николоски истакна дека проектот напредува според планираното, откако се решени сите ...
„Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица Традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ од 4 до 8 август, во Струмица. Според годинашното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ големиот број приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само ...
Вештачката интелигенција предизвикува загриженост поради влијанието врз животната средина. Центрите за податоци трошат големи количества електрична енергија и вода, а нивната потрошувачка расте заедно со популарноста на генеративната вештачка интелигенција. Американските центри за податоци потрошиле 176 терават-часа електрична енергија во 2023 година, или околу 4,4 проценти од вкупната потрошувачка во САД. Сепак, експертите предупредуваат ...
Повод: Извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС) за трендот на извозот и увозот во периодот јануари-мај 2026 година во споредба со истиот период во 2025 година Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за надворешната трговија во периодот јануари_мај 2026 година се повеќе од добра економска вест. Тие покажуваат дека македонската економија и понатаму создава нова вредност, дека индустријата произведува, дека компаниите ...
Изложба на лумен-принтови на Кети Талевска Бакревска ќе биде поставена в четврток, во 20 часот, во КСП „Центар Јадро“, Скопје. Изложбата „Фрагменти од НАС“ претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество – тело, мисла и дух – изразено преку специфичниот јазик на лумен-принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина дејствува како коавтор. Во оваа серија, уметницата му дозволува на моментот да се случи ...
Некои кучиња јадат бавно, а други го јадат својот оброк во еден здив. Некои само ќе душкаат околу ќесето со храна, а некои пак самите ќе земаат храна од неа. Ако храната се наоѓа на место до кое кучето може да стигне без проблем, тогаш кучето може да изеде повеќе отколку што треба, може да ја истури храната на подот или да ја оштети амбалажата, создавајќи вистински неред. Постојаната достапност на храната го отежнува одржувањето јасна рутина ...