Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА. На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанала во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле ...
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 5. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки, пренесува МИА. Судиите ќе дискутираат по повеќе иницијативи кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на пензиите се ограничува на корисниците на кои пензијата им се исплаќа ...
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во областа на Елбасан, во Албанија, а потресот бил почувствуван и во македонските градови Дебар, Струга и Охрид. Според достапните податоци, земјотресот се случил во 20.06 часот, на длабочина од 13 километри. Епицентарот бил лоциран на околу 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Во моментов нема пријави за материјална ...
Во складишен простор на компанијата „Грин лајф“, лоциран во валандовското село Јосифово, бил запленет еден тон марихуана. Станува збор за една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата за одгледување канабис за медицински цели, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи, пренесува МИА. -По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека никогаш нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје во своето обраќање за состојбата на Унијата, пренесува МИА. – Мојот избор е да се реши овој проблем преку дипломатија. Но, едно е сигурно, никогаш нема да дозволам спонзорот број еден на теророт во светот, што тие се убедливо, да има нуклеарно оружје – изјави Трамп пред двата дома на американскиот Конгрес во Вашингтон. Трамп рече ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да се постигне договор за завршување на војната во Украина пред да биде домаќин на 250-годишнината од независноста на Америка на 4 јули, изјавија високи американски претставници за „Блумберг“. За време на својата претседателска кампања Трамп постојано ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа од преземањето на функцијата. Речиси 400 дена од неговиот втор мандат трилатералните ...
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Хрватска започна хуманитарна кампања за поддршка на децата погодени од глад во Судан, Јемен и Газа. Организацијата предупредува дека бројот на деца изложени на глад, сиромаштија и насилство постојано расте и дека во 2026 година рекорден број ќе имаат потреба од хуманитарна помош, пренесе МИА. Според проценките на УНИЦЕФ, милиони деца ширум светот страдаат од тешка неухранетост опасна по живот, која предизвикува една ...
Царинската и гранична заштита на САД (CBP) денеска објави дека за сите увозни производи кои не се ослободени од данок ќе важи дополнителна царинска стапка од 10 проценти. Новите тарифи се идентични со првично најавената стапка од претседателот Доналд Трамп, иако тој подоцна предупреди дека би можеле да достигнат 15 проценти, пренесе МИА. Одлуката следи по пресудата на Врховниот суд, со која беа поништени претходните „итни“ царини. Како ...
Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје е стабилизирана, а проблемите што се појавија во претходниот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички дефект на АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеле навремено да се вклучат во сообраќај. Овој проблем е целосно решен и граѓаните повторно можат да го користат јавниот ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека примената на законот за пушење на тераси кои мора да бидат отворени од три страни ќе биде одложена. Целта е сопствениците на угостителски објекти да добијат дополнително време за инфраструктурно усогласување со законските барања, пренесе МИА. Во однос на електронските цигари, Алиу истакна дека тие ќе бидат забранети за користење во затворени простории. Дополнително, ќе биде ограничена ...
Во текот на вчерашниот ден, полициските служби на територијата на целата држава привеле 15 возачи. Од нив, десет лица управувале возило без положена возачка дозвола, тројца возеле и покрај тоа што им била изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија, едно лице било затекнато под дејство на алкохол, а еден возач истовремено управувал возило без дозвола и под дејство на алкохол – информира Министерството за внатрешни работи. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската Унија да го одобри пакетот заем од 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина, кој моментално е блокиран од Унгарија. – Ова е вистинска финансиска гаранција за нашата безбедност и нашата отпорност и мора да се спроведе. Им благодарам на сите што работат за да се случи тоа – истакна денеска Зеленски во видео обраќање на седницата на Европскиот парламент. Заемот ...
Патот кон Теферич е затворен за сообраќај поради оштетувања, а општинските власти интензивно работат на изнаоѓање најбрзо и најбезбедно техничко решение за неговата трајна санација. Информацијата ја објави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, преку својот профил на Фејсбук. Таа посочи дека денеска заедно со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, повторно извршиле увид на терен. По стручните анализи ...
Министерот за правда Игор Филков денеска остро реагираше на одлуката за куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, нагласувајќи дека мора да се утврди конкретна одговорност за ваквата постапка. Тој побара Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници и да разгледаат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Филков потсети дека Груби е осомничен за проневера на над осум милиони евра, ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција во Владата објави дека на шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Причината, како што нагласи, се констатирани сериозни недоследности во нивното работење. Лиценците им се одземени на „Алфафам“ – компанија која претходно беше поврзана со шверц на марихуана во Србија – како и на „Грин лајф“, „ЦБД Медплант“, „Лајф Плант“, „Атафарм“ и ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека дуалниот концепт ќе се прошири и во високото образование. Со новиот Закон за високо образование првпат се предвидуваат втор и трет циклус стручни студии, како и кратки програми за специјализација во одредени професии. Јаневска појасни дека академското дуално образование ќе биде насочено главно кон техничките струки. Таа нагласи дека моделот се воведува не само поради ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети континуирана поддршка од алијансата за Украина на четвртата годишнина од инвазијата на Русија, која почна на 24 февруари 2022 година, пренесува МИА. – НАТО стоеше покрај Украина од почетокот. Стоиме со вас денес и ќе стоиме со вас низ сите предизвици што претстојат. Од императивно значење е Украина да продолжи да ја добива воената, финансиската и хуманитарната помош што ѝ е потребна – изјави ...
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска го одби предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратеничката група на СДСМ. Не беше прифатен ниту предлогот на координаторот Оливер Спасовски за организирање јавна расправа со цел постигнување договор меѓу засегнатите страни околу зголемувањето на минималната плата. Со предложените измени се предвидуваше минималната ...
Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти – соопшти денеска АМСМ, пренесува МИА. Изутринава, од 8:40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри. Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – ...
Кривична пријава е поднесена против пет лица за неосвесно работење во службата, кои со употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на европско единство на четвртата годишнина од војната помеѓу Русија и Украина, велејќи дека само колективна сила може да ја заврши војната, пренесе МИА. – Четири години, секој ден и секоја ноќ беше кошмар за народот на Украина. И не само за нив, туку и за сите нас. Бидејќи војната се врати во Европа. Само со заедничка сила ќе ја завршиме. Судбината на Украина е наша судбина – напиша Мерц на „X“. ...
За одлуката да се побара куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, од Јавното обвинителство објаснуваат дека се воделе од исклучиво од законските основи. – Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ги постигнал своите воени цели во Украина во контекст на прославата на четвртата година од почетокот на руско-украинскиот конфликт. – Путин не ги постигна своите цели. Тој не успеа да ги скрши Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја браневме Украина и ќе направиме сè за да постигнеме мир и да преовлада правдата. Сакаме мир – силен, достоинствен ...
Шест години од започнувањето со работа на независниот театар „Златен Елец“ се навршуваат овој февруари. Театарот почна со работа во 2020 година и досега има достигнато голем број резултати и успеси. „Не ми го чепкај пивото“ и трите монодрами „Дневникот на лудиот“ во режија на Ѓорѓи Ризески, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева, претставите за деца „Чувари на планетата“, „Чудесниот напиток“, „Тајната книга на дедо“ и ...
Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок што компаните во 2023 година го уплатија во согласност со Законот за данокот на солидарност. Од Министерството за финансии за МИА велат дека процесот за враќање на средствата уплатени во согласност со Законот за солидарен данок е почнат. – Донесен е правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за ...
Зошто цените во Македонија растат и кој може да си дозволи дом Пазарот на недвижности во Македонија во 2025 година бележи историски раст. Цените пораснаа за околу 25 проценти на годишно ниво, а Скопје повторно е во фокусот. Највпечатлив пример е стан од 83 квадратни метри во Општина Центар, продаден за 246.171 евро – или речиси 3.000 евра по квадрат. Тоа е сума што до пред неколку години звучеше незамисливо за македонскиот пазар. Но што ...
Тренд на пораст на македонски купувачи на недвижности во Северна Грција Официјалните податоци покажуваат дека грчкиот пазар на недвижности продолжува со силен раст на инвестициите, но во исто време станува сè потешко достапен за локалното, грчко население. Сега инвестициите во недвижности доаѓаат од регионот, најчесто од Македонија и Србија. Американско-грчката стопанска комора предупредува дека зголемувањето на цените и ограничената понуда ...
Истрага за загадувањето на изворите во селото Шум, Струшко Основното јавно обвинителство во Струга отвори истрага за причините за енормното загадување на водата од извориштето во селото Шум, од кое се снабдуваат со вода за пиење градот Струга и околината. По наредба на обвинителството, истражните органи на терен затекнале работни машини на две правни лица од селото Велешта, кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем, во ...
Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот во гостување на телевизијата „Стар“ изјавил дека ...
Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше, соопшти синоќа министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч, пренесува МИА. Владините трупи се обидоа да го уапсат нарко-босот, чие полно име е Немесио Осегуера Сервантес, во западната држава Халиско во неделата. Осегуера бил ранет и починал додека со авион го ...