Европската унија ќе воведе минимална возраст за пристап до социјалните медиуми без родителски надзор од страна на младите корисници на интернет, објави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, пренесува „Политико“. – Многу е јасно дека ни се потребни ограничувања за платформите соодветни на возраста. Не станува збор за тоа дали децата можат да пристапат до социјалните медиуми. Станува збор за тоа дали и кога социјалните медиуми ...

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата за пожарот била примена во 13:45 часот, првично како запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на местото, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу коловозот и паркингот, а огнот се проширил и оштетил најмалку ...

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат итни мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, инцидентот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу-Рамадани, изјави дека веднаш по ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска го посети Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани, каде што одблиску се информираше за сите околности поврзани со бегството на лице од полициската станица – инцидент што, како што оцени, сериозно ја нарушил довербата на граѓаните во полициската служба. -Попладнево сум во Кочани со дел од мојот тим, лично да се информирам за сите детали и околности поврзани со ...

Цените на нафтата повторно се во нагорна линија, додека азиските берзи забележаа претежно пад по новите воздушни напади на САД врз Иран и возвратниот одговор на Техеран, јавуваат американските медиуми. Цената на нафтата од типот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти и достигна 79,59 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI поскапе за 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија ...

Најмалку 27 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, главниот град на Тајланд. Пожарот бил пријавен околу полноќ, а снимките од местото на несреќата покажуваат силен пламен како избива од влезот на објектот, додека посетителите во паника се обидуваат да избегаат. Над зградата се издигал густ црн чад. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул соопшти дека во пожарот животот го загубиле ...

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за МИА потврди дека е одложена координативна средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од нивната партија заради усогласување заеднички став за измените на Изборниот законик. Крмов потенцира дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ, но и дека не се знае дали би одржале друга средба без некој преставник од опозициските партии. – За друга ...

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните ...

Тимот вештаци од Градежниот факултет со жалење констатира дека од противпожарна заштита во објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс” биле преземени нула мерки, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА. Прописни излези за евакуација од објектот имало нула, додека според површината на ...

За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот – порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата. Мицкоски порача дека реконструкцијата ...

Тешко повреден жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот центар во Скопје, а телото било дадено на обдукција. – Вчера околу 6:45 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во градот е пријавено дека починал М.А., на возраст од 56 години од село Миладиновци, скопско, кој на 8 јули бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од ...

Владините политики се фокусирани на развој и модернизација на железничкиот сектор, преку конкретни инвестиции во изградба на нови пруги, обнова на железничкиот товарен и патнички сообраќај и подобрување на услугите – потенцира заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Како резултат на овие политики, според него, се бележи зголемување на карго транспорот за 18 проценти. Дополнително, се забрзува ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. награди „Еми“, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за наградите „Еми“, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија туку и за документарниот филм во регионот. Филмот е номиниран во ...

Вчера во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 километри на час каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 километри на час, информираше Министерството за внатрешни работи. – ...

Собранието денеска на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски во рамки на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор. ...

Најмалку 4.490 лица загинале во двата силни земјотреси што минатиот месец ја погодија Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес. Бројот на загинати продолжува да расте повеќе од две недели по катастрофата. Само еден ден претходно, официјалните податоци покажуваа 4.333 жртви. Родригес, кој е брат на привремената претседателка Делси Родригес, преку социјалната мрежа „Икс“ информираше дека во 108 привремени ...

Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со големите инфраструктурни инвестиции да даде ...

Политичка, а не кадровска реконструкција и увертира за предвремени избори, вака опозицијата ја оценува реконструкцијата на Владата за која се дебатира на денешната собраниска седница. Пратеникот Борислав Крмов од Левица, говорејќи по првата точка на пленарната седница посветена на разрешувањето на министрите, праша зошто се менува министерот за земјоделство, ако работел добро. – Пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ зборуваа за тоа какви ...

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА. Марковски, кој во време на изработка на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека функциите не се привилегија, туку одговорност и средство за служба на граѓаните, нагласувајќи дека реконструкцијата на Владата е дел од принципот на отчетност и резултати, пренесе МИА. Обраќајќи се на 112. седница на Собранието, на која се расправа за разрешување и избор на нови членови на Владата, Мицкоски истакна дека министрите кои заминуваат заслужуваат ...

Во засилените сообраќајни контроли спроведени изминатиот викенд низ државата, полициските службеници издале вкупно 1.426 платни налози, при што најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на дозволената брзина. За безобѕирно управување со возило биле лишени од слобода 64 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, од вкупно 455 санкционирани возачи за брзо возење, меѓу приведените 11 управувале возило под ...

На 40-дневниот фестивалски репертоар се педесетина неповторливи доживувања од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот, при што фестивалските сцени ќе примат над 700 докажани уметници од 24 земји во светот Со гала-концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид беше отворено 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ...

Со свеченото доделување на фестивалските награди и признанија, синоќа во Преспа беше затворено 24. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актер на Европа“, кој и оваа година обедини истакнати театарски уметници и ансамбли од повеќе европски земји, потврдувајќи ја својата мисија да биде простор на културен дијалог, уметничка слобода и меѓусебно разбирање. Во текот на фестивалските вечери публиката имаше можност да проследи селекција ...

„ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН“ Историските преданија за Гоце Делчев, како многу важен дел од македонската фолклористика, овозможуваат увид во колективните спомени на македонскиот народ за ликот и делото на Делчев. Неговата организаторска и револуционерна дејност, која е прикажана не само во историските податоци туку и во преданијата, оставила голема трага на овие простори. Првата посериозна научна студија за историските преданија за Гоце Делчев ...

„Живи артефакти – Трансценденција“ од прилепскиот академски мултимедијален уметник Филип Јовески деновиве е отворена во ликовната галерија на КИЦ во Тирана, Албанија. Проектот „Трансценденција“ е трет дел од циклусот „Живи артефакти“ и е логично визуелно и концептуално продолжение на првонаградените мултимедијални дела на уметникот на изданието „Остен биенале 2024“ и на проектот „АРтистика“ од 2025 година. – Во конципирањето на циклусот, ...

По седумнаесетти пат, Патувачкото кино на „Македокс“ тргнува на пат, натоварено со документарни приказни и подготвено за проекции под отворено небо. До 17 јули карванот на Патувачкото кино ќе помине низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко има можност да стигне. – Годинашното патување почна во Неготино, каде што проекцијата се одржи кај ...

По спектакуларните настапи како специјален гостин и поддршка на Џим Џефрис на неговата европска турнеја, еден од најдобрите австралиски стендап-комичари, Амос Гил, летово доаѓа во Македонија со своето најново и наградувано соло-шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“. Публиката ќе има можност да го погледне неговото наградувано шоу во Охрид, каде што на 21 јули ќе го отвори осмиот интернационален фестивал на комедијата „Самeр комеди ...

Во славното Ваташа, на празникот Петровден, во месноста Моклиште и спомен-паркот на дванаесетте ваташки младинци, се одржа четвртото издание на фестивалот на чалгиска музика – „Чалгија фест Ваташа 2026“, во организација на здружението „Ваташка чалгија“ со поддршка од Општина Кавадарци. Овој единствен фестивал во Македонија ги собра најдобрите чалгиски тајфи и врвни интерпретатори, кои со своите настапи ја оживеаја традицијата и ја пренесоа ...

Повод: Серија координирани напади врз членови на владејачката Нова демократија во Грција квалификувани како тероризам Апсењето на тројцата осомничени за нападите врз домови на функционери на Нова демократија во Солун не претставува само успешно полициско дејствување. Тоа повторно отвора едно старо прашање што ја следи современа Грција речиси половина век, а тоа е зошто, за разлика од најголемиот дел од Европа, политичкото насилство во оваа ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
37%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
38%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
52%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.33
60%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
46%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
47%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
0.45
34%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20