Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека примирјето меѓу САД и Иран засега се почитува, но нагласи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не се стреми кон краткорочно решение, туку кон сеопфатен договор со Техеран. – Во моментов примирјето се почитува – изјави Венс, додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендов во Пакистан донеле „значителен напредок“, иако не е постигнат конечен договор. Како клучна ...

Нацрт-планот за парите од Европскиот фонд за конкурентност води кон нееднаквост во распределбата на финансиите за државите членки на ЕУ Според нацрт-измените на преговарачкиот текст за повеќегодишен финансиски рамковен договор до кој дојде истражувачкиот тим на реномираниот медиум „Еурактив“, се констатира дека „побогатите земји членки на Европската Унија би можеле да добијат предност во однос на посиромашните конкуренти во пристапот до ...

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, порача дека улогата на институцијата не е само контрола, туку и заштита на системот, спречување на криминалот и обезбедување еднаква примена на законите за сите. Говорејќи на настанот во Филхармонија по повод 34 години од постоењето на Царинската управа, тој истакна дека институцијата претставува клучна линија на одбрана на државата и столб на економската сигурност. Николовски нагласи дека од ...

Водата во Струга во изворот Шум почна да се разбиструва, а се разбиструваат и (не)одговорностите на поединци и институции Проблемот со заматената вода за пиење во Струга, кој во изминатиот период ја вознемири јавноста, отвори многу подлабоки прашања, покрај оној основниот – квалитетот на водата. Наместо изолиран инцидент, случајот сè повеќе наликува на симптом на долгогодишен институционален пропуст, нефункционален систем на контрола и ...

Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаа Јом Хашоа, комеморативниот ден посветен на жртвите од Холокаустот и сеќавањето на востанието во варшавското гето во 1943 година. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, истакна дека денот претставува симбол на сеќавање на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот, како и на 7.144 македонски Евреи депортирани и убиени во ...

Министерство за правда на Македонија соопшти дека утре ќе достави барање до надлежните судови и обвинителства за прибирање на сите списи поврзани со предметите против поранешниот премиер Никола Груевски. По добивањето на целосната документација, институцијата ќе постапи согласно важечките законски прописи. Од Министерството потсетуваат дека барањето за екстрадиција на Груевски било поднесено во 2018 година и дополнето во 2019 година, но било ...

Македонија се најде на листата на дестинации што заслужуваат многу поголемо внимание од туристите, според „Си-ен-ен“, кој ја опиша земјата како „скриен бисер“ во Јужна Европа. Во рубриката за патувања, медиумот посочува дека, иако најголемиот дел од туристите традиционално се насочуваат кон Франција, Шпанија и Италија, Европа крие и помалку откриени, но исклучително вредни дестинации – меѓу кои се издвојува и Македонија. Македонија е ...

Повод: Анализата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за потрошувачката на вода во главниот град Официјалната информација и анализа на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за потрошувачката на вода во главниот град и околината не се само статистика. Тие се еден вид аларм. Но колку е тој навистина сериозен или, пак, таа тревога е превентивна и навремено предупредувачка? Имено, зголемувањето на потрошувачката на вода од 535 литри по жител ...

Семјуел Бекет е еден од најзначајните автори на 20 век, чија литература ги преобликува драмата и прозата преку минимализам, апсурд и егзистенцијална длабочина. Роден во Даблин во 1906 година, тој уште од младоста ја почувствувал тензијата меѓу ирската традиција и европската модерност. Најголем дел од животот минувајќи во Франција, Бекет пишувал и на англиски и на француски јазик, што му овозможило да создаде дела со двојна културна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оштетениот нафтовод „Дружба“ ќе биде делумно повторно ставен во функција до крајот на април, при што нагласи дека е постигнат компромис, но не и целосна санација. На заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски истакна дека Украина се обврзала на итна поправка за да се овозможи проток на нафта, но дека системот нема да биде целосно обновен, ...

Повеќе од 10.000 американски војници, морнари, копнени сили и пилоти, учествуваат во операција за блокада на поморскиот сообраќај кон иранските пристаништа во Персиски Залив и Омански Залив, соопшти Централна команда на САД ЦЕНТКОМ (CENTCOM). Во операцијата се вклучени десетина воени бродови и десетици авиони, а според американската војска, во првите 24 часа ниту еден брод не ја прекршил блокадата. Шест трговски бродови, како што наведуваат, ...

Петер Маѓар, лидерот на партијата „Тиса“ што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија. Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро ...

Собрание на Србија утре ќе одржи вонредна седница, на која главна точка на дневен ред ќе биде Предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од 62 пратеници од опозициските партии, пренесе РТС. Иницијативата беше поднесена во средината на февруари од пратеници на повеќе опозициски субјекти, меѓу кои Народно движење на Србија, Партија за слобода и правда, СРЦЕ, движењето „Ние силата на народот“ предводено од Бранимир Несторовиќ, како и ...

Основниот суд во Кавадарци им определи по 30 дена притвор на двајцата осомничени од селото Корешница, кои се товарат за кривично дело грабнување, потврдија од судот. Одлуката ја донел дежурен судија по претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство Кавадарци. Претходно, обвинителството отвори истражна постапка против двајцата осомничени, по основано сомнение дека на 12 април заедно грабнале лице од неговиот дом во ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Кина во дводневна официјална посета, за време на која двете страни ќе ги координираат своите ставови, како што соопшти Пекинг, за актуелните меѓународни прашања. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот руски колега ќе „ги координираат своите ставови за развојот на билатералните односи, соработката во различни области, како и за меѓународните и регионалните ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека доколку поранешниот премиер Никола Груевски се појави во државата, веднаш ќе биде спроведен на издржување затворска казна согласно правосилната судска пресуда, пренесе МИА. Мицкоски нагласи дека институциите ќе постапат без одложување, бидејќи постои јасна и правосилна одлука со која Груевски е осуден на затворска казна. Според него, секое лице има право да ги користи правните механизми и да поднесува ...

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, која стапува на сила од полноќ. Според новата одлука, цената на дизел горивото се намалува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 95,5 денари. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 1,5 денар, со што нивните нови цени ќе бидат 82 и 84 денари за литар. Намалување има и кај другите горива – цената на екстра лесното ...

Со учество на околу 1.500 припадници на Армија на Македонија и поддршка од НАТО, од 19 до 27 април ќе се одржи теренската тактичка вежба „Блесок 26“ на воениот полигон Криволак и на повеќе локации низ државата. Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, информираше дека вежбата претставува клучна фаза во оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група како НАТО-декларирана единица. Еден од главните аспекти ќе биде ...

Основното јавно обвинителство Обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против две лица од селото Корешница, осомничени за кривично дело грабнување. Според соопштението на Обвинителството, осомничените, на возраст од 37 и 30 години, на 12 април заедно грабнале лице од дворот на неговиот дом во Неготино. Целта им била да го присилат да признае на видео дека силувал сопруга на првоосомничениот. При грабнувањето, едниот од осомничените ...

Најмалку 16 лица се повредени откако вооружен напаѓач отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција, по што се самоубил, јавува Асошиејтед прес. Станува збор за 18-годишен поранешен ученик кој со пушка пукал по ученици и вработени во стручно училиште во градот Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа. Според гувернерот Хасан Шилдак, во нападот се повредени 10 ученици, четворица наставници, еден вработен во училишната менза и еден ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. – Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание ...

Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето на 14 април – Денот на Царинската управа. Годинава се одбележуваат 34 години од основањето на институцијата, а настанот се одржа во Филхармонија. Во своето видео-обраќање, министерката истакна дека Владата останува посветена на ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред Судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, пренесува МИА. – Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета – изјави Димитровска. Димитровска, при произнесување пред Судот, рече дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во текот на деновите да го добие извештајот од надлежните институции, кој потоа детално ќе биде анализиран од страна на Владата. Врз основа на таа анализа, ќе бидат донесени конкретни мерки насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на растот на цените на прехранбените производи. Тој најави дека мерките ќе бидат микро-таргетирани, односно прецизно насочени кон најпогодените ...

Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно ќе се активираат пумпите за полнење на Дојранското Езеро од Хидросистемот во Ѓавато. Проектот за повторно активирање на Хидросистемот на Дојранското Езеро е веќе подготвен и чека финансирање за да почне да се реализира, вели Ромео Тренов, директорот на Управата за водостопанство, на ...

Лидерите на Меѓународен монетарен фонд, Светска банка и Меѓународна агенција за енергија предупредуваат дека војната на Блискиот Исток има силно и нерамномерно влијание врз глобалната економија, пренесува „Ројтерс“. Во заедничко соопштение по состанокот во Вашингтон, трите институции посочуваат дека конфликтот веќе предизвикал раст на цените на нафтата, гасот и ѓубривата, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на храната и ...

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40 отсто на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70 проценти, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.303 издадени платни налози, 488 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираше Министерството за внатрешни работи. – Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 57 лица, од ...

Владата работи на ситемско решение на проблемот со превозниците, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, појаснувајќи дека по одложената примена и препознавањето на возачите на камиони и автобуси како професионалци во новата визна стратегија на Европската Унија, државата работи на билатерални договори за долгорочни визи со земјите во коишто најечесто одат нашите превозници. Николоски, во гостувањето на Само интервју ...

Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност, нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонија по повод одбележување 34 години постоење на Царинската управа. -Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа – ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
65%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

50.03

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89