Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека остварил средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. -На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот стратешки ...
По силното невреме што ги погоди Загреб и делови од Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ апелираше до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните служби и најави помош за санирање на штетите. -Апелирам до сите да ги следат упатствата. Ќе му помогнеме на Градот во санирањето на штетите, како и секогаш. Има голема штета. За среќа, никој не е повреден, нема жртви. Ви благодарам на сите што помагате во ублажување на штетите – рече ...
Еврокомесарот за јавна администрација, Пјотр Серафин, изјави дека Европска комисија ја разгледува можноста за формирање сопствена разузнавачка единица, во контекст на актуелната геополитичка состојба. -Имајќи ја предвид моменталната сложена геополитичка и геоекономска средина, важно е ЕК да ја зајакне отпорноста на Европска Унија од безбедносните закани – истакна Серафин. Тој посочи дека Комисијата прави проценки за тоа „како најдобро да ги ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европски демократски студенти, во рамки на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026 што се одржува во Скопје, пренесе МИА. Во своето обраќање, таа се осврна на кризата на демократијата во Европа и светот, демократскиот дефицит на Европска Унија, како и на растечките безбедносни закани и исклученоста на земјите од Западен Балкан од членството во Унијата. ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице поради сомнение за повеќе кривични дела, со кои е оштетен буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари. Според пријавата, правното лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б. (21) од Кичево, управител на фирмата, се сомничат за две кривични дела „кражба“. Против Б.Б. (45) од село Пласница е поднесена пријава ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција. – И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на прес-конференција бидејќи ќе загрозам систем што не треба да се ...
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека од почетокот на 2026 година Русија регрутирала повеќе од 80.000 лица за воена служба. Во интервју за РИА новости, Медведев посочил дека бројката ги вклучува и волонтерите, како и војниците кои потпишале договори и веќе се распоредени на служба. – Од почетокот на 2026 година повеќе од 80.000 луѓе потпишале договори за воена служба. Ова претставува значително ...
Односите на Русија со европските земји се во криза, а тоа не е вина на Москва, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин. – Јасно е дека односите на Русија со европските земји се во криза, не по наша вина“, рече Путин на состанокот со постојаните членови на рускиот Совет за безбедност – пренесуваат руските медиуми, пренесува МИА. Според него, Москва никогаш не одбила да ги обнови врските. Путин додаде дека споменувањата за ситуацијата ...
Припадниците на Генералштабот на Армијата денеска го одбележаа 28 Март – Денот на Генералштабот, како и шестгодишнината од членството на државата во НАТО. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот Адмир Шабани, како и поранешни началници, генерали и претставници на Министерството за одбрана и Армијата. Во своето обраќање, Мисајловски им се ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави денеска дека Ормускиот Теснец останува затворен и дека е забранета пловидба „до и од пристаништата на сојузниците и поддржувачите на израелските и американските непријатели“ преку кој било коридор или до која било дестинација – објавија иранските државни медиуми, пренесе МИА. ИРГЦ додаде дека секој транзит низ Ормускиот Теснец ќе биде пресретнат со „строги мерки“. Три контејнерски ...
Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, каде што се пожалиле на симптоми на труење, ќе излезат со подетални информации. – ДЗСИ веќе беше на терен. Знаете дека процедурата трае 48 часа. Кога ќе заврши лабораториската анализа, ќе излеземе со информации – рече Алиу на денешната прес-конференција. Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби, на кои завчера ...
Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно, тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и покрај големата цена што ја плати, Мицкоски забележа ...
Силна бура со налети на ветер над 100 километри на час ја зафати Словенија, предизвикувајќи значителни штети и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија. Според РТВ СЛО, најпогодени биле Приморскиот и Горењскиот регион, каде што невремето соборило дрвја и оштетило покриви. Поради опасните услови, во дел од општините биле затворени училиштата и градинките. – Силен дожд, првично прогнозиран за ноќта, ги погоди регионите Горишка и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на нафтата и најави дополнителни мерки доколку продолжи растот по истекот на тековната интервенција. Тој посочи дека во моментов е на сила двонеделна мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, со што директно се влијае врз цените на горивата. – Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следи ќе интервенираме. ...
Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека продолжувањето на трендот на раст на платите е позитивен податок, но нагласи дека цел на извршната власт е континуирано сузбивање на инфлацијата и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор. -Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го продолжи рокот за Иран да ја деблокира Ормутскиот теснец, предупредувајќи дека во спротивно може да следуваат напади врз иранската енергетска инфраструктура, пренесе „Ројтерс“. Изјавата доаѓа откако Техеран го отфрли американскиот предлог од 15 точки за прекин на борбите како неправеден. Војната, која трае веќе четири недели, се прошири низ Блискиот Исток, предизвикувајќи илјадници ...
По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби. Министерката за енергетика, рударство и ...
Во Скопје, по повод Светски ден на водите, официјално започна процесот на јавни консултации за управување и заштита на водите од сливот на реката Вардар. Во наредните шест месеци, консултациите ќе се спроведуваат во повеќе региони и ќе вклучат граѓани, институции и експерти, со цел дефинирање на идните политики за најзначајниот воден ресурс во државата. На настанот беше презентиран Времениот извештај за значајни прашања поврзани со ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со медиумите ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, од која, како што посочи, треба да произлезе новата програма на партијата во следниот период. Тој истакна дека финалната верзија на програмата ќе треба да произлезе преку инклузивен процес и широка дебата со членството, граѓаните и експертите, а ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот конгрес на СДСМ, што ќе се одржи на ...
Независниот синдикат на државната администрација на Македонија соопшти дека во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор кој предвидува етапно зголемување на платите на административните службеници до 21% до 2028 година, пренесе МИА. Според договорот, покачувањата ќе се реализираат во три етапи и тоа 7% од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и уште 7% од 1 март 2028 година. Синдикатот ...
Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав предлагаат распределба на дивиденда во износ од 68,2 милиони евра, што е за 7% повеќе од минатата година • Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното Годишно собрание на акционери, ќе предложат исплата на дивиденда од 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра. • Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на ...
Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми, управувани од ТАВ Македонија, започнува овој викенд, на 29 март, со вкупно 10 нови авиолинии. Од Меѓународен аеродром Скопје ќе се воведат шест нови дестинации – Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун. Истовремено, од Аеродром Св. Апостол Павле Охрид ќе бидат отворени четири нови линии – Милано, Виена, Вроцлав и Катовице. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат ...
Скопје – Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишен скопјанец откако управувал возило под силно дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.Л. (46) од Скопје, кој на 26 март околу 15:35 часот на улицата „Бранислав Нушиќ“, управувајќи патничко возило „шевролет авео“, удрил во две паркирани возила – „хонда“ и „опел астра“, и двете со скопски регистарски ознаки. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност – Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека психофизичката подготвеност претставува клучен столб на функционален и ефикасен безбедносен систем, нагласувајќи дека човечкиот фактор е пресуден за ...
Предлог Законот за Советот на јавните обвинители кој денеска се разгледува во прво читање претставува еден од клучните столбови во реформата на правосудниот систем и зајакнувањето на владеењето на правото, истакна министерот за правда Игор Филков пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Министерот Филков информира дека законот добил позитивно мислење и од Венецијанската комисија со неколку ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за воведување една изборна единица, со можност за гласање на дијаспората, во рамки на разговорите за новиот Изборен законик. – Ние сме за една изборна единица и не ги менуваме ставовите. Тоа го кажав и на лидерската средба, но треба да има праг што ќе се договори со останатите политички партии. Во таа една изборна единица логично е да гласа и дијаспората – изјави Мицкоски. ...
Јужна Кореја започна со спроведување на забрана за извоз на нафта од полноќ на 26 март, како дел од напорите за зајакнување на домашните залихи поради нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството за индустрија. Овој потег бара од рафинериите да ги пренасочат извозните количини на локалниот пазар и ѝ дава овластувања на владата да нареди производство и распределба на нафта, клучна петрохемиска суровина што ...
Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, со оглед дека ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови. На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артан Ајро и Јасмина Костовска Здравевска, со оглед дека петиот кандидат Александар Марковски веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ...
Новоизбраниот државен јавен обвинител, Ненад Савески, истакна дека нема да коментира изјави на други лица, нагласувајќи дека првите денови на функцијата ги посветил на средби со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Тој најави дека планира средби и со сите јавни обвинители по подрачја на четирите виши јавни обвинителства, а потоа и со основните јавни обвинителства. Савески, во изјава за медиумите пред денешната седница на ...