Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, со оглед дека ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови. На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артан Ајро и Јасмина Костовска Здравевска, со оглед дека петиот кандидат Александар Марковски веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ...

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Ненад Савески, истакна дека нема да коментира изјави на други лица, нагласувајќи дека првите денови на функцијата ги посветил на средби со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Тој најави дека планира средби и со сите јавни обвинители по подрачја на четирите виши јавни обвинителства, а потоа и со основните јавни обвинителства. Савески, во изјава за медиумите пред денешната седница на ...

Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, информира дека на огласот за пет јавни обвинители биле пријавени осум кандидати, додека Трајче Пеливанов и Артан Ајро ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека енергетската состојба во земјата е стабилна, и покрај, како што рече, најголемата глобална енергетска криза во последните децении. Во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ како ја оценува состојбата со енергетиката во земјата, Мицкоски информира дека во моментот има приближно 165.000 тони јаглен, а хидроакумулациите се исполнети со речиси ...

ВАШИНГТОН И ТЕХЕРАН ПОМЕЃУ ВОЈНАТА И МИРОТ Во момент кога воената ескалација на Блискиот Исток достигнува критична точка, Вашингтон и Техеран, и покрај жестоката реторика, сè поочигледно се движат кон сценарио на деескалација. Последните дипломатски сигнали, посредувани преку трети земји, покажуваат дека двете страни истовремено подготвуваат терен и за преговори, но и за евентуално продолжување на конфликтот. 1. Американскиот план: „Сеопфатен ...

Поранешниот шеф на ЦИА со жестока критика кон претседателот на САД Во интервју за „Гардијан“, поранешниот директор на ЦИА и бивш секретар за одбрана на САД, Леон Панета предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е „заглавен помеѓу чеканот и наковалната“, три недели по почетокот на војната со Иран, испраќајќи „порака на слабост“ до меѓународната заедница. – Тој има тенденција да биде наивен за тоа како може да се одвиваат работите. ...

Ако постојано јадете храна богата со железо, земате додатоци во исхраната и немате резултати, тоа се случува поради одредени навики што го поништуваат целиот труд, односно го спречуваат неговото апсорбирање. Замор, бледило, опаѓање на косата, проблеми со концентрацијата… Многумина ги поврзуваат овие симптоми со стрес или со недостиг од сон. Сепак, недостигот од железо може да биде причина. Покрај тоа, дури и луѓето што јадат храна богата со ...

Изложба на Јордан Ѓорчев во Штип Во просториите на уметничката галерија „Безистен“, објект со непроценлива историска и архитектонска вредност, на 19 март се одржа свеченото отворање на самостојната изложба на Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет „Свети Никола“. Настанот претставуваше комплексна синтеза на академската мисла и визуелната уметност, етаблирајќи го авторот како значаен протагонист ...

„Рапсодија“ под диригентската палка на Бар Авни од Израел „Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, и на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. На програмата се симфониската поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 од Ернест Шосон, Рапсодија за виолина и оркестар ...

Потврда за квалитетот и на новиот документарен филм на Тамара Котевска Најновиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска е меѓу добитниците на „Сендбокс фанд“ на институтот „Санденс“ за 2026 година, кој поддржува иновативни документарни филмови на пресекот меѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво. Во оваа силна конкуренција на автори и проекти, поддршката од престижниот фестивал ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. – Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор ...

Летното сметање на времето започнува овој викенд, ноќта меѓу сабота и недела, кога во 2 часот стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред – односно наместо 2, ќе биде 3 часот. Со тоа, граѓаните ќе спијат еден час помалку, но ќе добијат подолги денови и повеќе дневна светлина во попладневните часови. Промената на времето во Македонија, како и во поголемиот дел од Европа, се врши двапати годишно – последниот викенд во март започнува ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска потпиша Колективен договор со претставници на синдикалните здруженија, со кој се предвидува зголемување на платите и подобрување на работниот статус на вработените во ресорот. Со договорот се става крај на повеќегодишниот период без важечки Колективен договор, што, како што беше посочено, создавал неизвесност и ограничени можности за унапредување на правата на ...

Советот на Месната заедница Галичник информира дека по разгледување на сите пристигнати апликации, за зет и невеста на Галичка свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Одлуката, како што посочуваат, била исклучително тешка поради големиот интерес и бројните квалитетни пријави. Како клучен фактор за изборот се истакнува нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник, кој го доживуваат не само како традиција, туку ...

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека групата нации Г7 сака да „создаде услови за траен мир и стабилност“ на Блискиот Исток, на конференцијата во четврток, пренесе „Франс 24“. Министрите за надворешни работи од Г7 се состанаа надвор од Париз со европските земји и сојузници кои се обидуваат да ги намалат разликите со САД во врска со војната на Блискиот Исток, а воедно да ги задржат високо на агендата другите кризи ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата Балканска школа за педијатри, настан кој, според Министерство за здравство, претставува важна платформа за размена на знаење, соработка и професионален развој. Во своето обраќање, Алиу истакна дека педијатријата е една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, со клучна улога во создавањето здрави генерации. – Грижата за најмладите не е само медицинска, туку и ...

„Титан Усје“ соопшти дека повеќе од седум децении работи како одговорна компанија, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и реализацијата на инфраструктурни проекти, вклучително болници, брани и патна инфраструктура. Од компанијата наведуваат дека внимателно ја следат јавната дебата за животната средина и активно придонесуваат со транспарентни информации. – Работиме согласно европската регулатива и применуваме стандарди ...

Има ли ДУИ политички осет да направи разлика меѓу принципот на транспарентност и принципот за тајност на класифицираните документи? Во период кога реформите во безбедносниот сектор се неизбежни, јавните настапи на Демократската унија за интеграција (ДУИ) отвораат сериозни прашања, не само за нивната политичка намера туку и за одговорноста кон институциите и државата. Последната „реакција“ на партијата во врска со наводната реорганизација во ...

Историските корени и современите димензии на антагонизмот меѓу Иран и САД Антагонизмот меѓу Иран и САД, значи, не е резултат само на современи конфликти или нуклеарни преговори туку има длабоки историски корени во американската поддршка за шахот Пахлави и неговиот режим, наспроти теократскиот на ајатоласите. Тој антагонизам не е минлив политички спор, туку трајно вграден елемент во колективната меморија на иранското општество, претворен во ...

Компасот на ЕУ не покажува кон меѓународното право и почитувањето на јус когенс Светските експерти за меѓународни односи и геополитика укажуваат дека понекогаш асоцијации на држави или наддржави како ЕУ, меѓународни институции, поодделни држави или меѓународни центри на политичка моќ применуваат различни сценарија намерно да држат одредена држава во ситуација што се нарекува „лимбо“. Имено, „лимбо“ означува состојба на неизвесност, чекање, ...

Министерство за образование и наука (МОН) соопшти дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026–2032, заедно со Акциски план за нејзина имплементација. Стратегијата е изработена во изминатите месеци преку широка консултативна постапка, во која учествувале бројни домашни и меѓународни партнери, меѓу кои УНИЦЕФ, Светска банка, УНДП и Стопанска комора на Македонија. Работната група броела над 100 членови, а во процесот биле организирани ...

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Можно е и појава на ретки грмежи. На повисоките места дождот повремено ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе ...

Факултетот за безбедност во Скопје на 27 март годинава, во Клубот на пратеници во Скопје, организира научно-стручната конференција на тема психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија. Конференцијата ќе отвори значајни прашања поврзани со психофизичката подготвеност, професионалната издржливост, менталното здравје, физичката кондиција и интеринституционалната соработка во рамки на безбедносниот сектор, ...

Од безбедносни причини, поради густиот чад од пожарот што избувна кај солунското предградие Халастра, во западниот дел на градот, во близина на патарините Малгара, автопатот Солун – Атина вечерва е затворен за сообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката противпожарна служба информираат дека гори сува трева, а на терен интервенираат околу 30 пожарникари, две пешадиски екипи и десет противпожарни возила. Локалните ...

Најмалку 40% од рускиот извозен капацитет за нафта е привремено запрен по серија напади со украински беспилотни летала, оштетувања на клучен нафтовод и запленување танкери, покажуваат пресметките на „Ројтерс“ базирани на пазарни податоци. Ова претставува најголемо нарушување на руското снабдување со нафта во модерната историја. Русија, која е втор најголем извозник на нафта во светот, се соочува со сериозен удар во момент кога глобалните цени ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека секој функционер кој ќе биде поврзан со криминал ќе сноси одговорност, доколку информациите за такво однесување стигнат до него. Одговарајќи на пратеничко прашање од Халил Снопче во врска со случајот со директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за поткуп, Мицкоски посочи дека одговорноста за неговата работа ја бара од граѓаните на избори. – Поддршката ја барам на избори. ...

Предлогот на САД за прекин на речиси четиринеделните борби е „едностран и неправеден“, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер, истовремено нагласувајќи дека дипломатијата не е завршена и покрај недостатокот засега на реалистичен план за мировни преговори. Функционерот рекол дека предлогот, кој му го доставил Пакистан на Техеран, „беше детално разгледан во среда вечерта од високи ирански функционери и претставникот на Врховниот лидер на ...

За семејното насилство треба да се дискутира, но лошо е што на оваа важна тема ѝ давате политичка димeнзија и што ги посочувате случаите и зборувате за жртвите во изминатата една и пол година – истакна денеска од говорницата на македонското Собрание министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката Сања Лукаревска за последните случаи на семејно насилство. Министерот Тошковски рече ...

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството. Мицкоски нагласи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека трилатерален состанок со американскиот и рускиот претседател е клучен за постигнување мировен договор со Москва. Во интервју за Ројтерс, Зеленски посочи дека токму ваква средба може да помогне во решавање на преостанатите прашања околу територијата и безбедносните гаранции за Украина. Тој предупреди дека Русија смета на намалување на американската поддршка за Киев, особено во случај на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.28
63%
1015
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
95%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
59%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
55%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
74%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Калај

52.70