Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека Владата работи со максимален ангажман, но посочи дека кај одредени поединци постојат забелешки и најави дека тие ќе бидат сменети доколку не го подобрат својот учинок. – Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се ...
Повод: 144 години од раѓањето на Арсени Јовков Во македонската национална меморија, Арсени Јовков останува запаметен како една од оние личности што ја претворија борбата за слобода во културна и духовна трајност. Тој беше учесник во македонското револуционерно движење и во Илинденското востание, но неговото дело не се ограничува само на оружјето и барикадите. Јовков се јавува како поет и публицист, како глас што ја преточува жртвата во збор, ...
Пентагон подготвува распоредување на илјадници војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Соединети Американски Држави на Блискиот Исток, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на два извора запознаени со плановите. Овој потег доаѓа во време кога претседателот Доналд Трамп зборува за можен договор со Иран за ставање крај на конфликтот. Според информациите, станува збор за дополнително зголемување на американското воено присуство во ...
На 25 март во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, ќе се одржи јубилејната 10. манифестација на „Денот на пијаното – Скопје“ (Piano Day Skopje 2026). Настанот годинава е насловен „Македонски музички приказни“ и е посветен на македонското музичко творештво, а ќе се реализира во соработка со музикологот м-р Нора Бајрами. Младите пијанисти ќе изведат низа дела од македонски автори. -Одлучивме овој пат фокусот да биде на македонската ...
По „Мистична Македонија“ и „Окултен маркетинг“, Никола Ристевски од Свети Николе во своето трето гостување кај Крешимир Мишак ја претстави новата книга „Огледало на душата“, отворајќи ја темата за психолошката длабочина на сказните и народното творештво. Дека македонските истражувачи и автори имаат што да му понудат на регионалниот и светскиот пазар потврдува најновиот успех на Ристевски. Изминатиов викенд, на Хрватската радио-телевизија ...
Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк“. Со креативна фузија на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“ отвора нови видици, давајќи им значајна поддршка на авторите и уметниците од различни области на културното творештво во нашата земја. Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржат промоции на книги, музички ...
ШТО ЗНАЧИ ПОВИКОТ ОД КОНГРЕСОТ НА САД ЗА „ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ“ ВО АМЕРИКА: ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА ИЛИ ОПАСЕН ПРЕСЕДАН? Терминот промена на режим (во оригинал употребен „regime change“ во Конгресот на САД) во меѓународната политика најчесто означува „насилно или надворешно наметнато соборување власт“. За колепката на демократијата, Соединетите Американски Држави, ова претставуваше уште еден во низата политички шокови во јавноста, кои и ...
Соединети Американски Држави доставиле до Иран предлог за мировна рамка составена од 15 точки, заедно со иницијатива за прекин на огнот, со цел намалување на тензиите на Блискиот Исток. Претседателот Доналд Трамп изјави дека иранската страна веќе прифатила еден од клучните услови – откажување од нуклеарно оружје. – Тие се согласија. Тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Тие се согласија со тоа- изјави Трамп. Како што објави „Њујорк ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...
Со највисоки државни и воени почести, вчера во Загреб беше пречекана македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што официјално започна нејзината дводневна официјална посета на оваа земја. Двајцата претседатели одржаа средба лице в лице, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на хрватската делегација, во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека немало преговори со САД во текот на 24-дневната војна, додавајќи дека ставот на Исламската Република за Ормутскиот теснец и условите за завршување на конфликтот остануваат непроменети. Во разговор за ИРНА, Есмаил Багаеи рече дека во последните денови биле пренесени пораки преку неколку „пријателски земји“, што укажува на она што го нарече интерес на Вашингтон за преговори ...
ЕКСКЛУЗИВНО: Раздвижени дипломати и отворање на комуникациските канали меѓу САД и Иран Според информациите до кои дојде нашиот весник, „директна комуникација меѓу Трамп и ирански претставници не се случила“. Но во добиената информација од брифингот се вели дека наместо директна комуникација на највисоко ниво, „клучната улога ја имаат специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и советникот и негов зет Џаред Кушнер“, кои веќе имаат искуство ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата му нуди на Јавното обвинителство преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Гостувајќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Андоновски нагласи дека дигитализацијата е клучна за поефикасно функционирање на ...
Со изведување на нови докази и сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. За денешното рочиште обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите вработени во Општина Кочани, пренесе МИА. Воедно, одбраната на ...
Основно јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за тешка кражба извршена во кругот на фабриката Железара. За едно од обвинетите лица е предложена мерка притвор, додека за останатите двајца се предложени мерки на претпазливост. Според обвинителството, во првите денови од март годинава, осомничените одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на компанија од Кавадарци. При извршувањето ...
Во момент кога Европската Унија повторно ја отвора дебатата за сопственото проширување, сигналите од Берлин стануваат сè погласни и посуштински. Анализата „Следното проширување на Европа“, објавена во угледното германско гласило „Интернационале политик квотерли“ на 18 март 2026 година, открива дека Германија влегува во нова, проактивна фаза – но со сериозни внатрешни дилеми и контрадикции. За земјите од Западен Балкан, вклучително и ...
СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со премиерот Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и континуиран политички дијалог, како и на конструктивна соработка во повеќе области од заеднички интерес, стои во соопштението од кабинетот на Силјановска Давкова. ...
Францускиот министер за економија Ролан Лескир предупреди дека кризата во Ормускиот Теснец може да прерасне во сериозно економско нарушување од системски карактер, оценувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток веќе предизвикува нов глобален нафтен шок. Обраќајќи се пред пратениците во Националното собрание на Франција, Лескир истакна дека сценариото за краткотрајна криза повеќе не е реално и дека станува збор за длабоко нарушување на ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Украина нема да може да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година. Говорејќи на настан организиран од Политико, таа истакна дека е нереално да се очекува членство на Украина до 1 јануари 2027 година, нагласувајќи дека процесот на проширување не може да се врзе со фиксни рокови, пренесе „Анадолија“. Кос посочи дека претседателот Володимир Зеленски инсистира на забрзување ...
Иран ги прекина испораките на природен гас за Турција, откако Израел минатата недела го нападна гасното поле Јужен Парс, објави Блумберг, повикувајќи се на извори. Минатата година Иран учествувал со околу 14 проценти во вкупните испораки на природен гас за Турција. Според истите извори, Турција во моментов продолжува да увезува гас од Русија и Азербејџан, а располага и со сопствени резерви. Засега не е познато кога ќе бидат обновени ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе отпатува во Франција каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз. Главната цел на посетата е да ги убеди сојузниците во оправданоста на американската воена стратегија кон Иран, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесе МИА. Според соопштението, на состанокот ќе се разговара за клучни глобални прашања, меѓу кои војната ...
Војната во Иран ги зголеми трошоците, ја еродираше довербата и го забави растот на производството кај компаниите во Европа и Обединетото Кралство, покажуваат новите податоци од бизнис анкетите. Раниот увид во глобалното влијание на конфликтот врз економиите доаѓа од најновите податоци од Индексот на менаџерите за набавки (PMI), што се темели на анкети меѓу директорите во производствениот и услужниот сектор. – Војната на Блискиот Исток ја ...
Процесот на систематизација во институциите е нормален и треба одвреме навреме да се случува. Правичната застапеност во систематизацијата во МВР ќе се запази, за тоа апсолутно никој да нема грижа, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“ за потребата од систематизација во МВР и како ќе се запази правичната застапеност, тој појасни дека законот, кој доби ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главен приоритет за Украина е обезбедување безбедносни гаранции кои ќе помогнат во завршувањето на војната, пренесува Reuters. Зеленски на социјалната мрежа „X“ соопшти дека детално разговарал со своите соработници за резултатите од состаноците одржани во САД, вклучително и разговорите во Флорида, при што биле разгледани клучните точки, можностите и предизвиците. – Најважната задача е да ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите. Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите, пренесува ...
Русија изрази сериозна загриженост дека конфликтот поврзан со Иран може да се прошири кон Каспиското Море, оценувајќи дека таков развој би имал „исклучително негативни“ последици, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс. Песков истакнал дека Москва внимателно ја следи ситуацијата, особено по извештаите за напади врз иранските поморски капацитети во регионот на Каспиското Море. Според него, Русија е особено чувствителна ...
Иран лансираше повеќе бранови ракети кон Израел, соопшти израелската војска, откако претседателот на САД Доналд Трамп го одложи бомбардирањето на електраните и другата енергетска инфраструктура на Исламската Република поради, како што рече, продуктивни разговори со ирански официјални лица, пренесе Ројтерс. Ракетите ги активираа сирените за воздушна опасност во Израел, вклучително и во Тел Авив, каде што беа направени големи дупки на една ...
Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата. Мерките треба да бидат внимателно анализирани. Не случајно тргнавме со намалување на ДДВ-то. Како ќе налагаат потребите, така ќе реагираме – изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на првиот панел одржан во рамките на меѓународната конференција, што во Скопје ја организира Народната банка. – Треба внимателно да ги следите ...
Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба?“, на која се обрати претседателот на Судот Дарко Костадиновски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и претставници на меѓународната заедница. Костадиновски нагласи дека воведувањето на уставна жалба е неопходен чекор за зајакнување на заштитата на човековите права, овозможувајќи им на граѓаните директно да се обратат до Судот кога ќе ги исцрпат сите ...