Вселенскиот отпад што ја напушта орбитата и паѓа кон Земјата е сè поголем безбедносен проблем, но и проблем за животната средина. Старите сателити и делови од вселенски летала влегуваат во атмосферата повеќе од трипати на ден, предупредуваат научниците. За време на овој процес, објектите горат во атмосферата, при што можат да ослободат штетни супстанции, а ако делови преживеат и паднат на површината на Земјата, можат да ја загадат животната ...

Во пријатна атмосфера синоќа во КСП „Центар – Јадро“ беше отворена изложбата „Зора – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми. – Отсекогаш сум ги сакала животните и сум ...

За скандалозниот настап на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во Вашингтон Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи во свое скандалозно истапување во американскиот Конгрес на 4 февруари го означил Уставниот суд на Република Македонија како „институција што ја загрозува јужната линија на стабилноста на Балканот“! Според она што го објави на својот фејсбук-профил, пред американските ...

Уште еден осврт кон истекувањето на последниот договор за ограничување на распоредувањето нуклеарно оружје Новиот СТАРТ, последниот нуклеарен договор меѓу Вашингтон и Москва што датира од времето на Студената војна, истече минатата недела, а со него и ограничувањата за двете водечки нуклеарни сили. Истекувањето дојде во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го исполни своето ветување „Америка на прво место“, поради ...

Редакциски осврт: Кога „истражување“ има амбиција да брани идеологија Во последно време, под плаштот на наводна научна неутралност, сè почесто сме сведоци на истражувања што не регистрираат општествени појави, туку ги произведуваат. Особено е загрижувачки трендот во кој се „откриваат“ таканаречени нови етнички идентитети, односно конструкции како „етнички Македонец – Европеец“ или дури „Европеец“ без етничка одредница!? Овие формулации не се ...

Енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на работната сила, во која жените мора да имаат еднаква и видлива улога, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски ...

Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието. Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до 40м. ...

МВР денеска соопшти дека поради протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај. – Денеска (10.02.2026) од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот ...

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на ...

Во судот во Милано денеска е сослушан 80-годишен маж, под сомнение дека бил еден од учесниците во „Сараево сафари“ односно плаќал за со снајпер да убива цивили за време на опсадата на главниот град на БиХ, Сараево, што траеше од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година. Осомничениот е поранешен возач на камион, кој според неговиот адвокат, тврди дека е невин. Италијанската полиција во октомври отвори истрага за патувањата на „воени туристи“ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот премин Плетвар. Сите патни правци во државата се проодни – соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...

Министерството за образование и наука објави дека е подготвена нова концепција за гимназиско образование откако претходната верзија пред една година беше повлечена поради реакции, главно од образовни установи и професори од општествените науки. МОН на својата веб-страница соопшти дека новиот предлог е резултат на сеопфатна анализа и вградување на забелешките, сугестиите и предлозите добиени за време на јавната расправа одржана во текот на ...

Во организирана операција во неколку региони, грчката полиција разбила голема криминална организација, активна во нелегално производство и трговија со тутунски производи, при што биле уапсени 26 лица, откриени три целосно опремени нелегални производствени единици и шест магацини, запленети над 14 милиони парчиња цигари, а избегнатите даноци и такси изнесуваат над седум милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата била спроведена ...

За минималната плата нашиот став е јасен, да, ќе ги зголемиме минималните плати соодветно на законското решение, а ако постигнат договор меѓу себе работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме и ќе поздравиме. Но, тогаш ќе треба да го нивелираме и овој договор, што го имаме сега, со овие две гранки, зашто тогаш во пресметката, во методологијата, усогласувањето со минималната плата ќе дојде премногу големо, зголемено за одреден процент, а ...

Четворица слушатели на курсот за професионални војници во касарната во Велес се со потврдена дијагноза на шуга. Тие се во добра општа состојба и се наоѓаат на домашно лекување. Од Армијата информираат дека се преземени сите неопходни мерки и дека состојбата внимателно се следи кај сите слушатели присутни на курсот. Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено медицински центар (ВМЦ), информираше дека првиот случај бил пријавен минатиот ...

Вештото лице Маја Равник од Медицински факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење на вкупно 51 медицинска документација од лекување пациенти на Клиниката за онкологија, беше сослушана денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, на судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Равник, одговараше на прашања на ...

Обвинителите за воени злосторства во судот во Хаг денеска изјавија дека поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ги контролирал етничките албански герилци и дека тој треба да биде осуден за воени злосторства и да добие 45 години затвор. Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 година, кое ...

Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, северен Либан, се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат луѓе заробени под урнатините – објавија денеска либанските медиуми. Претходно беше објавено дека најмалку девет лица, меѓу кои жена и дете, загинале кога се урнала зграда во Триполи вчера. Спасувачите пронајдоа девет преживеани во населбата Баб ал-Табане, додека продолжуваат напорите за пребарување и ...

Македонското друштво „Илинден“-Тирана остро се спротивстави на одлуката за отворање на мигрантски центри на територијата на општина Пустец. – Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците кои живеат во општина Пустец – истакнуваат од македонското друштво „Илинден“-Тирана. Од македонското друштво апелираат до ...

Сојузот на синдикати на Македонија од утре, со блокада на пристапот до македонското Собрание, почнува со најавените блокади на институции кои, како што наведуваат, го кочат зголемувањето на минималната плата. Блокадата на македонското Собрание ќе почне во 9 часот при што ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат ...

Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со репрезентативните синдикати во Владата. -Ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и ...

Постигнавме договор со Владата, ова е историска придобивка за вработените во администрацијата, рекоа денеска претставниците на репрезентативните синдикати по средбата со премиерот Христијан Мицкоски и неговиот економски тим. За околу 11 000 административци ќе се потпишуваат поединечни колективни договори, а предвидено е да добијат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година. Како што истакнаа на заедничката прес-конференција ...

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како Грофот, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип. Судијата Георгиев ја објави пресудата наведувајќи дека кривичното дело било извршено на 8 август 2025 година, во раните утрински ...

Обвинителството континуирано презема дејствија во врска со опсежната акција во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата. Активностите се спроведуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Постапувањето се одвива во ...

БЕЗБЕДНОСНИ ИНДИКАТОРИ: ОД „ОДБРАНБЕНИ БАЛКАНСКИ СОЈУЗИ“ ДО ВОЕНИ КОНФЛИКТИ НА ТЕРЕНОТ Повод: Трилатерална средба на воени претставници на Албанија, Хрватска и Kосово за понатамошните оперативни чекори од меморандумот за воена соработка Деновиве беше одржан нов трилатерален состанок на претставници на Албанија, Хрватска и Kосово, на кој беа договорени понатамошните оперативни чекори од „воениот пакт“. За потсетување, тој беше рамковно склучен ...

Преку системот „Безбеден град“ за една недела бил регистриран 4.991 сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 2 до 8 февруари, од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4.991 прекршок. Од тој број, 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од ...

Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење, заедно со асистент Јасмина ...

„Матица македонска“ го создаде најзначајниот македонски литературен кружок на крајот на дваесеттиот век и во новиот милениум. Ги обедини македонските автори како Македонскиот литературен кружок пред Втората светска војна. Ама во современие, повторно со идеали и со македонска мисла, уште во мугрите на самостојната македонска држава. На македонските писатели им овозможи дом на македонското слово, заштитувајќи го од сите политички ветришта и ...

Научниците анализирале податоци од речиси 30 години за да откријат како китовите во Северен Атлантик се приспособуваат на климатските промени и зголемениот човечки притисок врз океаните. Нивниот заклучок е изненадувачки оптимистички: китовите пронашле начин да коегзистираат во променетите услови – учејќи подобро да ја делат храната. Ново истражување го разгледало влијанието на климатските промени врз исхраната на три вида кита – перкасти ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
76%
1013
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
65%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
2.57
53%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.3
90%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
3.6
76%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
73%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
73%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
49%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19