Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој, исто така, за РБК изјави дека руската страна продолжува да работи под претпоставка дека преговорите за решавање на конфликтот во Украина не треба да бидат јавни. РБК го контактираше прес-секретарот на рускиот претседател за коментар за соопштението на ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек. -Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со ...
Министерството за финансии информира дека продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година. – Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за ...
Одбраната на обвинетиот Александар Нацев, во воведен збор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тврди дека во текот на постапката ќе докажат дека „обвинетиот Александар Нацев не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на правното лице „Рубикон“, како и дека припадниците на обезбедување ноќта на трагичниот настан не биле задолжени или ангажирани да вршат контрола на бројот на присутни гости во кабарето, да вршат ...
Го носиме Буџетот за Град Скопје за 2026 година, но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просек од само 317.379.746 денари месечно. И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша. За споредба, за само 40 дена ...
Сто дваесет и две години од објавувањето на капиталното дело на Крсте Петков Мисирков На 25 декември 1903 година Крсте Мисирков ја објави својата монументална студија за македонизмот – „За македонцките работи“, која беше испечатена во печатницата „Либерален клуб“ во Софија, Бугарија. Оваа книга на Мисирков е прв сериозен обид за научен пристап кон стандардизацијата на македонскиот јазик, правопис и азбука. Во неа Мисирков изнесе ...
Ретроспективна изложба на академскиот сликар Кирил Ефремов ќе биде отворена вечерва, во 19 часот, во Даутпашиниот амам. Насловот на изложбата е „Меѓу реалноста и сонот“. Кирил Ефремов (1938-2020, Штип) своето присуство во македонската уметност го најави во почетокот на 1960-тите години. Сликарство завршил на Училиштето за применета уметност (проф. Лазар Личеноски и други), а академија на ликовни уметности прв степен во Белград. Во почетокот ...
Мнозинството руски граѓани очекуваат војната во Украина да заврши во 2026 година, објави денеска рускиот државен центар за истражување на јавното мислење ВЦИОМ, а заменик-директорот Михаил Мамонов изјави дека 70 проценти од 1.600 испитаници во анкетата на ВЦИОМ веруваат дека 2026 година ќе биде „поуспешна“ за Русија од тековната година, додека 55 проценти го поврзаа овој оптимизам со можниот крај на она што Москва го нарекува „специјална ...
Последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се логично продолжение на една иста политичка линија што трае повеќе од две децении Изјавите што деновиве ги дава Али Ахмети не се ниту изолирани ниту безопасни. Тие се логично продолжение на една иста политичка линија што трае повеќе од две децении – која никогаш суштински не ја прифати унитарноста на државата, туку ја третираше Македонија како терен за условувања, закани и уцени. Во 2001 ...
ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СОЛИДАРНОСТА: ЧОВЕЧКАТА СОЛИДАРНОСТ – ЗАБОРАВЕНА ВРЕДНОСТ ВО ДЕНЕШНОТО МОДЕРНО ЖИВЕЕЊЕ? Човечката солидарност е една од најважните вредности и потреби на денешницата, веројатно и најмногу ценета покрај слободата, еднаквоста, толеранцијата… Следствено, во контекст на глобализацијата и предизвикот на растечката нееднаквост, неопходно е зајакнувањето на меѓународната солидарност. На 22 декември 2005 година ...
Во морето функции и префикси на лаптопот постои едно копче што често останува незабележано, а кое всушност може да ја олесни или да ја унапреди секојдневната употреба на компјутерот. На тастатурата на лаптопот има многу копчиња што луѓето не знаат како да ги употребат. Тие исто така помалку се свесни за функцијата на копчињата од F1 до F12 на врвот. Покрај ова, постои уште едно копче на долниот лев дел од тастатурата на лаптопот, чиј назив е ...
Знаменитостите на Македонија Десет историски портрети што ја обликуваа културната, политичката и јазичната трајност на македонскиот простор претставуваат повеќе од збир на имиња и датуми: тие се прозорци кон сложените процеси што го формирале колективниот карактер на македонскиот народ. Секој портрет открива слоеви на влијание – од материјалните траги и институционалните реформи до зборовите што ги зборуваме и митологиите што ги пренесуваме – ...
Некогаш главниот фактор што влијаел на тоа дали бракот ќе биде успешен или не било однесувањето на сопружниците. Сега тоа е нешто друго. Интригантно ново истражување базирано на искуствата на луѓето што неодамна се развеле подетално испитува некои од причините за развод, осветлувајќи ги најчестите фактори што ги тераат паровите секој по својот пат. Истражувањето испитало 2.371 неодамна разведен човек, при што им било побарано да изберат ...
Јубилеј на градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп деновиве реализира повеќе активности за одбележување 80 години од формирањето. Централната прослава ќе се одржи денеска, од 12 часот, при што ќе има пригодна програма и изложби. – Осумдесет години е исклучително значаен јубилеј за библиотеката „Борка Талески“, но и за Прилеп. Претставува континуиран растеж и 80 години гордост, ...
Заборавете на ИТ-стручњаците Светот се менува, а со тоа и претставата за тоа кој може да стане милионер. Долго време се сметаше дека најголемите шанси за стекнување богатство се резервирани за ИТ-стручњаците, банкарите или за претприемачите во технолошкиот сектор. Сепак, новите истражувања и економските анализи покажуваат дека следната генерација милионери ќе дојдат токму од редовите на занаетчиите – особено водоинсталатерите и електричарите. ...
Унитарниот карактер на државата, безбедноста и границите добиваат гаранција со американски печат Претседателката Гордана Силјановска-Давкова завчера го имаше традиционалното новогодишно обраќање пред пратениците во македонското собрание, при што се осврна на трагедијата во Кочани, говореше за евроинтеграциите, реформите во јавната администрација, иселувањето на младите, заштитата на животната средина, борбата против фемицидот и потребата од ...
Зад политичката поддршка за поранешните лидери на УЧК има и изразито лукративни намери на политички првенци и во Албанија и во Македонија Албанскиот премиер Еди Рама продолжи да ги поддржува поранешните косовски лидери обвинети за воени злосторства, на кои им се суди пред Специјализираниот суд за Косово во Хаг, што во дел од албанската јавност се толкува како скандалозен обид за прикривање на корупциските скандали што моментно ја потресуваат ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица ММММ КАФЕ ДООЕЛ ...
Повод: Законот за овластување за национална одбрана на САД за 2026 година (3) Во последните години, особено во Европа, се појавија политички и интелектуални кругови што формално се повикуваат на демократија, зборуваат за „реалполитика“ и под маската на стабилност или решенија, легитимираат идеи за етничко раздвојување и територијални корекции. Тие идеи ги лиферуваат преку некои либерални мејинстрим-медиуми или преку различни облици на ...
Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје синоќа скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше полноќна божиќна света литургија, на која ја упати својата Божиќна порака. – Како католички христијани, ја завршуваме Светата Јубилејна 2025 година. Беше година на прошка и благодат од Господ, а јубилејна е затоа што го одбележува воплотувањето на Христос. Бог се воплоти за да ни даде живот, не било каков, туку живот во ...
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на телевизија Телма. -Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри – појасни Тошковски, додавајќи, ...
Верниците на Римокатоличката црква и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше Божиќна полноќна света литургија. По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор ...
Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000 потрошувачи кои во последните две години имале приговори или поплаки во врска со фактури и со нив е почната етапна телефонска комуникација. Ова се дел од сетот на активни мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги презеде операторот на ...
Албанија е на прво место меѓу земјите од Западен Балкан по процентот на граѓани кои престојуваат во странство подолг временски период, иако е забележан пад во 2024 година. Според истражувањето на Советот за регионална соработка (RCC), 34,7 отсто од анкетираните албански граѓани изјавиле дека живееле надвор од Албанија повеќе од три месеци, бројка повисока од онаа на другите земји во регионот, под влијание на традицијата на емиграција и ...
Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој, повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје, соопштија денеска од кабинетот на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја истакна посветеноста на неговата влада на обезбедување мир и безбедност во Европа во своето божиќно видео обраќање, објави ДПА. – Овие месеци и години се за мир, безбедност и просперитет за целиот наш континент“, рече Мерц, цврст поддржувач на Украина, во видео објавено денеска. „Во овој дух, се чувствуваме посветени на Германија и Европа. Од нас зависи – додаде тој. Германската влада ќе ја исполни ...
Малолетно девојче од Тетово, на 15-годишна возраст, било доведено во заблуда дека ќе започне љубовна врска, а потоа со закани и уцени било принудено на употреба на опојни дроги и сексуална експлоатација, утврдила истрагата на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, кој денеска поднесе кривична пријава против пет лица од Тетово. Како што соопшти МВР, првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа. – Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба – посочи Орбан. Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за емитување на големите телевизиски мрежи, кои го критикуваат него и неговите политички сојузници. – Ако телевизиските информативни емисии и нивните доцна вечерни емисии речиси сто отсто се негативни кон претседателот Доналд Ј. Трамп, „МАГА“ и Републиканската партија, зарем не би требало да бидат одземени нивните вредни концесии за емитување? Јас велам: ДА! – објави ...