Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека в петок и в сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ, на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ продолжува како досега. – В петок и в сабота се закажани средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, ...
Вашингтон и Тел Авив градат најдлабока воено-технолошка интеграција во современата историја Додека медиумите секојдневно известуваат за ракетни напади на Блискиот Исток, дипломатски тензии и шпекулации за наводни несогласувања меѓу американското и израелското раководство, особено откако е постигната согласност за мировен договор помеѓу САД и Иран, во заднина се одвива процес што потенцијално може да ја промени структурата на глобалната ...
Новото крило на ЈЗУ Општа болница – Струмица, чија изградба почна пред речиси четири децении, се очекува целосно да биде ставено во функција од почетокот на септември. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на болницата, до крајот на август треба да заврши последната фаза од доопремувањето на објектот. Мицкоски посочи дека завршувањето на овој проект е дел од пошироките инфраструктурни планови во здравството, ...
Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија златен накит во вредност од околу 1,1 милион денари, откако двајца косовски државјани се обиделе нелегално да го внесат во државата. Според информациите од Царинската управа, станува збор за четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, кои осомничените ги купиле во Турција. Со намера да го избегнат царинскиот надзор, накитот го носеле на себе и го прикриле под облеката. ...
Унапредувањето на билатералната соработка меѓу македонската и италијанската полиција, како и заедничкото справување со современите безбедносни предизвици, биле во фокусот на средбата што денеска во Рим ја одржа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со генералниот директор на италијанската полиција. Средбата била организирана со поддршка на проектот EU4FAST, а главни теми биле борбата против тероризмот, организираниот и ...
САД, Израел и Иран ќе треба да надминат уште предизвици до постигнувањето мир Мировниот договор за чии услови постигнаа согласност администрацијата на американскиот претседател Трамп и властите во Иран нуди можност за ставање крај на оружениот конфликт, но остануваат прашањата за одржливоста на спогодбата во пресрет на нејзиното најавено потпишување в петок. Политички тензии Познавачите на состојбите сметаат дека ништо не е дефинитивно ...
Традиционалните туристички дестинации во Европа продолжуваат да доминираат Македонија во изминатите неколку години бележи значителен раст на бројот на посетители од странство, но и натаму се поставува прашањето како можеме да привлечеме поголем број туристи, особено пред почетокот на летната сезона. Кога се согледуваат статистичките податоци од Европа, каде што одредени земји бележат над 100 милиони ноќевања (во Шпанија, на пример, се ...
Италијанските научници од проектот „Си кеар“ открија гени отпорни на антибиотици во медитеранскиот, атлантскиот, арктичкиот и други региони, со повисоки концентрации во близината на прометни морски патишта и густо населени крајбрежни области, според студија презентирана на форум за океаните и здравјето на луѓето во Рим. Според резултатите од анализата на примероци од морска вода од целиот свет, океаните дејствуваат како резервоар за ...
Приказната за лековите GLP-1 станува сè попопуларна бидејќи, по трансформирањето на третманот на дијабетес и промената на културата на слабеење, сè поголем број истражувања сугерираат една неверојатна можност. Повеќе од 40 нови студии покажаа дека пациентите што земаат лекови за слабеење имаат помала веројатност да развијат одредени видови рак, додека оние на кои веќе им е дијагностициран доживуваат побавно напредување на болеста. На ...
Инцидентот со опожарувањето на бугарските дипломатски возила како повод Додека македонската дипломатија успешно ги афирмира своите аргументи против бугарската непринципиелна блокада во Брисел, инцидентот со опожарувањето дипломатски возила паркирани непосредно пред бугарската амбасада во центарот на Скопје се искористи како перфидна алатка за уривање на угледот на државата и нејзино претставување како нетолерантна средина. Штетата е ...
Од наш агол Во меѓународната политика постои едно непишано правило. Државата може да преживее и санкции и блокади и економски притисоци, но тешко ќе преживее кога ќе почне да се сомнева во сопствениот идентитет. Додека светот денес расправа за Крим, Донбас, Украина и Русија, Македонија веќе три децении живее една поинаква, но не помалку драматична битка. Тоа е битка за правото да си се нарекува она што си е вистински, историски, културно, ...
Знаменитостите на Македонија Кон крајот на праисторискиот период, северно од Хелените се населиле Македонците, на северозапад се простирале Илирите, а на североисток живееле Тракијците – народи што античките извори често ги означувале со заедничкиот термин варвари. Оваа квалификација не била само јазична туку и културна, бидејќи Хелените ги сметале за различни по начинот на живот, обичаите и општествената организација. Нивните први допири со ...
Вечерва, со почеток во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот свет на Франц Ксавер Крец – автор што со својата хиперреалистична драматургија прецизно ги детектира општествените пукнатини на современиот човек. Иако драмата тематски се поврзува со Орвеловата „1984“, дејството не е сместено во минатото, туку во денешницата – ...
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (17) Арсениј Јовков е човекот што ја поставил основата на македонската филмска писменост, пројавувајќи се како прв сценарист на документарен и игран филм во македонската културна ризница м-р Никола Ристевски Македонската културна и политичка историја од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век изобилува со маркантни фигури, кои во својот животен век ...
Сенатот на САД по деветти пат по ред ја блокираше резолуцијата предложена од демократите, со која се бараше прекин на воените дејствија против Иран додека не биде обезбедено соодветно одобрение од Конгресот. Резолуцијата беше блокирана со 48 гласа „за“ и 47 „против“. Документот се повикуваше на Законот за воени овластувања, според кој Белата куќа е обврзана во рок од 60 дена да побара согласност од Конгресот за продолжување на воени операции ...
Најголемиот фосил на скорпија, долг повеќе од еден метар, со клешти долги над 16 сантиметри, е откриен во Обединетото Кралство. Оваа скорпија била меѓу првите големи предатори што живееле на копно. Откриениот фосил, наречен Prercturus gigas, е стар 415 милиони години. Овој вид доминирал во поплавените рамнини и бил меѓу првите големи предатори што живееле на копно. – Кога размислуваме за џиновските членконоги, честопати замислуваме карбонски ...
Губењето тежина не мора да биде резултат на тешки диети. Доволно е почесто да вклучувате хранливи продукти во вашата исхрана што го поттикнуваат слабеењето. Ако сакате да ослабете ова лето, решението не е во ригорозни диети или целосно елиминирање одредени намирници, туку во изборот на здрава храна што го поддржува метаболизмот, обезбедува чувство на ситост и ги намалува воспалителните процеси во телото. Најдобрата храна за контрола на ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го оцени рамковниот договор меѓу Иран и САД, кој треба да биде потпишан в петок во Швајцарија, како значајна дипломатска победа за Техеран. Пезешкијан истакна дека договорот претставува ретка можност за земјата да ја надмине актуелната состојба и да отвори нови перспективи за развој, пренесе „Прес ТВ“. – Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да ѝ помогне на земјата да излезе од сегашната ...
Центарот за безбедносни студии – Скопје ја организира Првата меѓународна безбедносна конференција (Skopje Security Conference 2026), на 19 јуни годинава, во Скопје. Конференцијата е замислена како меѓународна платформа на високо ниво, посветена на современите безбедносни предизвици во услови на брзи глобални промени. Настанот ќе обедини носители на политики, министри, амбасадори и водечки експерти, кои ќе разговараат за влијанието на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на Самитот на Г7 изјави дека Русија би требало да се согласи на договор со Украина. – Видете, Русија треба да се согласи со договорот. Русија изгуби огромен број луѓе, како и Украина. Минатиот месец изгубија вкупно 35.000 војници, тоа е на месечна основа. Во просек изгубија 25.000 луѓе, претежно војници, млади, убави луѓе, и лудо е тоа што таму се случува – наведе Трамп. Тој додаде дека утрово „имал многу ...
Известувачите на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан денеска во Стразбур ги презентираа нацрт-резолуциите врз основа на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на државите во процесот на европска интеграција. На пленарната седница на Европскиот парламент беа разгледани извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора. Во дебатата учествуваше и европската комесарка за проширување Марта ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во целост е расчистен случајот со опожарувањето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, што се случи на 15 јуни. Од МВР информираат дека Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера поднело кривична пријава по итна постапка против 44-годишниот И.Д.С. од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа ...
ЕВРОПСКА УНИЈА: ПЕРИОД НА ПРОМЕНИ, РЕФОРМИ, ТРАНЗИЦИЈА И ЗАТКУЛИСНИ ИГРИ „Значи, ние мора да го смениме начинот на кој функционира Европската Унија“. Ова во ексклузивно интервју за „Политико“ го истакнува Жордан Бардела, лидер на Националниот собир, најсилната десничарска партија во Франција. Бардела во моментов се гледа како предводник на претседателската трка наредната година. И оваа порака не само што се зема сериозно и во Брисел и низ ...
Повод: Некои аспекти на одлуката на Арбитражниот трибунал во Хаг за спорот меѓу Русија и Украина околу суверенитетот на територии и води Кога споровите за суверенитет тангираат највисоки императивни норми (јус когенс), но за некого важат, а за некого – не Одлуката на Арбитражниот трибунал во Хаг во спорот меѓу Русија и Украина околу правата во Црно Море, Азовско Море и Керчкиот Теснец повторно ги отвори старите прашања за суверенитетот, ...
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ќе гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската Унија, подготвен од известувачот за земјата, Томас Вајц. Покрај извештајот за Македонија, европратениците ќе се изјаснат и за документите што се однесуваат на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Извештаите беа презентирани вчера на пленарната седница, на која ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин не доби официјална покана од украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Самитот на Г7, изјави портпаролот на Кремљ. – Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва – изјави Дмитриј Песков, при тоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори. Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен жител на Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“ согласно член 288 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Судот доставил предлог за определување мерка притвор,пренесе МИА Според информациите од Обвинителството, осомничениот на 15 јуни околу пладне предизвикал пожар на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, ...
Иран и САД во петок ќе одржат нова рунда разговори во Швајцарија со цел постигнување конечен договор, откако претходно беше усогласен привремен меморандум меѓу двете земји, соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во изјава за иранската државна телевизија, Арагчи нагласи дека претстојните преговори ќе бидат насочени кон финализирање на договорот и надминување на преостанатите несогласувања меѓу Техеран и Вашингтон, пренесе ...
На територијата на државата до 18.00 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, активни се пожарите во Општина Илинден кај селото Мршевци, каде што гори сува трева, во Општина Босилово кај селото Секирник каде е зафатена депонија, во Општина Чашка кај ...
Трилер Роберт Торн – Штотуку ми текна на една случка, на која верувам дека нема да останете рамнодушни, драги пријатели – изјави со олеснување дон Пјетро Кабуза. – Таа сигурно ќе си го најде местото во сторијата за дон Бруто. Можам да ви признаам дека приказната на дон Фето дејствуваше инспиративно врз мојот тромав систем за откривање подзаборавени приказни! – Мислам дека прекрасно се изрази, дон Кабуза – рече вообичаено намуртениот дон ...