Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Викендов во Софија се одржи 16. Македонска книжевна визита, која се организира од издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со Македонскиот културно-информативен центар. Шеснаесеттото издание на оваа значајна манифестација ја продолжува својата мисија – афирмација на современата македонска литература во Бугарија и продлабочување на соработката меѓу македонските и бугарските писатели. Се одржаа следните програмски содржини: заедничко ...
Култниот македонски бенд „Архангел“ синоќа го одржа концертот „Срцевина“ на стадионот на АРМ во Скопје, претворајќи ја вечерта во музичко патување низ безвременските песни на бендот. Посебен белег на вечерта даде и Васил Хаџиманов, кој со својот бенд го отвори концертот, а подоцна повторно се појави на сцената во емотивна изведба со Ристо Вртев. Пред бројна публика, „Архангел“ изведе дел од своите најпознати композиции, создавајќи силна ...
„ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН“ Според спомените на неговите современици, благодарение на челичната дисциплина, бескомпромисната борба против шпионажата и супериорната организираност, Развигоров го претворил Овче Поле во неосвоива овчеполска крепост, а во народот тој бил познат како овчеполски кнез М-р Никола Ристевски Во сложената структура на националноослободителното движење во Македонија се издвојува плејада од историски личности со ...
РЕЦЕНЗИЈА М-р Елисавета Бончева Концертот на македонското трио „Алтус“ во рамките на фестивалската програма на „Класика меѓународен фестивал Струмица“ се одржа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, кое беше преполно со публика. Концертот започна со композицијата од А. Гргин – „Вокализа“, лирска композиција без текст во која гласот се користи како инструмент. Делото се одликува со мелодичност, топол израз и богата емоционалниот. ...
МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА – МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Република Македонија поседува географски, културен и историски потенцијал, кој, доколку се менаџира со соодветни современи методи, може да ја етаблира земјата како една од водечките културни и авантуристички дестинации во Југоисточна Европа. Меѓутоа, анализите на изминатите децении укажуваат на континуиран јаз помеѓу огромниот „суров“ потенцијал и реалната економска валоризација на туристичкиот ...
Ретка можност за публиката во Скопје „Трансмишн“ е проект што еднакво им се обраќа на љубителите на традиционалната музика, џезот, електрониката и современите експериментални форми. Синоќа во „Паблик рум“ во Скопје публиката имаше ретка можност да присуствува на концерт што беше повеќе од музички настан. Станува збор за вистинско патување низ времето, традицијата и современиот звук. „Трансмишн“, проектот на македонскиот перкусионист и ...
Продлабочување на дилемата: Кој навистина може да изгради, финансира и одржува нуклеарен систем на Балканот во реални услови (2) Ако првиот дел на анализата влезе во патеката на трката меѓу САД и Кина, ова продолжение навлегува подлабоко во техничката, финансиската и регионалната реалност на малите модуларни реактори (СМР). Прашањето повеќе не е теоретско, туку кој навистина може да изгради, финансира и одржува нуклеарен систем на Балканот во ...
Од редакциски агол СОФИЈА КАКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЕВРОПА Софија деновиве беше повеќе од главен град на една балканска држава. Таа стана сцена на европска дебата во концентрирана форма. Едната колона ја претставуваше Европа на индивидуалните права, разновидноста и постнационалниот либерален идеал. Другата ја претставуваше Европа на традицијата, универзалните вредности на религијата, семејството и националниот суверенитет. Секако, реалноста не е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор меѓу САД и Иран, откако претходно истото го соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше во преговорите меѓу двете страни. – Договорот со Исламската Република Иран е постигнат – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“, пренесе „Гардијан“. Иако засега не се објавени официјалните детали од договорот, Шариф изјави дека тој предвидува ...
Првиот извештај на Инвестицискиот совет на Германија за спроведувањето на специјалниот фонд вреден 500 милијарди евра открива дека реализацијата на амбициозниот инвестициски план напредува значително побавно од очекуваното. Иако федералната влада го претставува фондот како клучен инструмент за модернизација на инфраструктурата и зајакнување на економската конкурентност, експертите предупредуваат дека досегашните резултати не ги оправдуваат ...
Редакциски агол Понекогаш најголемата вистина не доаѓа од политичарите, туку од бизнис- регистраторите на компаниите. А тие денес испраќаат јасна и непријатна порака до Брисел: Европа економски слабее додека воено се вооружува! Фабриките не живеат од санкции, ниту работните места се отвораат со политички декларации. Стопанството бара поевтина енергија, пазари и стабилност. Затоа не е случајно што од германските и европските деловни кругови сè ...
Повод од Софија: „Парадата на гордоста“ и „Поворката за семејството“ како симбол на големиот идеолошки судир што ја преобликува ЕУ Во еден ист ден, на неколку километри растојание во центарот на Софија, се одвиваа две сосема различни визии за иднината на Европа. Во Кнежевата градина, под знамињата на ЛГБТ+ заедницата и слоганот „Различни сме, а си личиме“, илјадници луѓе маршираа на „Софија прајд“, барајќи поголема општествена еднаквост, ...
Прва примена на методата и во Европа На Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје успешно беа изведени првите робот-асистирани операции кај четворица македонски пациенти со карцином на простата, информираат оттаму. -За првпат е применета и иновативната „Single Site“ техника – хируршки пристап преку само еден отвор, што овозможува исклучителна прецизност, помала траума, помалку болка и побрзо ...
Фотографијата Крајезерски допир на авторката Алисија Колевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Пладневен миг на малото пристаниште во Охрид, по краток дожд, стои во описот на фотографијата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се ...
ЕУ го напушта принципот на еднаквост: Париз и Берлин воведуваат директориум на моќните Македонскиот премиер Христијан Мицкоски донесе парче оптимизам од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, по неговите клучни средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Но, воедно, тој оптимизам отвора нови предизвици и за самата ЕУ, за уделот на Унијата на меѓународната сцена, но, следствено на тоа, и за рефлексиите ...
Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна ...
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рано утринава соопшти дека САД и Иран постигнале мировен договор по повеќедневни преговори. Во објава на платформата Икс, Шариф наведе дека двете страни се согласиле на итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан. – Двете страни прогласија итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан – напиша пакистанскиот премиер, пренесе „Ројтерс“. ...
Најмалку 17 земјоделци загинаа, а 13 лица се повредени во напад на вооружени лица во северозападна Нигерија, соопштија локални претставници и жители. Нападот се случил во селото Горон Намаје, во областа Марадун, во нигериската држава Замфара, регион кој со месеци се соочува со зачестени напади од вооружени банди, пренесе МИА. Според локални извори, земјоделците работеле на своите ниви кога биле изненадени од вооружените напаѓачи. – ...
Голем УФЦ спектакл е планиран за денеска на тревникот пред Белата куќа по повод 80. роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од Декларацијата за независност. Трамп ќе биде опкружен со членови на кабинетот, високи претставници на администрацијата, републикански пратеници и илјадници гледачи кои ќе ги гледаат борбите во специјално дизајниран осумаголен прстен со заштитна челична ограда, специјално осветлување и ...
САД и Иран се блиску до постигнување мировен договор по три месеци вооружен конфликт, а првичниот документ би можел да биде потпишан во следните 24 часа, соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Пакистан, кој посредува во разговорите меѓу двете страни, се подготвува за електронско потпишување на договорот, по што следната недела треба да започнат технички разговори за негово спроведување, пренесе „Си-би-ен-си. – Поблиску сме до мировен ...
Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за кои веќе се менува и регулативата. Мицкоски порача дека ќе застане зад секој проект, ...
Разговорите за реконструкција на Владата ќе почнат по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, односно после 17 јуни, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Следната недела, после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица, со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по пуштањето во употреба на дом за ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, алармира за сериозниот проблем со недостигот на лекот „фактор 8“, неопходен за лицата со хемофилија, се вели во соопштението од ПП Левица. -Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во вистинска голгота поради недостигот на лекот „фактор 8“. Уште од мај минатата година, кога беше раскинат тендерот за овој лек, пациентите постојано добиваат ограничени количини, далеку под нивните реални потреби ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (22) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...
Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет лица кои управувале моторни возила без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу приведените се и двајца малолетници, а едно од лицата било затекнато како управува возило и под дејство на алкохол. По две лица биле приведени во Скопје и Прилеп, а по едно во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод и ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие биле евидентирани шест случаи на семејно насилство, при што едно лице е лишено од слобода. Во Тетово, полициски службеници го привеле 37-годишниот Б.А., постапувајќи по пријава од неговата поранешна партнерка. Според пријавеното, по прекинот на нивната врска во април годинава, тој континуирано ја следел, телефонски ја вознемирувал од различни броеви и упатувал ...
Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија, откако оцени дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми пропишани од Европската Унија, пренесе МИА. Ова го потврди еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург. Според Домбровскис, Европската комисија извршила анализа на буџетската состојба во неколку ...
Односите меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, порача премиерот Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека на средбата била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави, која се темели на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу ...
Името на американскиот претседател Доналд Трамп утринава беше отстрането од фасадата на „Центарот Кенеди“ во Вашингтон, откако федерален суд пресуди дека преименувањето на институцијата не може да се изврши без одобрение од Конгресот, пренесе „Си-ен-ен“. Работите за отстранување на натписот започнале во раните утрински часови, кратко по истекот на рокот што судот ѝ го постави на федералната влада за спроведување на одлуката. Работниците ги ...
Осумдесет и три години од смртта на Коста Солев Рацин: Чествување на делото и пораките на македонскиот великан „Само борбата на самите Македонци може да ѝ даде слобода на Македониа – а секој друг — само робство! Вистинската слобода на Македониа нема да дојде от таму, ами само от самите Македонци и со примерот што го покажа Илинден! Секој друг пат е лага! ’Мајка Блгарија’ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на ...