Американскиот потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, соопшти денеска претседателот на САД, Доналд Трамп. Трамп ова го кажа пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, но не кажа дали самиот тој ќе има каква било улога во церемонијата на потпишување. Договорот веќе е дигитално ...

Осум лица загинаа при уривање на американски стратешки бомбардер Б-52, кој се срушил кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во Калифорнија, соопштија Воздухопловните сили на САД. – Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци – изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција, пренесе „Ројтерс“. Според него, надлежните институции се во процес на известување на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Алсат, ги изнесе своите ставови по барањата на албанските студенти да полагаат правосуден испит на албански јазик, за што во неколку наврати организираа и протести во Скопје. Тој вели дека „министри за правда Албанци од минатите влади не сакале да го решат прашањето за правосудниот испит, додека оваа Влада работи на одржливо решение за овој проблем биде надминат“. – Од прв ден сум го кажал тоа ...

Без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени нема да има, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во интервју за Алсат-М телевизија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања. Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на тие барања и изнесе три пораки во врска со актуелната политичка состојба. – Јас испраќам генерално три пораки. ...

Новите членки на Европската Унија би можеле привремено да имаат ограничено право на вето во одредени клучни области, врз основа на нови „заштитни“ клаузули што би биле вклучени во пристапните договори на секоја земја поединечно, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос. – Ова ќе биде нова генерација пристапни договори, во смисла дека ќе имаме нови заштитни механизми – рече Кос, пренесе „Еурактив“. Таа наведе дека целта на новите ...

Британскиот јавен сервис Би-би-си следната недела се очекува да објави укинување на неколку стотици работни места во информативниот сектор, како прв чекор од поширокиот план за намалување на трошоците. На секторите во медиумската корпорација им е наложено да ги намалат трошоците за околу 10 проценти, со цел да се заштедат стотици милиони фунти, објави „Фајненшл тајмс“. Според извештајот, во рамки на поширокото преструктурирање се очекува да ...

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.6.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот, информираат оттаму. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека трговските бродови почнале да се движат низ Ормускиот Теснец, а платформата „Морски сообраќај“ наведе дека бродовите уште се во мореузот. Трамп тврди дека бродовите се движат по „јужниот пат“, кој, според него, е целосно безбеден и заштитен. Неговата објава е пред најавеното потпишување меморандум за разбирање помеѓу Техеран и ...

На пленарна седница попладнево помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање. Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики. Пратеникот Беким Ќоку од „Вреди“ рече дека е ова значаен закон. Заснован на пописот, еднакво третирање на сите граѓани, согласно на нивните ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при што беше извршено опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ...

Европската Унија е подготвена веќе од јули да ги отвори преговорите со Украина и Молдавија за сите области од пристапниот процес, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. По повод официјалното отворање на суштинските пристапни преговори со Киев и Кишињев, Кос оцени дека станува збор за историски момент и прв голем исчекор откако двете земји ...

Собранието попладнево едногласно го усвои Кодексот за етичко однесување на пратениците, додека расправата за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност предизвика остра политичка дебата, пренесе МИА. Во рамки на 104. седница, Кодексот беше донесен со 82 гласа „за“, без ниту еден глас против или воздржан. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека со Кодексот се утврдуваат основните принципи и стандарди на етичко ...

Израел нема намера да се повлече од териториите што ги контролира во Либан, а во случај на ирански напад поврзан со случувањата во соседната земја, ќе следи силен воен одговор, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Неговата изјава е првиот официјален став на израелските власти по објавувањето на договорот меѓу САД и Иран, кој, според Пакистан како посредник во преговорите, треба да биде потпишан в петок во Женева, пренесе ...

Министерството за јавна администрација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, денеска потпишаа Меморандум за соработка и ја промовираа новата онлајн алатка за е-учење за човекови права, наменета за административните службеници. Целта на иницијативата е дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на јавната администрација во областа на човековите права и нивната примена во секојдневното ...

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, порача дека договорот постигнат меѓу САД и Иран не го обврзува Израел и дека земјата нема намера да се откаже од своите воени цели во Либан, пренесе „Ројтерс“. – Договорот на Трамп не нѐ обврзува. Израел не им е потчинет на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме страна во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една ...

Српската полиција приведе државјанин на Македонија во Врање под сомнение дека извршил повеќе измами, претставувајќи се лажно како лекар и земајќи пари од граѓани. Според соопштението на полицијата, уапсен е С.К. (56), кој се сомничи за продолжено кривично дело измама. Истрагата покажала дека во периодот од 4 до 13 јуни годинава тој телефонски контактирал тројца жители од областа на Врање, претставувајќи се како лекар од Македонија. На ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се покажале како неточни тврдењата на опозицијата за наводен прилив на мигранти во земјава и најави дека Владата продолжува со подготовките за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, како дел од проектите финансирани преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Дом за стари лица во општина Илинден, Мицкоски ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека една од клучните разлики меѓу Македонија и земјите како Украина и Молдавија е тоа што, според него, во тие држави постои поширок политички консензус за стратешките прашања и надворешнополитичките предизвици. Одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на фабриката „Бреинчајлд“, Мицкоски рече дека македонската опозиција, за разлика од опозициите во овие земји, не ја поддржува ...

Економско-политичка опсервација на македонско-турскиот бизнис-форум во Турција Кус историски осврт кон трите децении македонско-турски билатерални односи Три децении македонско-турски односи, од дипломатска поддршка во раните години на независноста до високодинамични повеќеслојни заеднички развојни проекти Кога на 26 август 1992 година Турција стана една од првите држави што ја признаа независноста на Македонија, малкумина можеа да ...

Тутунарите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги добијат субвенциите во вкупен износ од две милијарди денари, иако законскиот рок за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола, каде што во индустриската зона Жабени се отвора нова фабрика. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека Владата во 2024 година затекнала и исплаќала заостанати субвенции уште од 2021 година, додека ...

Економско-политичка опсервација на македонско-турскиот бизнис-форум во Турција Кон операционализација на стратегиската политичка рамка Бизнис-форумот во Истанбул покажа дека следната фаза на македонско-турските односи ќе се мери преку инвестиции, инфраструктурни проекти, трговска размена и директни партнерства меѓу компаниите Ако првиот столб на македонско-турските односи е стратешката политичка рамка, тогаш вториот столб е нејзината ...

Пожарот што избувна меѓу штипските села Долани и Љуботен е ставен под контрола, но екипите и натаму остануваат на терен поради поединечни жаришта и чадење на опожарената површина. Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип, Благој Ренџов, информира дека утринава пожарникарите интервенирале на неколку локации каде што сè уште има активен оган. – Во 10 часот повторно ќе испратиме екипи кои ќе дежураат до 15 часот. ...

Во селото Кардија во северна Грција неодамна беше одржана свечена комеморација во чест на капетанот Тело Аграс и Антонис Мигас – личности што грчката десница ги претставува како херои на т.н. грчка „македонска борба“. Настанот беше организиран со цел да се оживее и да им се пренесе на новите генерации митолошката приказна за оваа борба, која во грчкиот националистички дискурс се толкува како чин на ослободување и патриотска саможртва. ...

Економско-политичка опсервација на македонско-турскиот бизнис-форум во Турција Рефлексии од македонско-турскиот бизнис-форум во Истанбул Во период кога геополитичките турбуленции сè посилно влијаат врз економските текови, а државите се натпреваруваат за инвестиции, пазари и нови развојни можности, Македонија и Турција демонстрираа пример за партнерство што не се темели само на историски врски и традиционално пријателство туку и на јасно ...

Потсетување на истражувањата на чешката македонистка Зденка Рибарова на традициите на писменоста и македонските ракописи стари 12 века по повод 81 година од нејзиното раѓање Рибарова проучувала и анализирала десетици македонски ракописи од 12 и 13 век. Нејзината студија „Јазикот на македонските црковнословенски текстови“, објавена во 2005 година од Македонската академија на науките и уметностите, дава задлабочен научен преглед, дефиниција и ...

Украина и Молдавија денеска официјално ги започнуваат пристапните преговори со Европската Унија, отворајќи нова фаза во нивниот европски пат, додека Црна Гора продолжува да напредува во преговарачкиот процес со затворање на уште две поглавја. На меѓувладините конференции во Луксембург, Киев и Кишињев ќе го отворат првиот преговарачки кластер „Основи“, кој ги опфаќа клучните реформи во областа на владеењето на правото, независноста на ...

Амбасадата на Италија во Северна Македонија, во соработка со Музејот на македонската борба за самостојност, денеска во 17 часот во „Порта Македонија“ во Скопје организира предавање и изложба посветени на историските и културните врски во периодот меѓу двете светски војни. Во рамките на програмата, историчарот проф. Фабио Котифава ќе одржи предавање на темата „Италијанската експедиција на Македонскиот фронт во Големата војна: човечката ...

Во францускиот град Евијан-Ле-Бен, на брегот на Женевското Езеро, денеска започнува тридневниот Самит на Г-7, на кој светските лидери ќе разговараат за најгорливите глобални прашања – конфликтот со Иран, војната во Украина, економските предизвици и развојот на вештачката интелигенција. На самитот учествуваат лидерите на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Една од главните теми ќе биде продолжувањето на ...

На годинашниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2026 година, организиран од „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), се пријавија 35 автори, со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија. Комисијата едногласно ја утврди листата со потесниот избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата: „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: „ПНВ Публикации“, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
34%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
52%
1013
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.12
56%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
42%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
61%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.37
73%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
45%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
30%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
52%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
2.46
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66