Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 ...

Единаесет лица се приведени, а против 33 е поведена истрага за економско-финансиски криминал и злосторничко здружување – соопшти денеска Јавното обвинителство. Во координираната акција спроведена ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција ...

Повод: Сто и четири години од раѓањето на јазичниот гениј од Небрегово – еден од столбовите на македонскиот образовен суверенитет Блаже Конески, поет, универзитетски професор, филолог, е една од најистакнатите личности на македонската книжевност, национална култура и македонистиката во периодот по ослободувањето на Македонија. Тој е еден од кодификаторите на современиот литературен македонски јазик. Денеска се навршуваат 104 години од ...

Аерозагаденоста во Скопје да се најде на врвот на листата приоритети за решавање Средно Водно. Поглед кон Скопје. Но панорамската глетка е попречена од сѐ поприсутниот смог што го прекрива главниот град. Скопје деновиве е покриено со густа бело-сива магла. Планинари околу нас, на минување, се жалат дека сè потешко се дише, не само навечер туку и во текот на целиот ден, па спасот го бараат на планината. Ситуацијата е слична и во другите ...

Физичката пресметка во бугарското собрание како повод Размена на навреди и закани што завчера резултира со тепачка помеѓу лидерот на партијата Морал, единство, чест (МЕЧ), Радостин Василев, и пратеникот Ѓунај Далооглу од пратеничката група на партијата ДПС – Нов почеток, во пленарната сала на бугарското собрание, повторно ги доведува во прашање стандардите на бугарската демократија. Згора, Василев потоа, во изјава за медиумите, беше ...

Само гледајте како парите ќе почнат да се собираат! Сите знаат или барем чуле за фенг шуи, но додека многумина размислуваат за распоредот на просториите и мебелот што не е баш лесно да се менува, повеќето не се сигурни како влијаат декоративните парчиња мебел. Нивното поставување или промена може да доведе до драматични подобрувања, како и да ја оптимизира енергијата што тече низ просторот. Да потсетиме, фенг шуи има пет елементи: вода, ...

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчеразапочнатиот Самит рано изутринава постигнаа договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година преку кредит за кој средства ќе бидат обезбедени врз основа на задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поддржано од нејзиниот долгорочен буџет. – Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Се ...

Марина Убавкова со изложбата Во Меѓународниот град на уметноста во Париз до 26 декември ќе биде отворена изложбата на цртежи под наслов „Чекори во времето: Ритамот во нас“ на македонската уметница и архитектка Марина Убавкова, на чие отворање присуствуваше и македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николовски. Според зборовите на уметницата, нејзината изложба претставува визуелна одисеја во која танцот станува метафора за човечкото патување – ...

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ денеска, во 20 часот, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска. „Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект што се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на постинтернет-естетиката ...

Исхраната со намирници што содржат повеќе влакна, како што се леб од цело зрно, интегрални тестенини, мусли, јаткасто овошје и мешунки, ќе го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања и прерана смрт, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација. Авторите на извештајот за СЗО истакнуваат дека тоа се добри вести, но не се во согласност со модерните диети во кои се инсистира на помало внесување јаглехидрати. Истражувањето ...

Промоцијата на монографијата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ на Наташа Диденко, која ја осветлува историската и културната димензија на премиерата на операта „Палјачи“ во Штип во 1925 година, е закажана за денеска, во 12 часот, во Свечената сала на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Модератор е Мишо Китаноски, промотори се проф. д-р Билјана ...

Со свечен концерт на извонредни млади пијанисти и церемонијално доделување на наградите на најдобрите, синоќа во Македонската филхармонија официјално беше затворено второто издание на Меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“ (PIANO KEY). На сцената на Камерната сала им беа доделени наградите на најдобрите, од вкупно 145 пијанисти од 11 држави, колку што годинава учествуваа на овој натпревар, поделени во четири дисциплини и 10 возрасни ...

Дали домашните миленици се само за богати сопственици? Најновото истражување покажа дека секој седми сопственик на куче или маче западнал во „сиромаштија“ поради зголемувањето на трошоците за живот. Но намалувањето на финансиските средства во домот не би требало да го осиромаши сопственикот, бидејќи експертите нудат голем број совети што можат да им помогнат на сопствениците на животни со намален буџет. Сопствениците се задолжуваат за да ги ...

Откако „Мајкрософт“ ја укина поддршката за својот оперативен систем многу се пишува онлајн за тоа што ќе се случи и се јавуваат многу заблуди и дезинформации. Во потрагата по одговори на многуте прашања за тоа што ќе се случува сега кога „Мајкрософт“ ја запре поддршката, веројатно сте наишле на куп неточни тврдења и измислици. Издвојуваме преглед на петте најголеми мита за крајот на Виндоус 10 на кои треба да обрнете внимание. 1. Виндоус 10 ...

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во текот на денешниот Самит во Брисел ги разгледаа сите точки на дневниот ред и им остана уште расправата за клучната дебата за финансирањето на Украина, брифираат вечерва извори запознати со текот на состанокот. Според истите извори, на лидерите вечерва ќе им биде доставен нов предлог за усвојување на планот за заем за репарации, кој предвидува користење на замрзнатите руски средства за ...

Вредности, визија и континуитет – лекции од еден врвен тренер Триглав Осигурување на 15-ти декември, 2025г. во кафе „Литература“ организираше настан со панел-дискусија и промоција на книгата „Моја игра, мој пут – Живот тренера није бајка“ од Светислав Пешиќ, еден од најуспешните и најценетите кошаркарски тренери на денешницата. Настанот предизвика голем интерес кај деловната и медиумската заедница, нудејќи ретка можност за директна средба и ...

Заклучоците на Европскиот совет погледнати низ една објективна диоптрија, без предрасуди Ништо ново и ништо поразлично не слушнаа македонските граѓани од последниот самит на Европскиот совет, каде што уште еднаш беше повторено дека без уставни измени Македонија не може да се вброи меѓу земјите што постигнале напредок во евроинтегративниот процес. Она што беше наведено во заклучоците е дека Европскиот совет ја потврдува геостратешката важност ...

Опозицијата верува во нејзината приказна – стопати повторена лага станува вистина, но не станува, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за опозициските тврдења дека власта прифатила прифаќање на мигранти во државава. Опозицијата, рече вечерва Тошковски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, се повикува на британските медиуми, може да се повикува на кого сака, но сите релевантни чинители во државава (премиерот, министерот за ...

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи, при што утврдени се минимални недоследности. По спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција. Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно она ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека САД предложиле компромисно решение според кое нуклеарната централа Запорожје (ЗНЦ) би била поделена меѓу три страни – Украина, САД и Русија. Тој нагласи дека ваквиот план го смета за неправеден, пренесува Укринформ. Украинскиот претседател оваа изјава ја даде како одговор на новинарски прашања, појаснувајќи ја содржината на разговорите со американските партнери. – Соединетите ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска при посетата на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември. – Една од точките ...

Работата е најдобра ресоцијализација. На тој начин што ќе оспособиме осудени лица или осуденички и ќе им дадеме занает, ние ќе им дадеме начин како кога ќе излезат од затворите да приходуваат за сопствениот живот, а да не се враќаат на криминалот, вели директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов и нагласува дека веќе година и половина, како е на функцијата, работат да се смени начинот бидејќи „за жал сега доаѓаат да ја ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ информира дека од 17:30 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин. Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен ...

Да не заборавиме дека секој мора да има и друга шанса во животот дури и кога ќе згреши. Работата го буди најдоброто, тоа е вистинскиот модел на ресоцијализација. Цврсто верувам дека во секој од нас има по неколкумина, и дека ова може да биде само една епизода во животот, и дека ни треба друг закон за помилување, закон што нема да ги третира како затвореници, туку како луѓе што сега влегле во еден друг процес од животот, ресоцијализација, ...

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. Ова се дел од наодите од последниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, што го презентираше денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија. ЕСПАД е најстарата истражувачка иницијатива во Европа посветена на следење на трендовите на употреба на супстанции кај ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е посилен од кога било и оти претставува суперсила. – Мирот се договара со тие кои се силни- посочи Нетанјаху, при тоа ги наведе најновиот договор за природен гас со Египет, а ја пофали и израелската економија. Неговата изјава уследи откако беше објавено дека Нетанјаху на крајот на месецот ќе отпатува во САД, каде ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп. Тие ќе разговараат ...

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска донесе одлука да ја задржи основната каматна стапка на непроменето ниво на два проценти, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на Еврозоната по една година нестабилност. Денешната одлука следи откако, Банката пред три месеци ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Еврозоната за оваа година од 1,2 на 1,4 проценти, со забелешка дека не се ...

Попладнево во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложба на икони. Пред домаќините на празникот, компаниите Матадор и Бимфоод, пред советниците, љубителите на уметноста, со икони се претставија еминентните македонски уметници Славица Михаилова, Дејан Макаријоски, Николче Српчански, Васко Ѓоргиев и Ателјето за теракотни икони Серафим. Отворањето на изложбата беше збогатено со настапот на црковниот хор св.Петка. Со ...

Основното јавно обвинителство – Битола поведе истражна постапка против лице на возраст од 36 години, поради кражба во куќа на улица „Елпида Караманди“ во Битола. Како што информираат од Обвинителство, на 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол на спрат од куќа и одзел 2.500 денари, при што бил затекнат од сопственикот на куќата, на кој, додаваат, осомничениот му се заканил дека ќе го прободе со скалпел. – На 15 декември, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
86%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
55%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51

Бакар

12.12

Калај

48.78

Кобалт

64.04