Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Атлантски Океан, а беше почувствуван во источниот дел на Карипско Море. Земјотресот бил на околу 160 километри источно од францускиот остров Гваделупе на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и на островите Антигва и Свети Винсент и Гренадини, дел од Заветрени Острови. Во истиот регион регистриран е и втор земјотрес со интензитет од шест ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи антивоените напори на Унгарија. Како што соопшти Ватикан, папата и Орбан на речиси едночасовната средба „ја истакнале силата на билатералните односи и изразија благодарност до Католичката црква, која е посветена на придонесот за социјалниот развој и благосостојбата на унгарската заедница, со посебен осврт на улогата на ...
Неколку месеци откако беше претставена првата министерка создадена со вештачка интелигенција во Албанија, премиерот Еди Рама објави дека е „бремена“. Тој во своето обраќање на Глобалниот дијалог (БГД) во Берлин, наведе дека министерката Диела треба да „роди“ 83 „деца“ со вештачка интелигенција, по едно за секој пратеник од Социјалистичката партија во Парламентот, кои ќе служат како дигитални помошници во простотиите на власта. – Презедовме ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија е уверена дека западните санкции не се привремени или целни мерки, туку механизам за системски притисок врз Москва. Таа нагласи дека западните земји, нивните сојузи и нивните поврзани сателити водат агресивна кампања против Русија. – Целта е отворено декларирана: финансиска и технолошка изолација, поткопување на перспективите за долгорочен ...
Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога. – Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна Македонија – објавија ...
Во Индија се отвораат кафулиња за отпад Кафулиња за ѓубре никнуваат низ Индија. Во нив храната не се плаќа со пари, туку со пакетчиња пластика како стари ќесиња, пакувања за храна, шишиња за вода. Луѓето тука можат да заменат килограм пластичен отпад за целосен оброк, кој вклучува ориз, две зеленчукови карија, роти (вид леб), салата и кисели краставички. Амбикапур, град во сојузната држава Чатисгарх во централна Индија, се обидел да ја искористи ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела во Вашингтон ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговара за енергетски прашања, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. САД минатата недела воведоа санкции за најголемите руски производители на нафта Росњефт и Лукоил, што потенцијално би можело да влијае на Унгарија која во голема мера зависи од руската нафта и гас. Американскиот ...
Против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екре Имамоглу поведено е уште едно обвинение – за политичка шпионажа и одредена му е мерка притвор. – Ништо не е вистина и сè е можно. Токму во такво место ја претворија мојата прекрасна земја. Дури и обвинението за палење на Рим е повистинито од оваа глупост – објави на Фејсбук Имамоглу, кој е во затвор од март 2025 година чекајќи судење по неколку одделни обвиненија за корупција, а во јули беше ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се става крај на де факто веќе застарениот договор меѓу Русија и САД за преработка на плутониум, чија цел беше спречување на двете страни да произведуваат уште повеќе нуклеарно оружје. Договорот за управување и преработка на плутониум, потпишан во 2000 година и дополнет во 2010 година, ги обврзуваше Русија и САД да ги преработуваат своите големи залихи на плутониум создаден за време ...
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“, соопшти Министерството за здравство. Во рамки на отворениот ден утре во периодот од 10 до 12 часот во просториите на Клиниката за неврологија ...
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, информираше попладнево МВР. – Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски очекува западните сојузници следните денови да презентираат концизен мировен предлог за ставање крај на војната со Русија. Тој, во интервју за американскиот сајт „Аксиос“ (Axios), истакна дека Коалицијата на подготвените ќе работи на изработка на „некои брзи точки“ „следната недела или наредните 10 дена“. Но, Зеленски изрази скептицизам дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен да се ...
Секој 26 октомври Австрија го слави својот најголем национален празник. Денот го одбележува потпишувањето на Декларацијата за постојана неутралност во 1955 година. Оваа година Австрија славеше 70 години од неутралноста со воена парада, свечена заклетва на регрутите и обраќања на Александер Ван дер Белен, претседателот и Кристијан Стокер, канцеларот на Австрија. Свеченоста се одржуваше на повеќе локации низ Виена, главната воена парада на регрути ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. – По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување на ...
Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 27.10.2025 година, регистрирани се вкупно 2.197 пожари на отворен простор, при што лишени од слобода се вкупно 66 лица, а по преземени мерки поднесени се 45 кривични пријави. – Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја повика Кина што поскоро да ги обнови синџирите за снабдување со критични суровини, пишува во соопштение објавено од Европскиот совет. За време на состанокот на маргините на самитот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), Кошта му рекол на кинескиот премиер Ли Чијанг дека е загрижен поради тоа што Кина вовела ограничувања на извозот на критични суровини. Тој рече дека Европската унија придава ...
Кумановската полиција лиши од слобода двајца фудбалери на клубот „Беса“ од липковско Слупчане, бидејќи физички нападнале играчи од гостинскиот клуб „Аеродром“ од Скопје, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане ...
По локалните избори ќе се распише јавен повик за финансиски институции за клиничките центри и болниците поврзано со договорот со Обединетото Кралство, а потоа ќе се размислува за нов Клинички центар во Скопје. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Градската болница „8 Септември“. -Да. Чекор по чекор. Да завршат локалниве избори, па да се распише јавен повик за финансиски институции за клиничките центри и ...
САД очекуваат Унгарија да престане да користи руската нафта и гас, изјави Метју Витакер, американски амбасадор во НАТО, додека во исто време Вашингтон ги повика Будимпешта, Словачка и Турција, да развијат и спроведат план за намалување на нивната енергетска зависност од Русија Како што пишува „Украинска Правда“, Витакер нагласи дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Унгарија да ја елиминира својата зависност од руските енергенси, но истакна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат. – Би смеел да го направам тоа. Не би го направил. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето не би им ...
Иднината на општеството и државата е тесно поврзана со квалитетот на високото образование и затоа е неопходно да спроведуваме акции, не само да дискутираме, туку сите заедно да учествуваме во подобрување на квалитетот на високото образование, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование што денеска го организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Целта на настанот ...
Жените-земјоделки во земјава сѐ уште ги немаат добиено своите права, велат од прилепската невладина организација „Лаг Агро Лидер“ кои истакуваат дека на жените-земјоделки не им треба програма, туку пристап до права. Сѐ уште не се решени отсуството од работа и платеното породилно отсуство. Во земјава се преку 38.000 регистрирани жени-земјоделки преку земјоделски стопанства. Имаше социјална програма, но потребен е пристап до права, има системска ...
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. – Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...
Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна нов најнизок рекорд од 16 проценти, објави BFMTV, повикувајќи се на новата анкета на институтот ИФОП, нарачана од весникот „Журнал де Диманш“. Со ваквите резултати Макрон се приближува до рејтингот на непопуларност на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој во еден момент беше 13 проценти. Анкетата покажува дека премиерот Себастијан Лакорни ужива доверба од 38 проценти од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешното тестирање на нуклеарна ракета ја оцени како „несоодветна“. -Несоодветно е Путин да го каже тоа. Тој треба да ја заврши војната во Украина – изјави американскиот претседател за време на неговата азиска турнеја. -Оваа војна, која требаше да трае една недела, е на прагот да влезе во својата четврта година – рече Трамп, додавајќи дека Путин треба да ...
Осврт на долгорочните ефекти од Првата светска војна врз земјава преку изложбата „Македонија, Македонци и Македонски фронт“: Македонскиот фронт во Првата светска војна беше долга и статична линија на судири на територијата на Македонија, каде што се судрија Централните сили и Антантата. Мобилизациите, реквизициите, принудните преселби и економскиот исцедок предизвикаа широка материјална сиромаштија и демографски потреси. Воениот режим и ...
Крсте Петков Мисирков е човекот кој во македонската националната меморија останува запаметен како филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на националните и политичките проблеми, публицист, собирач и истражувач на македонското народно творештво. Мисирков исто така е и основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, ...
Русија ја признава независноста на Украина, но се спротивставува на обидите на Киев да уништи сè што е руско, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за унгарскиот Јутуб-канал „Ултраханг“. – Ние ја признавме Украина врз основа на нејзината сопствена Декларација за независност и Устав. Во 1990 година беше усвоена Декларација за независност, која зборуваше за ненуклеарна, неутрална, вонблоковска држава, која ги ...
ПРАЗНИК ПОСВЕТЕН НА ДЕНОТ НА ПОМЕНОТ (УПОКОЈУВАЊЕТО) НА СВЕТА ПРЕПОДОБНА ПЕТКА – ПАРАСКЕВА ТРНОВСКА Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ–ОА) и нејзините верници, како и други православни христијански верници, на 27 октомври по новиот календар, го слават празникот посветен на денот на поменот (упокојувањето) на Света Преподобна Петка – Параскева Трновска. Таа била една од божјите избрани жени што го посветила својот живот ...
Холандски бит и филмски ритам на „Скопје синема сити 2025“ На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, кој оваа година во фокус ја поставува Холандија. Свеченото отворање ќе биде со култниот филм „Контрола“ на Антон Корбајн – легендарен холандски режисер и фотограф, познат по своите впечатливи портрети на светски музички ѕвезди и по своите влијателни ...