Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Повод: Иницијатива за референдум за излез на Шпанија од Северноатлантската алијанса Повикот на шпанската левичарска партија Подемос за одржување референдум за излез на Шпанија од НАТО не е изолиран политички став, туку дел од подолгата традиција на анти-НАТО позиции во шпанската левица. Изјавата на нивниот портпарол Пабло Фернандез доаѓа во момент на зголемени геополитички тензии и поларизирана европска дебата околу улогата на Алијансата, и ...
Колку САД финансиски ги чини интервенцијата против Иран? Американската воена операција против Иран се покажува како исклучително скапа интервенција уште во својата почетна фаза. Според достапните процени на експерти, објавени во некои светски медиуми, а и од специјализирани институции (военоистражувачки центри), само во првите сто часа од операциите во Иран, американските сили потрошиле најмалку 5,82 милијарди долари. Таа сума претставува ...
САД и Израел во првата заеднички командувана војна (2) Децениското стратегиско партнерство меѓу САД и Израел, како и нивната меѓусебна воена поддршка, во конфликтот со Иран доби нова димензија. Овој конфликт се смета за првата директно координирана војна во која американските и израелските сили функционираат како единствен оперативен систем и е резултат на повеќемесечно планирање, заеднички командни центри и поделба на задачите на самото ...
Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што, како што соопшти полицијата, синоќа сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија. – Тројца од повредените се во критична состојба – соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош исто така е повреден за време на спасувачките операции. Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн. – Можно е намерно дејствување ...
Кога ќе се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска воена интервенција против Иран, цените на нафтата и гасот ќе почнат да опаѓаат, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. – Американскиот народ може да биде сигурен дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата и гасот е привремено и дека оваа операција ќе резултира со пониски цени на горивата на долг рок – рече Ливит на прес-конференција. Таа додаде ...
Информативната сесија „Фер ангажман“ посветена на примената на Законот за работно ангажирање лица, дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Македонија“, денеска се одржа во Прилеп, со цел работодавачите практично да се информираат за придобивките и правата уредени со закон, а се опфатени дејностите земјоделие, туризам, угостителство, услуги во домаќинството. -Со законот се обезбедуваат фер правила за сезонска ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул вечерва, со почеток во 20 часот, ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа. Настанот се организира по повод 10 Март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и од Турција. Панелот ќе биде посветен на историските, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека конфликтот во Иран не би смеел да ги попречи преговорите за ставање крај на војната во Украина, соопшти денеска Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Турција, пренесе МИА. Како што пренесе Анадолија, двајцата лидери за време на разговорот размениле мислења за односите меѓу Турција и Украина, како и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран поставил мини во Ормускиот Теснец, објави МИА. – Доколку Иран поставил мини во Ормускиот теснец, а немаме извештаи дека го сториле тоа, сакаме тие да се отстранат веднаш! Доколку поради која било причина се поставени мини, а тие не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат на досега невидено ниво. Од ...
Дали сте подготвени да ги откриете слоевите на историјата, митот и необјаснетото? Овој март, Скопје станува епицентар за трагачите по скриени знаења. За прв пат во Македонија, познатиот хрватски подкастер, автор и истражувач на „граничните подрачја“ на науката, Ратко Мартиновиќ, доаѓа со две провокативни предавања кои ветуваат дека ќе го променат начинот на кој гледате на нашиот регион и светот. Вечер 1: „Светите билки и старите ритуали“ ...
Технолошкиот напредок значи малку без основните човечки вредности. Овие зборови на Чарли Чаплин нè потсетуваат каде човештвото постојано греши. Во светот во кој беснеат најмалку две војни, а технолошкиот напредок надвладува сè што навистина е важно за човекот, зборовите на Чарли Чаплин звучат изненадувачки современо. Неговата порака за човештвото, кажана пред повеќе од осум децении, сè уште нè потсетува дека емпатијата, љубезноста и ...
Болката во зглобовите често се менува со текот на времето. Науката ја потврдува врската помеѓу студот, влагата, притисокот и остеоартритисот – и објаснува како да се ублажат симптомите. Научна метаанализа покажа дека времето влијае на болката во зглобовите кај остеоартритисот. Студот, високата влажност и падот на воздушниот притисок може да ги зголемат болката и вкочанетоста. Движењето, топлината и намалувањето на влажноста во просторијата ...
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (9) Кога англискиот истражувач и теолог Ричард Покок стапнал на македонската почва во првата половина на 18 век, тој не бил само обичен набљудувач туку и трагач по изгубените нишки на цивилизацијата. Во време кога Европа повторно ја откривала својата класична лулка, неговите записи од 1737 година станале еден од најзначајните мостови меѓу античката слава и тогашната ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека инфлацијата во земјава е намалена под три проценти и дека Владата ќе продолжи со мерки за одржување на ценовната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата во февруари 2026 година изнесува 2,9 проценти, што, како што рече, е една од најниските стапки во регионот. – ...
Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале евакуација, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. За евакуацијата од Ријад се пријавени вкупно 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и девет од Саудиска Арабија. – Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е ...
Зошто војната на Блискиот Исток ја тресе Европа Европските енергетски пазари го пречекорија прагот од период на нестабилност, а потоа од вчера повторно зачекорија назад, кон несигурна стабилност. За потсетување, утрото на 9 март тргувањето на европските берзи започна со нагло зголемување на цената на природниот гас за повеќе од 20 проценти, достигнувајќи околу 64 евра за мегават-час. Тоа е највисокото ниво во последните три години, односно од ...
Итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство била изречена од судот, соопштија Министерството за внатрешни работи. – Вчера од страна на Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје е поднесено барање до скопскиот Основен граѓански суд за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б., 68-годишен скопјанец, поради извршено семејно насилство. На 9 март во 22:30 часот во градот, ...
Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за надворешни работи. – Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции. Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена. Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото ...
Унгарскиот парламент денеска усвои нацрт-резолуција со која се отфрла членството на Украина во Европската унија. Предложената резолуција ги отфрла напорите за трансформирање на Европската унија во воен сојуз, како и напорите што го загрозуваат суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, објавува унгарскиот портал ATV. Во усвоениот документ се наведува дека Унгарија се спротивставува на членството на Украина во ЕУ бидејќи оваа земја е во војна и ...
Адвокатот Тони Менкиноски најави дека ќе ја оспори одлуката на бугарските власти со која му е изречена забрана за влез во Бугарија до 2036 година. Тој посочува дека во постапката ќе биде правно застапуван од бугарскиот Хелсиншки комитет за човекови права. Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели дека одлуката на Бугарија ја доживува како форма на заплашување, но ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов во Македонија нема опасност од недостиг на нафта и нафтени деривати и дека државата има убедливо најниска цена на дизел горивото во регионот. Одговарајќи на новинарски прашања при увид во изградбата на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, во Општина Чучер Сандево, премиерот истакна дека Владата ја следи состојбата и засега не гледа потреба од прогласување кризна ...
Германија не гледа причина да ги олабави санкциите против Русија, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека солидарноста со Украина мора да има предност и покрај притисокот од глобалните енергетски пазари. – Доколку американско-израелската војна во Иран заврши брзо, ќе видиме и релативно брзо враќање кон нормализација на пазарите на нафта и енергија. Затоа, нема причина да се размислува за ублажување на санкциите ...
Со повеќе настани во Битола денес беше одбележана 83-годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, со поддршка на Општина Битола. Комеморативната програма започна со средба во салата на Советот на Општина Битола, на која присуствуваа претставници на државните институции, дипломатскиот кор и бројни гости. Меѓу присутните беа ...
Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот за правда Ален Деребан, претставници на Јавното обвинителство, ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции и да обезбеди дополнителни ресурси благодарение на флуктуирачките цени на нафтата и гасот. – Детално ги анализираме достапните податоци за намерите на руското раководство да ја искористи ситуацијата околу Иран и евентуалното продолжување на американската воена операција. Всушност, ...
Рускиот претседател Владимир Путин предложил повеќе опции за посредување во конфликтот со Иран, а дел од тие предлози и натаму се на маса, соопшти Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека уште пред ескалацијата на воените дејства рускиот претседател предложил иницијативи за посредување со цел намалување на тензиите, пренесе „Ал Арабија“. – Од самиот почеток на оваа ситуација, дури и пред да започне воената фаза, претседателот ...
Вкупно 14 случаи на семејно насилство се евидентирани изминативе денови низ државата, при што четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во гостиварско село, полициски службеници од ОВР – Гостивар денеска го лишиле од слобода 21-годишниот А.Р., постапувајќи по пријава од неговата 23-годишна невенчана сопруга. Според пријавата, тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил ...
Педесет и двегодишен наставник од средно училиште на подрачјето на Општина Центар во Скопје е лишен од слобода по пријава дека вознемирувал ученичка и барал од неа да имаат полови односи. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека лицето било приведено вчера околу 17.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје. Според пријавата, наставникот во периодот од 25 февруари до 2 март вознемирувал ...
Иранските вооружени сили соопштија дека извршиле напади со беспилотни летала врз рафинерии и складишта за гориво во израелскиот град Хаифа, како одговор на, како што наведуваат, „нападите врз нафтените постројки во Иран“ – пренесоа иранските медиуми. Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека е регистрирано ново лансирање ракети од Иран, што е прв ваков сигнал од почетокот на денот. Според нив, нападот бил насочен кон централниот дел ...