Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Во Охрид денеска беше одржан увид во градежните работи на реконструкцијата и модернизацијата на Аеродромот „Свети Апостол Павле“, а генерален директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, истакна дека проектот се одвива со забележителна динамика. – Денес сме собрани тука од две важни причини. Првата е што рано утрово го пречекавме првиот лет на Виз ер од Вроцлав до Охрид. Летот донесе приближно 200 полски туристи, кои ги пречекавме со ...
Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик, велат од Министерство за правда. – На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските ...
Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), започна национална иницијатива за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите, со цел подобрување на здравствените услуги и постигнување подобри здравствени исходи за граѓаните. Како што соопшти Министерството, иницијативата се реализира со поддршка на Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците утврди потреба од донесување нов Закон за судска служба и нов Закон за јавнообвинителска служба, со што двата законски предлога добија поддршка во прво читање и продолжуваат во понатамошна собраниска процедура. Членовите на Комисијата истовремено одлучија пред пленарната седница да се организира јавна расправа за предложените законски решенија, кои се дел од реформската агенда ...
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика политичките партии на дијалог и соработка за надминување на политичкиот застој, откако неговото движење „Самоопределување“ победи на парламентарните избори, но не обезбеди доволно пратеници за самостојно формирање влада. Според официјалните резултати по пребројани 99,4 проценти од гласачките ливчиња, „Самоопределување“ освои 43 проценти од гласовите. На второ место се најде Демократската партија на ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., кој беше обвинет за кривичното дело загрозување на безбедноста на сообраќајот, оценувајќи дека дејствијата што му се ставаат на товар не ги содржат законските обележја на кривично дело, пренесе МИА. Од Судот информираат дека одлуката е донесена по детална анализа на обвинението, изведените докази и применливите законски одредби. Според образложението на пресудата, кривичната ...
Економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година, соопшти Министерството за финансии, пренесе МИА. Според извештајот на ММФ, објавен денеска, економскиот раст во 2025 година достигнал 3,5 проценти, поттикнат од силната инвестициска активност и растот на приватната потрошувачка. ...
Дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, не била опфатена во плановите за инспекциски надзор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше истакнато на денешното продолжение од судењето за трагичниот пожар, пренесе МИА. Во судницата беа презентирани квартални планови за инспекциски контроли, годишни програми и други службени документи на ДЗС од периодот кога директор бил Шабан Салиу (2012–2017 година). ...
Појавата на град ќе предизвикува огромни економски штети низ Европа, а климатските експерти предупредуваат дека може да стане уште поразорен поради глобалното затоплување. Новото истражување покажува дека до крајот на векот значително ќе се зголеми паѓањето град, што може да предизвика сериозни оштетувања на возилата, покривите, соларните централи и друга инфраструктура. Научниците предупредуваат дека климатските промени, поттикнати од ...
Казахстан започна проект за генерирање вештачки дожд за ублажување на последиците од сушите и недостигот од вода што ја погодуваат Централна Азија. Земјата планира да користи технологија за создавање облаци во јужниот регион на Туркестан, каде што во 2025 година осум месеци не е регистрирана ниту една капка дожд. Наречен „Проект за спроведување дожд“, тој е прв од ваков вид во Централна Азија, а казахстанските власти тврдат дека претставува ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Сараево оствари средба со шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување. На заедничката прес-конференција по средбата, Муцунски истакна дека двете земји одржуваат редовен и конструктивен политички дијалог на сите нивоа и дека меѓу нив нема ...
Владата работи на изработка на потрошувачко портфолио во соработка со „ЕВН Хоум“ и ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните, најави премиерот Христијан Мицкоски од Виница, пренесе МИА. Според него, оваа или следната недела ќе се одржи заеднички работен состанок на институциите, по што ќе започнат подготовките за оглас што треба да овозможи намалување на цената на струјата од пет до десет проценти во текот ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не може да ги објасни причините поради кои Бугарија го блокира Акцискиот план за малцинства, но оцени дека станува збор за политика која трае со децении и која, според него, не била навреме препознаена од претходните политички гарнитури во земјава, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за време на отворањето на новата фабрика на Макпрогрес во Виница, Мицкоски рече дека дел од поранешните ...
Глобалната економија се соочува со сериозно забавување поради продолжените прекини во Ормускиот Tеснец, кои веќе речиси 100 дена го нарушуваат снабдувањето со нафта, природен гас и ѓубрива поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Според економските анализи, вооружениот судир на Блискиот Исток создаде сериозни потреси на светските пазари, предизвикувајќи раст на цените на енергенсите, повисоки транспортни трошоци и дополнителен притисок врз ...
Кинескиот претседател Си Џипинг изјави дека односите меѓу Кина и Северна Кореја влегуваат во „ново историско поглавје“, во пресрет на неговата посета на Пјонгјанг и средбата со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Во порака објавена во севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“, Си нагласи дека Пекинг останува посветен на продлабочување на врските со Северна Кореја и на зајакнување на соработката во различни области. – Треба заеднички да се ...
Компанијата Макпрогрес денеска официјално ја пушти во употреба новата фабрика за производство на вафли од брендот Винчини, инвестиција вредна 8,5 милиони евра, реализирана со сопствени средства и кредитна поддршка од комерцијалните банки, пренесе МИА. На свеченото отворање присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информираше дека инвестицијата е финансирана преку сопствени средства, ...
Дипломатски самит во организација на официјален Париз, во спа-центарот на брегот на Женевско Eзеро, кој ќе се одржи од 15 до 17 јуни, ја става соседна Швајцарија под силен притисок. Зошто? Иако Швајцарија не учествува на политичкиот самит, таа неконсултирана директно е принудена да се вклучи во преземањето значителен дел од безбедносната операција на своја територија: засилени гранични контроли, распоредување на армијата (до 5.000 лица), ...
Најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ и МЕРИКС како повод Економски индикатори дека Европа повторно се врти кон Пекинг Кинеските директни инвестиции во Европа повторно растат – и тоа со темпо што јасно покажува дека, и покрај политичките тензии, економската поврзаност меѓу Европската Унија и Кина останува суштинска и незаменлива. Најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ (Rhodium Group) и МЕРИКС (MERICS) ...
Самитот во Тиват како повод Овој викенд во црногорскиот град Тиват се одржа мултилатералниот самит ЕУ – Западен Балкан, настан претставен како историски момент за европската иднина на регионот. Со присуство на највлијателните европски политичари – Урсула фон дер Лајен, Емануел Макрон, Фридрих Мерц, Џорџа Мелони и уште триесетина високи функционери – самитот беше претставен како чекор кон побрза интеграција на шесте балкански држави во ...
Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и ...
Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски истакна дека ...
Шест лица беа повредени во напад со нож на железничката станица „Пен“ во Њујорк во неделата вечерта, инцидент што предизвика дополнителна загриженост за безбедноста во градот само еден ден пред почетокот на финалните натпревари од НБА во „Медисон Сквер Гарден“, на кои се очекува присуство и на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе „Си-ен-ен“. Нападот се случил околу 19 часот по локално време на влезот од станицата на аголот меѓу ...
Седми јуни – Денот на македонскиот правопис На Денот на македонскиот правопис секоја година се потсетуваме дека зад правилата за пишување не стојат само букви, запирки и правописни решенија. Стои јазикот како еден од најважните белези на нашиот културен идентитет и историски континуитет. Денес правописната норма во Македонија се применува нерамномерно. Во образованието, науката и во дел од институциите, сè уште, постои свест за нејзината ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (21) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...
Меѓу сите елементи на еден јазик, правописот ужива парадоксален статус. Од една страна, тој е највидливиот и најшироко применуван дел од јазичната норма – со него се среќава секој ученик, новинар, преведувач и службеник. Од друга страна, во јавната свест често се сведува на ситничарска забелешка за запирки и големи букви, како да станува збор за орнамент, а не за основа. А што всушност е правописот? Под правопис се подразбира систем од ...
Македонскиот народен театар на 5 јуни оствари исклучително успешно гостување во театарот „Марин Држиќ“ во Дубровник, Хрватска, изведувајќи ја повеќекратно наградуваната претстава „12“, работена според култното дело „12 гневни луѓе “ од Реџиналд Роуз, во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Ансамблот на Македонскиот народен театар, заедно со директорот Никола Кимовски, беше пречекан со особена срдечност и искрено гостопримство од страна на ...
На Менхетн се прикажа филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, кој е прв македонски филм што имал место на филмскиот фестивал Трибека, Њујорк. Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро се одвиваше пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија по проекцијата разви емотивна и прекрасна ...
Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации Од тивка дипломатија во ЕКОСОК, преку лобирање, до зацврстување на позициите за националните интереси Изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година несомнено претставува крупна дипломатска победа. Во време кога глобалните геополитички сили се прераспоредуваат, добивањето место на ...
Бројот на жртви од силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Филипините се искачи на 15, додека најмалку 129 лица се повредени, соопштија властите. Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, по првичниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени се регистрирани уште 138 последователни потреси до 11 часот по локално време. Нивната јачина се движела од 1,3 до 6,7 степени според Рихтеровата скала, пренесе „Би-би-си“. ...