Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Четири лица загинале при пад на мал спортски авион во близина на Медулин, на хрватскиот полуостров Истра, потврдија хрватските служби, објави агенцијата Асошиејтед прес. Несреќата се случила денеска, 4 јуни, на подрачјето меѓу Медулин и Каштијун, во близина на спортскиот аеродром Медулин. Хрватската противпожарна заедница соопшти дека пријавата за пад на помал спортски авион била примена во 11:19 часот во Жупанискиот противпожарен оперативен ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел ќе ги продолжи воените операции во јужен Либан, а раселените либански жители се уште не можат да се вратат во своите домови. Неговата изјава доаѓа еден ден откако со посредство на САД беше договорен прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Кац наведе дека израелските сили ќе останат во таканаречената „безбедносна зона“ на југот на Либан, вклучително и подрачјето околу замокот Бофор, ...
Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за ...
Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска, со 11 гласа „за“ и двајца „против“, изгласа предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници. Пратениците од Европскиот фронт и Албанската лига сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер (потребно мнозинство од вкупниот ...
Генералното собрание на Обединетите нации ги избра Австрија, Киргистан, Португалија, Тринидад и Тобаго и Зимбабве за нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН. Нивниот двегодишен мандат ќе започне на 1 јануари 2027 година. Најголемо внимание привлече изборот во групата на западноевропските и други држави, каде Германија не успеа да обезбеди место и покрај интензивната дипломатска кампања. Португалија освои 134 гласа, Австрија ...
Иранскиот режим се согласи да нема нуклеарно оружје, изјави претседателот Доналд Трамп во подкастот „Под Форс Оне“ (Pod Force One) на Њујорк Пост – но тој додаде дека Техеран сè уште може да „го промени мислењето“, објави „Си-ен-би-си“. – Морав да кажам дека мораме да направиме нешто за Иран, бидејќи без разлика колку добро работиме (економски), не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија дека нема да имаат ...
Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради прво ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај скоро сите земји членки, освен кај една, изјави ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите ...
Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 проценти во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година – соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 проценти. Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година ...
Миршајмер: Продолжувањето на војната ја влошува положбата на Украина Американскиот професор по меѓународни односи Џон Миршајмер, еден од најпознатите претставници на реалистичката школа во современата геополитика, смета дека Украина има силен интерес што поскоро да се дојде до мировно решение со Русија. Според неговата анализа, продолжувањето на воениот конфликт не создава услови за украинска победа, туку постепено ја влошува стратегиската ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово поради сомнение дека организирале и реализирале незаконско посвојување на новородено бебе, при што родителите биле убедени да се откажат од детето во замена за финансиска помош и други бенефиции. Како што соопшти МВР, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во ...
На 6 јуни 2026 година, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе се одржи солистички концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе биде изведен во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, со почеток во 19:30 часот. Пред истанбулската публика Стојановска ќе се претстави со програма составена од дела на Морис Равел, Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Фредерик Шопен, ...
Можноста за работа каде било и во кое било време ако имате пристап до интернет има голем број предности, но и ризици што треба да се земат предвид. За дигиталните номади, работата од кафетерија, хотелско лоби, заеднички простор за работа или од аеродром е дел од секојдневниот живот. Сепак, работата во јавност не доаѓа без ризици за приватноста и безбедноста. Затоа нудиме еден брз потсетник за мерките на претпазливост што треба да се преземат. ...
Грбав кит патувал повеќе од 15.000 километри помеѓу Бразил и Австралија, што е најдолгото растојание некогаш забележано помеѓу две забележувања на иста единка од видот, објавија истражувачите во нова студија. За првпат е забележан во 2003 година во областа на Аброљос Банк, главното бразилско место за размножување грбави китови по должината на брегот на сојузната држава Баија. Повеќе од две децении подоцна, во септември 2025 година, повторно е ...
Што се чита меѓу редови во пораките што првиот човек на Европскиот совет ги упати од Скопје Без оглед што фокусот на македонската јавност во најголем дел беше насочен кон ултимативниот став изнесен од Кошта во врска со уставните измени, сепак повторно кога станува збор за Македонија на површина исплива европската непринципиелност. Токму на ваквата недоследност посочуваат нашите соговорници, поранешни и актуелни дипломати, професори и експерти ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испрати во Сенатот нов пакет номинации за американски амбасадори во Југоисточна Европа, кој го анализираме детално на четвртата и петтата страница. Во продолжение ви ги претставуваме номинираните американски амбасадори во Бугарија, БиХ, Црна Гора и во Србија. Политичар од Флорида со долгогодишно републиканско искуство Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше поранешниот ...
Човештвото е наклонето кон десно уште од самиот почеток. Поточно, луѓето ја користеле десната рака почесто од левата, а истото тоа важи и за повеќето примати. Но научниците дури сега дојдоа до откритие што би објаснило зошто е тоа така. Според истражување спроведено од научници од Универзитетот во Оксфорд, преваленцата на едната страна се случила за време на две големи еволутивни промени – издигнување на две нозе и развој на поголем мозок. ...
Видеоиграта што Крис Робертс ја ветува речиси десет години е далеку од конкретен датум за издавање, а трошоците за нејзиниот развој достигнаа фантастични нивоа. „Стар ситизен“ е една од најскапите и најдолго развивани игри во модерната индустрија, со јавно финансирање што надминува една милијарда долари и милиони поддржувачи. Проектот започна во 2012 година како кампања на Кикстартер со многу скромна цел, но со текот на годините се претвори ...
Самолекувањето како супермоќ Една од супермоќите што ги имаат некои животни е секако способноста за самолекување. На пример, кога на саламандер му расте нова опашка. Но што ако и луѓето би можеле да имаат таква супермоќ и да ги регенерираат своите изгубени екстремитети? Токму тоа го проучуваше тим на истражувачи од Универзитетот во Тексас. Тие беа во можност да предизвикаат регенеративен ткивен одговор кај глувци на кои им беше отстранет ...
Знаменитостите на Македонија Постојат институции што се создаваат со закон. А постојат и такви што прво започнуваат да живеат, па дури потоа државата формално ги препознава. Се чини дека приказната за Психијатриската болница во Демир Хисар ѝ припаѓа токму на втората група. Прашањето дали болницата е основана во 1952 или во 1956 година, гледано од денешен аспект, можеби и не е најкруцијалното прашање. Во годините по Втората светска војна, кога ...
Американската дипломатска офанзива на Балканот и предлозите на Белата куќа до Сенатот за нови амбасадори во повеќе земји во регионов Одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да испрати во Сенатот нов пакет номинации за американски амбасадори во Југоисточна Европа претставува нешто повеќе од обичен рутински дипломатски потег. Прво, тоа е еден синхронизиран потег и нов аргумент дека Балканот повторно се враќа на геополитичката мапа на ...
Пораки од Персија: Техеран и под воени закани не потпишува бланко-договори, бара гаранции Во меѓународните односи потпишувањето договор без цврсти и правно обврзувачки гаранции не е дипломатски компромис, туку свесен чекор кон национален хазард. Историјата постојано нè учи дека дури и во ситуации на екстремен геополитички притисок, кога надвиснатата закана бара итни решенија, секоја одговорна држава одбива еднострано да скокне во бездната на ...
Најмалку 21 лице загина, а повеќе од 40 се спасени по голем пожар што денеска избувна во повеќекатна зграда во која бил сместен хотел во индискиот главен град Њу Делхи, јави германската новинска агенција ДПА. Пожарот избувнал во објект лоциран во густо населената област Хауз Рани во јужниот дел на Њу Делхи. Според локалните власти, спасувачките екипи успеале да евакуираат повеќе од 40 лица, кои биле пренесени во околните болници, додека 21 ...
Бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите пет месеци од годинава е намален за 17 лица во споредба со истиот период лани, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ова го поврза со примената на системот „Безбеден град“. Гостувајќи во емисијата „Топ тема“, Тошковски истакна дека од јануари до мај 2026 година во сообраќајни несреќи загинале 39 лица, додека во истиот период во 2025 година бројот на жртви изнесувал 56. – Сите ...
Дваесет и двегодишен жител на Тетово е приведен откако под дејство на алкохол се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект во градот, информираа од СВР Тетово. Инцидентот се случил денеска околу 15.30 часот во угостителски објект на улицата „Илинденска“, каде што осомничениот Х.Д. (22) влегол и со закана со пиштол побарал пари од вработениот А.И. (38). Според пријавата, вработениот одбил да му ги даде парите и му наредил да го ...
Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев и уште три осмничени лица, на барање на Обвинителството. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, како што оттаму соопштија вчера вечерта, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, ...
Европа меѓу дипломатијата и војната: Кој навистина го кочи мирот во Украина? Додека војната во Украина влегува во нова фаза на исцрпување, а фронтовите сè потешко носат одлучувачки воени резултати, се наметнува прашањето дали најголемата пречка за мирот денес навистина се наоѓа на линијата Москва–Киев или, пак, во политичките центри на моќ во Брисел. Во духот на Енкориџ Последните масовни руски напади врз Киев повторно ја отворија дебатата ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел во рамки на Европски комитет на регионите. На состанокот присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите-членки на Европската Унија и државите кандидати за членство, а во фокусот на дискусиите се европската интеграција, размената на искуства и унапредувањето на соработката меѓу ...
Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, попладнево беше спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, каде треба да биде изведен пред судија на претходна постапка по барањето на Обвинителството за определување мерка притвор. Покрај Богоев, истрагата опфаќа уште три лица – поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на приватна компанија и вработен во истата фирма. Тие се осомничени за злоупотреба на постапка ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да ...