Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...

Американската амбасада денеска објави безбедносно предупредување во врска со инцидентот пред српскиот Парламент, советувајќи ги сите американски граѓани да го избегнуваат тој дел од градот. Како што Амбасадата објави на мрежата X имало пукање во кое непознат број луѓе биле повредени, по што избувнал пожар во Пионирски парк прд улицата од Парламентот во центарот на Белград. – Во овој момент, инцидентот се чини дека е локализиран и нема познати ...

Израел мора да дозволи доволно хуманитарна помош во Појасот Газа и да соработува со Агенција за помош на ОН, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата (МСП). Пресудата од највисокиот суд на ОН во Хаг, која не е обврзувачка, наведува дека Израел, како окупаторска сила, е должен да се грижи за населението во Газа, пренесува ДПА. Израел мора да соработува и со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток -УНРВА ...

Израел „категорично го отфрла“ советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека земјата мора да го олесни доставувањето помош за Газа во согласност со меѓународното право, изјави денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн. . Мислењето на највисокиот советодавен суд на ОН е „уште еден политички обид за наметнување политички мерки против Израел под маската на „меѓународното право“, ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер. – Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, остварив средба со британскиот премиер, г. Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се ...

Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост, а на седум фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки, потврди за МИА претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишковска. Од шесте лица, четворица се од болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни. Четворица од шесте осомничени – мажи притворот ќе го издржуваат во Затворот во Битола, а ...

Десетгодишно дете било каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца, објави телевизија „Сител“. На детето му била раскрвавена раката. Телевизијата објави и лекарски извештај за каснувањето. Според телевизијата, детето било каснато од глодарот среде игралиште. Инцидентот се случува во време кога Скопје се соочува со криза со подигањето на ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под ...

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, извршија претреси на повеќе локации низ Градот Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 12 осомничени лица за кои ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го оцени како „добар компромис“ предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп преговорите со Русија да почнат врз основа на актуелната линија на фронтот. – Американскиот претседател предложи двете страни да останат таму каде што се и да почнат преговори. Мислам дека тоа беше добар компромис, но не сум сигурен дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го поддржи и тоа му го кажав на ...

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, како што преку Икс информираа од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин ...

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”. – Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо. – Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ – објави на Фејсбук ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска Ола Солстром. Осврнувајќи се на, како што рече, одличните билатерални односи меѓу двете земји, Солстром истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно на продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ, на соработката во НАТО, како и на унапредување на економската соработка. Шведскиот ...

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во земјата, една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад – 457 европратеници гласаа за резолуцијата, 103 беа против. Во текстот се истакнува дека дури и една година по трагедијата во Нови Сад, истрагата не е завршена и се повикува на „целосно и транспарентно спроведување на законските процедури по ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти ...

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) има право да организира штрајк и за тоа има овластувања од гранковиот синдикат, а постапката за организирање на штрајкот најавен за 20. месецов што беше забранет со судско решение на барање на раководството на М-НАВ, е спроведена како што треба, за што има и соодветна документација, изјави денеска Александар Тасевски, претседател на М-НАВ. Тасевски ги оцени како паушални тврдењата што претходно ...

Декарбонизацијата, енергетската ефикасност и обновливата енергија се моќни алатки за изградба на поиновативна, поотпорна и конкурентна економија – рече евроамбасадорот во земјава Михалис Рохас, на промоцијата на првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата, што се одржа денеска во Стопанската комора. Рокас истакна дека Македонија покажа силна посветеност преку својот Национален план за енергија и клима како визија каде што растот ...

Двајца турски државјани на возраст од 30 и 26 години се осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава, информира ЈОРСМ. Осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци, за што, како што информираат Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка. ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска учествуваше на работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем. -Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите ...

Напредните кинески политики имаат глобално влијание Стратегии и цели што би можеле да придонесат за значителни глобални промени во наредните пет години, неделава се обликуваат тивко и без сензационализам, при одлучувањето на политичкото водство на Кина, зад затворени врати во Пекинг, за нацрт-планот што ќе биде водичка за втората светска економија до 2030 година. Во пресрет на четиридневниот состанок на кој учествуваат 200 членови со право на ...

Напаѓачот пред Народното собрание на Србија е Владан А., роден во 1955 година во Белград, изјави на прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ и нападот го оквалификува како „терористички“. – Драги граѓани на Србија, денеска пред Домот на Народното собрание на Република Србија, Владан Анѓелковиќ, роден 1955 година во Белград, со регистрирано живеалиште во општина Стари Град, изврши – ова е моја политичка проценка и како адвокат – ...

Министерството за економија денеска соопшти дека Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврдила дека Македонија упешно ја спровела реформската мерка 4.1.1 – „Справување со неформалната економија во поддршка на Стратегијата за формализација на неформалната економија“. Целта на мерката е унапредување на формалната економија преку интензивирање на инспекцискиот надзор и примена на пристап заснован на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија. -Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во ...

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 16 физички и седум правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка за прекршување на прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Како што соопштија од ЈОРСМ, тие се осомничени за кривични дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии, Сања Божиновска, не очекува проблем во снабдувањето со гас, откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и нагласи дека на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение. – Тоа ...

Во Скопје денеска се спроведува координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Акцијата опфаќа претреси на повеќе локации и е насочена кон лица осомничени за сериозни кривични дела, меѓу кои лихварство и перење пари. Од ОЈО ГОКК информираат дека постои основано сомневање за инкриминирани активности, а повеќе информации ќе ...

Водечките асистенти со вештачка интелигенција погрешно ги претставуваат вестите во речиси половина од своите одговори, според истражувањето објавено денеска од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Би-би-си. Меѓународното испитување ги опфатило вештачкоинтелигентните асистенти Чет-ГПТ (ChatGPT), Копилот (Copilot), Џемини (Gemini) и Перплексити (Perplexity) – софтверски чет-помошници коишто користат ВИ и на кој било јазик во светот ги извршуваат ...

Пожар избувнал претпладнево пред српскиот Парламент во Белград каде се поставени шатори. Пожарникарите го гаснат со три возила. На пожарот како што е објавено на социјалните мрежи му претходеле истрели во еден од шаторите. Веднаш реагирала полицијата по што е приведено едно лице. Од Итната помош објавија дека еден маж е ранет во еден од шаторите пред да избувне пожарот откако во него било пукано од огнено оружје и тој е префрлен во Ургентниот ...

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија. Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. По ...

Од ноќеска на полноќ за по еден денар од литар се намалуваат цените на дизел горивото и маслото за горење, и нивните максимални малопродажни цени ќе изнесуваат 67 денари за еден литар Еуродизел и 66,5 денари за литар Масло за горење. Цените на бензините не се менуваат и остануваат на 74 денари за литар Еуросупер 95 и 75 денари за литар Еуросупер 98. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,614 денари од колограм и тој ќе чини 36,047 ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.26
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
80%
1006
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.77
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
72%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Никел

473339.37

Калај

40.48

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44