На денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски ги претстави најновите економски резултати на Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека Македонија повторно бележи раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу првите пет земји во Европа според Еуростат. – Сум целосно свесен за сложеноста на работите од реалниот живот и тешките околности со кои се соочуваат граѓаните. Ги разбирам проблемите, скапиот живот и секојдневните ...

Американските власти открија софистициран подземен тунел долг околу 600 метри на границата меѓу американската држава Калифорнија и Мексико, кој бил користен за транспорт на кокаин во вредност поголема од 45 милиони долари. Според соопштението на американското Министерство за правда, тунелот бил ископан на длабочина од околу 17 метри и бил опремен со електрична енергија, систем за вентилација, железничка пруга за транспорт на товар, зајакнати ...

Антонио Кошта, претседателот на Европскиот совет, кој вчера беше во посета на државата, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјата и како што рече – ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, сè друго е само измислица и само една кампања од власта – изјави претседателот на СДСМ, Венко ...

Кога болката е неиздржлива, а зборовите немаат сила, постојат луѓе кои наоѓаат сила да ја донесат можеби најхуманата одлука. Токму тоа го стори едно семејство, кое во најтешките мигови од својот живот одлучи да подари живот на другите. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса, информираше Министерството за здравство, по успешната операција ...

Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесува МИА. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како ...

Министерството за финансии ја заокружи отплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, со што во целост е исполнета обврската кон инвеститорите, информираше министерката Гордана Димитриеска Кочоска, нагласувајќи дека процесот е реализиран навремено, со претходно планирани средства и со заштеди на камати. На денешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Димитриеска Кочоска појасни дека ...

Нашиот став е јасен и непроменет и нема цена која што може мене како претседател на Владата да ме натера да влезам во таква авантура, а во која што нема да има извесен крај, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со вчерашната посета на претседателот на Евтопскиот Совет, Антонио Кошта и ставот дека мора да се донесат уставни измени за да почнат преговорите за влез во ЕУ. Мицкоски беше дециден дека за овие 26 ...

– Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени – велат од ОЈО. ________________________________________________________________________ Мицкоски: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени екс градоначалник и поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден ...

Грчката полиција од рано утрово спроведува голема акција во регионите околу градовите Кожани и Агринио, насочена кон разбивање на мрежа осомничена за злоупотреба на европски земјоделски субвенции. Во акцијата досега се уапсени 13 лица, кои според истрагата незаконски се стекнале со повеќе од 2,5 милиони евра. Операцијата ја спроведува Одделот за борба против економски криминал при Дирекцијата за борба против организиран криминал, во рамки на ...

Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница заклучи дека предлог законот за игрите на среќа и забавните игри во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање. Според заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, со предложеното законско решение на сеопфатен, попрецизен и посистематизиран начин ќе се уредат условите за приредување на игрите на среќа и забавните игри, правата и обврските на приредувачите, како ...

Министерството за внатрешни работи од денеска до 7 јуни спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон возачи на возила со две тркала – мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, како дел од заедничка акција на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, во која учествуваат 34 европски земји. Како што соопшти МВР, контролите ќе бидат фокусирани на користење соодветна заштитна опрема, техничката исправност на возилата, ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на разгледување на законски измени со кои на централната банка би ѝ се овозможиле дополнителни механизми за заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, по примерот на повеќе европски земји, пренесе МИА. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Славески истакна дека платниот проме претставува услуга што секојдневно ја користат граѓаните и ...

Ктиторска траекторија – од вклесаниот белег во Лесново во 1899 година до камен-темелникот на „Свети Пантелејмон“ во Суитлак Во населбата Суитлак во Штип, на 30 мај свечено беше поставен камен-темелникот на новата црква „Свети Пантелејмон“. Настанот не беше само градежен чин, туку вистински духовен празник, обележан со молитви, благослови и со длабока симболика која ја надминува материјалната градба. Со присуството на свештенството, верниците ...

Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите. – Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за ...

Министерството за правда (МП) денеска го промовираше Годишниот извештај за спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 за 2025 година, документ кој дава сеопфатен преглед на напредокот во реализацијата на реформите во правосудниот сектор. Во своето обраќање, министерот за правда Игор Филков, истакна дека резултатите покажуваат континуирана динамика во спроведувањето на реформските процеси и јасна ...

Прв регистриран лобист, покрај трите лоби-организации и петте застапници на лоби-организации кои претходно биле регистрирани, бил забележан веднаш по завршувањето на тринеделната кампања, спроведена од Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. Главна цел на кампањата е да се подигне свеста за лобирањето, бидејќи, како што истакна на денешната прес-конференција ...

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. -И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска. Кога дошла на ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле ...

Против поранешен градоначалник на Општина Свети Николе е поднесена кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В. (55) од Свети Николе, кој во периодот на извршување на функцијата градоначалник, во текот на 2021 година, наводно ги ...

Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви ...

Израел брза да ја редефинира картата на Блискиот Исток пред новиот договор меѓу САД и Иран Додека вниманието на светската јавност главно е насочено кон преговорите меѓу САД и Иран, на теренот во Либан се одвива процес што може суштински да ја промени безбедносната архитектура на Блискиот Исток. Израелските воени операции во јужен Либан во последниот период покажуваат тенденција на продор кон подлабоки делови од либанската територија, ...

Редакциски пресек на темата, од повеќе медиумски извори – Израелските медиуми, меѓу кои и „Џерусалем пост“, пишуваат дека меѓу двајцата лидери постои „јасно несогласување“ за тоа дали конфликтот со Иран треба повторно да ескалира во отворена војна. Во неофицијални брифинзи дури се споменува дека Трамп бил подготвен да прифати регионален мировен предлог поддржан од Катар и Пакистан, нешто што Нетанјаху категорично го одбива. Токму тука се ...

Звукот на морето и брановите е смирувачки за многумина. А како звучи кога ќе се здружат композитор и океанограф? Донекаде неконвенционалното партнерство помеѓу професорот Леи Лианг и научникот Џошуа Џонс од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, резултираше со нова музика инспирирана од звуците од морското дно што луѓето не ги слушнале порано. Двајцата го слушаат звучниот пејзаж на светските океани повеќе од осум години. Во тој период тие ...

Европа поминува низ најраниот и најинтензивен топлински бран во модерната снимена историја. Масата топол воздух што се прошири од областа на Северна Африка под висок притисок кон север донесе во втората половина на мај температури што на некои места се до 15 Целзиусови степени над сезонскиот просек. Систем со висок притисок што метеоролозите го нарекуваат „топлинска купола“ стои неподвижен над Западна Европа и го блокира доаѓањето на ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (16) Во македонската книжевна и културна историја 19 век не е само хронолошка одредница туку и пресвртна точка во која пред светот јасно се пројавувал милениумскиот идентитет на Македонците. Еден од клучните жанрови преку кои се следи овој процес на зреење е патописот. Истражувањето на проф. д-р Славчо Ковилоски, насловено „Македонскиот патопис во XIX век“, објавено и ...

Мета денеска објави нов пакет мерки за заштита на тинејџерите на платформите Инатаграм,Фејсбук и Месинџер, со кои автоматски ќе се ограничува прикажувањето на содржини што не се соодветни за корисници помлади од 18 години. Новите поставки, кои минатата година првично беа воведени во САД, Велика Британија, Австралија и Канада, сега ќе бидат достапни на глобално ниво. Станува збор за таканаречени „13+“ безбедносни поставки, наменети за ...

СОЈУЗНИЦИТЕ САД И ИЗРАЕЛ ПОЧНАА ДА СЕ ГЛЕДААТ СО НЕДОВЕРБА Долго време претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, важеа за политички тандем без сериозни разидувања. Првиот му обезбедуваше дипломатска и воена поддршка на Израел каква што ретко кој американски претседател ја понудил, а другиот во Трамп гледаше најсилен сојузник во Вашингтон. Но денес, зад официјалните насмевки и дипломатски фрази, сè погласно ...

Неизвесен „трајниот прекин“ на војната на Блискиот Исток САД нападнаа ирански воени објекти, а Иранската револуционерна гарда одговори со напад на американска база изминатиот викенд, во најновата американско-иранска воена размена среде преговори за прекин на тримесечната војна. САД и Иран повремено разменуваат напади откако во почетокот на април стапи во сила нивното примирје, додека дипломатијата насочена кон потрајни договори се одолжува. ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од американскиот претседател Доналд Трамп да испрати противвоздушни системи „Патриот“, поради синоќешните руски напади кои го погодија Киев, Дњепар, Запорожје, Полтава и Харков, објави „Гардијан“. Според украинското военовоздухопловство, Русија лансирала 73 проектили, меѓу кои осум хиперсонични „Циркон“, како и 656 дронови. Нападите предизвикаа загуби на човечки животи – најмалку 14 лица ...

Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции. На денешната прес-конференција на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентираа Оперативниот план за вработување за ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
26%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.61
39%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.18
42%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
31%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
34%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.42
66%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
50%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
2.68
40%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
2.79
55%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Платина

55652.94