Анализа на швајцарскиот весник „Велтвохе“ Според анализата и процената на швајцарскиот весник „Велтвохе“, „европските институции сè повеќе сфаќаат дека промената на владата во Будимпешта не го донесе пресвртот што го очекуваа“. Петер Маѓар го победи Виктор Орбан на внатрешно политичко ниво, но не ја прифати логиката, според која, Унгарија треба да ги прекине сите рационални односи со Русија, особено во енергетиката. Во текстот на швајцарскиот ...

Американската војска соопшти дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, наведувајќи дека станува збор за акција на „самоодбрана“ по соборувањето на американско беспилотно летало, пренесе „Ројтерс“. Според Централна команда на САД, нападнати биле радарски системи и командно-контролни центри за управување со беспилотни летала во Горук и на островот Кешм, лоцирани во стратешки важната Ормускиот Теснец. Вашингтон тврди дека иранските ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови локално се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 7 до 16 степени наутро, додека дневните ќе достигнат меѓу 26 и 34 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне во одделни делови од котлината се можни краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова на средбата со учесниците на 14-тата пленарна сесија на Меѓународен парламент за толеранција и мир порача дека парламентите имаат клучна улога во промовирањето на мирот, толеранцијата и човековото достоинство, пренесе МИА. Таа истакна дека во време на зголемени меѓународни конфликти, криза на мултилатерализмот и слабеење на довербата во институциите, парламентарната дипломатија претставува ...

Иран нема да прифати никаков договор со САД сè додека неговите права не бидат целосно гарантирани, изјави денес претседателот на иранскиот Парламент и шеф на преговарачкиот тим на Техеран, Мохамад Бакер Галибаф, пренесува „Тајмс оф Индиа“ (Times of India). – Нема да одобриме никаков договор сè додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно обезбедени – истакна Галибаф во видео емитувано на државната телевизија. И покрај ...

Во координирана акција на полицијата во изминатите 24 часа, шест возачи низ државата завршиле во полициска станица поради сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, предизвикување незгоди и напад врз полициски службеници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Скопје се приведени двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Кај едниот, кој управувал мопед, биле измерени 1,85 промили ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла „тие преминале сè што може да се премине“, пишува „Еуроњуз“. – Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува – изјави Песков за порталот Вести, ...

Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз, откако победи нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал, објави „Тајмс оф Индиа“. Припадници на полицијата биле нападнати во неколку делови од француската престолнина, каде што 80 демонстранти биле лишени од слобода. ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека, поради зголемениот обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со продолжено време. – Од понеделник до петок, услугата ќе биде достапна од осум до 18 часот, а во сабота од осум до 12 часот. Со оваа мерка, МВР се стреми да одговори на сите ...

На крајот од мај и почетокот на јуни, покрај охридските плажи може да се забележи прекрасен природен феномен. Машки единки од глогови пеперутки се собираат во јата и собираат минерали од калта, кои за време на парењето им ги пренесуваат на женките. Овие хранливи материи, покрај нектарот од цветовите, се неопходни за производство на јајца со цврста лушпа. Женките потоа ги снесуваат јајцата на лисја од глог или диви овошки, започнувајќи нов ...

Војната на Блискиот Исток создава дополнителен притисок врз глобалните енергетски пазари и најсилно ги погодува економски поранливите држави, предупредија раководителите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација. Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран предизвика нарушувања во меѓународната трговија, турбуленции на финансиските пазари и зголемена загриженост за ...

Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика локалните заедници во централниот дел на Демократска Република Конго активно да се вклучат во напорите за спречување на ширењето на еболата, која повторно предизвикува сериозна загриженост во земјата. Тедрос пристигна во Конго за да ја координира меѓународната реакција на епидемијата, во услови кога бројот на сомнителни случаи достигна 1.028. ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Николоски напомена дека предвидените рокови за ...

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници ...

Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. -А.Л. на улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно ...

Како компаниите да се справат со последиците од кризата на Блискиот Исток По избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, глобалната економска слика драстично се промени. Наспроти дотогашното забрзано темпо на раст на глобалната економија, по избувнувањето на војната, состојбите драстично се променија. Со почетокот на оваа војна, светот влезе во едно од најголемите енергетски нарушувања во поновата историја, но исто така доаѓа неколку ...

Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР информира дека до крајот на работната недела ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во ...

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го ...

Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите, информираше АХВ. Засега, како што информираат оттаму, комплетирани се резултатите од тестираните примероци ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираше ОЈО. – Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев” и кога дошол до ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Србија оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на регионалната стабилност и продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете држави, пренесе МИА. По средбата, Мицкоски преку објава на Фејсбук истакна дека разговорите се одвивале во пријателска и конструктивна атмосфера, при што биле ...

Четворица мажи денеска беа успешно извлечени од поплавена пештера во централниот дел на Лаос, со што заврши евакуацијата на петмината преживеани кои десет дена беа заробени под земја, соопштија тајландските спасувачки служби. Првиот од заробените мажи беше спасен вчера, а денешната операција овозможи безбедно извлекување и на останатите четворица. Спасените се дел од група од седум жители на Лаос кои минатата недела влегле во пештера во ...

Во Нови Сад денеска беше одбележан јубилејот – 80 години од населувањето на Македонците во Војводина, на свечена академија на која се обратија македонскиот премиер Христијан Мицкоски, српскиот премиер Ѓуро Мацут и други високи претставници, пренесе МИА. Во своето обраќање, Мицкоски порача дека народот кој ги чува своите корени, јазик и култура никогаш не се губи и секогаш има иднина. -Да испратиме порака дека човечката блискост е посилна од ...

Новиот оперативен план за вработување, вреден околу 40 милиони евра, ќе започне да се спроведува во текот на јуни. Планот веќе е усвоен од Владата, а наскоро ќе бидат објавени сите детали за мерките и можностите што ќе им бидат достапни на невработените лица, социјално ранливите категории и младите до 29 години, пренесе МИА. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, изјави дека оперативниот план е усвоен на последната владина ...

Посетата на Кина по речиси една деценија претставува можност за отворање ново поглавје во односите меѓу Македонија и Кина, изјави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ за кинеската медиумска мрежа ЦГТН. Стоилковиќ престојуваше во Џинан, во покраината Шандонг, каде учествуваше на Седмиот состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Форумот за меѓународна соработка на ...

Бројот на лица кај кои постои сомневање за зараза со ебола во Демократска Република Конго се искачи на 1.028, што претставува значителен пораст во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 906 случаи, соопшти министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Според него, досега се потврдени 225 случаи на инфекција со вирусот. Од Светската здравствена организација (СЗО) соопштија дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Демократска ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека добрососедските односи се двонасочен процес и дека земјата ќе остане на своите позиции во однос на спорните прашања со Бугарија, додека не се исполнат, како што рече, обврските од другата страна, пренесе МИА. -Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер – рече Мицкоски, додавајќи дека е загрижен за почетокот на новата бугарска ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи во вторник треба да се најде на владина седница, по што се очекува во најбрз можен рок да биде проследен во Собранието, пренесе МИА. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на завршниот состанок со претставници од тутунската индустрија и угостителскиот сектор изјави дека законот ќе стапи во сила веднаш по неговото усвојување, со исклучок на одредбите што се ...

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје, пренесе МИА. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х. (31) од село Визбегово, како и два мотоцикла – „БМВ“, управуван од М.Ф. (19), и „Хонда ХДВ“, управуван од Н.Б. ...

Долги колони возила, десетици туристички автобуси и повеќечасовни задржувања на граничниот премин Евзони/Богородица ја одбележаа денешната состојба на грчко-македонската граница, јавуваат медиумите од Солун. Причина за метежот се новите биометриски проверки во рамки на системот за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС), пренесе МИА. Според локалните медиуми, патниците во патничките возила чекале околу два часа за влез во Грција, додека ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
26%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
1.61
46%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.18
40%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
35%
1012
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
35%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.42
68%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
48%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
2.79
56%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Сребро

2005.37