Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека е заокружена консултативната и институционалната постапка за подготовка на Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи, нагласувајќи дека станува збор за законско решение изработено низ широк и инклузивен процес. На завршниот состанок со претставници на тутунската индустрија и угостителскиот сектор, кој се одржа во Владата во присуство на премиерот ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се очекува стабилизирање на цените на горивата и значително поевтинување на дизелот за околу 6 до 6,5 денари по литар, пренесе МИА. Тој информираше дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата, на која ќе се разгледаат актуелните движења на цените на светските берзи и нивното влијание врз домашниот пазар. Според него, анализите покажуваат дека по период на динамични промени на цените, се очекува ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи е резултат на широк консултативен процес со сите засегнати страни и не е подготвен ниту набрзина, ниту со наметнување решенија, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека основната цел на законското решение е намалување на бројот на лица кои користат тутунски производи и подобрување на јавното здравје, пренесе МИА. Говорејќи на состанок со еснафските ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е заинтересирана да дознае повеќе детали за предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски потврди дека ќе присуствува на претстојниот Самит на Европската унија и Западен Балкан во Тиват, каде што очекува да бидат претставени подетални информации за новите европски иницијативи. – Овие идеи и размислувања ...

Сончево и топло време денеска, од четврток повторно дожд и грмежи Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во источните делови од земјата ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во Скопје се очекува сончево време со мала ...

Министерството за здравство продолжува со реализација на капитални проекти што треба значително да ја унапредат здравствената инфраструктура во земјата. Плановите и тековните активности беа презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство, пренесе МИА. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека целта е создавање достапен, модерен и ефикасен здравствен систем за сите граѓани. -Нашата визија е јасна – квалитетно ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти падот на дрон во Романија најверојатно е поврзан со украински дрон кој излетал од курсот и дека Русија е подготвена да спроведе објективна истрага за падот доколку романските власти ѝ достават информации. Путин рече дека првата реакција на Европската Унија е да го означи секој дрон што лета над соседните земји како руски, но потоа се покажува дека не е, и дека украинските дронови што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише евентуален договор со Иран за прекин на војната само доколку бидат исполнети неговите клучни услови, изјави синоќа претставник на Белата куќа по состанокот во таканаречената „соба за ситуации“, кој заврши без конкретна одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, откако претходно извори од американската администрација споменаа можност за привремен договор ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека сите обвинувања против Русија во врска со беспилотните летала во земјите од Европската Унија се неосновани, пренесе „Танјуг“. Според неа, ниту на руската страна, ниту на граѓаните на земјите од ЕУ не им се презентирани никакви факти или материјали во врска со ова, пренесува РИА Новости. – Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотни летала ...

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двајцата од села во тетовското подрачје, по пријава за кривично дело поврзано со сексуално насилство врз малолетничка. Како што информираат од полицијата, пријавата била поднесена вчера околу 16.45 часот од страна на 62-годишно лице, баба на оштетената девојка. Според неа, 58-годишниот осомничен извршил кривично дело „полово вознемирување“ со елементи ...

Романскиот претседател Никушор Дан соопшти дека Романија ќе го затвори Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и ќе го протера рускиот конзул, по инцидентот во кој дрон удри во станбена зграда во градот Галаци. Одлуката била донесена по состанокот на Советот за национална безбедност, свикан по нападот што предизвика експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата, при што беа повредени две лица, пренесе телевизијата ...

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Македонската радио-телевизија потпишаа меморандум за соработка во наредните три години, со можност партнерството да биде продолжено и во следниот период, информираа од училиштето. Од школото оценуваат дека станува збор за значајно признание за долгогодишната работа, квалитетот и придонесот што оваа образовна институција го има во македонската култура и уметност. Со потпишаниот меморандум, Македонската ...

Европа не може да дејствува како посредник во конфликтот во Украина бидејќи е директна страна во кризата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека европските земји отворено застанале на страната на Киев и дека европското оружје се користи во напади врз Русија. – Европа во моментов е страна во конфликтот бидејќи ја поддржува Украина. Европското оружје се користи против нас и тоа не може да се игнорира – изјави Песков, ...

Романскиот претседател Никушор Дан за денеска го свика Врховниот совет за национална одбрана по падот на беспилотно летало врз станбен блок во градот Галати, што романските медиуми го оценуваат како најсериозен инцидент на романска територија од почетокот на руско – украинскиот конфликт. Во инцидентот избувнал пожар, а две лица биле полесно повредени. Вршителот на должност премиер Илие Боложан соопшти дека веднаш бил во контакт со министерот ...

Дрон утрово се урна во станбена зграда во градот Галац, Романија, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата. Две лица се полесно повредени и однесени во болница, објавува романскиот портал „Диги 24“. Пред инцидентот, до жителите на градовите Браила, Тулча и Галац била испратена предупредувачка порака, по што два романски борбени авиони Ф-16 полетале за надзор на воздушниот простор, пренесе „Танјуг“. – Пилотите на ...

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези. Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези. По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата ...

Во текот на 2025 година е регистриран пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено е намален бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистиката, годинава се евидентирани 14.237 пријавени полнолетни сторители, 6.996 обвинети и 6.371 осудени лица. Во споредба со претходната година, бројот на пријавени е зголемен за 6,5 проценти, додека ...

Следната сабота започнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 ученици кои годинава го завршуваат средното образование. Според измените во Законот за средното образование, матурантите оваа година ќе полагаат три типа матурски испити, државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 ...

Во скопско Пржино започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм „Пролетно чистење“, по сценарио на Марија Апчевска Петровска и Ереник Бекири од Албанија, а во режија на Апчевска Петровска. Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка што се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции. Во ...

Ракета на компанијата „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирна рампа во Флорида за време на тестирање на мотор, при што огромна огнена топка го зафати објектот во Кејп Канаверал. Компанијата, која е во сопственост на милијардерот Џеф Безос, потврди дека дошло до аномалија при тестот за палење на моторот, но нагласи дека сите вработени се безбедни и нема повредени. Инцидентот се случил околу 21 часот по локално време, а снимките од местото брзо ...

Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со фокус на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемување на трговската размена и отворање нови туристички и инвестициски можности, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете држави во Охрид. Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ...

Повод: Осумдесет и осум години од раѓањето на прим. д-р Видое Јованоски, еден од основоположниците на Ортопедско-трауматолошкото одделение во Прилеп, и десет години од неговото упокојување (29.5.1938 – 6.7.2016) Видое Блаже Јованоски е роден на 29 мај 1938 година во селото Гостиражни, сегашна општина Долнени. Во оваа пригода може да се нагласи за тоа кога ги прашувале гостиварци каде е местоположбата на селото Гостиражни, истите нагласувале ...

Нестабилната безбедносна состојба во источниот дел на Демократска Република Конго претставува најголема пречка во борбата против епидемијата на ебола, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според него, само во текот на изминатиот месец околу 100.000 луѓе биле дополнително раселени поради вооружените судири, што значително го отежнува справувањето со ширењето на заразата, пренесе „Франце ...

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните ...

Осврт кон анализата во грчкиот весник „Катимерини“, чија цел е да обликува мислење кај европската јавност дека „Македонија е летален вирус за ЕУ“ Зад она што Грција и Бугарија во континуитет го прават зад затворени врати во Европската Унија, клеветејќи ја државава дека е извор на нестабилност и недоверлив партнер што не почитува договори, всушност се крие нивната интенција да ја прикажат Македонија во негативно светло пред Европа и целата ...

МЕГАИНТЕРВЈУ СО ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Почитуван претседателе, Уставниот суд одбележува 62 години од неговото основање. Што, според Вас, значеше основањето на овој највисок суд, како самостоен орган во правниот поредок? Дали ги оправда очекувањата како чувар на уставниот поредок, односно дали одговори на предизвиците онака како што требаше? – Во изминатите 62 години Судот се соочувал со ...

Антонио Кошта, претседателот на Европскиот совет, од први до петти јуни ќе биде на дипломатска турнеа низ Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5. јуни. Како што информираа од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од Повардарието повремено ќе биде и засилен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека пак дневната температура ќе биде во интервал меѓу 23 и 31 степен. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ...

Француските парламентарци денеска едногласно го укинаа законот од 17. век што ги класифицираше луѓето како имот, познат како законот за ропство. Ропството во Франција официјално беше укинато пред два века, но законот од времето на кралот Луј XIV не беше целосно формално отстранет од правниот систем, иако одамна не се спроведува, објавија светските новински агенции и француските медиуми. Законот од колонијалната ера, тогаш наречен „Закон за ...

Првата плата не е само за забава Чувството на слобода што доаѓа со првата плата засекогаш се памети. За првпат имате целосна контрола врз вашите пари – но и можност не само да ги трошите на желби туку да ги користите како основа за побезбедна, помирна и долгорочна посреќна иднина. Тогаш се формираат првите навики што подоцна прават голема разлика – од штедење и попаметно трошење до одлуки што можат да ви донесат поголема безбедност во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
26%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
1.61
46%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.18
40%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
35%
1012
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
35%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.42
68%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
48%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
2.79
56%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

137126.15