Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. -И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи ...

Најмалку пет лица се повредени откако трамвај претпладнево излета од шините во Белград и удри во зграда, пренесе МИА. Во несреќата целосно е уништена возачката кабина на трамвајот, искршени се прозорците, а дел од седиштата биле искорнати од внатрешноста на возилото. Според податоците на ГСП Белград, повредени се пет лица, меѓу кои и возачот на трамвајот, кој е префрлен во Ургентниот центар. -Во несреќата се повредени пет лица, вклучувајќи ...

Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (25.05.2026) околу 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од ...

Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор според кој Техеран не би поседувал нуклеарно оружје и би се откажал од резервите на збогатен ураниум, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на висок американски претставник. Според неименуван претставник од администрацијата на Доналд Трамп, рамковниот договор предвидува во рок од два месеца да се утврдат конечните точки на спогодбата. Изворот навел дека ...

Голем пожар што избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешниот „Декортекс“ зафатил една од халите на текстилна фабрика, каде што биле сместени машини и репроматеријали. Огнената стихија била локализирана по повеќечасовна интервенција на пожарникарските екипи, а повредени граѓани нема, пренесе МИА. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека пожарот бил пријавен вчера во 20.08 часот во Полициската станица Радовиш. Во гаснењето ...

Во Белград денеска започна дводневен експертски состанок на претставници на врховните ревизорски институции од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, посветен на зајакнување на регионалната соработка и спроведување заеднички ревизии за користењето на јавните средства во рамки на Целите за одржлив развој, пренесе МИА. Како што соопшти Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), фокусот е ставен ...

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на територија на државата биле лишени од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило. Деветмина од нив управувале без возачка дозвола – тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево. Двајца возачи биле затекнати под дејство на алкохол во Гевгелија и Скопје, додека тројца управувале возило и покрај активна забрана за управување – во ...

На Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство вчера била донесена малолетничка со породилни болки, по што полицијата ја привела нејзината мајка, а со таткото бил извршен службен разговор, пренесе МИА. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, на 24 мај во 15.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Клиниката. Од установата во 13.40 ...

Министерство за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие биле регистрирани пет случаи на семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, пренесе МИА. Во тетовско село, вчера во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 36-годишниот Ш.А., откако неговата 57-годишна мајка пријавила дека во семејниот дом ѝ се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Во беровско, ...

Фотографијата Битолски мурал на авторката Бенита Стојмирова е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата е направена во Битола, на 1-ви Април 2026 г. На фотографијата се гледа новиот мурал на зграда во централното градско подрачје, насликан од австралискиот уметник Финтан Скот Меги. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана ...

Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј – 24 Мај, традиционално, по третпат, беше одбележан со пригодна културна манифестација одржана вчера во македонската амбасада во Пекинг, во организација на амбасадорот Сашко Насев. Дваесетина студенти од Универзитетот за странски студии во Пекинг што го изучуваат македонскиот јазик, под раководство на професорката Чен Цјао, рецитираа поезија од македонски поети на македонски, кинески и ...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а на одредени места повремено ќе биде и засилен. Попладне, особено во јужните делови од земјата, ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 23 и 30 степени. Во Скопје времето ...

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, осомничен за кривични дела „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“ врз 18-годишна девојка со која бил во блиски лични односи. Според Обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, кога девојката се враќала од матурска прослава. Осомничениот ја пресретнал со автомобил, по што таа влегла во возилото, но тој почнал да ...

РТС во мисија на ИСТОРИСКИ РЕВИЗИОНИЗАМ за сесловенските просветители?! Во време кога Балканот сè уште се бори со духовите на историографските манипулации, српскиот јавен сервис РТС повторно отвори еден стар фронт, кој знае со кој мотив…, а тоа е „фронтот на присвојување и ретуширање на словенското културно наследство”. Во текстот посветен на Денот на словенската писменост и култура, РТС без двоумење ги нарекува светите браќа Кирил и Методиј ...

Властите во Демократска Република Конго соопштија дека бројот на случаи на сомнителна зараза со Ебола надминал 900, додека епидемијата продолжува да се шири во источните делови на земјата. Според податоците на Министерството за комуникации, од почетокот на епидемијата се регистрирани 904 сомнителни случаи, од кои 101 се лабораториски потврдени. Бројот на сомнителни смртни случаи е ревидиран на 119, додека десет смртни случаи се официјално ...

Во делови на Крит уапсени се 20 лица осомничени дека биле дел од криминална организација која вршела измами со европски земјоделски субвенции, при што штетата надминува три милиони евра. Од Грчка полиција информираа дека од рано утрово е во тек голема акција за разбивање на групата, чии членови се осомничени за измама на штета на финансиските интереси на Европска Унија и за поднесување лажни изјави. Меѓу уапсените има двајца сметководители ...

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувнал на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти противпожарната служба, пренесе ДПА. Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, биле пренесени во болница, додека на осмото лице медицинска помош му била укажана на местото на несреќата. Пожарот избувнал во товарниот дел на брод долг околу 90 метри, кој бил закотвен на докот „Гревенхофкаи“. Кога првите противпожарни ...

САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуски Теснец сè додека не биде потпишан конечен договор со Иран, порача американскиот претседател Доналд Трамп. -Блокадата ќе остане целосно во сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и потпишан – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, додавајќи дека „двете страни мора да одвојат време и тоа да го направат како што треба“. Иако од иранската Влада засега нема ...

Во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, денеска се одржа традиционалната поетска манифестација „Мајски поетски средби”, која со години претставува белег во литературниот живот во државата. – Се собераа поетите, писателите, литературните творци и љубителите на пишан збор од повеќе градови. Мајските поетски средби се препознатлив настан со кој се афирмира македонското литературно творештво, се поттикнува културната соработка ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган учествуваше на телеконференција со американскиот претседател Доналд Трамп и лидери од Блискиот Исток, на која се разговарало за состојбата во Иран и регионалната безбедност, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција. Разговорот се одржал непосредно пред Трамп да објави дека договорот со Иран е „во голема мера преговаран“ и останува да биде финализиран, пренесе „Турција Денес“. На ...

Соединети Американски Држави и Иран се блиску до постигнување договор за 60-дневно продолжување на прекинот на огнот, во чии рамки би се отворил Ормускиот теснец, а Техеран би добил можност повторно слободно да продава нафта, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски функционер. Според извештајот, во текот на 60-дневниот период Ормускиот теснец би бил отворен за слободен поморски сообраќај, без патарини, а Иран би се обврзал да ги ...

Бројот на жртви во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да расте, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 867 сомнителни случаи, од кои 204 завршиле со смртен исход. Тоа е значително зголемување во однос на претходниот ден, кога биле пријавени повеќе од 100 случаи помалку и над 30 помалку смртни случаи. Досега, лабораториски се потврдени 91 инфекција, од кои ...

Во автобус што сообраќал на релација Германија – Македонија, полицијата денеска пронашла 34.965 евра кои не биле пријавени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Автобусот „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, бил сопрен на подрачјето на СВР Тетово од полициски службеници на Мобилната единица за компензаторни мерки. Со него управувал 37-годишен возач од тетовското село Доброште, а сообраќал на линијата Германија – Македонија. ...

РТС во мисија на ИСТОРИСКИ РЕВИЗИОНИЗАМ за сесловенските просветители?! Во време кога Балканот сè уште се бори со духовите на историографските манипулации, српскиот јавен сервис РТС повторно отвори еден стар фронт, кој знае со кој мотив…, а тоа е „фронтот на присвојување и ретуширање на словенското културно наследство”. Во текстот посветен на Денот на словенската писменост и култура, РТС без двоумење ги нарекува светите браќа Кирил и Методиј ...

По повод 24 Мај – Денот на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, како и до сите Македонци каде и да се. Во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, се упатуваат празнични честитки во лично име, во име на друштвото на Македонците во Република Албанија, до архиепископот, свештенството, православните ...

Во последните 24 часа, полицијата на територијата на целата држава привела 14 возачи за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од приведените, осуммина управувале без возачка дозвола, тројца биле под дејство на алкохол, еден возел со активна забрана за управување, еден ја надминал дозволената брзина, додека едно лице во Берово било затекнато и без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје биле ...

„Паркети“ денеска во „Паблик рум“ Кој што сака нека каже, но постои разлика од концерт во сала и концерт во кафуле каде што си на ниво на контакт во очи со публиката. Обично поголемите и попознати изведувачи го одбегнуваат тој помал простор од разни причини. Но има и изведувачи што се големи и можат да се дадат целосно себеси и на голема и на мала сцена. Членовите на „Паркети“ се битолчани што свират мешавина на панк, постпанк, поп, инди и ...

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 49-годишен маж осомничен за кривично дело „насилство врз дете“, откако во дворот на основно училиште во Илинден физички и психички нападнал 11-годишно дете. Според Обвинителството, инцидентот се случил на 22 мај, откако синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал во училишниот двор, осомничениот најпрво му упатувал навреди, пцовки ...

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи евидентирало осум пријави за семејно насилство низ државата, при што пет лица се лишени од слобода. Случаите се регистрирани во Пробиштип, Кичево, Скопје, Тетово, Битола, Крива Паланка и Неготино, а пријавите се однесуваат на физички напади, закани и семејно насилство врз партнери, родители, деца и други членови на семејството. Во Пробиштип, 46-годишен маж бил приведен откако, според ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија се соочува со „сериозна и неправедна блокада“ во евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека државата мора да влезе во Европската унија, но притоа да остане достоинствена и сочувана. Обраќајќи се на свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители, одржана во црквата Света Софија во Охрид, Мицкоски истакна дека одлуките што се носат денес ја определуваат иднината на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
39%
1015
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
25%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
32%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
65%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.81
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
43%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29

Цинк

0.00