Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Европскиот центар за среднорочни временски прогнози во петокот предупреди дека температурите на океаните се приближуваат кон рекордни нивоа, бидејќи условите се менуваат кон потенцијално силен временски феномен Ел нињо. Саманта Бургес рече дека температурите на површината на морето во последните денови се само малку под историскиот рекорд од 2024 година и се чини дека мај ќе го сруши сопствениот рекорд. Прашање на денови е кога повторно ќе ...
Со доаѓањето на потоплите денови, многумина бараат начини да се движат повеќе, да поминуваат време на отворено и во исто време да направат нешто добро за сопственото здравје и кондиција. Без разлика дали целта е губење тежина, подобра кондиција или едноставно чувство на виталност, изборот на вистинската активност може да игра голема улога. Подолу е споредбата на четири популарни форми на рекреација – возење ролерки, возење велосипед, пилатес ...
По повод Меѓународниот ден на музеите, во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“. Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава. Во постојаната нумизматичка поставка се изложени околу 2.500 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран. – Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека САД не сакаат да бидат обврзани за премин низ Ормускиот Теснец. Американскиот претседател, исто така, рече дека го одложил ...
Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка – Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ – се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...
Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...
Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје. Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош, пренесе МИА. ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци ...
Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над ...
Инцидентите во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија како повод Фудбалот отсекогаш бил повеќе од игра. Во Македонија, како и на Балканот, трибините често биле место каде што се судираат политички агенди, национални фрустрации и етнички тензии. Но она што се случи на финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија (1-0), одигран завчера на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во организација на Фудбалската ...
Од редакциски агол Постојат порази што болат. Постојат финалиња што оставаат горчина. Постојат навивачки испади што ја преминуваат границата на спортскиот вкус. Но она што Македонија го виде на трибините за време на финалето во Купот не беше обичен инцидент. Тоа беше демонстрација на презир кон државата. И тука веќе не станува збор за фудбал. Кога се исвиркува македонската химна, кога не се станува во чест на државните симболи, кога се ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад. Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика ...
Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши. Гаши вечерва во интервју на ТВ Телма оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки. – Не сакам да зборувам за себе лично, мислам дека со ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг сподели информации со рускиот претседател Владимир Путин за време на неформалната средба на чај во Москва за неодамнешната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Па, секако дека сподели информации за посетата на Трамп. Тоа беше многу, многу детален разговор, вклучително и за тоа – рече Песков. Трамп престојуваше во тридневна посета на Кина, ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Силјановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...
Работната група за реформи во Изборното законодавство денеска на седница разгледала повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и како што соопшти Министерството за правда најголем дел од препораките се прифатливи и наскоро ќе има законско решение. На седницата биле усвоени повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата била отворена дополнителна ...
Австриското правосудство поведе кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево – пренесува германската новинска агенција ДПА. Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на парламентарно ...
Случаите на бактериски сексуално преносливи заболувања нагло се зголемија во Европа – соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ). Пријавените случаи на гонореја и сифилис достигнаа највисоко ниво за повеќе од една деценија во 2024 година, според здравствената агенција на Европската Унија со седиште во Солна, Шведска. Официјално, во 14-те земји што обезбедија податоци регистриран е 106.331 случај на ...
Белгиското Обвинителство потврди дека почнало истрага за наводно учество на белгиски државјани во т.н. „човечко сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век. Според италијанско новинарско истражување, во текот на опсадата на Сараево таканаречени воени туристи од повеќе земји им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили. Поранешниот италијански магистрат, Гвидо Салвини, кој учествувал во истражувањето, ...
Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денеска остварил одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодарил за поддршката од Сојузничката команда на ...
Проширувањето е стратегиски одговор во услови на новата геополитичка реалност и инвестиција во стабилноста и економскиот раст – рече на денешното обраќање на панел-дискусијата на Националниот совет за евроинтеграции, Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија и експерт на УНОПС. Тој пред присутните членови на Советот, претставници од академската заедница и граѓанскиот сектор на ...
Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во насока на прифаќање европски стандарди, подобар квалитет и посилна институционална поставеност. Приоритет се реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал. Ова го нагласи министерката за образование и ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводен безбедносно – разузнавачки инцидент во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на принципот на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. – Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“ во општината Ѓорче Петров во Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ги претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот ...
Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата – беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека ...
Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми – потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања, кои би биле на штета на другите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека интензивно се работи на сите портфолија за претстојниот период од реформската агенда и нагласи оти очекува позицијата први во регионот Западен Балкан – 6 во јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот извештај за Македонија. Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за новата транша за земјата од 65,7 милиони евра во рамките на планот за раст за Западен Балкан и ...
Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во Скопско, покрај неа пронајден е и пиштолот на нејзиниот сопруг, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на самото место во село Копаница, Скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е ...
За земјите-кандидати за членство во Европската Унија има прозорец со можности, но за тоа треба храброст, политичка волја, обединетост и многу реформи. Тоа вреди да се направи – порача денеска амбасадорот на Шведска во земјата, Ола Сулстром. Сулстром на панел-дискусијата „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации на Западен Балкан“ рече дека земјава припаѓа на Европската унија и дека вреди да се направат жртвите и реформите ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“. Писмото е ...
Самит помеѓу претседателите Си Џинпинг и Владимир Путин во Пекинг: Понатамошно продлабочување на стратешките и економски врски помеѓу Кина и Русија е предвидено преку низата меѓудржавни договори потпишани во рамките на средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, одржана вчера во Пекинг. Двајцата претседатели потпишаа заедничка изјава за понатамошно зајакнување на „сеопфатното партнерство и стратешката ...