Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Како што соопшти Министерството за европски прашања, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност со ...

Премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање, даде коментар за случајот „шпионажа во Кабинетот на претседателката“ за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информираше дека отворило истрага. ОЈО ГОКК отвори предистрага за сомневање за шпионажа во Кабинетот на претседателката Силјановска – Давкова -Па, видете, тоа се шпионски талог на општеството, структури од ...

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници, зашто употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице. Станува збор за Д.С. и М.С. од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради ...

Министерство за внатрешни работи во врска со истрагата на ОЈО ГОКК Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за шпионажа во Кабинетот на претседателката постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.02.2026 и 25.03.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. ...

Пиперките се распространети низ целиот свет и ги има во сите кујни, но тие не се само вкусна туку и многу хранлива и здрава храна. Ги сакаме пиперките во салати, полнети, печени и, всушност, речиси на секој начин. Тие се достапни во сто бои и форми, а светските кујни досега смислиле безброј начини да го извлечат максимумот од нив, со што да ги комбинираат и како уште повеќе да го нагласат нивниот природен вкус. Бојата на пиперките покажува ...

Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија – изјави Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) во интервју „ Аргумент плус„ на ТВ24. – Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи, а тоа е и повод за ...

Денеска во Автокоманда, се одржа показна вежба на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје организирана по повод Денот на пожарникарите и 190 години организирано противпожарно дејствување во Скопје. На вежбата присуствуваше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека негова силна заложба е модернизација на Противпожарната бригада на Град Скопје и континуирано подобрување на условите за работа на пожарникарите. ...

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра, пренесе МИА. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко ...

Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија, денеска и официјално се потврди – Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на ...

На одбележувањето на Денот на Европа 2026, претседателот на Собранието Африм Гаши испрати порака дека иднината на земјата и нејзиниот европски пат не зависат само од Брисел, туку пред сѐ од личната и општествената заложба на секој граѓанин. – Европскиот пат кој ние сме го избрале не зависи само од Брисел. Најбитниот елемент зависи од нас самите. Ние треба да одлучиме да одиме по овој пат, но не само формално, не само да ја следиме ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, истакна дека тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем број граѓани. – Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку ...

Околу 770 милиони денари обезбедила Владата за поддршка во науката и таа сума е двојно поголема споредбено со 2024 година, информираше премиерот Христијан Мицкоски. – И во науката исто така, покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024-тата, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони денари годишно поддршка за нашите научници, истражувачи – рече Мицкоски. ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија останува „сигурен снабдувач со енергија“ и покрај кризата на Блискиот Исток, за време на официјалните разговори со кинескиот претседател Си Џипинг во Пекинг, пренесе руската новинска агенција ТАСС. На почетокот на средбата во Големата народна сала, Путин го нарече Си „драг пријател“ и оцени дека односите меѓу Русија и Кина достигнале „невидено ниво“, претставувајќи модел на сеопфатно ...

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат ...

Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера ниту сме пледирале да се мешаме во внатрешните и независни политики на било која држава, посочи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Ѓорче Петров, коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за ...

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 ...

Кинескиот претседател Си Џипинг изјави дека односите меѓу Кина и Русија носат „стабилност и предвидливост во хаотичниот свет“, за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. На средбата во Големата сала на народот, Си нагласи дека Кина и Русија, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН и големи глобални сили, треба да ја продлабочат стратешката координација и да придонесат за „поправеден и поразумен ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информираше дека отворило истрага заради сомнежи за шпиунажа во Кабинетот на претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова. Информацијата од ОЈО ГОКК ја пренесуваме во целост. „ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од ...

На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на половина милион евра кеш, што претставува најголема заплена во историјата на Царинската управа, соопшти директорот Бобан Николовски. Парите биле откриени во специјално изграден бункер во минибус, спакувани во 14 проѕирни ќеси. Според Николовски, минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија, бил детално контролиран при влез во државата, при што мобилниот тим ...

Протест во фокусот на домашната јавност Во секое демократско општество, протестот е легитимно право. Граѓаните имаат право да укажуваат на одредени појави и предизвици, да изразуваат незадоволство, да бараат начини за подобрување на квалитетот во сите области од нивното живеење. Барањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик можеби како изворна замисла можеше да се вообличи на тој начин, но она што беше изразено на завчерашниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски од легендарното село Разловци испрати силна порака за национално обединување, повикувајќи ги граѓаните и политичките чинители да ги стават државните и националните интереси над сите поделби и дневнополитички пресметки. Во обраќањето по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание, премиерот истакна дека Македонија денес има потреба од единство, мудрост и достоинствено водење на државата, особено во ...

Целулитот е исклучително чест и се смета за нормална појава. Се проценува дека меѓу 80 и 90 проценти од жените го имаат по пубертетот, додека е присутен кај многу помал процент од мажите. Неговата видливост е под влијание на генетиката, возраста, дебелината на кожата, типот на тело и начинот на живот. Со возраста, кожата природно ја губи еластичноста и станува потенка, што го прави целулитот поизразен. Слично на тоа, зголемувањето на ...

Младински културен центар, 21-28 мај Годинава, по шестнаесетти пат, повторно се наоѓаме на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот посветувајќи им осум дена на автентичните филмски светогледи. Ова фестивалско издание ќе се одржи од 21 до 28 мај, а проекциите ги селиме во Кино „Фросина“ на Младинскиот културен центар каде ќе погледнеме триесетина филмови од Европа и сите краишта на светот. Иако во изминатите години преку еден режисер ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (15) Преку сведоштвата за Султан Сулејман и римските патни станици, согледуваме дека Овче Поле не било само земјоделски крај туку геостратешка точка каде што се кршеле интересите на империите и каде што се дефинирале границите на античките и средновековните држави на македонската почва. Овие записи откриваат еден заборавен предел на Македонија, кој некогаш бил прекриен со ...

Западни и светски аналитичари од различни општествени области за средбата во Пекинг: Отворено ново поглавје во кинеско-американските односи и испратена позитивна порака до светот Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за нова визија за градење конструктивни билатерални односи на стратешка стабилност, потег за кој познавачите на состојбите велат дека би можел да помогне во зајакнувањето на ...

Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. – Прва пролетна култура којашто влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се ...

Сенатот на САД во вторник ја усвои резолуцијата за ограничување на воените овластувања на претседателот Доналд Трамп во однос на Иран, што претставува значаен пробив за демократите по седум претходни неуспешни обиди. Предлогот беше усвоен со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републикански сенатори Сузан Колинс, Лиза Мурковски, Ранд Пол и Бил Касиди им се придружија на демократите во поддршката. Единствениот демократ кој гласаше ...

Стоматолозите разликуваат две основни форми на пулпитис, а нивните симптоми значително се разликуваат. Првата е реверзибилен пулпитис, поблага форма на воспаление при што пулпата е иритирана, но сепак има способност да се обнови ако причината се отстрани навреме. Главниот симптом е остра краткотрајна болка што се јавува исклучиво како реакција на стимул, обично ладна или слатка храна и пијалак. Важно е да се нагласи дека болката престанува ...

Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Силјановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе има намалување на студентските стипендии и ги оцени како манипулација обвинувањата на СДСМ, нагласувајќи дека Владата работи на унапредување на студентскиот стандард и подобра распределба на средствата. – Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
25%
1010
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
2.39
39%
1012
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.5
37%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.32
40%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.62
31%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.27
70%
1016
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
5.36
38%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.51
22%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.7
29%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
2.68
42%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
37%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.13
99%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29