Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Променливо облачно време со сончеви периоди и засилен северен ветер се очекува денеска низ земјава, со можност за слаб локален дожд во крајните западни и источни делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, со брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 19 и 26 степени. Во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави можеби ќе мораат повторно да го нападнат Иран, доколку не се постигне дипломатски договор со Техеран, пренесува „Ројтерс“. На денешната прес‑конференција во Белата куќа, Трамп рече дека бил многу близу до тоа да нареди нови воени удари, но одлучил да ја одложи акцијата откако се очекуваат продолжени преговори со Иран. Тој додаде и дека би можел да издаде ...
Европскиот парламент денеска во Стразбур усвои нови и значително построги правила за увоз на челик, со цел да ја заштити челичната индустрија на Европската Унија од евтина конкуренција, пред сè од земји како Кина, пренесува „Ројтерс“. Пратениците гласаа за драстично намалување на количините челик што можат да се увезат во ЕУ без царина. Секој увоз што ја надминува оваа граница ќе се оданочува со повисоки казнени тарифи отколку досега, со цел ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска во Стразбур го прими Европскиот орден за заслуги, со кој Европскиот парламент ѝ оддаде признание за долгогодишниот ангажман и посветеност на Европската Унија, известува „Еуроњуз“. Меркел е меѓу првите 20 добитници на ова одликување, воведено минатата година, а таа беше примена како „истакнат член“ на орденот, што претставува највисоко ниво на признанието. На свечената церемонија ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука спроведена од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и ...
Бројот на починати од епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се искачи на 131, од вкупно 513 сомнителни случаи, соопшти министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Во соседна Уганда е регистриран и еден смртен случај, објавија Африкански центри за контрола и превенција на болести. Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека е „длабоко загрижен“ поради брзината и размерите на ...
Брифинг од Министерството за надворешни работи на НР Кина за самитот меѓу претседателот на НР Кина, Си Џинпинг, и претседателот на САД, Доналд Трамп, со осврт на министерот за надворешни работи на НР Кина, Ванг Ји Во продолжение ги пренесуваме ставовите изнесени од шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, кои се однесуваат на темите опфатени на самитот меѓу претседателите Си Џинпинг и Доналд Трамп. Меѓу нив се новата визија за односите меѓу ...
Министерство за внатрешни работи информираше дека во последното деноноќие биле регистрирани седум случаи на семејно насилство, при што шест лица биле лишени од слобода. Во еден од случаите, вчера околу 04.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 33-годишен жител на општина Чучер-Сандево, откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом. Во Куманово бил уапсен 42-годишен маж по пријава од неговиот ...
Осум лица загинаа, а уште петмина се повредени во вооружен напад што се случи во јужната египетска покраина Асиут, соопштија египетските власти. Според Министерство за внатрешни работи на Египет, нападот се случил вчера во областа Абануб, каде што вооружен маж отворил оган од автомобил во прометен транспортен центар, пренесе АФП. Првичната истрага покажала дека напаѓачот претходно бил на лекување во психијатриска болница во Каиро. Засега не ...
Проблемите со кои се соочуваат семејните лекари во Македонија со години остануваат нерешени, порача претседателот на Здружение на лекарите по општа и семејна медицина, Драган Ѓорѓиевски, по повод 19 Мај – Светскиот ден на семејниот лекар. Според него, специјализацијата по семејна медицина веќе 15 години не е соодветно признаена, иако европските институции иницираат изедначување на статусот и коефициентите на овие специјалисти со останатите ...
Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем „ХИС“, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети за злоупотреби со скапа терапија и фиктивни набавки, со што, според обвинението, бил оштетен државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Обвинителството тврди ...
Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под 1 процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. – Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски ...
Проф. д-р Игор Јанев доби меѓународно признание за неговото големо откритие за космосот. Објавувањето во астрофизичкото списание на Американското астрономско друштво отвори нови дебати за темната енергија и границите на универзумот. Научниот труд на проф. д-р Јанев за метадијалектиката и нејзиното можно влијание врз физиката на темната енергија и темната материја е објавен во водечкото списание на Американското астрономско друштво (AAS) со ...
Шест лица загинаа, а осум се повредени во серија вооружени напади што вчера ги изврши 37-годишниот Метин Озтурк во турската покраина Мерсин. Напаѓачот, по неколкучасовна потера, извршил самоубиство откако бил опколен од жандармериските сили, пренесе „Турција денес“. Според соопштението на локалните власти, првиот напад бил пријавен во населбата Кадели во округот Тарсус. Озтурк со автомобил пристигнал пред месарница и ресторан каде што работел ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова од Љубљана порача дека Македонија не е против уставни измени, но дека тие не смеат да бидат резултат на надворешни притисоци и билатерални условувања поврзани со идентитетски прашања. На предавањето на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“, таа оцени дека дел од досегашните измени на македонскиот Устав, вклучително и оние ...
Со оваа свеченост, Спомен-домот на Разловечкото востание добива нов живот како музејска подружница на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, каде ќе се чува и пренесува меморијата за првата искра на македонската револуционерна борба. Настанот во Разловци е потсетник дека континуитетот на борбата и жртвата на водачите се темели врз кои се гради современата македонска држава. Со особена чест и длабока почит, денес во селото ...
Ова откритие е важно бидејќи покажува дека лековите што дејствуваат на воспалителните процеси во мозокот можат да имаат значително влијание врз симптомите на анксиозност и панични нарушувања, што отвора сосема нови терапевтски можности, истакнуваат авторите на истражувањето. Кога имате напад на паника, на вашето тело му е тешко да разликува што е опасно, а што е безбедно. Киселоста на лимонот помага да се заземјите и да останете присутни во ...
Кубанскиот претседател, Мигел Диас-Канел, ја нарече „неморална, незаконска и криминална“ американската политика, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави дека вршат притисок и заплашување врз трети земји кои сакаат да и продаваат гориво на Хавана. Диас-Канел изјави дека мерките претставуваат „нафтена блокада“ што сериозно ги ограничува испораките на енергенси кон островот и доведува до строги економски рестрикции. Според извештаите, ...
Како „трансакцискиот“ модел на Трамп еродира под влијание на реалноста на војната Војната со Иран не е само уште еден геополитички фронт за САД. Таа станува огледало во кое се рефлектираат слабостите на американската стратегија, но и на моделот на управување што го промовираше Доналд Трамп. Додека Вашингтон се обидува да одржи воена супериорност на повеќе фронтови истовремено, реалноста на ограничени ресурси и производствени капацитети ...
Се сруши дел од мостот кон граничниот премин Градишка на босанскохерцеговската страна од границата, поради што во моментов е затворен сообраќајот за сите возила кон граничниот премин. Хрватскиот автоклуб соопшти дека поради оштетување на мостот меѓу граничните премини Стара Градишка во Хрватска и Градишка во Босна и Херцеговина, сообраќајот е прекинат во двата правци. Според првичните неофицијални информации, нема повредени лица, а повеќе ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари била запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица, информираа денеска од Царинската управа. Случајот е откриен откако автобус што сообраќал на релација Гостивар-Истанбул бил издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна ...
Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување за државните и националните интереси затоа што, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади не одобрила продолжување на лиценцата за работа на центарот, иако, како што велат оттаму, документите биле поднесени во соодветен рок Станува збор за лица кои зависат од секојдневна помош за основните животни потреби – хранење, одржување хигиена, давање терапија и грижа во домашни услови. Дел од нив се неподвижни и со години врзани за кревет Околу 270 стари и немоќни лица од Скопје и ...
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. В четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...
Одбележување 150 години од Разловечкото востание Денеска, на 19 мај, се навршуваат 150 години од Разловечкото востание – првото организирано востание на македонскиот народ против османлиската власт, кое избувнало во мај 1876 година со центар во селото Разловци, Делчевско. Иако востанието било задушено, неговото значење далеку ја надминува воената димензија: тоа го свртело вниманието на европските сили кон македонското прашање и ја означило ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, пред дводневната посета на Кина, испрати порака до кинеските граѓани, изјавувајќи дека е радосен што повторно го посетува Пекинг на покана на својот долгогодишен пријател, кинескиот претседател Си Џинпинг. Путин во видео-обраќањето нагласи дека односите меѓу Русија и Кина се на „неспоредливо високо ниво“, засновани врз взаемно разбирање, доверба и рамноправна соработка. Тој додаде дека пријателството меѓу ...
Пресек на договорените полиња на соработка помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Кина, Си Џинпинг, на самитот во Пекинг Дводневниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг заврши со серија економски и трговски договори што претставуваат најзначајно приближување меѓу САД и Кина по повеќегодишните трговски и геополитички тензии. Белата куќа и официјален Пекинг потврдија ...
Во просториите на Македонски народен театар денеска се одржа прес-конференција посветена на новиот мјузикл „Као Какао“, кој наскоро ќе биде изведен пред македонската публика. Екипата најави динамична, современа и емотивна претстава исполнета со музика, танц и хумор, која носи приказна за пријателството, љубовта и животните предизвици на младите. На средбата со новинарите, режисерот, кореографката и актерската екипа истакнаа дека станува збор ...
Стоејќи на највисокиот литературен мост, најмладата македонска поезија е подготвена да ги рашири крилјата и да полета Антологијата на најмладата македонска поезија насловена „Мојата песна се фрла од мост“ (на романски: „ Poezia mea se aruncă de pe pod“) беше промовирана вчера во Националниот музеј на литературата во Букурешт, Романија. Изданието излегува по триесет и шест години од првата антологија на македонска поезија на романски јазик, но ...