Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје се одржа свечената промоција на новата книга „Македонија низ вековите“ од проф. д-р Виолета Ачкоска, која привлече бројна публика и љубители на македонската историја и култура. Промотор на промоцијата беше Никола Жежов, а модератор Валентина Божиновска. Музички, свеченоста ја надополнија Крсте Јовановски – актерски настап, Васил Атанасов – обоа, Катарина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои „многу добра шанса“ Соединетите Американски Држави и Иран да постигнат договор што ќе го спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје. Тој посочи дека, на барање на сојузниците од Блискиот Исток, биле одложени за денеска планираните воени напади врз Иран, со цел да продолжат преговорите со Техеран. Според Трамп, лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати побарале ...
Чествување на ликот и големото промакедонско дело на познатиот француски писател Анри Барбис по повод 153 години од неговото раѓање Навистина станува збор за една нација. Нација што има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност. „Овој народ, на самата почва каде што се развил и опстојувал… се третира како збир на робови и злосторници“, напишал францускиот писател Анри Барбис во ...
РЕДАКЦИСКА АНАЛИЗА ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА Ѝ Е ПОТРЕБЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Во време кога Европа повторно зборува и инсистира на вооружување, воени сили, милитаризација и на безбедност, прашањето за враќање на задолжителниот воен рок повторно се враќа на голема врата. Војната во Украина, милитаризацијата на ЕУ и на поединечни земји членки на Унијата, потоа растечките геополитички тензии, нестабилноста на Балканот и се разбира НАТО-политиките ...
Денеска во Скопје се одржа протест на студенти кои бараат да им се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик. Протестот започна од плоштадот кај влезот во Старата скопска чаршија, а потоа продолжи преку Камениот мост и плоштадот „Македонија“ пред Министерството за правда. Протестот се одржа под слоганот „Обединете се со студентите – сите заедно“, а организаторите најавиа дека протестите ќе продолжат додека не се исполнат ...
Голема еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро викендов се одржа кај автокампот Градиште. Цо акцијата учествуваа околу 80 нуркачи од Македонија и неколку земји од регионот. Акцијата беше организирана од Нуркачкиот Центар „Амфора“, а во неа учествуваа нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа. Во текот на акцијата ...
Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот „Брдо – Бриони“, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија. - Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот „Брдо-Бриони“ се согласуваме дека ова е единствена ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги осуди нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и други држави, истакнувајќи дека Техеран мора да престане да ги загрозува соседите и без ограничувања да ја отвори Ормускиот Теснец. – Нападите врз нуклеарни постројки претставуваат закана за безбедноста на луѓето во целиот регион. Не смее да има понатамошна ескалација на насилството – напиша Мерц на социјалната мрежа Икс. Канцеларот ...
Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка со убедливи 38:23. Македонските ракометари бодрени од македонските фанови во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“, по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут во 12.минута, но ништо не се промени и македонските ракометари поведоа и со 12:4. По ...
Во координирана акција против терористичка содржина на интернет пронајдени се вкупно 14.200 објави кои се поврзани со иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој Европската Унија (ЕУ) го означи како терористичка организација, соопшти денеска Европол. Утврдено е дека терористичката содржина се ширела на мејнстрим платформите на социјалните медиуми, како и на стриминг сервисите, сајтовите за хостирање блогови и самостојните ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое побара Брисел да ги ублажи фискалните правила на ЕУ, со цел да им помогне на владите на земјите членки да го амортизираат економскиот шок предизвикан од војната во Иран и растот на цените на енергијата. Мелони во писмото побара „инвестициите и вонредните мерки потребни за решавање на енергетската криза“ да бидат изземени од ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата ...
Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, информираше Владата. Како што информираат оттаму, на средбата се разговарало дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и ...
Од полноќ поскапуваат горивата. Новите цени ќе бидат поскапи од два до два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 поскапува за два денари, а малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизелот се зголемуваат за 2,50 денари за литар. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 денари за килограм кој сега ќе се продава по цена од 50,814 денари за килограм. Единствено се намалува цената на ...
Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста – изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт. – За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш – рече Сали. Осврнувајќи се на ...
По повод 25-годишнината од „СОС детско село“, во соработка со театрите низ Македонија, се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за ’СОС детско село‘“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а на 19 мај, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата „Торонто ...
Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во Европската ...
Според податоците на берзата утрово цената на суровата нафта се зголеми за 2,32 проценти на повеќе од 107 долари. Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата „Амстердам TTF“ денес по цена од 47,695 евра за мегават-час. Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата „Форекс“ денес е 1,16445 долари. Цената на златото падна на 4.545 долари за унца, а цената на пченицата на 6,5450 долари за бушел. Според ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, притоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. – Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...
Брисел подготвува нови мерки со кои компаниите во Европската унија би биле обврзани клучните суровини и компоненти да ги набавуваат од најмалку три различни добавувачи, со цел да се намали зависноста од Кина. Според британскиот весник „Фајненшл Тајмс“, правилата би важеле за повеќе стратешки сектори, меѓу кои хемиската индустрија и производството на индустриски машини. Се предвидува уделот на еден добавувач да биде ограничен на околу 30 до 40 ...
Како домашните компании да го фатат чекорот на онлајн продажбата Пазарењето или купувањето преку интернет добива сѐ поголем интензитет и голем број компании се насочуваат кон промоции на социјалните мрежи, но и преку специјализирани платформи за продажба. Дека онлајн пазарењето станува сѐ попопуларно и во Македонија веќе покажуваат и официјалните податоци за растот на продажбата преку интернет, но останува енигма колку домашните компании ги ...
Пазарот на криптовалути влегува во подолга фаза на корекција под влијание на заострената реторика на Федералните резерви, растечките геополитички тензии и прелевањето на капиталот кон акции на компании од секторот за вештачка интелигенција. Според проценките на аналитичарите, биткоинот би можел да го тестира нивото од 70.000 долари до крајот на мај, пренесе МИА. Александар Баришников, управник на фондот „Мајнинг“ во УК „Рекорд капитал“, ...
За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...
Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. – Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да ...
Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, во оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање, во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што тоа е најпотребно. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како ...
Претседателката Гордана Солјановска Давкова, која престојува во официјална посета на Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Според агендата на посетата, двете претседателки ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација, пренесе МИА. Во рамки на посетата, Силјановска-Давкова ќе се сретне и со ...
Во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија е отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата е составена од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран во 2020 година во Културно-информативниот центар „Кочо Рацин“ – Скопје во галеријата „Кора“, и „Политичка лиричност“, реализиран во НУ Музеј – Гевгелија во галеријата АМАМ. Делата се изработени од ...
Анализа: Персонификација на меѓународните односи Врз основа на голем број дела од поединечни западни автори, францускиот професор Дуросел развил шема што вклучува осум различни вида политичари, а оваа поделба е направена врз основа на нагласување три елементи од нивните активности и личен карактер: активност, емоционалност и рефлекси. Некои други анализи претпоставуваат дека однесувањето на една држава на меѓународно ниво е првенствено ...
Промоција на седмото издание на книгата „Вдахновенија“ од авторот Атанас Конески ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“, денеска во 18 часот. Промотор е Владимир Мартиновски. Станува збор за збирка искази (афоризми, поуки, максими, мудрости) суптилно издвоени од литературата и од животот и вклопени во азбучна целина. Ковчежето на мудростите од авторот Атанас Конески – „Вдахновенија“, доби седмо дополнето издание. Авторот вели дека на ...
Кубанската амбасада во Соединетите Американски Држави вчера изјави дека земјата има право да се брани од странска агресија по медиумскиот извештај во кој се цитираат непотврдени тврдења на американските разузнавачки служби дека Хавана набавила воени дронови, пренесе „Анадолу“. – Како и секоја земја, Куба има право да се брани од надворешна агресија – се вели во соопштението на амбасадата објавено платформата „Икс“. – Тоа се нарекува ...