Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Комисијата за финансирање и буџет во законодавниот дом, денеска, на продолжението на 64. седница, го разгледува предлог-законот за задолжување на земјата со заем од меѓународни финансиски институции во износ до 260 милиони евра наменет за буџетски потреби, капитални расходи и рефинансирање на обврски. Како што информира претседавачот на седницата, Бојан Стојановски, продолжението е свикано во согласност со Деловникот и дека Комисијата има ...
Новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан и механизмот за реформи и раст е резултат на координирана работа на институциите, на посветеноста на администрацијата, на политичката одговорност и на решителноста реформите да не останат само на хартија, туку да донесат конкретни резултати за граѓаните – истакна на денешната прес-конференција првиот заменик-претседател на Владата и ...
Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства, 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го сметаме за најсоодветен датум. За таа цел друштвото во 2022 година испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола. -Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за ...
Информација за работењето на Групација Триглав во првото тримесечје од 2026 година Групација Триглав, во предизвикувачките услови оваа година, одржува стабилно и успешно работење. • Вкупниот обем на работењето на Групација Триглав во однос на првото тримесечје од минатата година (во понатамошниот текст: минатата година) се зголеми за 14 проценти, на 633,4 милиони евра, при што главно влијание имаше силниот раст на премиите на меѓународните ...
Извадоци од експертски извештај на Цивилната комисија за извршени дела на сексуален тероризам од страна на Хамас За време на двегодишната независна истрага, Цивилната комисија анализираше над 1.800 часа визуелен материјал и 10.000 фотографии, заедно со повеќе од 430 сведоштва и интервјуа со преживеани, очевидци, ослободени заложници и експерти. По систематско архивирање и вкрстено споредување на податоците, сите наоди се депонирани во ...
Синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари, што е за 54 денари помалку во споредба со април, кога изнесуваше 68.797 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај достигнува 84.117 денари. Најголем дел од месечните трошоци и натаму отпаѓаат на храна и пијалаци, за што во мај ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги укине визите на палестинската делегација при Обединети нации доколку амбасадорот Ријад Мансур не се повлече од кандидатурата за потпретседател на Генералното собрание. – Би било жално доколку би морале повторно да разгледуваме дополнителни опции – се посочува во интерен извештај на Стејт демартментот, алудирајќи на можно укинување на претходно одобреното изземање ...
ИДЕНТИТЕТОТ ПОД ОПСАДА: МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НЕГИРАЊЕТО И КАМБАНИТЕ ЗА ЕВРОПА Во момент кога Европа се повикува на својата правна и вредносна архитектура, прашањето за македонскиот идентитет повторно се враќа како отворена рана на Балканот. Жалбата на Централниот совет на Македонците во Германија ја отвора дилемата што одамна ја надминува билатералната рамка. Станува збор за судир меѓу политички интерпретации на историјата и правото на еден народ ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...
На сирењето му е потребно и одредено количество влага, но ако вишокот влага се зароби во фолијата, сирењето ќе стане лигаво, скапано и мувлосано. Сирењето често се продава во проѕирна пластична фолија во продавниците. Подобро е да го завиткате сирењето во восочна хартија за печење. Ставете го во стаклена кутија со соодветен капак, а не во фолија. Многу сирења во продавниците се сечат на помали парчиња и се продаваат завиткани во пластична ...
„На рубу знаности“ во Битола По успешното предавање одржано минатата година, Крешимир Мишак повторно доаѓа во Битола. Случајно…или не? Синхроницитетот е појава што го нарушува причинско-последичниот тек и има значење за оној на кого му се случува. Така овој необичен, а сепак чест настан во човечките животи го дефинирал Карл Густав Јунг. Но, синхроницитетот не е само субјективна појава, бидејќи и самиот свет и природата се покажуваат ...
Ретки, ендемични, мистични и за пошироката јавност речиси непознати видови од природата во Македонија, изложени се во мобилната поставка на Природонаучниот музеј прикажана во трговскиот центар Сити мол во Скопје. Станува збор за т.н. Попап-музеј, кој може да „никне“ на различни неочекувани локации, потсетувајќи дека и јавниот простор може да биде музеј. Поставката е составена од внимателно избрани примероци од музејските депоа, изложени во ...
Педесет и второто издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи в петок и в сабота во Прилеп и во Долнени. Отворањето на фестивалот е утре попладне во 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а в сабота програмата ќе се одржи на Рудина во Долнени со почеток од 18 часот. Фестивалот има и алтернатива доколку не дозволат временските услови за настап на инструменталистите на отворено, беше ...
По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и во рамките на одбележувањето 35 години од основањето на „Матица македонска“, првата издавачка куќа во самостојна Македонија, почнува големата акција „Мисли на македонски, читај домашно“. Акцијата ќе трае од денес до 27 мај, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку веб-страницата www.matica.com.mk, а во нејзините рамки, меѓу другото, читателите ќе можат да ...
Изложба во Музејот на град Скопје Во просториите на ЈУ Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Црковната уметност на 19 век во Скопје и Скопскиот Регион, денеска во 19 часот. Автори на изложбата и каталогот се м-р Викторија Грозданова Коцевски и м-р Станимир Неделковски. Изложбениот концепт опфаќа презентација на дваесетина иконописни дела од збирката на икони од 19 до почеток на 20 век од Музејот на град Скопје, кои се насликани од ...
Одбележување на Денот на македонските пожарникари, пиетет за луѓето што секој ден го ризикуваат својот живот за да спасат друг живот и имот Додека граѓаните бегаат далеку од пламените јазици, ние трчаме кон нив. Додека чадот ги затвора хоризонтите, ние влегуваме таму каде што секунди одлучуваат меѓу живот и смрт… се зборовите на нашите соговорници, расположена и насмеана група пожарникари, кои на својот празник ги затекнавме високоподготвени ...
Повод: Поднесената жалба до Европската комисија (ЕК) против Бугарија од страна на Централниот совет на Македонците во Германија Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската Унија во рамките на преговорите за пристапување на Република Македонија. Оваа жалба не е само административен акт ...
На 21 мај (четврток) од 17:00 часот, „Makka Bar“ ќе стане местото каде што младите ќе искусат спој на дизајн, музика и урбана креативност, на настан каде што официјално ќе биде откриена новата лименка Златен Даб Limited Edition. Новото Limited Edition издание е резултат на креативната соработка помеѓу Златен Даб и студентите од „Brainster Next“, кои преку креативен хакатон добија можност да работат на предизвик за еден од најпрепознатливите ...
Организација за храна и земјоделство предупреди дека евентуалното затворање на Ормускиот Теснец би можело да предизвика сериозна глобална криза со цените на храната во следните шест до 12 месеци, доколку владите итно не преземат мерки. Според ФАО, одлуките што земјоделците и владите ги носат сега – околу употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето и изборот на земјоделски култури – ќе бидат клучни за тоа дали цените на храната драматично ќе ...
Со изведување нови докази од страна на обвинителството, денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, што избувна на 16 март 2025 година, при што загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, пренесе МИА. На почетокот на рочиштето, еден од бранителите се осврна на претходно презентираните снимки од безбедносни камери, посочувајќи дека според нивните проценки, во критичниот момент во и околу дискотеката ...
Александар Николоски изјави дека македонските транспортери ќе можат да добиваат визи за движење низ земјите од Шенген зоната преку амбасадата на Хрватска во Скопје и преку хрватските дипломатско-конзуларни претставништва, со што, како што рече, се решава проблемот што настана со воведувањето на ЕЕС системот на Европска Унија, пренесе МИА. Николоски во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител посочи дека со тие визи транспортерите ќе можат ...
Александар Николоски изрази задоволство што Европска комисија ја одобри новата транша од 65,7 милиони евра за земјава во рамки на Планот за раст и Механизмот за реформи, оценувајќи дека тоа е доказ дека Македонија е „земја број еден во Западен Балкан“. Во интервју за емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, Николоски рече дека реформите не носат само финансиска поддршка за Буџетот, туку и подобар животен стандард за граѓаните, пренесе МИА. ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информираше дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во кабинетот на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Информацијата од ОЈО ГОКК ја пренесуваме во целост. „ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 ...
Цената на нафтата денеска забележа пад на меѓународните берзи, при што барелот се тргуваше за помалку од 107 долари, по сигналите од САД за можно брзо завршување на војната со Иран и по успешното минување на супертанкер низ Ормускиот Теснец. На берзата во Лондон, цената на барел нафта попладнево изнесуваше 106,84 долари, што е намалување од 4,44 долари во споредба со претходниот ден. Во меѓувреме, на американската берза нафтата поевтини за ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Арагчи, во одделни телефонски разговори со своите колеги од неколку земји во регионот, ги информираше за најновите регионални случувања и ставот на Иран во врска со завршувањето на војната, јавува иранската државна новинска агенција „ИРНА“. Во разговори во петокот со министерите за надворешни работи на шест регионални земји, вклучувајќи Турција, Египет, Катар, Саудиска Арабија, Ирак и ...
Олмеките претставуваат првата голема цивилизација на Мезоамерика, чија културна светлина блеснала меѓу 1200 и 400 година пред нашата ера во влажните и плодни низини на денешен Веракруз и Табаско. Иако нивното име, дадено од подоцнежните народи, значи „народ на гумата“, нивното вистинско наследство е многу пошироко – тие се сметаат за „мајка култура“ на регионот, поставувајќи темели врз кои подоцна ќе се издигнат Маите и Ацтеките. Во центри ...
Во Прилеп денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите, со презентација на опрема и возила на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, каде учениците од основните училишта имаа можност поблиску да се запознаат со противпожарната дејност. Градоначалникот Дејан Проданоски, честитајќи го празникот, истакна дека целта на настанот е младите да се едуцираат за противпожарникарството и да се поттикне доброволното ангажирање во оваа област. – ...
Меѓународниот средношколски економски форум „Инвестираме во човечки капитал: Учениците се нашата најголема валута“ се одржа денес во Прилеп, во организација на СЕУ „Кузман Јосифоски – Питу“ со поддршка на Општина Прилеп, каде се дискутираше за економијата, пазарите и глобалните трендови. Според Христина Бозоска-Николоска, денес училиштето било центар на младата економска мисла во регионот и во Европа. – Ова е прв меѓународен средношколски ...
Земјите членки на Европската унија разгледуваат можност поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да ја претставуваат Унијата во евентуални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Фајненшл тајмс“. Според извештајот, министрите за надворешни работи на ЕУ за ова прашање ќе разговараат на состанокот што следната недела ќе се одржи на Кипар. Европските ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Големата сала на народот во Пекинг се сретна со својот руски колега Владимир Путин, кој престојува во официјална посета на земјата, при што двете страни се договорија за идно продолжување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Кина и Русија, пренесе „Гардијан“. Си Џинпинг го пречека Путин со голема свеченост во Големата сала на народот, придружуван од воена почест и оркестар ...