Премиерот Христијан Мицкоски порача дека делото на светите браќа Кирил и Методиј и денес носи силна и современа порака, дека секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Обраќајќи се на свечената академија „Од слово до вечност“, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители, Мицкоски истакна дека одбележувањето на делото на Кирил и Методиј не е само сеќавање на двајца ...

Косовски државјанин, кој бил ангажиран како водич во автобус, е приведен во кривопаланечкиот регион под сомнение за кривично дело „давање поткуп“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки бил запрен денеска околу 6.30 часот од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, на подрачјето на СВР Куманово – ОВР Крива ...

Лице од беровското село Двориште е приведено во Струмица, откако кај него и во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Приведувањето било извршено ноќеска околу 02 часот, во близина на угостителски објект во Струмица, каде полициски службеници извршиле преглед на лицето и патничко возило „Фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки. При прегледот, кај лицето била ...

По повод Денот на сесловенските просветители, Министерството за образование и наука упати честитка во која го истакнува значењето на делото на Кирил и Методиј за духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Од Министерството посочуваат дека како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставиле траен белег врз словенската писменост, култура и просвета, а нивното дело и денес претставува поттик за зачувување на јазичниот и ...

По децении запуштеност, започна акција за чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, објави на својот Фејсбук профил директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. На својата Фејсбук-објава, Ивановски сподели фотографии и видео од активностите, истакнувајќи дека Железничката станица треба да биде гордост на главниот град, а не запуштен и нерепрезентативен објект. – Декади запуштеност и немање институционална и ...

Заврши Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Со доделување на наградите синоќа заврши 52. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, кој ја негува македонската традиција. Гран при наградата му беше доделена на Фолклорниот ансамбл „Седенка“ од Скопје, а за најдобар гајдаџија беше прогласен Дејан Лазаров од ФА „Осоговски извор“ од село Оризари, Кочанско. Жирито во состав: професор д-р Родна Величковска, ...

Осомничениот кој отвори оган на контролен пункт во близина на Белата куќа беше убиен во престрелка со агенти на Тајната служба во саботата навечер, потврдија американските власти. Истрагата за инцидентот е во тек, а дел од улиците околу комплексот останаа затворени и во текот на ноќта, пренесе „Гардијан“. Американските медиуми го идентификуваа осомничениот како Насире Бест (21), за кого, според официјални извори, постоеле претходни контакти ...

Во Белград попладнево и вечерва се одржа голем мирен протест на кој повикаа студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“, во обид да обноват повиците за предвремени избори. Илјадници граѓани на Белград и од други градови во Србија беа на плоштадот Славија. Студентите во блокада имаа собири на четири локации во Белград, од каде што се упатија кон Славија каде неколкупати одржаа протести од кои ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека Будимпешта се откажува од претходната одлука за повлекување од Меѓународен кривичен суд (МКС), јави германската новинска агенција ДПА. „Владата се откажува од намерата за напуштање на МКС“, напиша Маѓар во објава на социјалната мрежа Икс, без дополнителни детали. Меѓународен кривичен суд, со седиште во Хаг, од 2002 година ги процесира најтешките меѓународни злосторства, меѓу кои геноцид, воени ...

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил ...

Променливо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува денеска низ земјава, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повеќе места ќе има врнежи проследени со грмежи и засилен северен ветер, кој локално може да достигне брзина и над 50 километри на час. Според прогнозите, на одделни места се очекуваат и поинтензивни временски процеси, во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер над 60 километри ...

Последен поздрав Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, објави Македонската опера и балет. ...

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело – соопшти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од ...

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 17:41 часот. Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од ...

Вашиот труд не исчезна со вековите, вашето слово и денес живее меѓу нас, вашата молитва сè уште нè крепи, а вашата жртва продолжува да раѓа нови плодови. Свети Кирил и Методиј не се само великани од минатото, туку се жив темел на нашата историја и на сиот наш бит, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на молебенот во чест на свети Кирил. Во словото на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим поглаварот на ...

Историски паралели помеѓу конфликтите поврзани со најзначајните поморски патишта Империите ретко умираат одеднаш. Тие најчесто умираат во моментот кога ќе одбијат да признаат дека времето им поминало. Историјата не ги руши империите со еден удар. Таа прво ги празни од сила, од самодоверба и од реална моќ. Потоа доаѓа кризата, и тоа онаа што само го открива она што веќе било вистина. Во 1956 година тоа беше Суец. Денес тоа би можел да биде ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода. Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода ...

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...

Премиера на мјузиклот „Као какао“ Со музиката на Влатко Стефановски, текстот на Венко Андоновски и режијата на Дејан Пројковски, актерската игра на Владимир Петровиќ, Катерина Јовановиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Дениз Абдула, Јована Миладинова, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Анастасија ...

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на денешната меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Македонија, која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите, е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ. – Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може никому во ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток. – Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се ...

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во базиликата „Сан Клементе“ во Рим ќе присуствува на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај. Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...

Професорот Игор Јанев со нова теорија објавена во американско списание со висок фактор на влијание Професорот Игор Јанев неодамна објави научен труд во астрофизичкото списание со висок фактор на влијание во областа на астрофизиката на Американското астрономско друштво – „Американско списание за планетарна и вселенска наука“ – во кој се обидува да понуди поинакво гледиште за тоа како функционираат промените во природата, општеството и во ...

МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА: МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Прашањето за ширењето на писменоста и дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, заедно со генезата на најраните славјански правни и литургиски текстови, претставува едно од најкомплексните поглавја на медиевистиката. Официјалната историска наука, поткрепена со хагиографски извори и археолошки наоди, го лоцира поречието на Брегалница како клучен стратешки и културен центар на т.н. Византиската ...

Вечерва во Прилеп започна 52 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, кој го негува македонскиот изворен фолклор. Овој фестивал, кој, според градоначалникот Дејан Проданоски, опстојува и се негува повеќе од пет децении, сам по себе зборува за силата на нашиот идентитет, за богатството што генерации наназад е вткаено во изворната македонска песна и оро. -Тоа богатство се пренесувало од колено на колено, од ...

Проф. д-р Елка Јачева-Улчар, ексклузивно за „Нова Македонија“ по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј – 24 Мај, во две продолженија пишува за историскиот развој на македонскиот јазик, од неговите корени, преку дејноста на средновековните книжевни школи, грамотите и дамаскините како клучни сведоштва, евангелијата на македонски дијалекти, пионерите на македонската културна преродба Јоаким Крчовски и ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во честитката по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. -Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста ...

Воведник на редакцијата Дали меѓународната заедница посакува Брисел да сопре да ја претставува Македонија како „европски случај“ и да ја претстави како „европски интерес“? Во Брисел долго време Македонија беше третирана како држава што секогаш е „близу“, но никогаш доволно блиску до Европската Унија. Земја на бескрајни компромиси, постојани условувања и хронично одложена европска награда. Но геополитичките интереси ја сменија логиката на ...

Претстојниот викенд ќе бидат одржани три предавања на Крешимир Мишак во Битола, Скопје и Велес. Мини турнејата, насловена како „На работ на науката во Македонија“ освен предавања, ќе содржи и музички настапи на Мишак со македонскиот бенд „Паркети“ во Битола и Скопје. Влезниците се во ограничен број и се достапни во претпродажба на платформата TixMk: Скопје https://tix.mk/event/331/drvoto-na-zhivotot-kreshimir-mishak?lang=mk Велес ...

СПОР МЕЃУ БУГАРИЈА И РУСКАТА КОМПАНИЈА Руската нафтена компанија „Лукоил“ бара три милијарди евра отштета од Бугарија откако државата ја презеде контролата врз локалните операции на компанијата, изјави Румен Спеков, специјалниот државен администратор задолжен за надзор на бугарските средства на групацијата. Тој изјави за бугарската БТВ дека барањето е поднесено преку швајцарската подружница на „Лукоил“, „Литаско“, но дека сè уште не е ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
39%
1015
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
25%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
32%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
65%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.81
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
43%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37