Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп денеска и утре е домаќин на манифестацијата „Кога зборува Рацин, зборува Македонија“, со кој се оживува Рациновото дело, а на кој учествуваат четири основни училишта од Македонија, кои го носат името на великанот. Манифестацијата, поддржана од Општина Прилеп, носи бројни активности и свечености. Настанот започна со полагање цвеќе на Могилата на непобедените, програма и посета на Меморијалниот музеј ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84 проценти во однос на претходната пресметка од 26 мај 2026 година. Според пресметката, референтните цени на светскиот пазар покажуваат намалување кај бензините за 10,867 проценти, кај дизелот за 10,622 проценти, кај екстра лесното масло за 10,136 проценти, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 проценти од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14 проценти од ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека израелската армија добила наредба да изврши напади врз позиции на Хезболах во областа Дахија, во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Нетанјаху наведе дека одлуката е донесена заедно со министерот за одбрана Израел Кац, како одговор на, како што посочи, повторените прекршувања на прекинот на огнот од страна на Хезболах и нападите врз израелски ...
Најмалку пет лица загинаа, а две се здобија со тешки повреди во експлозија што утрово се случила во воен производствен погон во јужнокорејскиот град Деџеон, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила во фабрика на компанијата „Ханва Аероспејс“, лоцирана на околу 150 километри јужно од Сеул. Според снимките објавени од медиумите, по експлозијата над објектот се издигнал густ црн чад. Јужнокорејскиот премиер Ким Мин-сок наредил итна ...
Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година. Оваа иницијатива, како што информираат од компанијата, е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на ...
Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка, пренесе МИА. Според официјалната статистика, најголемиот дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, со учество од 70,8 проценти. Монетарното злато учествува со 16,8 проценти, додека валутите и депозитите сочинуваат 12,3 проценти од вкупните резерви. За споредба, на крајот од декември 2025 година, ...
Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, пренесе МИА. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган ...
Предлогот за продолжување на примирјето меѓу САД и Иран и повторно отворање на Ормускиот Теснец засега не успева да ја намали неизвесноста на светските пазари, поради што цените на нафтата денеска забележаа раст. Суровата нафта Брент за испорака во август на берзата во Лондон поскапе за 1,89 долари и достигна цена од 93,01 долари за барел. Во исто време, американската сурова нафта WTI за испорака во јули се зголеми за 2,21 долари и се ...
Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства. Директорката на Домот ...
Во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3.851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон, информираше Министерството за внатрешни работи. – По однос на ...
Мирот бара храброст, толеранцијата бара лидерство, и демократијата бара од секој од нас да избереме одговорност пред поделба, достоинство пред омраза и соработка пред конфронтација, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, пренесе МИА. На пленарната сесија која се одржва во Македонското Собрание на тема „Унапредување на ...
Општина Дојран ги објави резултатите од најновите анализи на површинската вода од Дојранското Езеро, извршени во пресрет на летната туристичка сезона. Примероците се земени од три мерни локации – „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“ – во средината на минатиот месец, а анализите ги спроведе ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ од Велес, согласно Националната програма за јавно здравје за 2026 година, пренесе МИА. Според извештајот за ...
Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и Реактор со поддршка од Француската амбасада. Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно нова и во Франција, но податоците ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...
Милитаризацијата на Германија и проблемите што може да ги создаде Преструктурирањето на германската индустрија не може да се направи толку брзо колку што би сакале сегашните власти во Берлин во контекст на зголемените потреби за раст и развој на индустријата или, поконкретно, за излез на германската економија од тековната и сѐ подлабоката спирала на рецесија. Официјален Берлин инсистира дека „Германија треба да ја поддржи и предводи ...
Голема антикорупциска истрага поврзана со украинскиот државен нуклеарен гигант „Енергоатом“ Како што во јавноста излегуваат нови детали од огромната антикорупциска истрага поврзана со украинскиот државен нуклеарен гигант „Енергоатом“, политичкиот притисок врз претседателот на Украина, Володимир Зеленски, станува сè посилен. Во центарот на скандалот се протечени аудиоснимки и транскрипти од истрага на Националното антикорупциско биро на ...
Од 3 до 6 јуни, во соработка со здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност ...
Со новата владина одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупроизводи и суровини, домашните и странските инвеститори, како и извозниците, ќе станат уште поконкурентни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на трговскиот центар „Мега шопинг парк“ во Гевгелија, Мицкоски посочи дека по претходното усогласување од 50 проценти, сега е направено дополнително усогласување за уште 20 проценти. – ...
Илина Арсова, сликарка Во Културно-информативниот центар во Скопје, до 1 јуни ќе биде поставена изложбата „Патување низ хармонија и надеж“ на уметницата Илина Арсова. Во изминатите пет години, таа ја истражува уметноста не само како алатка за изразување или документирање туку и како истражувачки метод. Потпирајќи се на своето етнографско истражување на боливиските Анди, таа ги бележи емоциите, доживувањата и искуствата, користејќи ја ...
Изложба на Милан Андов во „Мала станица“ Изложбата со наслов „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“ на академскиот уметник Милан Андов ќе биде поставена до 28 јуни во мултимедијалниот центар „Мала станица“. Дехуманизацијата, како процес на преиспитување, анализирање, како наше лично искуство, е присутна со години во творештвото на Милан Андов, па оттаму потекнува и овој циклус на дела преточен во изложба. Токму ова е темата ...
Светот околу нас се менува побрзо и подраматично отколку што можевме да очекуваме. А океаните нè предупредуваат сè посилно за тоа. Глобалната мрежа на инструменти испраќа огромни количества податоци за состојбата на светските океани секој ден. Новите сознанија собрани преку Глобалниот систем за набљудување на океаните (ГООС) им овозможуваат на научниците низ светот да ги следат промените што не се секогаш веднаш видливи. ГООС често се опишува ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата за пратенички прашања оцени дека според податоците од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) актуелната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната влада. – Нема да има ново задолжување од 350 милиони евра во јуни – рече Мицкоски, посочувајќи дека со последното задолжување од 260 милиони евра ќе се доплати делот од еврообврзницата од 700 милиони евра и оти на тој начин ќе се намали и бруто и ...
„Евростат“: Демографската слика на ЕУ во 2026 година открива континент што живее подолго, има помалку деца, а станува сè поразновиден Европската Унија во 2025 година има 451 милион жители. Тоа е околу еден милион повеќе отколку во 2024 година, но зад оваа бројка се крие сложена приказна за стареење, миграции, нови семејни модели и тивка трансформација на европското општество. Новото интерактивно издание „Демографија на Европа – 2026“ не е ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (20) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...
Пролетна задушница В сабота, според христијанската традиција, ќе се одбележи Задушница, со молитвено застапништво за починатите. Многумина од православните христијани и оваа година за претстојниот викенд, кога ќе се одбележува Задушница, во духот на вистинската вера ќе настојуваат да го оживеат споменот и да им оддадат почит на починатите. Според обичајот, уште в сабота вечер ќе заминат на гробиштата, за да преноќат, а другиот ден ќе делат и ...
„Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти во Битола и во Скопје Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти, кои ветуваат врвно уметничко ...
Дипломатската офанзива на Софија не само што не стивнува туку дополнително се засилува Ни малку не е случајно тоа што прво официјално патување на новиот бугарски премиер Румен Радев е токму во Франција, каде што неодамна имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, и тоа во пресрет на самитот меѓу Европската Унија и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. Во дипломатијата изборот на земја за прва официјална посета по стапувањето на ...
Фотографијата Намигни ми на авторот Марко Угарковиќ е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. – Фотографија од лавицата од ЗОО Скопје ЗОО. Ја забележав како ме набљудува. Се гледавме некое време, и ми намигна – вели Угарковиќ. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, ...
Изворно сведоштво за самобитноста на македонскиот јазик и неговите дијалекти Среде политичка и јазична Европа, во срцето на француската република, во средата се случи „несреќно совпаѓање“ за францускиот претседател Емануел Макрон и бугарскиот премиер Румен Радев: на два дена пред 121-та годишнина од раѓањето на италијанскиот славист Чиро Џанели, двајцата највисоки лидери на две држави членки на ЕУ несвесно „стапнаа“ на „минско поле“, засеано ...