Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го промовираше „Планот за професионален интегритет 2026–2028“, документ со кој треба да се зајакнат транспарентноста, одговорноста и етичките стандарди во работењето на полицијата. Промоцијата се одржа во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија, а настанот беше посветен на претставување на клучните приоритети и мерки предвидени со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на оклопни возила од типот „Страјкер“ (STRYKER) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, оценувајќи дека станува збор за значајна инвестиција во модернизацијата на Армијата. Како што информираше, набавката на возилата се реализира во рамки на соработката со Соединетите Американски Држави, преку два договори на принципот Влада-со-Влада, кои ги опфаќаат и лесните оклопни возила ...
Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите. На располагање имаме пет пилоти за ер-тракторите, а најдоцна во текот на мај се очекува да бидат вратени од сервис двата ер-трактора, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. – Во овој момент, Дирекцијата располага со пет пилоти за ер-трактори, кои се подготвени за дејствување во пресрет на сезоната на шумски пожари. Во моментот еден ...
Владата, преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии, најави силна поддршка за реализација на проектот брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје, со цел модернизација на јавниот транспорт, информираше на социјалните мрежи министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. – На денешната седница е потврдена подготвеноста за воспоставување на нов, современ сообраќаен систем кој треба да ја подобри ефикасноста и ...
Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена. По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар. И дел од другите горива на бензинските станици ...
Во Скопска зоолошка градина денеска беше одбележан посебен настан – првиот роденден на гибончето Мики, кое стана симбол на грижа, љубов и втора шанса. Мики, кој на почетокот бил отфрлен од својата мајка, благодарение на посветеноста на негувателката Зера и тимот на зоолошката градина успеа да преживее и да израсне во здраво и разиграно животно. Денес, заедно со својата сестра Делфина, тој го одбележа својот роденден, покажувајќи ја својата ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во земјата е стабилна, откако беше прашан за влијанието на случувањата на Блискиот Исток. – Безбедносната состојба е стабилна, без одредени осцилации, апсолутно ја имаме под контрола. Предизвици има и ќе има, тоа е жива и динамична материја, но ние сме тука да ја следиме и да реагираме доколку има потреба – рече Мицкоски. Премиерот денеска присуствуваше во касарната Страшо ...
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала денеска напладне беше почувствуван во Скопје и околината. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот се случил во 12 часот и 05 минути, со епицентар на скопското подрачје. Земјотресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека станува збор за слаб ...
Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење на паркинг-простор и побарала од Државниот пазарен инспекторат да не издава лиценца за работа на дискотеката Пулс, бидејќи објектот се наоѓал во индустриска зона. Ова на денешното рочиште во судницата во Идризово го истакна сведокот Драги Илиевски, пренесе МИА. Одговарајќи на прашања од Јавното обвинителство, Илиевски појасни дека објектот се наоѓал во зоната Г2, наменета за ...
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи заканата за, како што самиот тој рече, „уништување на иранскиот енергетски систем“ отвори повеќе прашања отколку што даде одговори. Иако Белата куќа тврди дека паузата е резултат на „продуктивни разговори со Техеран“, иранската страна говори обратно. Таа категорично негира дека такви разговори воопшто се одржале. Но, како и да е, во реалноста, оваа петдневна пауза изгледа како ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека Владата работи со максимален ангажман, но посочи дека кај одредени поединци постојат забелешки и најави дека тие ќе бидат сменети доколку не го подобрат својот учинок. – Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се ...
Повод: 144 години од раѓањето на Арсени Јовков Во македонската национална меморија, Арсени Јовков останува запаметен како една од оние личности што ја претворија борбата за слобода во културна и духовна трајност. Тој беше учесник во македонското револуционерно движење и во Илинденското востание, но неговото дело не се ограничува само на оружјето и барикадите. Јовков се јавува како поет и публицист, како глас што ја преточува жртвата во збор, ...
Пентагон подготвува распоредување на илјадници војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Соединети Американски Држави на Блискиот Исток, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на два извора запознаени со плановите. Овој потег доаѓа во време кога претседателот Доналд Трамп зборува за можен договор со Иран за ставање крај на конфликтот. Според информациите, станува збор за дополнително зголемување на американското воено присуство во ...
На 25 март во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, ќе се одржи јубилејната 10. манифестација на „Денот на пијаното – Скопје“ (Piano Day Skopje 2026). Настанот годинава е насловен „Македонски музички приказни“ и е посветен на македонското музичко творештво, а ќе се реализира во соработка со музикологот м-р Нора Бајрами. Младите пијанисти ќе изведат низа дела од македонски автори. -Одлучивме овој пат фокусот да биде на македонската ...
По „Мистична Македонија“ и „Окултен маркетинг“, Никола Ристевски од Свети Николе во своето трето гостување кај Крешимир Мишак ја претстави новата книга „Огледало на душата“, отворајќи ја темата за психолошката длабочина на сказните и народното творештво. Дека македонските истражувачи и автори имаат што да му понудат на регионалниот и светскиот пазар потврдува најновиот успех на Ристевски. Изминатиов викенд, на Хрватската радио-телевизија ...
Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк“. Со креативна фузија на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“ отвора нови видици, давајќи им значајна поддршка на авторите и уметниците од различни области на културното творештво во нашата земја. Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржат промоции на книги, музички ...
ШТО ЗНАЧИ ПОВИКОТ ОД КОНГРЕСОТ НА САД ЗА „ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ“ ВО АМЕРИКА: ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА ИЛИ ОПАСЕН ПРЕСЕДАН? Терминот промена на режим (во оригинал употребен „regime change“ во Конгресот на САД) во меѓународната политика најчесто означува „насилно или надворешно наметнато соборување власт“. За колепката на демократијата, Соединетите Американски Држави, ова претставуваше уште еден во низата политички шокови во јавноста, кои и ...
Соединети Американски Држави доставиле до Иран предлог за мировна рамка составена од 15 точки, заедно со иницијатива за прекин на огнот, со цел намалување на тензиите на Блискиот Исток. Претседателот Доналд Трамп изјави дека иранската страна веќе прифатила еден од клучните услови – откажување од нуклеарно оружје. – Тие се согласија. Тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Тие се согласија со тоа- изјави Трамп. Како што објави „Њујорк ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...
Со највисоки државни и воени почести, вчера во Загреб беше пречекана македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што официјално започна нејзината дводневна официјална посета на оваа земја. Двајцата претседатели одржаа средба лице в лице, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на хрватската делегација, во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека немало преговори со САД во текот на 24-дневната војна, додавајќи дека ставот на Исламската Република за Ормутскиот теснец и условите за завршување на конфликтот остануваат непроменети. Во разговор за ИРНА, Есмаил Багаеи рече дека во последните денови биле пренесени пораки преку неколку „пријателски земји“, што укажува на она што го нарече интерес на Вашингтон за преговори ...
ЕКСКЛУЗИВНО: Раздвижени дипломати и отворање на комуникациските канали меѓу САД и Иран Според информациите до кои дојде нашиот весник, „директна комуникација меѓу Трамп и ирански претставници не се случила“. Но во добиената информација од брифингот се вели дека наместо директна комуникација на највисоко ниво, „клучната улога ја имаат специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и советникот и негов зет Џаред Кушнер“, кои веќе имаат искуство ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата му нуди на Јавното обвинителство преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Гостувајќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Андоновски нагласи дека дигитализацијата е клучна за поефикасно функционирање на ...
Со изведување на нови докази и сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. За денешното рочиште обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите вработени во Општина Кочани, пренесе МИА. Воедно, одбраната на ...
Основно јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за тешка кражба извршена во кругот на фабриката Железара. За едно од обвинетите лица е предложена мерка притвор, додека за останатите двајца се предложени мерки на претпазливост. Според обвинителството, во првите денови од март годинава, осомничените одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на компанија од Кавадарци. При извршувањето ...
Во момент кога Европската Унија повторно ја отвора дебатата за сопственото проширување, сигналите од Берлин стануваат сè погласни и посуштински. Анализата „Следното проширување на Европа“, објавена во угледното германско гласило „Интернационале политик квотерли“ на 18 март 2026 година, открива дека Германија влегува во нова, проактивна фаза – но со сериозни внатрешни дилеми и контрадикции. За земјите од Западен Балкан, вклучително и ...
СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со премиерот Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и континуиран политички дијалог, како и на конструктивна соработка во повеќе области од заеднички интерес, стои во соопштението од кабинетот на Силјановска Давкова. ...
Францускиот министер за економија Ролан Лескир предупреди дека кризата во Ормускиот Теснец може да прерасне во сериозно економско нарушување од системски карактер, оценувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток веќе предизвикува нов глобален нафтен шок. Обраќајќи се пред пратениците во Националното собрание на Франција, Лескир истакна дека сценариото за краткотрајна криза повеќе не е реално и дека станува збор за длабоко нарушување на ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Украина нема да може да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година. Говорејќи на настан организиран од Политико, таа истакна дека е нереално да се очекува членство на Украина до 1 јануари 2027 година, нагласувајќи дека процесот на проширување не може да се врзе со фиксни рокови, пренесе „Анадолија“. Кос посочи дека претседателот Володимир Зеленски инсистира на забрзување ...