Лишени од слобода биле двајца романски државјани откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит. – Синоќа околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панелот „Инженеринг на инфраструктурата за енергетска безбедност“ (Engineering the Infrastructure of Energy Security) во рамки на Делфи економскиот форум (Delphi Economic Forum), каде заедно со високи владини претставници и лидери од енергетскиот сектор се дискутираше за иднината на енергетската безбедност во регионот. Во своето обраќање, министерката ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на надзорна расправа на Комисијата за еднакви можности во Собранието истакна дека здравствениот систем има клучна улога во раната детекција и обезбедувањето поддршка за жртвите на семејно насилство. – Министерството за здравство воспоставува системски пристап, со јасно дефинирани мерки и активности. Во тек е подготовка на програма за зајакнување на здравствениот систем за 2027 година, со предвиден ...

Во изминатото деноноќие се евидентирани три случаи на семејно насилство, при што полицијата извршила службени разговори со две лица и презема мерки за целосно расчистување на случаите. Во Полициската станица Кисела Вода, вчера во 11:00 часот, полициски службеници извршиле разговор со 38-годишна скопјанка, по пријава дека на 18 април во својот дом со тврд предмет го нападнала својот поранешен сопруг. По документирање на случајот ќе следува ...

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случила на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“ во Скопје. Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 07:15 часот, кога патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 58-годишниот З.М. од Скопје. Во незгодата, велосипедистот се здобил со ...

Титулата Европска престолнина на културата 2028 не се сведува на едногодишна културна програма, туку претставува долгорочен процес насочен кон трајна трансформација на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ова беше главната порака на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. На настанот ...

Препознатливиот градски фестивал Виноскоп годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. Винската приказна од 13 до 17 мај 2026 година во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма. Во текот на изминатите години, Виноскоп прерасна во препознатлив градски ...

Делегацијата на Собранието на Република Македонија, во состав Иванка Василевска (заменик-шеф на делегацијата), Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, учествува на второто редовно заседание за 2026 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кое се одржува од 20 до 24 април во Стразбур. Според собраниската прес-служба, сесијата ја отворила претседателката на ПССЕ, Петра Баир, која ја нагласила потребата од зајакнато ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека таканаречената „пржинска влада“ мора да остане во сила, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик. На прес-конференција во Собранието, Филипче оцени дека пржинскиот модел претставува клучен контролен механизам за обезбедување фер и слободни избори, особено во услови, како што рече, на „авторитарен начин на владеење“. Тој предупреди дека ...

Македонските граѓани во 2025 година направиле значителен раст на онлајн плаќањата со платежни картички во странство, при што потрошиле 427,8 милиони евра преку 12,4 милиони трансакции. Најчесто се купувале производи и услуги поврзани со патувања, како авионски билети и хотелски резервации, покажуваат податоците анализирани од Асоцијацијата за е-трговија врз основа на информации од Народната банка. Во однос на 2024 година, Македонците ...

На армискиот полигон „Криволак“ продолжува вежбата „БЛЕСОК 26“, во чии рамки единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) реализираат офанзивни тактички операции во повеќе сценарија. Активностите се одвиваат под надзор на оценувачки тим и НАТО монитори, како дел од процесот на оценување на борбената подготвеност на единицата. Вежбените активности се спроведуваат согласно планираната динамика и опфаќаат маневри на терен, заземање ...

Енергетскиот дефицит во ЕУ ја принудува Унијата да ги рециклира старите планови за „координирани заеднички настапи при купување природен гас“ Европската комисија сака да ги обнови координираните купувања гас низ целата Европска Унија, бидејќи војната на САД со Иран ги зголемува стравувањата за снабдување со енергентот, според плановите на раководството на Унијата во кои увид имал „Политико“. Тоа е една од многубројните нови мерки што ...

Уште еден показател за континуитетот на нарушените политички и деловни односи на релацијата Берлин-Москва по конфликтот во Украина Русија е подготвена да го запре извозот на нафта од Казахстан во Германија преку нафтоводот „Дружба“ почнувајќи од 1 мај, објави „Ројтерс“ врз основа на информации од три свои доверливи извори. Изворите, кои разговараа со новинската агенција под услов да останат анонимни, изјавија дека е испратен приспособен ...

На стрип-фестивалот „Цртани романи шоу“ во Загреб, Хрватска, гостуваа Томе Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип – стрип-промотори. Фестивалот се одржа од 17 до 19 април во Академијата на ликовни уметности. Според Трајков, оваа работна посета е логичен континуитет на неговата меѓународна стрип-активност. – Фестивалот на кој учествувавме е еден од оние со најголема традиција и рејтинг во регионот. Тој спаѓа во редот на „комикони“, ...

Постојат места што не се само локации на мапата туку се и дел од нашето детство, дел од нашата меморија, дел од тоа кои сме. Зоолошката градина во Скопје е токму такво место. Оваа година, Зоолошката градина Скопје одбележува 100 години постоење – еден век исполнет со детска смеа, први средби со животните, учење за природата и тивки моменти што засекогаш остануваат врежани во срцето. Колку генерации поминале низ нејзините патеки? Колку деца ...

КУС ОСВРТ КОН КОНЦЕПТОТ НАРЕЧЕН „ГЕОГРАФИЈА НА ЕКОНОМСКО И ПОЛИТИЧКО НЕЗАДОВОЛСТВО“ ШТО СЕ ШИРИ НИЗ ЕУ Појавата што експертите ја означуваат како „географија на економско и политичко незадоволството“ во изминатите години ја зафаќа целата Европска Унија, предизвикана од растечкиот јаз во економскиот развој на повеќе региони во речиси сите 27 земји членки на ЕУ. Воедно, економското и политичкото незадоволство на одредени ЕУ-региони е директна ...

Што забележа лупата на Советот на Европа на последните предвремени парламентарни избори во Бугарија Меѓународните набљудувачи на предвремените парламентарни избори во Бугарија во својата прелиминарна изјава, која беше објавена вчера, констатираа дека предвремените парламентарни избори во Бугарија на 19 април и покрај „празнините во законската рамка“, како и „амандманот донесен во последен момент за бројот на гласачки места во странство, што ...

Три утрински навики – преработена храна, кафе на празен стомак и прескокнување на појадокот – можат да ги зголемат крвниот притисок и холестеролот и да го загрозат здравјето на срцето. Научете како да ги избегнете. Преработената храна, кафето на празен стомак и прескокнувањето на појадокот можат да го зголемат крвниот притисок и да го оптоварат срцето. Овие навики влијаат на нивото на холестерол, хормоните на стрес и ризикот од срцеви ...

Назолабијалните линии се првите што се појавуваат, најмногу ја откриваат возраста и го прават лицето да изгледа уморно. Превенцијата и редовната нега се клучеви за забавување на нивното појавување. Комбинацијата од третман и нега дава најдобри резултати. Назолабијалните брчки се брчките на долната третина од лицето, тие се протегаат од крилјата на носот до усните и се едни од највидливите на лицето. Тие се појавуваат веќе во триесеттите ...

Државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, деновиве престојува во Тирана, Албанија, каде што се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – фестивалот „Мјуз-екс експо“. Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцираше важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко. – Културата не ...

Дивите животни низ целиот свет, од мајмуните во Њу Делхи до верверичките во Њујорк, сè повеќе покажуваат слични и необично смели однесувања, како што е крадење храна од луѓето. Иако таквото однесување не е типично за нивните роднини по природа, тоа станува вообичаено во градовите. Научниците го нарекуваат овој феномен хомогенизација на однесувањето, процес во кој животните во урбаните средини развиваат слични модели на однесување, додека ја ...

Осумдесет години Драмски театар Пред точно 80 години, на 21 април 1946 година, по формирањето на Куклената сцена, во тогашниот Македонски народен театар е изведена премиерата на куклената претстава „Силјан Штркот“ работена по мотивите на Марко Цепенков, а во адаптација и режија на Петре Прличко, рече директорот Роберт Вељановски на прес-конференција по повод 80-годишнината на Драмскиот театар. Драмскиот театар годинава го одбележа големиот ...

Енергетиката денес претставува клучен фактор за стабилност, безбедност и геополитичко позиционирање, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за време на средбата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во Виена. Како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, Божиновска истакна дека Македонија има јасна амбиција да се позиционира како регионален енергетски јазол преку ...

Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини, кои според американските проценки ги поставила Иран, би можело да трае и до шест месеци, се наведува во извештај на Пентагон доставен до Конгресот на САД. Проценката била изнесена на затворена седница пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, а ја пренесе „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според американските официјални лица, ваквата ситуација ...

Администрацијата на Доналд Трамп го смени секретарот на морнарицата во чувствителен момент, додека САД спроведуваат поморска блокада во Ормуската Теснина. Џон Фелан веднаш ја напушта функцијата, соопшти портпаролот на Пентагон, без да наведе официјална причина за смената. Неговите должности привремено ќе ги преземе Хунг Као. Фелан, кој дојде на функцијата во март 2025 година, беше фокусиран на зајакнување на бродоградбата и поморската ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, предлагајќи негово заменување со гласање со мнозинство. Говорејќи на заедничка прес-конференција со ирската министерка Хелен Мекенти во Лондон, Вадефул истакна дека принципот на мнозинство е темел на демократските системи, додека едногласноста треба да остане ...

На 17 мај 2026, планината Водно ќе биде центар на енергија, спорт и заедништво со 14-тото издание на најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјата Sparkasse Life Прв до врв. Ова е повик до сите: рекреативци, професионалци, семејства, компании, пријатели… да станат дел од овој настан што не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината, на спортот и рекреацијата во пет натпреварувачки категории до врвот ...

Туристичката комора при Сојуз на стопанските комори на Македонија (ССКМ) упати официјално барање до Министерството за туризам на Грција за привремено одложување на примената на новиот влезно-излезен ситем (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите од туристичкиот сектор, кој предупредува дека воведувањето на системот во пикот на летната сезона може ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е уапсен под сомнение за проневера и злоупотреба на службената положба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, апсењето го извршиле единици за организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. Во моментов, истрагата е во тек и се преземаат дополнителни дејствија, по што се очекуваат повеќе детали. – Во ...

Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор со електронски надзор, откако Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката за дополнителни 30 дена, по предлог на Обвинителството. Груби е осомничен заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за проневера од околу осум милиони евра поврзана со ВЛТ-апарати. По повеќе од 14 месеци во бегство, тој беше уапсен во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
72%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39