Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Пред свеченото отворање на 56. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, на отворената сцена на платотото пред Офицерски дом во Битола како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк Сокак во Битола. Фестивал формиран пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903, како смотра на фолклорот во националните граници. Фестивалот „Илинденски ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа. – Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за сторено кривично дело – ...
Големиот проблем со еврократијата е што ѝ се дадени навидум прекумерни овластувања. Во суштина, многу нешта функционираат според парламентарните принципи: избори во поединечни земји, економска политика, социјални системи, традиција… Но кликата од Брисел сака да се меша во сè, да критикува, да фали, па дури и да го наметнува своето мислење. Во денешниот свет, кој функционира на поинаков начин, тоа едноставно не држи вода Европската Унија ...
Актуелни слики од Германија: опсервации на три карактеристични појави што најдобро ги отсликуваат состојбите во земјата Берлин прескапо го плаќа новиот курс на енергетската политика Германија денес плаќа речиси петпати повисока цена за увоз на природен гас отколку пред да се откаже од долгорочните договори за снабдување со руски гас, како дел од санкциите што Европската Унија ги воведе против Москва по ескалацијата на војната во Украина. На ...
Американската Комисија за нуклеарна регулатива (NRC) предлага укинување на принципот АЛАРА („As Low As Reasonably Achievable“), кој повеќе од пет децении претставува еден од темелите на заштитата од јонизирачко зрачење во Соединетите Американски Држави и во голем број земји низ светот. Принципот АЛАРА налага изложеноста на зрачење во нуклеарните централи, болниците, научните институции и другите објекти што користат радиоактивни материјали да ...
Пораката што британскиот премиер Енди Барнам ја испрати уште во првите денови од својот мандат, како повод „Мора да го браните својот национален интерес над сè, тоа се очекува од вас ако сакате оваа работа да ја работите како што треба.“ Во само една реченица новиот британски премиер Енди Барнам ја сумираше суштината на државничката политика. – Владите не се избираат за да ги застапуваат интересите на други држави, или да прават компромиси, ...
Уставните измени во оваа форма како што сега се бара нема да се случат, порача синоќа премиерот Христијан Мицкоски. -Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот и така ...
Полицијата во Хамбург ќе воведе засилени безбедносни мерки за претстојните настани по повод Парадата на гордоста, што ќе се одржат викендов, по смртоносниот напад на слична манифестација во Берлин. Портпарол на полицијата денеска соопшти дека ќе биде зголемен бројот на полициски службеници ангажирани за главната парада, која е закажана за сабота, без да открие колку припадници ќе бидат распоредени. -Без разлика дали пред, за време или по ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават. -Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на испраќањето на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопско Горно Лисиче, пренесе МИА. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски им посака безбеден пат на коњаниците, кои и оваа година ќе ја продолжат традицијата на чествување на Илинден и оддавање почит на илинденците во Крушево. -Со гордост и почит им посакавме ...
Во Старата чаршија во Скопје, официјално започна првото издание на интернационалниот фестивал на музиката „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир, чија цел е да прерасне во годишна традиција и да стане значајна културна манифестација во градот. Организаторите ги претставија визијата и значењето на овој фестивал за културниот живот на Скопје. Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани го поздрави организирањето на фестивалот, истакнувајќи ...
Ита Аџиеска, која повеќе од 20 години живее и работи во Соединетите Американски Држави, постигна исклучителен професионален успех со акредитација како независен спортски новинар и фотограф на ФИФА. Со спортско новинарство и фотографија професионално се занимава повеќе од 18 години. Во текот на својата кариера фотографирала голем број меѓународни фудбалски натпревари, меѓу кои и квалификациски и пријателски натпревари на УЕФА, вклучувајќи ги ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против четири лица кај кои во текот на викендот биле пронајдени поголеми количества наркотична дрога. Осомничените се товарат за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај, истрагата опфаќа татко (50) и неговиот 19-годишен син, кај кои при ...
Цените на нафтата значително се намалија, а американските и светските берзи забележаа раст откако дојде до привремено смирување на тензиите меѓу САД и Иран и беше најавено продолжување на дипломатските напори, пренесе „Си-би-ес њуз“. Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Валц, во емисијата „Face the Nation“ изјави дека паузата во борбите има за цел „да ѝ даде простор на дипломатијата“, додавајќи дека американските воени сили и ...
Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите биле испишани графити, меѓу кои и натписот „УЧК“. Случајот е пријавен во СВР Куманово, од каде информираат дека е извршен увид и се преземаат мерки за негово целосно расчистување. Министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоиљковиќ, преку објава на социјалните мрежи го ...
Членовите на собраниската Комисија за европски прашања, предводени од претседателот Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос. Како што соопшти собраниската прес-служба, Милошоски изразил задоволство од сè поактивниот ангажман на Шпанија во политиката на проширување на Европската Унија и се заблагодарил за континуираната поддршка што земјата ѝ ја ...
За време на викендот поради пожарите во Франција евакуирани се околу 220.000 луѓе, додека во соседна Шпанија евакуирани се 75.000 луѓе, а 30.000 лица добиле наредба да се засолнат. – Ова се пожари какви што никогаш порано не сме виделе – изјави денеска градоначалникот на Сестас, Жером Стеф. Сестас е едно од предградијата на Бордо, каде што илјадници луѓе се евакуирани од своите домови и викендички. Пожарите, кои избувнаа минатата недела во ...
Три лица загинаа, а четири се повредени во пукање што се случи синоќа на фестивал на храна во Сиетл. Меѓу повредените е и двегодишно момче, пренесе „Си-ен-ен“. Полицијата соопшти дека е уапсен еден осомничен, додека по вториот сè уште се трага. Според првичните информации, истражителите веруваат дека двајцата осомничени пукале еден кон друг и дека во моментов нема закана за јавната безбедност. – Сè уште се обидуваме да утврдиме што точно се ...
Синоќа, крај параклисот „Св. Злата Мегленска“ во Прилеп, со пригодна културно-уметничка програма беа одбележани сто години од смртта на кодификаторот на македонскиот јазик и на македонскиот правопис Крсте Петков Мисирков. Настанот беше посветен на неговото трајно духовно, културно и научно богатство оставено во наше наследство, како и на неговиот немерлив придонес во афирмацијата на македонскиот јазик и македонската национална самобитност. ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година пред пратениците, истакна дека ревизијата на буџетските проекции е резултат на променетите макроекономски и фискални услови, како и на потребата од обезбедување дополнителни средства за исполнување на најважните обврски на државата. Таа нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат средства за сервисирање на обврските ...
Главниот осомничен за смртоносниот напад на Парадата на гордоста во Берлин е застрелан денеска за време на полициска операција, јави германската новинска агенција ДПА. Според информациите, осомничениот бил лоциран околу 18 часот во комплекс со градинарски парцели во берлинската населба Шпандау. За време на интервенцијата, тој наводно тргнал кон припадниците на специјалната полициска единица вооружен со ладно оружје – нож или мачета – по што ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на топлинската енергија, која ќе стапи во сила од 1 август. За домаќинствата што се снабдуваат преку системот ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство на топлина, цената ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти. Кај потрошувачите на поранешна Топлана Скопје Север, со која сега управува „Енерџи ...
Во Македонија годинава се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден се води како веројатен, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на јули се потврдени пет нови случаи, при што кај двајца пациенти симптомите се појавиле во јуни, а кај еден уште во мај. Најновиот случај е регистриран минатиот четврток. Од вкупниот број заболени, шест случаи се ...
Дали знаете зошто во кафулињата добивате вода со кафето? Причини има многу, а одговорот се наоѓа во 16 век во Турција и Грција, каде што почнала практиката на пиење кафе. Во Западна Европа обичајот се појавил на крајот на 19 век. Иако многумина мислат поинаку, водата што се послужувала со кафето не била наменета за пиење. Причината била – лажичката. Имено, многу жени се жалеле на проблемот со лажичката за мешање на кафето. По мешањето, ...
Марко Видачек од Тетово е избран за претседател на Одборот за хрватско национално малцинство во рамки на Советот на млади на Владата на Хрватска. Со оваа функција, тој воедно ќе ја извршува и должноста потпретседател на Советот. Изборот беше извршен на конститутивната седница на Советот, одржана вчера во Загреб. Како претседател на Одборот, Видачек ќе биде надлежен за прашањата поврзани со хрватските национални малцинства во Австрија, ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Новите цени ќе се применуваат од полноќ, односно од 28 јули во 00.01 часот. Според одлуката, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе поскапи за три денари и ќе се продава по 93 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95 денари за литар. Најголемо поскапување има кај дизелот и екстра ...
Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” ...