Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има ...

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во ...

Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар, се догасува, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, две екипи се на терен и вршат доизгаснување на дрвја и трупци, со цел да се спречи повторно активирање на огнот. -Засега е мирно и под контрола. Но, доколку се појави ветер може повторно да го активира пожарот- рече Гудев. Освен пожарникарите, теренот се контролира ...

Петмина тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во стравична сообраќајна несреќа што се случи на автопатот М9 во округот Килдер, Ирска, откако нивното возило се движело во спротивна насока. Според информациите од ирската полиција (Gardaí), трагедијата се случила во неделата, околу три часот по полноќ, објави „Гардијан“. Во директниот содир меѓу двете возила, на лице место починале сите пет момчиња од автомобилот што возел во ...

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително ...

Европскиот центар за превенција и контрола на болести ЕЦДС (ECDC) упати предупредување до европските здравствени власти за потребата од итно зајакнување на капацитетите за контрола на комарците. Поводот за ова е регистрираниот пораст на локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил во дури 12 европски држави од почетокот на годинава. Според најновиот извештај на агенцијата со седиште во Стокхолм, заразата е регистрирана во Италија, Грција, ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...

Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри од првите куќи, но брзата интервенција на ...

Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните ...

Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. -По ...

Во врска со пожарот кој попладнево изби меѓу населените места Баница, Водоча и месноста Софилар, ве информирам дека ги преземаме сите потребни мерки. Надлежните служби се на терен и работиме на негово гаснење, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фејсбук профил. -Ве повикувам да останете смирени бидејќи сите кои во моментов се на терен се координирани и работат согласно ситуацијата, а сите конкретни информации ќе ...

Просторот на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје, кој изминатите години беше запуштен и меѓу граѓаните познат како „ливада“, се наоѓа во фаза на целосно хортикултурно и инфраструктурно уредување, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според информациите, на просторот веќе се изведуваат активности за поставување ново зеленило и хортикултурно обликување, со цел површината да се претвори во уреден зелен парк што ќе се ...

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...

До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчераншниот ден се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола при што биле пронајдени дрога, оружје и муниција, а од слобода биле лишени пет лица. – Вчера во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од село Долно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена ...

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите – информираа од СВР – Велес. Како што ...

Вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), ...

Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). – Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...

УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како што наведува, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени. УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како ...

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања. – Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за ...

Неколку лица се повредени во напад со меч во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата. Локалните власти соопштија дека полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот, а напаѓачот бил застрелан и приведен. Шведската полиција информираше дека добила пријава за „сериозен насилен инцидент“ во училиште во Фагерста, по што полициски екипи веднаш биле упатени на терен. Според информациите од општината Фагерста, ...

Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. – Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа ...

Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски пазар, пренесува порталот Булевар.мк. Во Албанија се извезени првите седум тони свинско месо, информираат од компанијата. -Ги извезовме првите седум тони свинско месо на пазарот во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од ...

Македонскиот збор не познава граници. Тој живее секаде каде што живеат Македонци – во татковината, но и во соседството, па и во Европа, Канада, САД, Австралија… и во голем број други места каде што е присутна македонската дијаспора, одржувајќи ги своите национални и културни обележја. Во различни времиња и преку различни форми, од печатените медиуми до театарската сцена и дигиталните медиуми, се создаваат простори во кои се чуваат јазикот, ...

Томе Трајков, програмски координатор на Стрип-центарот на Македонија – Велес Годинашното издание на Меѓународниот стрип-салон и традиционалната стрип-колонија, организирани од Стрип-центарот на Македонија (СЦМ-Велес), обележи историски успех, односно бран пријавени дела на меѓународниот конкурс. Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што ни ...

Доколку планирате да го продадете вашиот стан, експертите велат дека некои бои воопшто не се добар избор бидејќи ги одбиваат потенцијалните купувачи. Одредени бои на ѕидовите може да направат домот да изгледа како помал, потемен или застарен. Агентите за недвижности предупредуваат дека светлоцрвените, темнозелените и одредени нијанси на кафеава и бежова боја може да влијаат негативно на првиот впечаток. Најбезбеден избор се неутралните ...

„Тивок ритам на формите” од Милица Алимпиќ Илиќ е изложбата на слики отворена синоќа во Ликовната галерија во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Уметницaта се претставува со дела на кои се појавуваат изразени женски фигури како централен носител на визуелната и емотивната приказна. Изложбата ја отвори Бранко Трајкоски кој посочи дека сликите од Милица Алимпиќ Илиќ претставуваат спој на геометриска апстракција, организам и метафизичко сликарство, ...

На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Романија во јули го забележала најголемиот годишен раст на цените на горивата меѓу земјите членки на Европската Унија, со зголемување од 24,2 отсто. Тоа е значително над просечниот раст во ЕУ, кој изнесува 16,9 отсто. По Романија, најголем раст на цените на горивата е регистриран во Германија и Литванија, каде што поскапувањето изнесува по 22,9 отсто. На четврто место е Бугарија со годишен раст од 22,2 отсто. Како главни причини за ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Калај

46.54