Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Не. Немаше средба со претседателот – одговори Песков на прашање на рускиот телевизиски канал РТВИ. Изјавата беше дадена откако американскиот воен авион со кој, според медиумските извештаи, Ретклиф допатувал во Москва ја напушти ...
Македонија во јули произведе 460,8 гигават електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Според неа, позитивен тренд е и зголемувањето на уделот на другите домашни производители во вкупното производство на електрична енергија. Во јули тие учествувале со 55,3 отсто, додека ЕСМ имал удел од 44,7 ...
Дипломатска посета кон економско партнерство Дводневната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Израел, покрај официјалните билатерални разговори и потпишувањето повеќе документи, отвора простор односите меѓу двете земји да се согледаат и низ призмата на економијата, технологијата и трансферот на знаење. За Македонија особено значаен потенцијал претставува пристапот до израелскиот модел на развој на ...
Доне Прентоски, постојан соработник на „Нова Македонија“ од Германија Постои една особина на Израел што тешко може да се објасни само со неговата демографија или со големината на неговата територија. Држава со околу десет милиони жители економски и технолошки се однесува како многу поголем систем. Неговата вистинска сила не е само во воената технологија, разузнавачките способности или војската туку и во институционалниот модел што постојано ...
И вистина и предизвик: Водата станува ограничувачки фактор за производство на храна Новинарска опсервација Повод: Во теков на летово, ГИЗ, односно Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ GmbH) директно предупреди дека „македонските земјоделски површини (полиња) се под сериозен притисок од сушата, а климатските проекции укажуваат на значително намалување на летните врнежи!“ ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети, информираше Министерството за внатрешни работи. При спроведените контроли, како што информираат, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети. – Најголем ...
Бојкотот на некои пратеници во македонското собрание како повод Бојкотот на парламентарната поддршка за Украина од страна на дел од пратениците на македонското собрание, вклучувајќи ги и оние што се членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримсљката платформа, ги отвори прашањата за посветеноста, конзистентноста, лојалноста, припадноста и доследноста од страна на носителите на високи институционални функции кон ...
Пратеникот има право на политички став. Има право да критикува, да предлага, да гласа против и да бара промена на определена политика. Тоа е суштината на парламентарната демократија. Но постои СУШТИНСКА РАЗЛИКА меѓу политичко несогласување со политика што сè уште се утврдува и, од друга страна, свесно игнорирање на ВЕЌЕ усвоени институционални определби на државата… Во македонскиот јавен простор веќе подолго време се повторува една изветвена ...
Висок функционер на Ватикан повика на крај на војната во Украина по средбата во Москва во вторник со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на првите лични разговори меѓу Ватикан и руски претставници по пет години, пренесува „Ројтерс“. Надбискупот Пол Галагер, министер за надворешни работи на Ватикан, изјави дека четиригодишната војна меѓу Русија и Украина „создава нови жртви… и го отежнува идното помирување“. „Затоа е итно и ...
До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска им врачи решенија за вработување на 109 лица во Клиничката болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело. Со ова, заедно со претходно врачени решенија, во болницата досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, неопходни за успешно функционирање на установата. „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални успеси и многу посветеност во ...
Огромен финансиски долг на САД, и Европа ги чувствува последиците Долгот на владата на САД изнесува 40 билиони долари (еден билион е еднаков на илјада милијарди – н.з.). Проблематичната состојба на САД се прелева и на финансиските пазари во Европа, бидејќи европските влади мора да се натпреваруваат со Вашингтон за глобалниот фонд на заштеди. Во еден таков контекст, повеќе влади на земји членки на ЕУ при планирање на буџетите за следната ...
„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, побарала и наложила британската влада, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица, објавија британските медиуми. Министерот за одбрана, Лук Полард, порача дека платформите мора самите да реагираат, а Владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет, пренесе ...
Голем пожар избувна денеска на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов интервенираат повеќе екипи од Територијалната противпожарна единица. Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи активно работат на ставање на огнената стихија под контрола и спречување на нејзино понатамошно ...
Повеќе од четири часа тимот градежни вештаци, предводен од професорот на Градежниот факултет при УКИМ Горан Марковски, одговараше на вкрстените прашања на одбраната на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе МИА. Вештаците, кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството, одговараа на прашања поврзани со пренамената на објектот, градежните активности, издавањето одобренија и лиценци, како и со ...
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, која ќе важи од денеска, по објавувањето во „Службен весник“, до 30 септември 2026 година, пренесе МИА. Со мерката, трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15 проценти. Ова го соопшти портпаролката на Владата Марија Митева, која посочи дека ...
Дизелот од полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, додека цената на бензините се зголемува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95 денари, ...
Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во несреќа со лифт во станбена зграда во скопската населба Радишани, пренесе МИА. Според пријавата до полицијата, инцидентот се случил на 22 август околу 18,15 часот, додека мајката и нејзините деца се наоѓале во лифтот. Како што пријавила 30-годишната мајка во СВР Скопје, вратата од лифтот ненадејно се отворила, а потоа се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и ...
Уште една главоболка за Брисел, која доаѓа од Берлин Миграцијата останува една од темите на кои АфД гради најголем дел од својата политичка понуда. Имено, копретседателката на АфД, Алис Вајдел, јавно побара „значително построг пристап кон контролата на границите, поголем број депортации во случаи кога не постои право на престој и порестриктивна политика кон натурализацијата“. Од нејзина перспектива, прашањето не е само миграциската политика ...
Љубителите на мачки што немаат деца или партнери честопати се прашуваат која раса да ја изберат како домашно милениче. Експертите за мачки затоа составија список од три раси познати по тоа што се многу друштвени и силно се поврзуваат со своите сопственици. Сепак, секоја од нив има посебни карактеристики што е важно да се земат предвид. 1. Регдол – позната по својот смирен темперамент и желба да биде блиску до својот сопственик: често го следи ...
Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Таа појаснува дека потребата ...
Кус осврт кон една граѓанска дилема од областа на економијата Најголеми економии во светот во 2026 година се Кина и САД. Кина се рангира како најголема економија во светот според паритетот на куповната моќ (ПКМ), додека САД остануваат број еден според номиналниот БДП Темата за развојот на земјите и нивната економска моќ има голем одраз врз животниот стандард на граѓаните. Покрај мерењето на бруто-домашниот производ (БДП), како еден од ...
Бројот на ученици во македонските училишта продолжува да се намалува, што годинава се одразува и врз бројот на паралелки. Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во основното образование има речиси 200 паралелки помалку, додека во средното образование бројот е намален за околу 100 паралелки, пренесе МИА. Според Јаневска, намалувањето е дел од процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој се спроведува поради ...
Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде што се произведува радиофармацевтското средство 18F-FDG неопходно за прегледите, информира министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА. Тој преку објава на „Фејсбук“ посочи дека дефектот е поврзан со сервисирањето на циклотронот и дека веќе се работи на негово отстранување. Клековски најави дека по повторното ставање во функција, приоритет ќе имаат пациентите согласно насоките ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека намалувањето на ученичката кошничка за 15 проценти претставува олеснување за родителите. Таа посочи дека државата обезбедува бесплатни учебници и превоз за учениците, додека дел од општините обезбедуваат електронски уреди, ужина и храна, пренесе МИА. Јаневска информираше и дека засега не се планира зголемување на износот за студентскиот оброк, бидејќи, според неа, студентите не ...
Пожар избил денеска на територијата на Општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, а поради брзото ширење на огнот биле пренасочени и ер-тракторите кои интервенирале на пожарот на планината Китка, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пренесе МИА. Според Ангелов, пожарот избил околу 11 часот, најверојатно на стрниште, но поради високата и сува трева и силниот ветер брзо се ...
Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и поголема безбедност на границата биле главните теми на билатералната средба на царинските управи на Македонија и Косово, одржана во Приштина, пренесе МИА. На средбата посебно внимание било посветено на концептот One-Stop Shop на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит, кој има цел да ги поедностави царинските процедури и да овозможи побрз проток на ...
Пензионерите од септември ќе добијат ново зголемување на пензиите, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека станува збор за редовно законско усогласување, пренесе МИА. Мицкоски изјави дека пензиите ќе се зголемат согласно процентот утврден со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, додека конечниот износ на зголемувањето сè уште се пресметува. -Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде беа презентирани новите лабораториски, технички и просторни капацитети на институцијата, пренесе МИА. Директорот на УХМР, Игор Лазаровски, информираше дека во изминатите две години се реализирани повеќе инвестиции за унапредување на метеоролошките, хидролошките и лабораториските системи, како и за подобрување на условите за ...
Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...