Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Најмалку 17 лица се повредени во напад што Русите го извршиле ноќеска врз источниот украински град Харков, соопштија утрово локалните власти. Меѓу повредените има најмалку две деца и една бремена жена, напиша воениот гувернер Олех Синехубов на Телеграм. Како што пренесе ДПА, руските дронови оштетиле високи згради, искршиле прозорци и оштетиле станови, напиша Синехубов. Уште една тешка и непроспиена ноќ за жителите на Харков, додаде тој. Во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: ...
Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, во интервју за порталот Нова тв, вели дека мнозинството е стабилно и функционално и сме во ситуација што бара предвремени парламентарни избори. Воопшто не се плашиме од изборите во ноември, а уште помалку од можноста за завршување на мојот мандат. Јас сум длабоко убеден дека мандатот го дава и го одзема граѓанинот. Мандатот не се чува со страв, туку со работа. Сигурен сум за позитивни резултат ...
Ацо Лукароски: Најлесен начин да го натераш светот да почне да се сомнева во некаков „македонски идентитет“ е постојано да дискутираш за тоа. И постојано и на сите страни да се жалиш дека некој ти го оспорува идентитетот. И како капак на сѐ, да дозволиш и да се радуваш дека ќе се гласа за тоа дали постои македонски идентитет или не?! Глупости во илјада бои!!! Ама ако тоа на домашен терен ти носи висок рејтинг, во држава со просечен IQ 81, ништо ...
Бранимир Јовановиќ: Да, Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој. Ама од позади. Само Молдавија, Косово и Босна се помалку развиени од нас. И Албанија беше, ама лани нѐ престигна. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ. Албанија е на 43%, Србија е на 51%, Црна Гора на 53%. Јас тука навистина не гледам ништо за радување. Можеби јас не сум објективен – нека излезе премиерот на улица, ...
Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание. За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа. Денеска е црн ден за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денес разговараа телефонски, објави американскиот претседател на својата социјална мрежа. Трамп напиша дека разговорот меѓу двајцата лидери траел еден час и 15 минути. Тие разговарале за нападот на Украина врз повеќе воздушни бази длабоко на руска територија во текот на викендот и откри оти Путин му рекол дека „ќе мора да одговори“ на нападот. Трамп го нарече повикот ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше телефонски со папата Лав XIV, соопшти прес-службата на Кремљ. Рускиот претседател Владимир Путин и папата Лав XIV остварија телефонски разговор. Владимир Путин уште еднаш му честиташе на папата за неговиот избор и му посака успех во исполнувањето на толку важна мисија“, се наведува во соопштението. Иако нема дополнителни детали за нивниот разговор, новиот папа неодамна јавно проговори за ...
Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид, објави Религија.мк. Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, во проповед по литургија, пред олтарот, не ги штедеше навредите и за Партениј, а особено за верниците кои него го поддржувале. Меѓу епитетите кои им ги лепеше, беа дека биле крадци на човечки души, армии, пијаници, ...
Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени. Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, во објава на X посочи дека на 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската ...
Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не го прифати предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на денешната седница да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи ...
Една изборна единица и отворени листи е предлог кој ЦИВИЛ го актуелизираше повторно во 2016 година, но досега, сеуште не се направи измената во начинот на спроведување на изборните процеси во нашата земјата со цел демократизација на изборните процеси. Во неколку наврати низ годините, ЦИВИЛ постојано алармираше за потребите од една изборна единица и изборни реформи, со што конечно ќе се обезбедат слободни и демократски изборни процеси, без ...
Новиот план за инвестиции во одбраната ќе биде главната тема на Самитот на НАТО што кон крајот на месецов ќе се одржи во Хаг, чиј суштински аспект е поголемо инвестирање за да се задоволат потребите на зголемената побарувачка и за да се зголеми одбраното производството, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Светот станува се поопасен. Постои брутална војна на Русија против Украина, закана од тероризмот и интензивирање на ...
Интеграцијата на земјата во ЕУ е примарен приоритет и на коалицијата ВЛЕН и на сегашната влада и парламентарното мнозинство. Не е случајно што тоа е првата точка во владината програма. Сепак, сите сме свесни за сложеноста на прашањето за уставните измени. Постојат заложби и консензус за нивно усвојување, но се обидуваме да најдеме рационален модел кој нема да го загрози целиот процес. Знаете дека жртвата што ја направи нашата држава со промената ...
Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни. Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, ...
Околу 1,4 милиони аџии пред претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам, на 6 јуни, денеска ја посетија Мека. Аџиите денеска седумпати ќе свртат околу Каба, најсветото место во исламот, а потоа ќе се упатат кон Мини каде „ќе го каменуваат ѓаволот“, а потоа на молитва на планината Арафат, каде се верува дека пророкот Мухамед ја одржал последната проповед. Саудиските власти ги засилија мерките против жештината, како што е обезбедување ...
Илон Маск го нападна потпишаниот закон за даноци и трошоци на претседателот Доналд Трамп, опишувајќи го како „одвратна гнасотија“, во растечкиот јаз меѓу двата сојузници. Буџетот – кој вклучува даночни олеснувања од повеќе трилиони долари и поголеми трошоци за одбрана, а воедно ѝ овозможува на американската влада да позајмува повеќе пари – беше усвоен од Претставничкиот дом минатиот месец. „Срам да им е на оние што гласаа за тоа“, рече Маск во ...
Во пресрет на утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, попладнево во седиштето на Алијансата во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина. Според најавите, состанокот ќе започне со воведни обраќање на министрите за одбрана на Велика Британија, Џон Хили, на Германија, Борис Писториус и на Украина, Рустем Умеров. Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е ...
НАТО планира значително да ги прошири своите воени капацитети за зајакнување на одвраќањето и одбраната од континуираната закана од Русија, со планови за зголемување на постојните цели за околу 30 отсто, дознава ДПА од извори во Алијансата. Според изворите, новите цели вклучуваат зголемување на резервите на крстосувачки ракети со долг дострел и беспилотни летала, како и зајакнување на системите за противвоздушна одбрана и артилерија. За да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО кон крајот на јуни. Информацијата ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит на денешната прес-конференција. Самитот на НАТО ќе се одржи во Хаг, Холандија, на 24 и 25 јуни. На самитот, се очекува земјите-членки да се согласат со барањата на американскиот претседател за зголемување на трошоците за одбрана, соопштија од Белата куќа Од почетокот на неговиот втор ...
На две одвоени вонредни седници на Град Скопје, денеска, требаше да се расправа за дивоградбите во Чаир, а потоа и за во Сарај. Но, предлагачите на точката од ВМРО ДПМНЕ ја повлекоа, „Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар“, рече Стефан Кирков. Данела Арсовска на седницата потсети на дивоградбите и фалсификатот што го направил Градоначалникот на Чаир, Ганиу. Нејзинот говор беше прекинуван ...
Нели ви реков?! Им направив шах-мат. Има да ме молат! Љубоморни се, затоа не нè примаат во ЕУ, триумфално изјави за АХА, премиерот Мицкоски. Рибаро Откако премиерот на нашата земја Христијан Мицкоски изјави дека македонската економија е меѓу најуспешните пет во Европа, се размрдаа лидерите на ЕУ и сериозно се загрижија за економските политики на нивните земји во споредба со успесите на македонската. Емануел Макрон, Мерц и Урсула фон дер Лајен ...
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје, соопштија од МВР. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Исто така, Х.Б. е предмет на повеќе истраги и мерки ...
Дритон Зенику: Изјавите дека „нема да се помести ниту еден милиметар“ во однос на Бугарија, само го зајакнуваат впечатокот дека земјата се движи кон изолација, а не кон европска интеграција. Во ваков контекст, Албанците не само што се игнорирани како рамноправен политички фактор, туку ризикуваат и системско институционално деградирање. Назначувања без консултација со албанските претставници, игнорирање на јазичните и културните права, како и ...
Најмалку едно лице загина во земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Турција рано утрава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 км во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC. Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, во објава на X изјави дека 14-годишно ...
Данела Арсопвска: Фирмата Адријус од Глумово, општина Сарај која вчера ја затекнавме во вршење на кривично дело бесправна градба и ископ на нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул. Словенија доби соодветна казна од градот Скопје и пријава за вршење на кривично дело до соодветните институции. Чекаме на ОЈО и МВР да превземат мерки и да постапат согласно пријавите, а како обртот на фирмата од 45 милиони евра ќе влијае на ...
Денешните разговори меѓу Украина и Русија во Истанбул доаѓаат само неколку дена откако републиканскиот сенатор Линдзи Греам објави нов закон за санкции кој би можел да има сериозни последици за Москва и нејзините трговски партнери. Греам, влијателен сенатор од Јужна Каролина, рече дека Сенатот има намера да го започне процесот на донесување закони следната недела, а кои би вовеле царина од 500% за стоки од земји кои продолжуваат да купуваат ...
Се појавија првите сателитски снимки кои ги покажуваат последиците од големиот украински напад со беспилотни летала врз руската воздухопловна база Белаја во регионот Иркутск, откривајќи сериозна штета на руските флоти на стратешки бомбардери, објави онлајн консултантот за геопросторно разузнавање Крис Бигерс. Нападот беше извршен како дел координирана операција на Безбедносната служба на Украина (СБУ) насочена кон неколку руски воени аеродроми. ...
Во Брисел денеска и утре се одржува нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој се води под посредништво на Европската Унија. Разговорите се на ниво на главни преговарачи, информира портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Ануар ел Ануни. Од косовска страна на денешните разговори учествува првиот заменик премиер Бесник Бислими, додека делегацијата од Србија, според најавите, ќе пристигне утре. Би ...
Русија предлага, откако ќе почне да се работи на договор, да се објави две до тридневно примирје, телата на загинатите да се довезат до „сивата зона“, и предлага да предаде 6.000 тела на украински војници. Кога Украина ќе го потпише Меморандумот со конкретни датуми за исполнување на сите точки и ќе почне да ја повлекува својата војска, Украина може, според рускиот предлог, да смета на 30 дена прекин на огнот, за кое време мора целосно да ги ...