Во српските градови Зајечар и Косјериќ вчера се одржаа избори за советници во собранијата на локалната самоуправа каде граѓаните избираа помеѓу осум листи во Заечар и три во Косјериќ. Денот беше обележан со голема излезност и тензична атмосфера. По затворањето на гласачките места, и СНС и опозицијата прогласија победа. Прво, тоа го направи опозицијата на двете места, а потоа и претседателот на државата, Александар Вучиќ. Изборните комисии се ...

Српскиот претседател вечерва на прес конференција во Зајачар, општината која е прогласена за тест за политичкото расположение на српските граѓани, а во која се одржаа вонредни избори на локално ниво, ја демантираше победата на опозицијата. Српскиот претседател се повика на записниците од избирачките места кои, според него, во Зајачар владеачката партија сепак има мнозинство од гласовите. Србија во наредните два дена ги очекува конечните ...

На повик на српските студенти организатори на повеќемесечниот отпор спрема актуелната власт на Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ, речиси во сите српски градови млади, студенти и граѓани вечерва излегуваат на градските плоштади да ја прославаат победата на опозицијата на локалните избори во општина Зајачар. Изборите во Зајачар, според аналитичарите, беа тест за генералното политичко расположение на српските граѓани. Локалните избори ...

На денешните вонредни избори за градоначалник на општина Зајачар, Србија, која се сметаше за лакмус за политичкото расположение на српските граѓани, локалната опозиција прогласи победа. Граѓани на градскиот плоштад слават со извици: „Победа“ и “Конечно слобода“. Доколку официјалните конечни резултати се покажат за точни, ова ќе биде прв поголем пораз на партијата на власт, „Српска народна странка“ и на нејзиниот основач и лидер во сенка, ...

Полицијата утрово во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Како што информира МВР, при обид да биде извршен службен разговор со А.С, тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ...

Владата следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани. Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите. -Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од 12 земји стапува на сила в понеделник, минута по полноќ, со цел, како што изјави тој, да се заштити земјата од „странски терористи“. Според Трамп, се проценува дека земјите со најстроги ограничувања засолнуваат „голем број терористи“, не соработуваат во издавањето визи, не го проверуваат соодветно идентитетот на патниците и не водат соодветна евиденција за ...

Жителите и туристите на Халкидики останаа загрижени по земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала што попладнето ја погоди Света Гора и се почувствува низ целиот регион. Халкидики, познат како сеизмички тивок полуостров, минатата година доживеа последователни сеизмички активности, токму на подрачјето на Света Гора. Притоа, во сеизмичката серија дури три земјотреси биле со јачина поголема од четири степени според Рихтеровата ...

Германските вооружени сили имаат три години да набават опрема за да се справат со евентуален руски напад на територијата на НАТО, изјави Анет Ленигк-Емден, шеф на Федералната канцеларија на Германија за одбранбени набавки, за весникот Тагесшпигел. Началникот на армијата, генерал Карстен Брејер неодамна предупреди дека Русија би можела да биде во позиција да „покрене напад од големи размери на територијата на НАТО“ уште во 2029 година. Тој рече ...

Украински напад со дронови во текот на ноќта доведе до затворање на два главни аеродрома во Москва, соопштија руските власти. Руската агенција за цивилна авијација Росавијација објави на Телеграм дека поради безбедносни причини се запрени полетувањата и слетувањата на аеродромите Внуково и Домодедово. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, информира дека руската противвоздушна одбрана уништила девет украински дронови насочени кон главниот ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на земјава со интензитет од ...

Цивилната одбрана на Газа денеска соопшти дека 13 лица се убиени во напади на израелските сили на две одделни места, а шест од нив се убиени во пукотница во близина на центар за помош поддржан од САД на југот од палестинската територија. „Околу 7:00 часот утрово, шест лица се убиени, а неколку други се ранети во напад на „израелските окупациски сили“ во близина на кружниот тек Алам, каде што луѓето се собрале за да добијат хуманитарна помош од ...

Конститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината, по 28. пат, откако пратениците не постигнаа договор за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Следното продолжение е закажано за 9 јуни. На седницата присуствуваа 85 пратеници, од кои 48 гласаа „за“, никој не беше „против“, ниту воздржан. Сепак, не беше прифатен предлогот на Движењето Самоопределување за тајно гласање. Претседавачот со седницата, Авни Дехари, ...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје -Тетово, загина 19-годишна девојка. -Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 ...

Кијив, Луцк, Лвив, Тернопил, Чернигив, Кременчук и други градови беа погодени од масивен ракетен напад врз цивилни цели во Украина во текот на ноќта и раните утрински часови на 6 јуни. Според извештаите и изјавата на украинскиот министер за надворешни работи, погодени се повеќекатни згради. Енергетската инфраструктура е оштетена. Има убиени и повредени низ целата земја. Вкупно, во денешниот напад беа употребени над 400 беспилотни летала и повеќе ...

„Разликата помеѓу Украина и Русија е во тоа што Украина погодува легитимни воени цели – на пример, авиони опремени да ги бомбардираат нашите деца. Русија напаѓа станбени области, цивили и критично важни објекти на инфраструктурата“, изјави Сибига. Џабир Дерала Русија не ги менува своите ознаки – уште еден масовен удар врз градовите и обичниот живот. Тие беа насочени кон речиси цела Украина – Волинскиот, Лвивскиот, Тернопилскиот, Кијивскиот, ...

Во последните четири часа, градот Харков е под најголемиот напад од почетокот на војната. Русите испукуваат наведувани бомби, ракети и дронови врз станбени области низ градот. Регистрирани се најмалку 60 експлозии, а луѓето се заробени под урнатините на неколку локации“, пишува Кијив Пост. Во најжестокиот руски напад со дронови врз Харков, вториот по големина град во Украина, најмалку три лица беа убиени, а 17 други беа повредени, потврди ...

Федерален судија во САД привремено ја блокираше забраната на претседателот Доналд Трамп за прием на странски студенти на Харвард универзитетот. Забраната, која беше воведена во средата, беше нов обид на администрацијата на Трамп да ги отстрани странските студенти, кои сочинуваат четвртина од студентското тело на овој елитен универзитет. Харвард поднесе барање до федералниот суд да ја суспендира забраната, нарекувајќи ја „нелегален чин на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците „решително“ да одговорат на новите ноќни напади на Русија низ Украина, во кои загинаа најмалку четири лица. Тој изјави дека руската војска извела напади со над 400 беспилотни летала и 40 ракети. „Русија мора да биде повикана на одговорност. Од првите минути на оваа војна, тие бомбардираа градови и села за да уништуваат животи“, додаде Зеленски. „Сега е време кога Америка, ...

Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Кијив во текот на ноќта, додека масовни воздушни удари беа пријавени и во други региони на Украина, соопштија украинските власти. „Потврдено е дека четири лица загинале во главниот град“, објави градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на „Телеграм“, додавајќи дека потрагата по преживеани под урнатините сè уште трае. Претходно соопшти дека ...

ЈСП – Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време ...

Европската Унија дозволи да истече рокот на важност на трговските отстапки за Украина, со што завршува системот на ослободување од царини воведен веднаш по почетокот на руската инвазија врз земјата во 2022 година. Според Европската комисија, транзициските мерки истекоа на полноќ, а претходните договори ќе останат во сила додека не се постигне нов трговски договор, јави ДПА. Оваа промена значи дека украинските производи повторно ќе бидат подложни ...

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните побара лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на централен настан во Чаир по повод 23 години од основањето на партијата. -Политичките партии во Европскиот фронт се координираат, во комуникација сме со сите конструктивни политички сили во земјава и мислиме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт за да владееме успешно со општините, но воедно сме силно ...

Лекари во Појасот Газа донираат сопствена крв за да спасат пациенти, откако израелските војници убија десетици Палестинци кои се обидуваа да соберат храна, објави денеска „Лекари без граници“. Околу 100 вработени во „Лекари без граници“ протестираа пред седиштето на ОН во Женева против системот за дистрибуција на помош во Газа, управуван од приватна компанија поддржана од Израел, Хуманитарната фондација Газа. „Луѓето имаат потреба од основни ...

На денешниот последен состанок на министрите за одбрана пред Самитот на НАТО во Хаг, Руте нагласи дека оваа согласност е клучен прв чекор за тоа што му е потребно на НАТО и за да ги задоволат овие потреби, сојузниците ќе треба да инвестираат многу повеќе во одбраната. – И тоа е сега работата што не очекува за (Самитот во) Хаг. Да се договори нов план за инвестиции во одбраната што ќе ни обезбеди доволно ресурси за да можеме да одвраќаме и да се ...

Во интервју за Нова тв, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, вели дека неговата порака за сите пратеници е „мандатот не е лична привилегија, туку јавна одговорност“. Граѓаните не нè испратија во Собранието за да собираме политички поени, туку за да градиме конкретни решенија и да ги претставуваме достоинствено. Замената на етиката и достоинството со омраза и агресија не му користи на Собранието, а уште помалку на граѓаните. Убеден ...

Надзорната расправа ќе покаже, кој политички фактор од актуелната власт затаил, не си ја извршил својата обврска или не покренал соодветна постапка за спречување на трагедијата. Врз основа на аргументите изнесени на надзорната расправа, Собранието ќе утврди политичка одговорност. Политичката одговорност подразбира оставка или разрешување на носители на јавни функции. Тито Петковски Дел од јавноста, со право се прашува, зошто владејачкото ...

Звонко Тасевски со Одлука на Собранието на ВМРО и ВЛЕН е избран за член на Републичкиот совет за безбедност на 12.11.2024 година. Звонко обучува полицајци од МВР, каде треба да пријавам закани. Звонко напаѓа, навредува и девалвира жени по нарачка. Не биди Звонко!, вели градоначалничката Данела Арсовска во соопштение испратено од Град Скопје. Таа наведува: 1. Со докази за криминал, ги бараат сите можни изговори за да не влезат во општина пред ...

Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб ...

Пет лица загинаа, а шестмина се ранети во руски напад со дронови врз градот Прилуки во северна Украина. Имаме податоци за пет жртви, меѓу кои две жени и едногодишно бебе. Тие се пронајдени под урнатините, напиша на Телеграм Вјачеслав Чаус, областен управител на Чернигов и додаде дека шест лица се ранети и хоспитализирани. Експлозиите оштетија станбени домови во околината, додаде тој. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
71%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68