Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека жали за некои од неговите минатонеделни објави на социјалните мрежи за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи оти отишле „предалеку“. Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидоа предалеку, наведе Маск на Икс. Трамп и Маск минатата недела разменија навреди на социјалните мрежи, при што извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ законот за трошоците и ...
Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил. Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се ...
Новата исламистичка власт во Сирија денеска побара од жените да носат буркини или „соодветни“ костими за капење на јавните плажи. Од луѓето се бара да носат конзервативни костими за капење на јавните плажи или брегови (буркини или костими за капење што го покриваат целото тело). Од пливачите и посетителите на плажата воопшто се бара да носат соодветни костими за капење и да се однесуваат во согласност со јавниот вкус, се наведува во соопштението ...
Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници. На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле ...
Ученик од седмо одделение во Основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград бил приведен на разговор во полиција поради сомнение дека внел нож во училиштето и наводен ‘список за ликвидација’. Момчето било сослушано во полиција по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. Надлежните органи интензивно работат на утврдување на сите околности околу овој инцидент. Засега не е познато што точно се наоѓа на спомнатиот список, но ...
Илјадници луѓе синоќа маршираа низ улиците на Њујорк протестирајќи против имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Протестот, во кој учествуваа главно млади луѓе, дел од нив со маски, започна од плоштадот Фоли и продолжи кон Јужен Менхетен. Многу демонстранти носеа плакати со пораки како „ICE надвор од Њујорк“, критикувајќи ја федералната имиграциска полиција за зголемување на апсењата на мигранти и баратели на азил ...
Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство. Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. ...
Сузана Јошевска Атанасовска: Најпосле имам впечаток дека силите на правосудството се здружени воспоставениот систем никогаш да не се промени. Иако навидум го критикуваат, на сите им одговара ваква безнадежно лоша состојба и од ден на ден допринесуваат истиот да стане се поотпорен на промени. Зошто? Затоа што им дава совршен изговор и оправдување. Се разбира, се додека тие или нивен близок не се најдат недајбоже под истрага или на обвинителна ...
Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку социјалните мрежи упати апел до власта поврзан со отворањето на долгоочекуваната градинка во градот, за чие отворање пред периодот на локалните избори, тој веќе две недели ја барал министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, но вели дека не добил ниту одговор на барањето за средба. Како КРИЗЕН градоначалник, се обраќам со искрена молба до претседателот на Владата и министерката за ...
Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град ...
Киjив и Одеса беа под уште еден масовен руски напад во раните утрински часови на 10 јуни, во кој беа вклучени балистички ракети и беспилотни летала. Експлозии се слушнаа низ целиот главен град додека системите за воздушна одбрана ги напаѓаа целите, пишува Кијив Индепендент, пренесува ЦивилМедиа. Четири лица беа повредени во Киjив, според локалните власти. Во меѓувреме, во јужниот град Одеса, двајца мажи беа убиени, а најмалку осум цивили беа ...
Девет лица загинаа во пукање во училиште во австрискиот град Грац, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе Би-Би-Си. Меѓу жртвите има ученици и наставници, а се верува дека напаѓачот се самоубил во училишниот тоалет. Според јавниот сервис ОРФ, речиси еден час по пријавеното пукање, во тек е голема полициска операција. Полицијата соопшти дека училиштето е успешно евакуирано. „Ситуацијата е безбедна“, соопшти полицијата. „Не се очекува ...
Ќенан Алиу: Не е работа на премиер постојано да нагласува која партија треба да се реформира и како да се реформира, бидејќи тоа е прашање што во крајна линија им припаѓа на членовите на партијата, тие знаат дали ќе ја реформираат партијата или таа ќе остане каква што е. И кога зборуваме за реформа на партијата, ве прашувам – дали навистина мислите дека ВМРО-ДПМНЕ што ја предводите е реформирана партија? Без сомнение, не. Бидејќи реториката, ...
Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем, напиша градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук профил за градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски Таа повторно ја критикуваше иницијативата на градоначалникот за градење хемиски фабрики и висококатници во општината и покрај тоа што, вели таа, од Град Скопје дале негативно мислење. Дали ти ги праша жителите на ...
Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8% на платата на функционер веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува ( друго образложение нема), пишува Слободан Трендафилов, ...
Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор. Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното ...
Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци. Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. -Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, информира Град ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. ...
Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер на американската администрација. Околу 300 војници на калифорниската Национална гарда беа распоредени на улиците на Лос Анџелес во неделата за да помогнат во смирувањето на третиот ден од протестите против имиграциските мерки на претседателот Доналд Трамп, потег што демократскиот гувернер ...
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници честопати немаат граници, а за жал, светот повторно е сведок на тортурата што ја трпат воените заробеници Овој пат, еден од украинските војници кој беше во руско заробеништво, ослободен при една од размените, го покажа своето тело и тврди дека за време на заробеништвото му биле направени страшни лузни, посочувајќи дека претрпел грозоморно физичко насилство. По размената, украинскиот воен ...
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги отфрли обвинувањата дека Израел врши геноцид во Газа, но изрази жалење што на некои луѓе во неговите редови им недостасува хуманост и не го гледаат моменталното страдање на Палестинците во разурнатата енклава од војната, објавија денеска израелските медиуми. Ги гледам тие видеа, тие слики и тие се срцепарателни, рече Венс во подкастот на комичарот Тео Вон, кој тој го опиша како „ужасна“ снимка од Газа. ...
Полицијата освен бизнисменот Ристо Крмзов, обезбедила уште две лица во врска со истрагата за злоупотреби и затајување данок, кои се проценуваат дека достигнале околу 15 милиони евра. Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова ...
Конститутивната седница на Собранието на Косово денеска, 29 пат, беше прекината бидејќи предлогот за формирање комисија што би го надгледувала тајното гласање за избор на претседател на Парламентот не го доби потребниот број гласови. Во салата беа присутни 102 пратеници, но само 53 од нив гласаа за формирање на изборната комисија. Како и на претходните седници, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, коалицијата Алијанса ...
Околу 60 лица, вклучувајќи лица под 18 години, беа уапсени во неделата во Сан Франциско на протестите поради политиката на администрацијата на Доналд Трамп за борба против нелегалната имиграција. Протестите започнаа во близина на улиците Сансом и Вашингтон – во близина на финансискиот кварт на градот – околу 19:01 часот, каде што полицајците од Сан Франциско ги следеа демонстрациите, соопшти одделот . Собирот ескалираше откако некои ...
Љубомир Костовски: Мицковски два пати одби да се прифати закон кој ја регулира помошта кон семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Место тоа нуди компензација – ќе го дал летовалиштето во Пониква за жртвите таму да се лекуваат…. Колку беден обид да се искупи што не дава поддршка на сет на мерки за кусорочно и долгорочно решавање на проблемот кој практично го зафаќа целиот град. Или можеби смета дека Кочани може да се прсели на Пониква? Па ...
Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во Основен Кривичен суд Скопје, таа денеска истакна дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“. Мотивирани од ветени високи парични суми, како што ...
Денеска во 11:52 часот ќе започне протест на членови на академската заедница од иницијативата „Универзитет Бунтовник“ пред зградата на Владата на Србија. Протестот ќе започне со 16 минути молк програмскиот дел започнува во 18 часот. Раскрсницата во близина на Владата на Србија е веќе блокирана, пренесува Н1. Протестот е организиран под името „Факултети на раскрсница“, а се истакнуваат три барања : распуштање на Работната група за изготвување на ...
Ситуацијата на улиците на Лос Анџелес останува напната по тридневните немири против масовните апсења на нелегални имигранти од страна на администрацијата на Доналд Трамп. Протестите продолжуваат на улиците, и покрај солзавец и гумени куршуми испукани од полицијата на Лос Анџелес, додека околу 500 припадници на Националната гарда од Калифорнија пристигнаа во градот и се во состојба на готовност да интервенираат. Националната гарда беше ...
Украинските одбранбени сили изминатата ноќ го нападнале аеродромот Саваслејка во Нижниновгородската област на Руската Федерација, пренесоа денеска украинските медиуми, повикувајќи се на објава на Фејсбук од Генералштабот на украинските вооружени сили. Во соопштението е наведено дека ноќта на 9 јуни, единиците на украинските сили за специјални операции во соработка со припадници на други родови на украинската војска го нападнале аеродромот ...
Со завршни зборови на обвинителството, во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатото рочиште заврши доказната постапка од судењето кое започна во септември 2024 година. На судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа сослушани повеќе лица, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, службени лица, инспектори, ...