Белград
10ᴼ /
10ᴼ
„Мојата поддршка за Георгиевски останува непроменета. Случајот против Љубчо Георгиевски и антибугарските изјави на водечките фактори во Република Македонија се апсолутно неприфатливи“, рече Радев, јавува БГНЕС. Според Радев, земја-кандидат за ЕУ која, како што вели тој, гласно рекламира дека ги исполнила критериумите не може да спроведува правни гонења врз етничка основа. Како што изјави тој, во тек е ново, уште поапсурдно, обвинение против ...
Во рамките на апелот за поддршка на настраданите од пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани, Црвениот крст на Република Северна Македонија собра вкупно 153.931.166 денари во периодот од 16 март до 16 јуни 2025 година. Како што соопштуваат од Црвен крст, со денешниот трансфер, извршена е исплата на 156 лица, а во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица. -Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени ...
И покрај тврдењата на Израел дека Иран бил само неколку месеци далеку од производство на нуклеарно оружје пред почетокот на превентивните израелски напади врз Техеран во петокот, американските разузнавачки проценки покажуваат дека Исламската Република не работела активно на производство на бомба и дека се потребни неколку години за да дојде до неа, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на четири извори запознаени со проценките на Вашингтон. Според ...
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали во интервју за Нова тв вели дека нема услови за посериозна војна меѓу Иран и Израел. Не сум сигурен дека двете држави и Иран и Израел сакаат некоја подолготрајна војна. Мислам дека се работи за воени лекции за конкретни активности и верувам брзо такви напади ќе завршат. Иран има таква географска конфигурација да скоро никогаш не е можна копнена војна. Израел скоро го има уништено Хезбулах, така да ...
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во денешниот израелски напад врз Хан Јунис, Појасот Газа загинаа 45 луѓе. Израелската армија отворила оган додека луѓето чекале камиони со хуманитарна помош од Обединети Нации. Во нападот повредени се десетици лица. Палестинците тврдат дека израелските сили постојано отвораат оган врз луѓето кои се обидуваат да обезбедат храна од дистрибутивните центри управувани од Хуманитарната фондација ...
Армијата на Обединети Арапски Емирато (ОАЕ) денеска евакуира 24 луѓе од нафтен танкер по судирот со друг брод. Несреќата се случи источно од Ормуски Теснец, најважниот нафтен премин во светот. Танкерот Адалин пловел кон Суетски Канал. Армијата на ОАЕ распореди бродови на крајбрежна стража, кои го пребаруваат подрачјето и да го евакуираат екипажот. Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ (Ambrey) објави дека причината за инцидентот ...
Кривична пријава доби директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, затоа што од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. Како што соопштија од МВР, тој формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Кривична добиле и ...
Откако Трамп вчера си замина порано од Самитот Г7 во Канада, францускиот претседател Макрон на новинарите им сугерираше дека американскиот претседател заминува да преговара за прекин на огнот помеѓу Иран и Израел. „Ако САД можат да постигнат прекин на огнот, тоа е многу добра работа и Франција ќе го поддржи тоа, рече Макрон на самитот на Г7 во Кананасикс. Американскиот претседател на социјалната мрежа Truth Social напиша: Францускиот претседател ...
Фатмир Битиќи: Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи. Комисијата за заштита на конкуренција требаше да има капацитет и да постапува. Имаше дојави за картелско здружување и ништо не се случи. Потребна е примена на законите. Не може, ако е увезен производ, неговата цена во соседството ...
Триесет и четири лица загинаа вчера во Појасот Газа кога израелски војници отворија оган врз толпа луѓе кои се обидуваа да стигнат до американско-израелските центри за дистрибуција на храна, соопштија здравствените власти, а очевидци го потврдија нападот. Тоа е најкрвавиот случај на ваков тип на напад откако минатиот месец беше воведен новиот систем за дистрибуција на хуманитарна помош, велат тие. Триесет и три жртви паднаа на југ во близина на ...
Лидерите на седум водечки демократски економии во светот, собрани на самит во Канада под покровителство на групата Г7, дадоа заедничка изјава за медиумите по состанокот. Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток во последните неколку дена, конфликтот меѓу Израел и Иран, беше главна тема на дискусија, а во оваа прилика членовите на групата Г7 изјавија дека „ја повторуваат својата поддршка за безбедноста на Израел“ и дека се „доследни во својот ...
Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“. Се очекува Трамп да го напушти самитот на Г7 во Канада подоцна вечерва – еден ден порано поради случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Американската телевизија Фокс њуз ...
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ. Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи. Постои Преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус од сите земји ...
Само неколку дена по најавите за можна пресвртница во американско-руските односи, Белата куќа неочекувано ја откажа планираната средба со Москва за нормализирање на работата на дипломатските мисии. Одлуката доаѓа во период на зголемена глобална несигурност, а аналитичарите шпекулираат дека станува збор за или внатрешнополитичка калкулација во САД – или нова порака до Кремљ дека ништо не е договорено додека не е јавно потпишано. Во меѓувреме, ...
Пакистан ги затвори своите воздушни и копнени патишта со соседен Иран поради ескалацијата меѓу Иран и Израел, оставајќи стотици луѓе блокирани од двете страни на границата, соопштија официјални лица. Влезот во Иран „е суспендиран до понатамошно известување“, изјави Ата ул Муним, службеник на еден од премините во округот Чаги. Сепак, на границата немаше „забрана за трговски“ активности и пакистанските државјани кои треба да се вратат во својата ...
Авион на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт до Индија бил принуден да се врати вчера поради закана за поставена бомба, изјавија од германската федерална полиција за ДПА. Одделот за корпоративна безбедност на „Луфтханза“ ја предупредил полицијата за заканата, по што авионот се вратил во Франкфурт на Мајна, каде што безбедно слетал околу 18:30 часот по локално време. Авионот LH752 бил на пат кон градот Хајдерабад и се вратил додека летал над ...
Марјан Илиевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Илиевски се договори со раководството на федерација да ја преземе селекторската позиција од Александар Јончевски. Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна. Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на масовна акција за апсење и протерување на недокументирани мигранти, оценувајќи ја како „најголемата програма за масовна депортација во историјата“. Во објава на неговата платформа Трут Соушл (Truth Social) доцна синоќа, Трамп ги повика федералните агенти од Службата за имиграција и царина (ICE), како и други институции, да направат сè што можат за да ја спроведат оваа иницијатива, особено во ...
Иран го погуби Есмаил Фекри, осуден шпион кој беше прогласен за виновен за соработка со израелската разузнавачка агенција Мосад и обид за пренесување класифицирани информации во замена за пари. Погубувањето се случи во понеделник наутро по конечното одобрување на смртната казна од страна на Врховниот суд, објавува Tehran Times. „Есмаил Фекри, агент на Мосад осуден за тешки кривични дела – корупција и војна против Бога (мохаребе), е обесен по ...
Украина наводно лансирала беспилотни летала во рускиот регион Татарстан, при што загинал еден, а 13 биле повредени, објави гувернерот Рустам Миниханов на 15 јуни, пишува Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа. Украинските беспилотни летала наводно биле соборени, но остатоците паднале врз фабрика во градот Јелабуга, каде што се произведуваат руски дронови за напад од типот Шахед, предизвикувајќи пожар. Според Миниханов, станува збор за ...
По иранскиот ракетен напад врз Израел, вкупно 135 лица беа примени во израелските болници. Медицинскиот центар „Волфсон“ во Холон, израелски град во областа Тел Авив, соопшти дека примил 65 повредени по најновиот напад од балистички ракети од Иран, објави „Тајмс оф Израел“. наведува дека петмина се во критична состојба, седум се во умерено сериозна состојба, а останатите се лесно повредени. Медицинскиот центар „Шамир“ во Бер Јаков наведува дека ...
Амбасадата на Иран во Русија денес објави дека иранскиот парламент одобри договор за сеопфатно стратешко партнерство со Русија. Претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф го испрати одобрениот „Сеопфатен договор за стратешко партнерство со Русија до претседателот на земјата Масуд Пезешкијан во форма на закон“, објави амбасадата на својот Телеграм канал. Претходно, Советот на чуварите на Уставот на Иран – специјално тело за надзор кое ја ...
Израелската војска соопшти дека го нападнала седиштето на силите Кудс на иранската елитна Револуционерна гарда. Врз основа на прецизни разузнавачки информации, израелските воздухопловни сили го нападнале командниот центар на Кудс силите на Револуционерната гарда и иранската армија. Од овој центар, оперативците планирале напади врз Израел преку иранските сојузници во регионот, соопшти ИДФ на платформата „X“. Кудс силите се елитна единица во ...
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата. Во меѓувреме, израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите. Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. ...
Единиците на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина денес нападнаа објект на воено-индустрискиот комплекс во Јелабуга, во Русија, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Како дел од намалувањето на непријателските капацитети за производство на ударни дронови, на 15 јуни, единици на Специјалните сили на вооружените сили на Украина, во соработка со други компоненти на Одбранбените сили, нападнаа важен објект на ...
Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Каземи, беше убиен денеска во израелски напади, јавуваат светските медиуми, а пренесу и скопската ТВ 21. Како што објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, неговиот заменик Хасан Мохакек и командантот Мохсен Бакери беа убиени во израелски напади. Во интервју објавено претходно во ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека бомбардирале ирански авион за полнење гориво на аеродромот Машхад во североисточен Иран, на околу 2.300 километри од Израел, што според нив е „најоддалечениот напад од почетокот на операцијата“. Воздухопловните сили работат на постигнување воздушна супериорност низ целиот Иран, се вели во соопштението на Израелските одбранбени сили, објави „Тајмс оф Израел“. Израелскиот портал наведува дека ...
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски се обидуваа да прикажат дека нема одговорност кај актуелната власт, под силен притисок од СДСМ и јавноста, ОЈО ГОКК се одважи да покрене постапки против актуелните началници од МВР, вели на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ беше јасна – да се амнестираат од одговорност сите, со цел таа да не стигне до директорот на БЈБ Александар Јанев и до ...
Данела Арсовска: Ете МВР СВР Штип – ОВР Берово си постапуваат и поднесуваат кривични пријави за незаконски дивоградби. Во Скопје ако се ангажираат околу 150 дивиградби на Висар со фалсификат документи, каде некој за стотици милиони евра го оштетил буџетот, ќе нема кој да ги брка криминалците што украле 150 ќебапи од глад бидејќи за Висар Ганиу, Изет Меџити и Ејуп Адеми, при толку докази на институциите им е страв да постапуваат.Јавно ќе ги ...
Венко Крстевски: Од централната власт Кочани досега не добило ништо. Ниту ме примаат на средби. Веќе паднаа маските. Нема простор за калкулации и за финоќа. На социјалните мрежи може да видите како поминуваат ликов како нашиот пратеник, како поминуваат носителите на централната власт и сите институции кои се на некој начин вмешани на ова што му се случи на градот. Во иднина прототип за градоначалник ќе биде оној кој ќе има бескомпромисна војна ...